На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р, а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пожар избил до охридскиот аеродром: запалена била нива со отпушок од цигара
Поврзани содржини
Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо
Македонија | пред 16 часа
Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета
Македонија | пред 3 дена
(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица
Свет | пред 5 дена
(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори
Македонија | пред 6 дена