Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАР

20230227071314

Гореше зграда во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.Причините за настанувањето на пожарот, како и околностите под кои починало лицето, се предмет на истрага на надлежните институции.Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-17-at-18.45.32

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец.„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме“, велат оттаму.

Македонија | пред 8 месеци

pozarna

Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар

Во село Ракотинци, скопско, избувнал пожар во стариот објект на основното училиште. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар.Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 8 месеци

IMG_4224

Три автомобили уништени во ноќен пожар на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Противпожарната бригада.Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.фото: Архива/Скопје1

Скопје | пред 8 месеци

pozar-Iral

(Видео) Стравична трагедија во Ирак, најмалку 50 загинати во пожар во трговски центар во Кут

Најмалку 50 лица ги загубија животите во голем пожар што избувна во хипермаркет лоциран во петкатна зграда во градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а локалните власти најавија дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Според досегашните информации, огнената стихија ја зафатила целата зграда каде се наоѓал трговскиот центар. Видеа објавени на социјалните мрежи го прикажуваат драматичниот момент кога противпожарни екипи се борат со пламените јазици, обидувајќи се да го стават пожарот под контрола.

Свет | пред 8 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 8 месеци

pozar-1

Пожар зафатил шест куќи во Скопје, неколку лица биле итно хоспитализирани

Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бригада на Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

Армиски хеликоптер исфрли 32,5 тони вода во акција против пожарот кај село Николиќ, Дојран

Во текот на утринските часови, Армијата на Република Македонија ангажираше хеликоптер Ми-8МТ од воздухопловниот ВИНГ за гаснење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, општина Дојран.Според информациите од АРМ, биле извршени 13 летови со воден товар, при што биле насочени кон критичните жаришта на теренот. Во акцијата се испуштени вкупно 32,5 тони вода (по 2,5 тони по лет).Воздушната интервенција траела 3 часа и 20 минути и се одвивала под строго контролирани услови, согласно пропишаните стандарди за ваков тип операции.Од Армијата порачуваат дека остануваат подготвени за понатамошна поддршка при справување со шумските пожари, во координација со останатите надлежни институции.

Македонија | пред 8 месеци

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Македонија | пред 8 месеци

ad38ed85-fc1a-4aa7-bada-62fbc0eb2a5c-1

За пожарот кај Стајковци приведени и пуштени на слобода три деца

По избувнувањето на пожарот во близина на селото Стајковци, биле лишени од слобода три деца, странски државјани, соопштија од обвинителството.„Согласно Законот за правда за децата, со нив беше извршен разговор, по што беа пуштени на слобода. Обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело“, велат од Основното јавно обвинителство.Случајот останува под понатамошна истрага, а надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на фактите и можната одговорност.

Скопје | пред 8 месеци

pozar-3

Пожарот во Крива Паланка направил најголеми штети, а втор по критичност е тој во Визбегово

Најголема штета направил пожарот во Крива Паланка каде има загинст човек, штети по гасоводот, опасност за куќите.“Овој можеше да направи катастрофални штети. Сега е во ред”, рече Ангелов.Втор по критичност бил пожарот во Визбегово, таму дејствувале пожарникари, но и Армијата.

Македонија | пред 8 месеци

frikom1

Пожар го уништи магацинот на Фриком во Чучер-Сандево

Пожарот што вчера избувна во општина Чучер-Сандево зафати и објекти на компанијата „Фриком“. Магацинот на „Фриком“, кој служи како главен дистрибутивен центар за снабдување низ цела Македонија, целосно изгоре. Благодарение на навремената интервенција на противпожарните служби и вработените во компанијата, нема повредени лица, а сите вработени се безбедни.„Наша првенствена грижа беше безбедноста на сите вработени и луѓето кои учествуваа во гаснењето на пожарот. Сите се неповредени. Нашите тимови веднаш започнаа со проценка на штетата и организација на нови планови за да обезбедиме што побрзо нормализирање на работата и дистрибуцијата. Голема благодарност до сите кои веднаш покажаа подготвеност и одговорност,“ изјавија од „Фриком“.Компанијата истакнува дека во овие тешки времиња не треба да се заборават и другите погодени од пожарите во државата. „Стотици семејства и фирми се погодени од огнените стихии. Нашите мисли се со сите нив, а како компанија и како луѓе, ја преземаме одговорноста да покажеме солидарност и поддршка,“ додадоа од „Фриком“.Кризниот тим на компанијата веќе ја спроведе првата проценка на штетата и ги информира клиентите дека испораките и активностите се привремено прекинати, додека трае организацијата за непречена дистрибуција во иднина.

Македонија | пред 8 месеци

pozar-3

Нов пожар кај Смилковско – активирани противпожарни екипи, се следи состојбата

Попладнево избувна нов пожар во близина на Општина Бутел, на стариот пат кон Смилковско Езеро. Според градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, пожарот е на територија на Општина Гази Баба, но ситуацијата се следи внимателно.„Апелирам до граѓаните да останат смирени и без паника. Веќе разговарав со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски, и на терен се присутни противпожарни екипи кои работат на неутрализирање на огнот“, соопшти Костовски.Доколку има потреба, ќе биде активиран и кризниот штаб на Општина Бутел. Засега нема информации за евентуална закана по населението или објекти.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-20.04.14

(Видео) Тошковски: Можно е сценарио на намерно палење – приведени лица за пожарот во Визбегово, активиран ЕУ механизмот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека постои основано сомнение оти дел од пожарите што ја зафатија државата не се случајни, туку намерно предизвикани. Во Чучер Сандево вчера биле најдени запалени гуми.„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од она сценарио на случајност. Институциите работат на терен. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, започнува втор, а како се неутрализира втор стартува трет пожар. Од страна на МВР, сум информиран дека се сомневаат дека станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, изјави Тошковски.Тој потврди дека за големиот пожар кој избувна на приватен отпад во Визбегово, се преземени конкретни дејства: „Сопствениците се приведени и по насока на јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, рече министерот.Според најновите информации, под контрола се ставени пожарите во: Орман и Волково (Скопски регион), Визбегово, Самоков (Македонски Брод), Дојран

Македонија | пред 8 месеци

collage

(Фото) Голем пожар во скопско Орман, една куќа изгоре до темел, мештаните под стрес и со страв

Во скопското село Орман, избил пожар кој брзо се проширил. Првиот пламен започнал во близина на бандерите, при силен ветер. Мештаните се сомневаат дека имало искри, кои го предизвикале брзо да пламне.Во близина има пруга, а за брзо, започнало да гори од двете страни. Мештаните се под стрес и страв дека пожарите можат да ги зафатат и нивните куќи, бидејќи се во непосредна близина. Дел од нив, прскаат со црева околу дворовите, за да спречат евентуално ширење на огнот.Сепак, една куќа, изгоре до темел. Невозможно било да се спаси. За брзо, пожарот од Орман, долж патот се проширил и кон Волково.Во гаснењето учествува локалното население, ДЗС, Противпожарните бригади. Се гасне со лопати, гранки, цистерни, а мештаните се обидуваат да го спречат проширувањето на пожарот и со трактори, правејќи раскопи за да пламенот не се шрии.Во Кучково биле изгаснати три пожари, сведочи граѓанин за „Скопје1“. Тој посочува дека реагирало само локалното население, без интервенција на Противпожарна бригада. Посочува дека додека бил на лице место, не видел ниту дека дошла полиција. Од фотографиите се гледа дека горела сува трева.

Скопје | пред 8 месеци

vizbegooooo

Чадот почнал пред работното време, сомнежите се дека пожарот во Визбегово е подметнат, институциите ќе истражат кога ќе се изгасне

Пожарот кој избувна во Визбегово од рано утрово, и натаму се гасне. Дел од лицата кои работат во близина и го знаат просторот, зад камерите посочуваат дека се сомневаат дека пожарот е подметнат. Велат дека разговарале со вработени на плацот, кои им кажале дека уште во 08:30 утринава, пред да започнат со работа, имало црн чад, а потоа, сѐ се одвивало брзо.Неофицијалните информации, сѐ дека потпалувањето било од една точка, а бидејќи станува збор за отпад каде имало и акомулатори и боци - лесно се проширил. Се коментираше дека првата Противпожарна бригада успеала да стигне за дваесетина минути по пријавата. Гаснетењето може да потрае со денови, а важно е најпрво да се локализира.Прашани во Обвинителството, дали истражуваат што е причина за пожарот, велат: „Тоа се податоци што МВР или ЦУК може да ви ги дадат во овој момент, додека најголем дел од пожарите уште траат. Обвинителствата постапуваат во сите случаи каде има индиции дека пожарот бил предизвикан или поврзан со кривично дело“.

Скопје | пред 8 месеци

Kriva-palanka

Пожарот кај Крива Паланка се приближува до куќите – градоначалникот бара помош од државата

Во близина на населеното место Лозаново, во општина Крива Паланка, беснее голем шумски пожар кој се приближува до куќите и претставува закана за локалното население.Градоначалникот Сашко Митовски повика на смиреност и внимателност кај граѓаните, но истовремено упати апел за поддршка од надлежните институции и соседните општини.„Градот се наоѓа под досега најголема огнена стихија. Алармирам и апелирам за помош од соседните општини, за државна помош, вклучување на механизација, бидејќи во опасност е самото населено место Лозаново и домовите на граѓаните“, изјави Митовски.Локалните служби се обидуваат да го локализираат пожарот, но условите на терен се отежнати. Се очекува одговор од државните институции за понатамошна интервенција.

Македонија | пред 8 месеци

helikopteri

Чадот и ветрот ја стопираа воздушната интервенција на полицискиот хеликоптерот во Визбегово

Хеликоптерот „Аугуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи, кој беше вклучен во гаснењето на пожарот кај отпадот во реонот на Визбегово, е повлечен од теренот поради влошени услови за летање – засилен ветер и густ чад.„Хеликоптерот беше испратен како поддршка во справување со пожарот и изврши неколку фрлања на вода. Но поради засилениот ветер и намалената видливост од чадот, одлучено е да се повлече во базата“, соопштија од МВР.Во акцијата за гаснење на пожарот и натаму учествува еден авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен дејствуваат и противпожарните единици на Град Скопје, како и екипи со возила на „Комунална хигиена“.Од засега достапните информации, во пожарот е повредено едно лице, кое било пренесено на лекарска помош. Дополнително, приведен е сопственикот на отпадот каде што избувна огнената стихија, потврдија надлежните институции.Пожарот, кој избувна вчера, предизвика сериозна загриженост кај жителите поради серијата експлозии од плински боци во хаварисани возила и опасната близина до станбени куќи во реонот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 8 месеци

vizbegooooo

Загрижувачка состојбата кај Визбегово – пожарот се шири, можно наредување евакуација!

Пожарот што избувна во близина на дивата депонија меѓу Визбегово и Шуто Оризари брзо се шири и претставува сериозен ризик за околните површини, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Опасноста е уште поголема бидејќи во непосредна близина се наоѓаат станбени објекти.По барање на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, побарана е воздушна поддршка за справување со огнената стихија. ЦУК веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување, со цел побрза и поефикасна интервенција.Градоначалникот е информиран дека, доколку состојбата го наложи тоа, треба да се пристапи кон евакуација на жителите од најзагрозените подрачја.Во моментов на терен дејствуваат противпожарни екипи на Град Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

vizbegovo-pozar1-1

(ФОТО/ВИДЕО) Пожар кај депонијата меѓу Шуто Оризари и Визбегово – чадот ги прекри околните населби

Густ црн чад и силни пламени јазици утринава повторно ја зафатија депонијата што се наоѓа меѓу скопските населби Шуто Оризари и Визбегово. Според информациите од терен, се запалиле стари гуми, а чадот брзо се проширил, прекривајќи делови од околината. Од фотографиите и снимките што ги направи Скопје1, може да се види дека главно горат гуми.На лице место интервенираат четири возила на Противпожарната единица на Град Скопје, а во гаснењето се вклучени и две возила од „Комунална хигиена“.Станува збор за уште еден во серија пожари на оваа проблематична локација, која со години претставува еколошка и безбедносна закана за жителите од околните населби.

Скопје | пред 8 месеци

ivan-kukunovski

Херојот од Чучер-Сандево, младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба

Младиот волонтер Иван Кукуновски е во стабилна состојба и е згрижен на Клиниката за токсикологија во Скопје.Оваа информација ја потврди неговиот татко, Јовица Кукуновски. Иван вчера се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар. Пожарот избувна во ридско-планинскиот предел во општина Чучер-Сандево. Се задушил од чад по 24-часовна борба со огнот.Младиот Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места. Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.

Македонија | пред 8 месеци

stojance-angelov1

(Видео) Некој намерно потпалува кај Блаце оти се најдени палети полиени со бензин, во Чучер Сандево не се изгорени куќи, ниту има опасност, вели Ангелов

Во Чучер Сандево не се изгорени куќи, црковни објекти не се во опаност, Ова го вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека на патот кон Блаце, се најдени палети, односно дека некој се обидел да го реактивира пожарот.„Не е точна веста дека вчера некој манастир или црква биле во непосредна опасност од пожарот, исто така не е точна веста дека изгореле три куќи од село Чучер, апсолутно во текот на вчерашниот ден не дозволивме да изгори ниту една куќа“, рече директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.Тој рече дека за пожарот на патот кон Блаце, има уште повеќе индиции дека е подметнат.„Пожарникарите најдоа дрвени палети, претходно намачкани со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно се обидуваше да го реактивира пожарот кој е под контрола“, рече Ангелов.

Скопје | пред 8 месеци

centar-1-1

Герасимовски: Општина Центар со свои ресурси помага во гасењето на пожарот во Чучер Сандево

По барањето и апелот за помош на жителите на Чучер-Сандево, која се бори со огнената стихија, Општина Центар со своето јавно претпријатие ПОЦ , активно се вклучи во гасењето на големиот шумски пожар. Во акцијата се ангажирани вработени на ПОЦ и цистерна на Општина Центар, како дел од координираниот одговор на институциите. Градоначалникот Горан Герасимовски, упати апел до сите граѓани да бидат совесни и претпазливи. „Во ситуации како оваа, најважни се вниманието, дисциплината и одговорноста. Ги повикувам граѓаните да бидат совесни во овие жешки денови и да се придржуваат до сите препораки на службите и да не преземаат ризични активности во опожарените  подрачја",  порача Герасимовски. Поради сериозноста на состојбата, Општина Чучер Сандево бара од Владата прогласување на вонредна состојба и меѓународна помош. Општина Центар останува мобилизирана и подготвена да помогне, со сите свои расположливи ресурси, сѐ додека пожарот не биде ставен под целосна контрола.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-07-08-at-10.41.15

(Видео) Два полициски хеликоптери гасат пожар кај Чучер Сандево – исфрлени над 70 тони вода

Од раните утрински часови, два хеликоптери од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи (МВР) се активно вклучени во гаснењето на пожарот во близина на Чучер-Сандево.Според информациите од МВР, се работи за хеликоптерите Бел 412 и Агуста Бел 212, кои досега имаат исфрлено над 70 тони вода врз зафатената површина.Интервенцијата продолжува со зголемен интензитет, а надлежните апелираат за претпазливост и воздржаност од активности кои можат да предизвикаат пожари.

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања