Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАР

pozar2

Пожарот во Мариово не стивнува

Пожарот во Мариово не стивнува. Огнената линија е проширена на преку 25 километри изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец.Таа вели дека сега најголемата грижа е пламенот да не ги зафатени селата и другите објекти и од таа причина на терен се повеќе од 150 лица. Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.„Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта. Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на АРМ и на полицијата и вложуваат надпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Гори и под репетиторите кај селото Штавица и за среќа, огнот слегува надолу, но за среќа не е опфатена боровата шума.”, вели Ирена Стерјоска Локвенец.Командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, известува дека 90-тина професионалци се упатени кај манастирот Прилепец.„Пожарот е активен и кај Крушевица и кај Бонче во високиот дел. Сега нашите пожарникари и другите професионалцци, 90-тина, се упатуваме кон манастирот Прилепец. Во моментов не се загрозени селата, се прават напори да се направи заштита околу селата. На помош е и дел од месното население“, вели Стојчески

Македонија | пред 1 година

IMG_3187

(Видео) “Успеавме да спречиме голема катастрофа”, Ѓорѓиевски сподели дека пожарот во Кисела Вода е локализиран

Според последните информации, пожарот во Кисела Вода е локализиран. Градоначаникот на општината, за “Скопје1” посочува дека е спречена катастрофа.“Заедно со моите сограѓани, општинските служби и противпожарната бригада успеавме да го локализираме пожарот и да спречиме поголема катастрофа.Апелирам до жителите да не стравуваат затоа што секогаш во сите моменти, во добро и во лошо јас ќе бидам со нив и заедно ќе се справуваме со сите предизвици”, вели Орце Ѓорѓиевски.Instagram embed code generator.boxes3{height:175px;width:153px;} #n img{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important} #inst i{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important}

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_02-09-2024_05-12-44-0010PM

(Видео) Пожар кон Говрлево во скопско Сопиште

Пожар се шири на делот кон Говрлево во Општина Сопиште.Сооред информациите пожарот во кој гори ниска вегетација е кај село Јаболци и местото викано. Краста.Instagram embed code generator .boxes3{height:175px;width:153px;} #n img{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important} #inst i{max-height:none!important;max-width:none!important;background:none!important}

Скопје | пред 1 година

IMG_6346

(Видео) Први снимки од пожарот во планинарскиот дом “Даре Џамбаз”

Први снимки од пожарот во планинарскиот дом ,,Даре Џамбаз” на Водно.Според првичните информации зафатена е внатрешноста на планинарскиот дом.Сѐ уште не е познта причината за пожарот и колкава штета е нанесена.На терен се екипи на полицијата како и противпожарните екипи.Повеќе информации наскоро од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Скопје | пред 1 година

IMG_6322

(Видео) Голем пожар во Нови Сад: Чад го покрива градот, противпожарните екипи на терен

Во близина на градската депонија во Нови Сад денеска околу 12 часот избувна пожар.Како што дознава Танјуг, на терен има противпожарни единици и се работи на локализирање на пожарот.Објектите во околината во моментов не се загрозени.„Огромен чад над населбата Клиса во Нови Сад поради голем пожар на депонијата. Чадот се шири низ целиот град. Ги поддржуваат работници од ЈКП со цистерни додека градежните фирми носат песок. Пепел паѓа низ целиот град и на возила“, се наведува на Инстаграм профилот 192.рс.Засега не се знае точно што гори и што го предизвикало пожарот.

Свет | пред 1 година

hrvatska-pozar

Пожарот кај Сплит повторно активиран: Пожарникарите дежурале цела ноќ

Северниот дел од пожарното место во Жрновница кај Сплит во средата навечер повторно бил активиран во отворен пламен, поради што е ангажирана и дел од противпожарната единица, соопштија од Жупанискиот противпожарен центар во Сплит.Пожарникарите дежурале цела ноќ.Тој отворен пламен се појавил на тешко пристапен терен, што ги отежнува напорите на пожарникарите, рекоа во противпожарната станица, пренесува Хрватската радио телевизија.Во текот на ноќта на пожарникарството во Жрновница дежурале 250 пожарникари и 80 возила.Иако пожарот претходно беше ставен под контрола, бројни противпожарни единици останаа да ги гаснат рабовите на пожарот. Во пожарот изгореа околу 700 хектари шума, ниска вегетација и трева, а полесно се повредени тројца пожарникари.Пожарот се наоѓа на само 200 метри од месните гробишта, додека во градот Лолиќи бил на само 15 метри од куќите. Луѓето беа во паника, а со оглед на тоа што веста за пожарот се прошири, туристите ги откажуваат резервациите, пишува денеска Далмација.Поради пожарот е затворен патот Жрновница-Ситно Горње-Срињине.Пожарот во Жрновница избувна во понеделникот вечерта по удар на гром, а ветерот го запали во вторникот.

Свет | пред 1 година

IMG_6298

ЦУК: Пожар на отворено зад средното козметичко училиште ,,Димитар Влахов"

,,Пожар на отворено зад средното козметичко училиште ,,Димитар Влахов", кај Аклалод ,,Билка", нас. К. Вода и нас. Аеродром.Пожарот е локализиран.На терен се службите на пожарна и полиција, како и дел од жителите кои живеат во тој дел.”, информираат од ЦУК.

Скопје | пред 1 година

0_THP_CHpP_031118SLUG_1889JPG

Над 100 луѓе се евакуирани поради пожар во зграда во Лондон: 225 пожарникари се борат со пожарот

Повеќе од 100 луѓе се евакуирани од станбен блок во источен Лондон по големиот пожар кој ја зафатил зградата, а 225 пожарникари се справуваат со пожарот.Четириесет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот на слатководниот пат во Дагенхам, кој избувна синоќа во 2.44 часот, јавува Мирор.Засега не се знае дали има повредени или причина за пожарот.Началникот на противпожарната служба Алан Бендел, кој се наоѓа на местото на пожарот, изјави дека поради густиот чад граѓаните кои живеат во близина не треба да ги отвораат прозорците и вратите.

Свет | пред 1 година

pozar2

(Видео) Поради пожар во Бразил затворени патишта и училишта

Шумски пожари горат во најнаселената бразилска држава Сао Паоло цел викенд, предизвикувајќи облаци од чад на небото, пишува Франс прес.Пожарите се проширија низ југоисточен Бразил, а гувернерот на Сао Паоло, Тарсисио де Фреитас прогласи вонредна состојба во 45 општини. Тој рече дека се уапсени две лица осомничени дека го подметнале пожарот. Пожарите предизвикаа прекини во сообраќајот. Властите затворија некои автопатишта поради слабата видливост. Во градот Рибеирао Прето е откажан и фудбалски натпревар од бразилското првенство. Повеќе од 300 пожари беа откриени во градот Сао Хозе до Рио Прето, поради што властите беа принудени да ги затворат училиштата.Пожарите испуштаат густ и отровен чад кој штети на животната средина и здравјето на луѓето, предизвикувајќи респираторни проблеми и кардиоваскуларни нарушувања“, се вели во владиното соопштение.„Досега не откривме пожар предизвикан од гром, што значи дека има луѓе кои предизвикуваат пожари“, рече бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва на X.Државната влада стави 36 градови во состојба на зголемена готовност поради пожарот. Двајца работници во фабрика загинале во општината Урупес додека се бореле со пламените јазици.Бразил моментално е на врвот на сувата, топла сезона. Ниската влажност и високите температури предизвикаа повеќе пожари на југоисток, кој исто така се справува со суша.Оваа година, сезоната на шумски пожари започна на почетокот на мај во Пантанал, најголемото мочуриште во светот. Според владините податоци, бројот на пожари во дождовните шуми на Амазон во јули бил на највисоко ниво во последните две децении.Екстремните временски услови тешко го погодија Бразил, предизвикувајќи и ретки поплави во државата Рио Гранде до Сул, кои оставија повеќе од 170 мртви.

Свет | пред 1 година

pozar2

Пожар избил до охридскиот аеродром: запалена била нива со отпушок од цигара

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р, а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

pozzar1

Шокантна снимка од дојавата за пожар во Нови Сад: Куќата гори, децата внатре

Потресна снимка од разговорот е објавена кога граѓаните им пријавиле на пожарникарите за пожар во новосадската населба Салајка во кој загинаа родители и нивните четири деца.Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека новосадските пожарникари-спасувачи пристигнале на местото на настанот за пет минути откако добиле дојава дека утринава избувнал пожар во населбата Салајка и дека наводите дека пожарникарите пристигнале на местото на настанот еден час по пријавата за пожар.„Наредив да ми бидат доставени целосни информации за ова и бев известен дека прегледот на системите 192 и 193 откри дека првиот извештај за пожарот дошол во 2:43 часот на бројот 193, разговорот траел 52 секунди и таму е снимка од разговорот Една минута по завршувањето на разговорот, камерите на станицата го снимиле излезот на две противпожарни возила со девет пожарникари“, рече Дачиќ.На шокантното видео кое трае 52 секунди, се слуша како маж ја повикува пожарникарската служба и вели: „Куќата гори, децата се внатре“.Пет минути по пријавата, во 2 часот и 47 минути, градската камера снимила минување на противпожарните екипи на 200 метри од местото на настанот.Пожарникарите пристигнале на местото на настанот во 2 часот и 48 минути и констатирале дека гори куќата со површина од околу 50 метри квадратни.Пожарот е локализиран во 02:53 часот.Полицијата на број 192 добила известување од Одделението за вонредни состојби во 02:48 часот.Девет пожарникари со две возила од Новосадската Агенција за вонредни состојби го гаснеа пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршија увид на местото на настанот.Во овој страшен пожар загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, рече министерот Дачиќ и нагласи дека во вакви ситуации пред се треба да се покаже емпатија и почит кон жртвите.„Во овој пожар имаме шест жртви, од кои четири мали деца. Да не се шпекулираме за наводно непрофесионално однесување на пожарникарите кои напротив реагираа брзо и професионално веднаш по пријавата. Овој пожар е страшен трагедија сама по себе и целата „Србија жали за трагичната смрт на ова семејство и не треба да ја оттргнуваме темата од нив, туку да се однесуваме како што доликува на оваа ситуација“, рече министерот Дачиќ.

Свет | пред 1 година

IMG_6210

(Видео) Голем пожар во фабриката ,,Ником" во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил, информираше за пожарот во фабриката Ником. Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.,,Голем пожар во фабриката Ником.Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен, напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне.Дополнително интервенираат и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.", напиша Јанчев.

Македонија | пред 1 година

IMG_6214

Фабриката во Кавадарци ја гаснеле 35 лица, со 16 цистерни

Од Центраот за управување со кризи, известуваат за пожарот на објект - Ником ДОО Кавадарци, фабрика за дрвена амбалажа на ул.Индустриска бб Кавадарци, од 10:30 до 03:00 часот. Пожарот е локализиран.„Интервенирале:- ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 8 ПП Возила; - ТППЕ Велес со 7 пожарникари и 2 ПП Возила;- ТППЕ Неготино со 2 пожарникари и 1 ПП Возило;- ЈП Комуналец Кавадарци со 3 вработени и 3 цистерни;- Голд Никел со 2 пожарникари и 1 ПП Возило; - ЈП НШ Подружница Бор Кавадарци со 1 вработен и 1 ПП цистерна.Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Голем пожар во Нови Сад: Неколку лица загинаа, се стравува дека меѓу нив има и деца, потрагата се уште трае

Во пожарот што избувна синоќа во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загинаа неколку лица, соопштија за Танјуг од Новосадската Итна помош.Според првичните информации, можно е меѓу жртвите да има и малолетници.„Брзата помош интервенираше околу 2 часа и 54 минути. Немаме информации колку луѓе загинале, бидејќи е тешко да се утврди“, изјави за Танјуг Зоран Круљ, портпарол на итната помош.Истрагата се уште е во тек.

Свет | пред 1 година

pozar

Шокантни детали од пожарот во Нови Сад во кој загинаа родителите и четирите деца

Во пожар во новосадската населба Салајка, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загина целото семејство, четири деца на две, четири, пет и седум години и нивните родители.Таткото на повредената жена, која живее веднаш до вратата, ги дели само ѕид, слушнале лелек, истрчале надвор, ја скршиле вратата, но не успеале, пожарот бил голем.Се обиделе да го пробијат ѕидот и од другата страна за да ги спасат своите најблиски, но за жал не успеале.Тие со секира и боздо се обиделе да го пробијат ѕидот за да го извлечат семејството од пламените јазици, но за жал, за семејство немало спас.Да потсетиме, како што соопшти полицијата, шест животи загинаа во пожарот во Нови Сад, кој избувна синоќа околу 03:00 часот, додека семејството спиело во куќата. Убиени се родителите Д.А.(29), М.С.(23) и четири деца на возраст од 7, 5, 4 и 2 години.Според првите фотографии, пожарот зафатил неколку згради.Како што дознава на лице место репортерот на Нова.рс, соседите се сомневаат дека пожарот настанал од електрични инсталации, односно дека се запалила батеријата на електричниот велосипед кој бил на полначот.

Свет | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Пожар во Франција: 11 лица повредени, меѓу кои и пожарникари

Во пожар, кој избувна во ноќта меѓу неделата и понеделникот во градот Каен-ен-Русијон во департманот Пиринеи-Ориентал на југот на Франција, полесно се повредени најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца пожарникари. Според локалните медиуми, пожарот бил ставен под контрола во текот на ноќта, а повеќе од 3.000 кампери биле успешно евакуирани.„Поради силните налети на северни ветрови со брзина до 80 километри на час, пожарот многу брзо се прошири кон туристичкиот камп Мар Естанг, кој се наоѓа на 100 метри јужно од локацијата каде што избувна пожарот“, се вели во соопштението на локалната противпожарна служба, како што објави порталот БФМ ТВ.Како мерка на претпазливост, повеќе од 3.000 кампери беа евакуирани од овој камп и привремено сместени во локалните кафулиња, барови на плажата и во зградата на Домот на културата во Каен-ен-Русијон, а веднаш беа околу стотина пожарникари и 27 амбулантни возила. мобилизирани.Во пожарот уништени се еден камп приколка и една викендичка за туристи, делумно оштетени се шест туристички куќи како и три моторни возила, јавуваат локалните медиуми.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Гори Мадеира: Стотици пожарникари се борат со пожарот

Стотици португалски пожарникари се борат да го изгаснат пожарот што зафати делови од островот Мадеира, популарна туристичка дестинација.Пожарот што избувна во средата во оддалечената рурална област Рибеира Брава се прошири и во соседната општина Камара де Лобос, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.Речиси 200 пожарникари поддржани од 38 возила го гаснат пожарот, но високите температури, малата влажност и силниот ветер им ги отежнуваат напорите.За гаснење на пожарот бил ангажиран хеликоптер. „Не се сомневам дека овој пожар е подметнат во непристапна област“, ​​изјави претседателот на регионалната влада на Мадеира, Мигел Албукерке. Превентивно се евакуирани околу 160 лица.

Свет | пред 1 година

pozar-kukja-cair

(Видео) Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките кои ги имаме, цел кат во куќа е целосно опожарен со се кров, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат, за да спремат негово проширување на соседните објекти.Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Скопје | пред 1 година

pozar

Јовчески за состојбата на пожарот на Галичица: Источниот фронт е ставен под конторла, на западниот постојат индиции да се појават жаришта

За состојбата на пожарот на Галичица се огласи раководителот на противпожарна заштита во НП Галичица, Ѓуро Јовчески.,,Во текот на вчерашниот ден во координирана и добро испланирана акција помеѓу Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб на Републка Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК со директорот Ангелов пристапено е кон спроведување на предходно подготвениот план во кој учествуваат 120 пожарникари на 3 фронта, 5 воздухоплови, 3 ер-трактори и два хеликоптери на МВР.", вели Јовчески.На источниот фронт пожарот е ставен под контрола на двете критични точки. Западниот фронт кој беше најкритичен е ставен под контрола, но со покачување на температурата во текот на денот постојат индиции да се појават жаришта.", додава ЈовческиЈовчески им се зблагодари на сите учесници кои се директно инволвирани во гаснењето, како и на сите донатори кои се јавуваат во се поголем број.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-0e90a3fa90edcb4a2193a75ba53b92b64399ce036482991e9755b90a98e399cb_288821b1842

53 пожари во текот на вчерашниот ден, 12 се сѐ уште активни

Во текот на вчерашниот ден, четврток, 15.08.2024 година, имаше вкупно 53 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 6 се под контрола и 35 се изгаснати.АКТИВНИ ПОЖАРИ: 121. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);2. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа) (нискостеблеста вегетација и букова шума);3. Општина Долнени: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе), како и крак кон с.Крапа (НШ), Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);4. Општина Новаци: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);6. Општина Кичево 2: с.Цер, планина Љубин (мешана шума);7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);8. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума);9. Општина Макеоднкси Брод 3: с.Девич м.в. Вртешка (мешана шума)10. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (сува трева);11. Општина Чашка 1: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);12. Општина Чашка 2: с.Мокрени (нискостеблеста вегетација);ПОД КОНТРОЛА: 61. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);2. Општина Битола: с.Острец (сува трева, густа мешана шума);3. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);5. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);6. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);ИЗГАСНАТИ: 351. Општина Кочани и Македонска Каменица: с.Пресека – с.Цера кон маала Стамболии (борова шума и папрат);- заврнат дожд;2. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);-заврнат дожд;3. Општина Липково: с.Матејче (сува трева);4. Општина Кичево: с.Зајас – с.Горно Строгомиште ( (мешана шума);5. Општина Желино 1: с.Чифлик (депонија);6. Општина Желино 2: с.Горна Лешница (мешана шума);7. Општина Штип: Депонија Штип (ѓубре);8. Општина Тетово: Кај Палма мол (ѓубре);9. Општина Боговиње: с.Горно Седларце (сува трева);10. Општина Врапчиште: с.Градец (ниска вегетација и високи дрвја);11. Општина Радовиш: с.Калуѓерица (ниска вегетација);12. Општина Гостивар 1: Стара касарна во Гостивар (ниска вегетација);13. Општина Гостивар 2: Ресторант Сајгија (ѓубре);14. Општина Гостивар 3: с.Чајле (сува трева);15. Општина Чучер-Сандево: Качанички Пат (сува трева);16. Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (сува трева);17. Општина Гази Баба 2: с.Раштак (сува трева);18. Општина Петровец: с.Ржаничино (сува трева);19. Општина Кисела Вода 1: Драчево (сува трева);20. Општина Кисела Вода 2: ул.Борис Трајковски (сува трева);21. Општина Шуто Оризари 1: нас.Шуто Ориазри (сува трева);22. Општина Шуто Оризари 2: нас.Шуто Оризари (ѓубре);23. Општина Сарај 1: с.Бојане ( сува трева и ѓубре);24. Општина Сарај 2: с.Радуша (сува трева);25. Општина Сарај 3: Езеро Треска (сува трева);26. Општина Берово: м.в.Клепало над браната Ратевска Река (борова шума);27. Општина Пробиштип 1: с.Ратковица према Пониква (мешана шума);28. Општина Пробиштип 2: с.Лезово (сува трева);29. Општина Крива Паланка: с.Луке, м.в. Чупино Брдо (мешана шума);30. Општина Ресен: депонија во Ресен (ѓубре);31. Општина Карбинци: с.Долни Балван (сува трева);32. Општина Бутел 1: Граничен премин Блаце (сува трева);33. Општина Бутел 2: Визбегово (сува трева);34. Општина Струмица: с.Секирник (ѓубриште);35. Општина Василево: Карбино (Слобода) (сува трева и ниска шума);

Македонија | пред 1 година

455644083_1002000255273322_4807603395606557774_n

Пожарот на Галичица е под контрола, нема опасност, вели градоначалникот Пецаков

„Пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:„Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии.Се надеваме и веруваме дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори“.

Охрид | пред 1 година

2

Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови

Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода.

Македонија | пред 1 година

afhgd

Мештаните исплашени, ЦУК смирува: над манастирот Свети Ѓорги“ во Паралово се бие битка со оган

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски и рамничарски терени во општина Новаци, вчера се ширеше кон селото Паралово и манастирот „Свети Ѓорги“ под кого е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев и шестмина негови Комити.Отецот и членството од црковниот одбор преку социјалните мрежи упатија апел да се испрати градежна механизација за да се запре развојот на огнената стихија кон манастирот. Пожарникари доброволци кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Новаци, велат дека огнот е стигнат на сртот над манастирот и дека има ветер со променлив правец. На терен се дваесетина доброволци и пожарникари, противпожарната единица од РЕК, а се упатува и градежна механизација.Од ЦУК изјавија дека линијата на огнот во Новаци се простега на десетина километри, дека гори во нeпрoоден терен и нискостеблеста вегетација. Градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски рече дека големиот пожар настанал од гром при локално невреме пред некој ден.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Денеска (09.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица - Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен.Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот Бел 412, исфрлени се над 25 тони вода.

Македонија | пред 1 година

3-1

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај Косел

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско.Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода , со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања