Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАР

Screenshot-2025-08-10-at-12.01.05

Глисер изгоре и потона кај Елешец – оштетени уште два пловни објекти

Денеска (10 август 2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот Елешец, настанал пожар во укотвен глисер.Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција.Според МВР, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишен жител на Тетово (З.Д.). Поради големите оштетувања на коритото, пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Од пожарот биле оштетени и уште два соседни глисери.Причините за пожарот се утврдуваат.

Македонија | пред 7 месеци

0-02-05-6667cd14698966e7040049fceb0af3312c6eefada2fbba7292999b000599424a_222a4d00f47

(Видео) Пожар во ловиштето „Јасен“: вчеравечер бил изгаснат, ама се реактивирал

Вчера попладне изби шумски пожар во ловиштето „Јасен“, неколку километри по влезната капија „Кула“ од скопската страна.Екипите на „Јасен“ први интервенираа на тешко пристапниот терен, а на помош им пристигнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два полициски хеликоптери. Пред стемнување пожарот беше ставен под целосна контрола и изгаснат, а извршена е и проверка на линијата без забележани жаришта.Сепак, во текот на ноќта пожарот се реактивирал. Утринава повторно интервенираа екипите на „Јасен“ со поддршка од два полициски хеликоптери и два ер трактори на ДЗС.Иако теренот е непристапен и не дозволува користење на специјалните возила на ДЗС, се очекува пожарот да биде ставен под контрола во текот на денот.

Македонија | пред 7 месеци

pozar-Veles

Гром удрил во погонот на BioCosmos и предизвикал пожар – компанијата се огласи со официјално соопштение

По синоќешниот пожар во фабриката BioCosmos, компанијата се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во соседната фабрика Mirana продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации.Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение:Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.Со почит,Тимот на BioCosmos & Mirana

Македонија | пред 7 месеци

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар.Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

pozarna-5

Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово

Маж на возраст од 59 години од скопското село Арнакија утрово бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по наплатната станица Глумово. Благодарение на брзата реакција на полицијата и противпожарната служба, пожарот бил локализиран, а лицето е приведено.Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 8 месеци

grcija-pozar

(Видео) Евакуирани 55 деца поради голем пожар во западна Грција, огнот се движи кон планината Вунаса

Шумскиот пожар што избувна во близина на Дескати предизвика итна евакуација на летен камп со 55 деца, откако огнената стихија почна брзо да се шири кон планинскиот предел Вунаса.Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, ситуацијата на теренот е крајно сериозна, а пожарот се движи во насока на Гревена. Превентивната евакуација на децата била спроведена вчера, заради опасноста што ја претставуваше приближувањето на огнот.Градоначалникот на Дескати, Димитрис Котас, потврди дека сите деца се на сигурно, нагласувајќи дека мерката била преземена навреме. Тој додаде дека ситуацијата е комплицирана, бидејќи пожарот е надвор од контрола, но изрази надеж дека наскоро ќе биде локализиран.Во гаснењето се вклучени 45 пожарникари со 11 противпожарни возила, поддржани од три тимови од 8-та специјализирана единица за итни интервенции (Е.М.О.Д.Е.). Воздушна поддршка обезбедуваат два хеликоптери, а ангажирани се и локалните власти и волонтери со цистерни за вода.Иако засега нема непосредна опасност за населени места, жителите во околните региони се предупредени да бидат подготвени за можни евакуации. Пожарот се проширува во густо пошумена област западно од градот Катерини, што дополнително ја отежнува интервенцијата.

Свет | пред 8 месеци

pozar-3

Огнена стихија во Старо Нагоричане, изгореа куќи - за среќа нема човечки жртви

Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, биле зафатени од пожарот што избувна во петокот навечер, потврди за Трн.мк Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни. Точниот број на уништени објекти сè уште не е утврден.Огнената стихија, која се ширела со извонредна брзина, зафатила непристапни терени, како ридови и долови, а во еден момент дури стигнала и до железничката пруга, продолжувајќи кон кратовското село Димонце.„Интервениравме до три часот по полноќ. Со две противпожарни возила, осум пожарникари и поддршка од мештаните, успеавме да го локализираме пожарот. Ситуацијата беше исклучително сериозна, пламените јазици се движеа со таква брзина што не можеше да се предвиди каде ќе се прошири понатаму“, изјави Трајковски.Поради оштетени електрични столбови и трансформатор, електричната енергија во селото е прекината, како мерка на претпазливост.Иако пожарот бил изгаснат во петокот, следниот ден повторно се појавил, но на друга локација, што според командирот на пожарникарите упатува на сомневање за намерно подметнување.Најзначајно е што, според досегашните информации, нема повредени лица. Во текот на наредните денови се очекува теренска проценка и утврдување на точната штета.„Во моментов нема активни пламени јазици, но на неколку места сè уште има чад и жаришта. Утре ќе излеземе со прецизни податоци“, додаде Трајковски.

Македонија | пред 8 месеци

Pozarnikari-DZS

Битолчани вознемирени од пожар: гори во близина на социјалните згради во Нова Битола

Синоќа во Нова Битола изби пожар при што гореше сува трева и паркова површина во близина на станбените згради познати меѓу жителите како „социјални згради“. Настанот предизвика вознемиреност кај граѓаните, бидејќи огнот се приближи до населената зона.Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Битола, веднаш по пријавата од локалното население, интервенирале противпожарни екипи на терен.– Гори сува трева во непосредна близина на станбените згради што се наоѓаат над улицата Игњат Атанасовски. Станува збор за делот што битолчани го знаат како „социјални згради“. На терен се распоредени две екипи кои го гаснат пожарот и го контролираат проширувањето. Огнот е дополнително разгорен од силниот ветер што вечерва дува во Битола. Нема сомнеж дека пожарот е подметнат, вели командирот, Христијан Тодоровски.Пожарот бил видлив од повеќе делови на градот, а поради неговата близина до живеалишта, дополнително ја зголемил загриженоста меѓу жителите на Нова Битола.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-27-173131

(Видео) Колапс на преминот „Меџитлија“ – патници заглавени со часови меѓу Македонија и Грција поради пожар

Граничниот премин „Меџитлија“ беше затворен повеќе од два часа попладнево поради пожар во близина на границата, што предизвика целосен застој на сообраќајот и хаос за стотиците патници кои се обидуваа да преминат меѓу Македонија и Грција.Патници кои се затекнале на преминот сведочат дека иако по два часа чекање на грчка страна биле информирани дека преминот е повторно отворен, по минување на македонската пасошка контрола биле сопрени на спуштена рампа и повторно вратени назад кон Грција.„Во 2:15 го поминавме македонскиот пасошки премин, но рампата беше спуштена. Два часа подоцна, во 4:15 ни рекоа да се вратиме назад кон Грција. Од прво возило станавме последни во колоната“, раскажуваат патниците.Иако повторно се вратиле на грчка страна, по околу 30 минути – околу 4:45 часот, им било наредено повторно да се вратат на македонската страна.„Им рековме дека веќе имаме печат од македонска пасошка контрола, дека сме со мало дете и побаравме да не пуштат преку најдесната лента. Но, ни рекоа дека мора повторно да чекаме“, велат тие.

Македонија | пред 8 месеци

policija-brod

Спроведена вежба за справување со пожар во Охридското Езеро

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека е успешно реализирана заедничка вежба со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, во која биле вклучени повеќе полициски единици.„Имаме убава вежба која ја одработивме со Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст. Вклучени се повеќе полицајци од повеќе единици, презентиравме како би се справиле, со не дај Боже, пожар доколку би настанал во водите на Охридското Езеро“, изјави Тошковски.Целта на вежбата, како што нагласи министерот, е зголемување на подготвеноста и координираноста на сите надлежни служби во случај на интервенција во водена средина, со особен фокус на превенција и брза реакција при евентуални пожари во и околу Охридското Езеро.„На ден 26.07.2025 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во организација на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, во рамки на караванот „До вас, за вас“, се одржа симулациска вежба на тема: „Пожар на пловен објект во Охридско Езеро“. Во вежбата активно учество зема Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Секторот за 112 и Секторот за операции и координација. Секторот 112 ја прими пријавата за настанот, по што следеше координирана комуникација со сите инволвирани субјекти во Системот за управување со кризи, преку Секторот за операции и координација. Покрај ЦУК, во симулацијата активно беа вклучени и:• Капетанијата на пристаништата,• Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид,• Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид,• Дирекцијата за заштита и спасување,• Црвениот крст на Охрид,• Итната медицинска помош Охрид.Оваа симулациска вежба е уште еден значаен чекор во зајакнувањето на интеринституционалната соработка и зголемување на подготвеноста за справување со кризни ситуации во заедницата“, велат од Центарот за управување со кризи.

Охрид | пред 8 месеци

Pozarnikari-DZS

Изгоре продавница на познатата „Пластичарска“ улица во Скопје

Голем пожар зафатил продавница на „Пластичарската“ улица во Скопје, поради што изгорела и фасадата на соседната куќа.МВР информира дека за среќа нем повредени, а интервенирала противпожарната бригада од Скопје.„На 23.07.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје настанал пожар во продажен објект, сопственост на А.Л. (30) од с.Визбегово, скопско. Од пожарот е зафатена и фасада на соседната куќа, сопственост на Ф.Ш.(44) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“, пишува во полициското соопштение.фото: ФБ/ДЗС

Скопје | пред 8 месеци

ezerani

(Видео) Пепел и пустош наместо природна убавина – скоро половина од копнената површина на „Езерани“ уништена во пожарот

Од некогашната зелена ризница на Преспа – Паркот на природата „Езерани“ – останаа пепел, чад и длабоки последици. Последниот силен пожар што беснееше на 20 и 21 јули 2025 година зафатил површина од над 500 хектари, нанесувајќи огромна штета врз живиот свет, квалитетот на водата и животната средина на локалното население – предупредува Македонското еколошко друштво (МЕД).„Во текот на месец јули, во неколку наврати избувнуваа пожари во Паркот на природата ‘Езерани’. Пожарот кој се случи на 20 и 21 јули беше со најголем интензитет и предизвика огромни последици врз квалитетот на живот на локалното население, биолошката разновидност, како и квалитетот на водите од Езерото. Пламените јазици проголтаа над 500 хектари површина, главно природа која треба да биде гордост во претставување на нашите природни вредности пред светот,“ соопштија од МЕД.Во изминатите денови, нивен тим предводен од Лазар Николов изврши детална анализа на терен, при што е утврдено дека се изгорени:околу 200 хектари трсканад 160 хектари шуми и галерии од врби и тополиприближно 100 хектари ливадиоколу 30 хектари шуми од евлаоколу 15 хектари земјоделски насади и овоштарници10 хектари преодни вегетациски типови во крајбрежниот појас на езерото„Нашите првични согледувања на терен се дека околу 50% од зафатените површини од шуми и овоштарници се целосно уништени. За да се добие перцепција за сериозноста на ситуацијата, можеме да истакнеме дека скоро половина од копнената површина на Паркот на природата ‘Езерани’ настрада во овој пожар, предизвикувајќи штети во вредност од милиони евра.Сакаме да истакнаме дека Паркот на природа ‘Езерани’ е прогласено за заштитено подрачје од IV-та катергорија според Закон за заштита на природа, согласно критериумите на Меѓународниот сојуз за заштита на природа (IUCN), а според нашите согледувања ‘Езерани’ претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава.Искрено жалиме за целата настаната штета која ја претрпе Преспа и се обврзуваме дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на подигање на јавната свест за значењето на природата,“ – изјави Лазар Николов од Македонското еколошко друштво.Од управата на Паркот „Езерани“ потсетуваат дека во минатото имало неколку помали пожари, особено во периодот февруари–април, кога вегетацијата е во слаба развиеност и полесно може да се контролира огнот. Но, велат тие, пожар од ваков обем и интензитет во летниот, екстремно сушен период, досега не е забележан.„Во годините наназад, во и околу паркот, се сведоци на предизвикани пожари од помали размери кои се карактеристични во периодот февруари-април кога вегетацијата е многу слабо равиена, претставувајќи олеснителна околност при осмислување стратегии и тактики за брзо спречување на ширењето на пожарите. Меѓутоа, во ваков сушен период од годината, со толку многу лесно и брзо горлива вегетација, пожар од ваков интензитет и размери е незапаметен,“ – стои во нивното соопштение.

Македонија | пред 8 месеци

Pozar-Turcija-Kipar

Шумски пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Во големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во јужните делови на Кипар загинаа 2 лица.Најмалку 10 лица се повредени од кои две посериозно.Големиот шумски пожар на Кипар уништи 100 квадратни километри пошумени ридови, многу домови и принуди евакуација на 14 села на јужната страна од планинскиот венец Троодос.Пожарот избувна вчера околу пладне, а пожарникари од целиот остров, вклучувајќи и 14 авиони, шест противпожарни возила од градските и окружните противпожарни станици во Лимасол, како и поддршка од Одделот за шумарство и волонтери, брзо се упатиле кон местото на настанот.Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија за справување со огнените стихии.

Македонија | пред 8 месеци

pozar-1-1

Подметнувал пожари кај лозови насади и шума – приведен 71-годишен маж од Демир Капија

Седумдесет и едно годишен жител на Демир Капија е лишен од слобода под сомнение дека подметнал два пожари на ист ден, информира Министерството за внатрешни работи.На 22.07.2025 во 18 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Имено, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 8 месеци

Vizbegovo-pozar

(Видео) Повтoрно пожар во Визбегово, гори мини депонија

Во Визбегово денеска повторно има пожар. Станува збор за мини-депонија која се наоѓа во непосредна близина на станбени објекти, што предизвикува сериозна загриженост кај жителите.Пожарот сѐ уште не е ставен под контрола, а постои реална опасност пламените јазици да се прошират до куќите.Надлежните служби се на терен.

Скопје | пред 8 месеци

viber_image_2025-07-22_14-01-48-154

(Видео) Гореше куќа во Кочани, спречена е катастрофа!

Куќа се запали во Кочани, а брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти.Досега, нема информации за повредени лица. На снимката се слуша паника меѓу луѓето кои се во непосредна близина.Детали се очекуваат од МВР.

Македонија | пред 8 месеци

brod-makarska

(ВИДЕО) Се запалил туристички брод во Макарска, има повредени!

Утринава се запалил туристички брод во Маккарска.Пожарот избувнал во кујната околу 8:20 часот наутро, за среча бил локализиран многу брзо. Во тек е увид на лице место.-Две лица се повредени во пожар на туристички брод во Макарска, потврдила Сплитско-далматинската полиција за 24sata.hr.На бродот имало туристи, а медицинска помош побарале членовите на екипажот, хрватски државјани.фото: Читател на 24sata.hr

Балкан | пред 8 месеци

AVTOBUS-JSP

Возачка на автобус на ЈСП изгасила пожар во автобус во движење, заврши на Токсикологија

Во раните утрински часови, денеска (21 јули 2025) во 07.16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ избувнал пожар во автобус на ЈСП кој бил во движење.Според пријавеното, огнот го изгасила возачката на автобусот, С.Б., која потоа била пренесена со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

(Видео) Голем пожар во Желино, подметнат со гуми кои биле запалени и пуштени да се тркалаат

Голем пожар избувна во Општина Желино, доцна попладнево. Според неофицијални информации на „Скопје1“ истиот е подметнат и за тоа веќе постојат докази.Првично дознаваме дека се најдени гуми, кои најверојатно, се полеани со нафтен дериват, запалени и пуштени да се тркалаат по зелениот појас, каде има и сува трева. На терен интервенираат противпожарни единици, како и екипи од други институции.Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци (14:50ч.).Освен овој, активни се уште шест други пожари.Досега, се уапсени повеќе пиромани фатени како се обидуваат да запалат шумски појаси низ Македонија. Владата односно Министерството за внатрешни работи уште при големите пожари кои избувнаа на повеќе локации пред една недела, изрази сомнеж дека некој намерно го прави ова со цел да предизвика хаос во државата.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-15.47.48

Пожарот кај Желино се шири кон Еребино – сомнеж за подметнување, ангажирана армијата и воздухопловна поддршка

Голем пожар избувна денеска во општина Желино, со тенденција на ширење кон селото Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот поради ветерот и непристапниот терен има висок ризик од проширување, но на терен се ангажирани сите расположливи сили и средства за спречување на огнената стихија.„Заедно со градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, сме на лице место и ги координираме активностите. Сите ангажирани служби работат со полна сила на локализација на пожарот“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Аљи.На терен се вклучени:еден армиски хеликоптер,полициски камион МАН со цистерна и воден топ,два теренски пинцгауера и едно возило хермелин,30 припадници на Армијата на Република Северна Македонија,екипи на скопската противпожарна бригада и ТППЕ Тетово.Дополнително, во 16:00 часот ќе полетаат и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за воздушна поддршка.ЦУК информира дека постои основано сомнение дека пожарот е подметнат и најави дека надлежните институции ќе спроведат истрага.Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од активности кои можат да предизвикаат пожари и потсетуваат дека подметнување пожар е кривично дело.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-18.16.40

Се смирува пожарот кај Желино, можно целосно ставање под контрола до вечер

Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетација и шума. Надлежните остануваат на терен до целосно стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 8 месеци

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-18-211738

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.Линк од видеото:

Македонија | пред 8 месеци

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.-Локалното население се организираше и излезе на терен за да ги заштити домовите, а на лице место беше ангажирана и тешка механизација со која се изработуваа противпожарни линии, информираше доцна синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на вчерашниот ден, огнената стихија се доближи и до црквата Света Петка во Кумановско, а екипите беа насочени кон спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања