Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАР

Screenshot-2024-08-03-at-13.43.49

(Видео) Пожарот под Кале е изгаснат

Пожарот кој вчера избувна под Кале, на кејот од Вардар кај поранешниот полегон е веднаш изгаснат.По интервенцијата со четири противпожарни возила, пожарникарите брзо го ставиле под контрола.Причината за неговото избувнување, засега, не е познато. Постојат сомнежи дека можеби причината е човечки фактор.

Скопје | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Вон контрола пожарот во охридско, Ангелов: Јакиот ветер направи проблем

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов посочува дека се јавува проблем со пожарот во охридско. Според него, ветерот го шири огнот.„Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал..“, вели Ангелов.На терен излегоа и доброволци, организирани преку навивачката група „Рибари“.

Македонија | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Навивачи тргнаа да го спасуваат охридско од пожар

Навивачката група „Рибари“ од Охрид повика на собир за гаснење на пожарот во близина на градот. Тие утрово се собираа пред Противпожарната бригада и заминаа на терен.„ОХРИДСКО е во пламен! Итно сме потребни како доброволци, да помогнеме во гаснењето на пожарите! Сега сме му најпотребни на Охрид и Охридско! Повик до сите рибари и до сите доброволци! Утре во 07:00 пред пожарна!“, стои во апелот.Тие дадоа и насоки да се понесат чизми, заштитни маски, маици.

пред 1 година

pozar-skopje

(Видео) Сив чад над Скопје, мириса на запалено

Сив чад надвисна над Скопје. Жителите се жалат дека мириса лошо, односно на изгорено. Се сомневаат на пожар, иако засега, од официјалните државни институции за такво нешто.Од снимките кои ги направивме може да се воочи дека од Карпош не се гледа крстот на Водно, додека другите покажуваат какво сивило има над Скопје.„Скопје1“ праша во ЦУК и очекува одговори за тоа, дали освен тековните девет пожари има и нови жаришта. Оттаму очекуваме одговори.Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде се со денови гори.

Скопје | пред 1 година

IMG_5250

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во трговскиот центар „Блис“ во Битола, чие отворање е закажано за 5 август.Пожарот избувна вчера попладне, го зафати североисточниот дел од објектот, а противпожарната единица од Битола веднаш интервенирала.Пожарот бил пријавен вчера околу 18 часот, и за нешто повеќе од 1 еден час бил ставен под контрола.„Нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со PIR исполна (огноотпорен) во комбинација со PIR (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 година

IMG_5251

(Видео) Село гори, а баба игра оро: Пожар беснее во Сутоморе, а туристите вртат оро

Бизарно и нечувствително однесување ги разгневи жителите и има многу коментари со осуда на социјалните мрежи. Вчера доцна попладнето во Голо Брдо во Сутоморе избувна пожар кој зафати дел од шумата. Пожарот се гледаше и од градот Бар.Додека пожарникарите се бореа да се справат со пожарот кој брзо се ширеше и се закануваше на градот, група туристите си се забавуваа играјќи српско оро на градското шеталиште. Најстрашно е што на истите снимки се гледаат и орото и пожар кој ја проголта шумата.Командантот на црногорската Служба за заштита и спасување, Ацо Вулевиќ, за порталот РТЦГ изјави дека пожарникарите од Бар со часови се бореле со пожарот на Голо Брдо. Тој изјави дека од пожарот е зафатена голема површина и дека пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола.Еве ги реакциите на социјалните мрежи:луѓе.„Кој ја смислил изреката: „Село гори, баба се чешла“, мислел на ова“.,, Како играат, подобро да не го гаснат огнот!“„Луѓето дојдоа на одмор и секој од нив веројатно има некаков проблем. Кој гледа позитивно на животот, неговиот живот е подобар“.„Секој што нема да полуди овде, не е нормален!“.„Дали тие би играле така ако гори улицата каде што живеат“.„Можно ли е да се расправаме за ова одиграно оро? Секогаш треба да бидете весели, позитивни.Секој денес има некаков проблем во својот живот”.,,Зошто да не се опуштите, да не играте? Не треба само се да помрачиме и да гледаме негативно“.

Свет | пред 1 година

0-02-05-06ac2a27bb73847d4c72722ac9eee4487cdc6fc4946d33728993b887fd1207bb_292c46778db

Изгаснат пожарот кој вчера избувна кај Дојран

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, кој зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат.Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот.Во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање.Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

Македонија | пред 1 година

pozar1-1

(Видео) Катастрофа, драма: Драматични сцени од пожарот кој ја зафати Хрватска

По пожарот во Горњи Тучепи, Човиќ, состојбата на терен се уште е катастрофална, пишува Слободна Далмација.Според последните информации, пожарот продрел во паркот на природата Биоково и го зафатил блискиот ранч, а од Горњи Тучеп се слушаат силни детонации, па не се знае дали возилото или нешто друго експлодирало.Индекс.хр пренесува дека линијата на огнот е долга четири километри, а се слушаат и детонации, па не се знае дали во куќите експлодирало возило или оружје.Еден од мештаните изјави дека изгорел просторот каде што се наоѓа зип-лајнот, целиот простор под ресторанот „Веза“, а сите гости од куќите до автопатот излегле надвор.Пожарникарите, пишува Јутарњи лист, од цела ривиера прават натчовечки напори да го изгаснат пожарот, а пепелта паѓа како дожд. Пожарникарите дежураат пред црквата Свети Никола Тавелиќ во Тучеп, а над 90 отсто од маслиновите и земјоделските површини, како и запуштените површини, горат.Се бранат вили и куќи, па пожарот се гаси со вода од базенот. Автопатот кон Дубровник сега е пуштен за сообраќај, а затворен е и патот Макарска-Вргорац. Тој чека да пристигнат Канаѓаните.Се наведува дека горат повеќе од 90 проценти од маслиновите и земјоделските површини како и запуштените површини, се бранат вили и куќи, а пожарот се гаси со вода од базенот.Сега за сообраќај е отворен автопатот кон Дубровник, а затворен е патот Макарска-Вргорац.Поради пожарот кој силен ветер брзо го прошири, за малку ќе настрадаше претседателот на општина Макарска, Анте Чобриниќ.„Вед се упати кон куќата, но пожарот го зафати автомобилот, од кој веднаш излегов и тој изгоре за неколку минути“, изјави Чобриниќ за „Слободна Далмација“.

Свет | пред 1 година

x4Qk9kpTURBXy85Mjc5NGFiNzIxN2ZiOWRmOWIyODBlODljNDYzNmQwYi5qcGeRkwLNAxYAgaEwAQ

Критично во Дојран: Три куќи горат во пожар, се евакуираат околните

Три куќи горат во Дојран по голем пожар кој избувнал на депонија. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се врши евакуација и на околни објекти.„Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени“, вели Ангелов.Вчера голем пожар во кумановско ја зема и првата жртва.

Македонија | пред 1 година

IMG_5235

(Видео) Потресни сцени од пожарите и евакуацијата на жители на село Немањици

Пожарите во државава не стивнуваат, а во моментов најкритично е во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникарите, полицијата, заедно со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови во ова место.Ветерот кој дува на ова место ја отежнува состојбата и ја прави уште поопасна.На видеото се гледа евакуација на луѓе, а меѓу нив и расплакано дете кое го напушта домот и заминуава со возило заедно со екипите кои ги гаснат пожарите и ги евакуираа лицата на безбедно.„Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Од страна на пожарникарите се проверуваа и дел од куќите загрозени од пожарот за да се види случајно некој да не останал внатре. На жителите им беше тешко да ги напуштат домовите“, велат од Центарот за управување со кризи од каде заедно со Ангелов постајано се на терен.

Македонија | пред 1 година

IMG_5234

(Видео) Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад

Во текот на вчерашниот ден, целосно изгоре видиковецот и реновираната платформа за набљудување на Смоларскиот водопад која беше пуштена во упореба пред еден месец.Пожарот избувнал вчера околу 18 часот, по што брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон планината БеласицаГрадоначалникот на Ново Село информираше дека се забранува пристап до водопадот заради безбедносни причини.„ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни возила и шест пожарникари на местото на пожарот. Успешно беше спречено неговото ширење кон околната шума и прераснување во поголем шумски пожар, стои во информацијата од струмичките пожарникари“.

Македонија | пред 1 година

pozar

(Видео) Четири населени места на островот Евија се евакуирани поради пожар, пожарникарите цела ноќ го гаснеле пожарот

Жителите на четири населени места на островот Евија во Грција мораа да се евакуираат поради пожар што вчера избувна на тој остров.Како што јави Катимерини, противпожарните служби цела ноќ го гаснеле пожарот кој се уште гори, па жителите на Климаки, Лиани Амос, Петриес и Криезија морале да се евакуираат.Противпожарната служба соопшти дека пожарот се движел кон југ.Во гаснењето на пожарот се ангажирани 205 пожарникари и 56 возила, пет авиони и три хеликоптери.Заменик-гувернерот на Евија, Јоргос Келаидитис, го опиша пожарот како „многу тежок“ и „неконтролиран“.

Свет | пред 1 година

IMG_5231

Пожарот кај Светиниколско сѐ уште активен, населените места не се во опасност

Пожарот во Св. Николско сѐ уште активен, информираат од ЦУК.,,Фронтот на огнот е многу широк но во овој момент населени места не се во опасност. На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири.”, соопшти Стојанче Ангелов, директо на ЦУК.Во текот на денот на овој пожар од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС.

Македонија | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Голем пожар кај Сплит, го гаснат повеќе од 100 пожарникари

Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит.Како што пренесува порталот Index.hr, пожарот избувнал синоќа по два часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион.Пожарот го гасат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот воз „Робел“, соопштија од противпожарната служба.Во моментов затворен е делот од патот д-р Фрање Туѓман од Каштел Шуќурац до улицата Солутанска, потврдија од Сплитско-Далматинската полиција.Сообраќајот се одвива по заобиколен пат под раководство на полициски службеници.Ги повикуваме возачите да бидат повнимателни и да ги следат упатствата на полициските службеници на терен“, велат од полицијата.

Свет | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Во Калифорнија беснее голем пожар: Ситуацијата се влошува, уапсен е 42-годишен маж

Пожарникарите продолжуваат да се борат со огромниот шумски пожар што беснее во северна Калифорнија, при што условите стануваат сè потешки бидејќи ветровите се засилуваат и температурите се зголемуваат, соопштија властите. Пожарот што избувна недалеку од градот Чико изгоре повеќе од 144.500 хектари земја, беше соопштено вчера попладне. Шефот на пожарникарите Били Си истакнува дека ова е седми најразорен пожар во историјата на таа американска сојузна држава на западниот брег. Во саботата, благодарение на послабите ветрови и ниските температури, пожарникарите ставија под контрола 12 отсто од мегапожарот, но условите се влошија еден ден подоцна.Пожарот досега принуди евакуација на 4.200 луѓе од округот Бут и продолжува да гори во планинска област на околу 145 километри од Сакраменто. Во гаснењето на пожарот учествуваа околу 4.000 луѓе, со помош на противпожарни апарати и булдожери, при што беа уништени или оштетени 67 куќи. Засега нема извештаи за жртви.Чико се наоѓа на 25 километри од градот Paradisea, град кој во 2018 година беше опустошен од најсмртоносниот пожар некогаш регистриран во Калифорнија, кога животот го загубија 85 луѓе. Во четвртокот полицијата уапсила 42-годишен маж осомничен дека го подметнал пожарот.

Свет | пред 1 година

pozar-ohrid

(Видео) Црн чад над Охрид: повторно запалена депонијата на влез од градот

Во една недела, по вторпат е запалена депонијата кај Мауцхер, на самиот влез од Охрид. Ова се случува среде туристичка сезона, кога градот е преплавен со туристи.Со оглед дека времето не е со екстремно високи температури, предизвикувач на пожарот веројатно е човечки фактор.Противпожарната единица на Охрид од ноќеска го гасне пожарот, но сепак, чадот се гледа од сите делови на Охрид бидејќи надвиснува над градот.

Охрид | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Огромни шумски пожари во Канада, половина од градот е уништен

Огромни шумски пожари уништија речиси половина од историскиот канадски град Јаспер, соопштија официјални лица, а пожарите се уште се надвор од контрола. Пожарникарите се обидуваат да спасат што е можно повеќе згради, пишува Би-Би-Си.Улиците на Џаспер во западна Канада се срамнети со земја, а некогашните домови сега тлеат урнатини. Немаше човечки жртви, а околу 20.000 туристи и 5.000 жители побегнаа од планинската област во провинцијата Алберта, која со децении е исклучително популарна меѓу туристите. За време на вчерашната прес-конференција, премиерката на Алберта, Даниел Смит рече дека „потенцијално се уништени 30 до 50 отсто од структурите“. „Не може да се негира дека ова е најлошиот кошмар на која било заедница“, рече таа, додавајќи дека Националниот парк Џаспер е „извор на гордост“ за многу генерации. Патем, околу 2,5 милиони луѓе го посетуваат паркот и блискиот национален парк Банф секоја година.Репортер на Би-Би-Си бил во Националниот парк Џаспер кога избувнале пожарите. Цела ноќ возела со сопругот и ќерката за да го напушти градот. „Небото стана темно црвено, а потоа дуваше ветер, почнаа силен дожд и молњи“, опиша таа. „Ние сме еден од последните патници кои ја видоа убавината на Џаспер. Ќе помине многу време додека тој да закрепне. Тоа е исклучително погубно за сите и ми го крши срцето“, рече таа.Стотици пожарникари од целиот свет се ангажирани да помогнат во гаснењето на пожарот. Нивната примарна цел е да ги задржат пламените јазици кои го зафатија градот од две страни. Пјер Мартел, директор на националната програма за управување со пожари, рече дека пожарот бил предизвикан од невреме со грмотевици и ескалирал завчера бидејќи го разгореле силните ветрови.„Тој стана чудовиште“, рече тој. Пламените јазици достигнаа висина од 100 метри на некои места, изјави официјален претставник.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Повторно активиран еден крак од пожарот кај Јасен

,,Сношти и утрово, а и до сега, во предел на пожрите кај с. Тажево и ЈП „Јасен“ - заштитеното повеќенаменско подрачје, имаше малга помешана со чад, од којашто покрај тоа што се немало прегледност, не било безбедно да се дејствува по земја. По дигањето на маглата и појава на ветер, се створија услови за распоредување на 30-те припадници на специјалните сили на МВР, но се појави огнот на дел оод кракот повторно којшто беше изгаснат во „Јасен“.Воздухопловите утрово беа префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод.Инаку, по планот на Главниот штаб при ЦУК, специјалците е предвидено да се во линија за дејство кон сртот на Тажево, кон репетиторот и кога Ќе стасаат и заштитна планираната линија е потребно да стапат во контакт и комуникација со лицето за координација за дејство по земја.Додека, специјалците од МВР го изведуваа маневарот за распоредување според планот, припадниците на Армијата се движеа кон зборното место кај репетиторите во Тажево и откако втасале за кратко се распоредени и се вклучени во гаснењето заедно со вработените на „Јасен“, според специфичноста на теренот и условите за гаснење на пожарот. Од ЈП „Јасен“ известија дека има еден крак од пожарот, што во моментот е повторно активиран, при што предложија армиските припадници да се поделат во два дела, Притоа, едниот армиски дел да помогне во активностите на справување со кракот кон Тажево и Брезница а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак.Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК, согласно глобалните планирани активности утрово и согласно моментните ситуации после расчистувањето на маглата во реонот за дејство по пожарот кај с.Тажево и повторното активирање на дел од изгасениот пожар во „Јасен“”, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсен осомничен за подметнување смртоносен пожар во Ница: Загинаа седум членови на семејството, познат и мотивот

Француската полиција денеска уапси трето лице кое е осомничено за подметнување на пожар во Ница, во кој загинаа седум членови на семејството, јавува БФМ.Обласниот обвинител истакна дека постои можност мотивот за делото да е наркотици.Полицијата претходно уапси двајца осомничени кои во понеделникот беа осудени на 10 години затвор.Продолжува потрагата по уште две лица осомничени за ова кривично дело.

Свет | пред 1 година

0-02-05-06ac2a27bb73847d4c72722ac9eee4487cdc6fc4946d33728993b887fd1207bb_292c46778db

Целосно изгаснат пожарот на Серта

По тринаесет дена борба со огнената стихија пожарот кај Серта е целосно изгаснат, информираше Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица Неготино.,,Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини”, напиша Атанасов.Упати благодарност и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.

Македонија | пред 1 година

kumanovo-pozar-grom

Уапсен осомничен за предизвикување пожар во Подгорица: Пожар избувна поради огномет

Пожарот што синоќа го зафати ридот Горица во Подгорица бил локализиран околу еден часот утринава, неофицијално дознава „Вијести“.При гаснењето на пожарот во Подгорица во Црна Гора, кој најверојатно бил предизвикан од огномет, полесно се повредени двајца мажи.Огнот зафатил поголем дел од површината, како и шумите. Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување на главниот град, Здравко Блечиќ синоќа изјави дека пожарот најверојатно бил предизвикан од огномет.Заменик-градоначалникот на главниот град Лука Ракчевиќ во објава на својот Инстаграм профил рече дека „првиот дел од пожарот, кој беше забележан во 21:00 часот во близина на врвот на платото Горица, најверојатно бил предизвикан од невнимателно палење огномет“.„По тој повод одредени лица се лишени од слобода и предадени на обвинителството. И токму кога успеавме да ја одбраниме дабовата шума, чие зафаќање би имало далекосежни последици, избувна уште еден пожар, на околу 300 метри од сите жаришта кои тогаш беа активни, што, за жал, укажува на ново чин на подметнување“, рече Ракчевиќ, пренесува News.Тој нагласи дека истрагата ќе се води во соработка со Управата на полицијата. Ракчевиќ рече дека при гаснењето на пожарот полесно се повредени двајца мажи.„Благодарение на напорите на сите, особено на Јасна Гајевиќ и Здравко Блечиќ, претходните месеци од Горица отстранивме и однесовме повеќе од 1.300 кубни метри суви опожарени дрвја. Да останеше на ридот, како што е со години (од последниот голем пожар), вечерашните активности ќе беа неспоредливо потешки и се плашам дека ќе потрошевме денови за гаснење на пожарот“, рече Ракчевиќ. .

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Намерно предизвиканиот пожар во близина на Трогир изгаснат, пироманот уапсен

По четири дена пожарот кај хотелот Медена кај Трогир е изгаснат и пожарникарите денеска ќе се повлечат од таа локација, изјави командирот на противпожарната единица на сплитско-далматинската жупанија Иван Ковачевиќ.,,На местото на пожарот нема чад и оган и сега се е во ред“, рече Ковачевиќ и најави дека пожарникарите во текот на денот ќе го напуштат местото на пожарот, пренесе Хина.Пожарот намерно го предизвикал 35-годишен хрватски државјанин кој бил уапсен.Тој со запалка го запалил огнот на две места, кој во четвртокот вечерта се разгорел во пожар кој се заканувал со катастрофа, приближувајќи се до блискиот станбен комплекс каде имало туристи.

Свет | пред 1 година

IMG_4969

Целосно изгаснат пожарот кај Битола

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно изгаснат, известува Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.Пожарот изгаснат од страна на битолските пожарникари со подршка на хрватскиот канадер и два ер трактори на ДЗС.

Македонија | пред 1 година

pozar1

(Видео) Запалена зграда во Франција, седум мртви

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција, соопштија пожарникарите.„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања