Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пецаков до СДСМ Охрид: Излезете и признаете дека локациите каде во моментов се гради, се од вашите ДУП-ови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
pecakov

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати критика кон СДСМ Охрид кои го критикуваат дека во градот и натаму се гради, како и дека тој не го става под контрола, урбанистичкото планирање.

„Не е ни чудно што елементарната правна неписменост доаѓа од партијата која за свои лични интереси и интересите на нивните бизнис партнери штанцаше урбанистички планови по нарачка. Ставање ред во урбанистичко планирање значи сосема спротивното од она што вие го работевте, односно престанок со штанцање на урбанистички планови со кои го девастиравте Охрид. За сликата да биде појасна и целосна, треба да сте доблесни, како што не сте, да излезете пред граѓаните и да си признаете дека сите локации каде во моментов се гради, се дел од урбанистичките планови кои вашите раководства на Општина Охрид, ги изработиле и одобриле. Исто така граѓаните треба да знаат дека од моето доаѓање на местото градоначалник до овој момент се донесени само два урбанистички планови од кои еден се однесува на индустриска зона Лескоец.

— реклама —

Почитувани господа од СДСМ, кабаетот за девастацијата на Охрид е ваш, како што е ваш и за оттуѓувањата на државни земјишта за да им угодите на бизнис партнерите, за кои локации сега морализирате и се обидувате да се исперете од нечистотиите во минатото. Општина Охрид под мое раководсво ќе продолжи да се бори против вашите штетни одлуки од минатото за Охрид во интерес на граѓаните. Обидите за манипулација на јавноста за ситни политички поени се препознани од граѓаните. Вие сте веќе прочитана книга. П.С. За сите слики кои беа предмет на објава на СДСМ „reels“ партијата, го повикувам претседателот на СДСМ Охрид, Асен Шајн, на кој сака медиум во кој и да било ден и час, да поразговараме со факти за оваа тема, но и за било која друга тема која е во интерес на јавноста, а се однесува на Општина Охрид“, напиша Пецаков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library73c2f0shcf622ssIiF6

Охрид СОС алармира: Сеча во зона на строга заштита кај изворите на Црн Дрим

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Настани | пред 1 седмица

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Охрид | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања