Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПОЖАРИ

pozar-belasica2

Изгасен пожарот на Беласица

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ - Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-080647

Пожарот на Беласица од вчера вечер е повторно активен, нема опасност за објекти

РЦУК - Битола, известува дека пожарот кој започна на ден 03.11.2024 г, над село Белушино, е активен и проширен на 3 краци. Гори букова и борова шума. Од утринските часови интервенираат 4 вработени во ПШС „Липа“- Крушево, ТППЕ Крушево 3 пожарникари и локално население. Заради непристапноста на теренот за возило за дотур на вода, гаснењето е отежнато. Попладнето пожарот се проширил со уште еден крак и зафаќа обем од околу 5 – 6 км. Опасност по населени места нема. Од 16.00 часот заради паѓањето на мракот, екипите се повлечени од терен до утинските часови. Воздушна поддршка немало.РЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и 2 пп возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Во 22:30 часот пожарот се активира повторно. На лице место извршено увид од страна на директорот на ЈП ПШС Беласица и од МВР ПС Струмица и се бара возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Известени ТППЕ Струмица од страна на помошник дежурен во ЦИК Струмица. ТППЕ Струмица во разговор со директорот на ЈП ПШС Беласица биле известени дека пожарот е на околу 200 метри од објект, и според проценка на ТППЕ Струмица засега нема опасност кон објекти или према село. На лице место на пожарот се началник на одделение за Полиција и директорот на ЈП ПШС Беласица и 4 полицајци кои ке патролираат.

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-1

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва ќе се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат, извести ЦУК.Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, додаваат од ЦУК

Македонија | пред 1 година

pozar-portugalija1

(Фото) Гори во Португалија: Најмалку 7 лица загинаа, помош испраќаат Шпанија и Мароко

Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, соопшти Управата за цивилна заштита.Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува Ројтерс.Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во централниот кварт Визеу, каде беснеат пожарите. Помошта од Мароко треба да пристигне денес во Португалија, рече Коста.Шпанија, Италија и Франција веќе испратиле помош откако португалската влада побара помош во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ во понеделникот.„Се наоѓаме во стресна ситуација, на границата на нашите можности и затоа бараме помош од европскиот механизам, Шпанија и Мароко“, изјави Коста. Португалскиот премиер Луис Монтенегро рече дека владиниот тим ќе го координира обезбедувањето „најитна поддршка“ за оние кои ги загубија своите домови и средства за живот.Португалската национална гарда во соопштение соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.

Свет | пред 1 година

pozar

Вонконтрола се пет пожари, под контрола се шест - службите и вчера со полни раце работа

ЦУК: Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 6 и изгаснат е 1.АКТИВНИ: 51. Општина Прилеп 1: с.Волково (сува трева и ниска шума);2. Општина Прилеп 2: с.Дуње (сува трева и ниска шума);3. Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)4. Општина Зелениково: с.Горни Дејковец над гробиштата (мешана шума)5. Општина Липково: с.Матејче (сува трева и ниска шума)ПОД КОНТРОЛА: 61. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);4. Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);5. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).6. Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)ИЗГАСНАТИ: 11. Општина Прилеп: Во близина на Дата центар (сува трева)

Македонија | пред 1 година

0-02-05-6a6b2117dc807c8469251780ea3a67334ba376e04851f944963933f238f16f03_28e8401a1ec

Горело скоро низ цела Македонија: на седум локации се гасне, три не се под контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024 година, имаше вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31.АКТИВНИ: 31. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);2. Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума);3. Општина Демир Хисар: с.Сопотница.ПОД КОНТРОЛА: 41. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);4. Општина Прилеп: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);ИЗГАСНАТИ: 311. Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Ораов Дол се шири кон с.Габровник (активен), с.Оморани (повторно активен), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);2. Општина Чашка 2: с.Голозинци – с.Мелница (ниска вегетација);3. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);4. Општина Гази Баба 1: с.Јурумлери (депонија);5. Општина Гази Баба 2: с.Брњарци (сува трева);6. Општина Гази Баба 3: с.Идризово (сува трева и дрва);7. Општина Бутел: бул.Словенија (грмушки и сува трева);8. Општина Сарај 1: автопат Скопје – Тетово (сува трева);9. Општина Сарај 2: с.Горна Арнакија (сува трева и грмушки);10. Општина Сарај 3: с.Шишево (сува трева и трски);11. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);12. Општина Делчево 1: с.Разловци (сува трева);13. Општина Делчево 2: Градска депонија (ѓубре);14. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);15. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);16. Општина Старо Нагоричане: с.Дренок (сува трева);17. Општина Липково: с.Лојане (сува трева);18. Општина Виница: на влез во градот (сува трева);19. Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).20. Општина Теарце: с.Нераште (сува трева);21. Општина Гостивар: с.Форино (сува трева);22. Општина Валандово: с.Градец – с.Удово (нискостеблеста дабова шума);23. Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова населба (деградирана шума, сува трева и грмушки);24. Општина Битола 1: с.Трново (сува трева);25. Општина Битола 2: ул.Индустриска (ѓубре);26. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);27. Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);28. Општина Струга 1: с.Ложани (сува трева);29. Општина Струга 2: с.Ново Село (стрниште и сува трева);30. Општина Дебар 1: с.Бомово (мешана шума);31. Општина Дебар 2: с.Мал Папрадник (дива депонија)

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Девет пожари не се под контрола: Македонија и натаму се справува со огнените стихии

Во текот на изминатиот ден, петок, 06.09.2024 година, имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, под контрола се 3 и изгаснати се 9.АКТИВНИ: 71. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);5. Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);6. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);7. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума).ПОД КОНТРОЛА: 31. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);2. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);3. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).ИЗГАСНАТИ: 91. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);5. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре);6. Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева);7. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева);8. Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре);9. Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).

Македонија | пред 1 година

pozar

Вон контрола се четири пожари во Македонија: Гори во Скопје, Прилеп, Штип, Чашка

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, понеделник, 02.09.2024 година, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е 1 и изгаснати се 27.АКТИВНИ: 41. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци, м.в.Кадиица – с.Оморани, с.Ораов Дол (мешана шума);2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален (нискостеблеста вегетација);3. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);4. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума).ПОД КОНТРОЛА: 11. Општина Демир Хисар: с.Вардино (исечени дрва за огрев).ИЗГАСНАТИ: 271. Општина Сопиште: с.Јаболци, м.в.Краста (камион и ниска вегетација);2. Општина Ѓорче Петров: с.Кучково (мешана шума и сува трева);3. Општина Бутел 1: Качанички Пат (сува трева);4. Општина Бутел 2: с.Љуботен (сува трева);5. Општина Бутел 3: с.Љуботен (сува трева);6. Општина Гази Баба: с.Јурумлери (ѓубре);7. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);8. Општина Липково: с.Никуштак (висока сува трева);9. Општина Старо Нагоричане: с.Татариновац (висока сува трева);10. Општина Гостивар 1: с.Долна Бањица (ѓубре);11. Општина Гостивар 2: с.Форино (сува трева);12. Општина Врапчиште: м.в.Тумба (сува трева);13. Општина Прилеп 1: с.Радобил (шума);14. Општина Прилеп 2: кај ресторан „Романса“ (сува трева);15. Општина Прилеп 3: кај ресторан „Романса“ (сува трева);16. Општина Прилеп 4: кај ресторан „Романса“ (сува трева);17. Општина Прилеп 5: нас.Тризла (ѓубриште);18. Општина Долнени: Планина Мукос, с.Десово – с.Дреновци (мешана нискостеблеста шума и сува трева).19. Општина Битола: с.Острец (папрат и шума);20. Општина Кочани: с.Нивичани (мала депонија и сува трева);21. Општина Кичево: с.Орланци (стрниште);22. Општина Струга: с.Белица (стрниште, сува трева);23. Општина Штип: м.в. 7ми км во близина на Сушара (стрниште);24. Општина Теарце: с.Теарце (стрништа, грмушки и сува трева);25. Општина Боговиње: с.Калник (сува трева);26. Општина Теарце: с.Глоѓи (ѓубриште);27. Општина Крива Паланка: Крива Паланка (ѓубре).

Македонија | пред 1 година

pozar-srbija

(Видео) Вонредна состојба во Србија: Борбата со пожарите сѐ уште трае

Борбата со пожарите на планината Видлич продолжува, а најголем проблем се уште има во Басара кај Пирот, додека во Жагубица и Кучево е запрено ширењето на пожарот кон селата.На Стара Планина пожарот проголта повеќе од 2.000 хектари ниска вегетација и шума, а најкритичен е во селото Басара кај Пирот, каде гори борова шума, јавува РТС.Во општина Димитровград, кај селото Смиловци, пожарот е ставен под контрола и во голема мера изгаснат.Пирот и Димитровград прогласија вонредна состојба на дел од нивните територии.Истребувањето го отежнува непристапниот и карпест терен.Деноноќ на терен се пожарникари, екипи на компанијата „Србија шуми“, припадници на доброволната противпожарна единица, локално население, хеликоптери.Пожарот е активен во Бељаница кај Жагубица и во општина Кучево.Активните пожари изгореа над 3.000 хектари во општините Жагувица и Кучево.Ширењето на пожарот кон селата е запрено, но се уште има делови до кои пожарникарите не можат да стигнат и да го локализираат пожарот.Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера ги посети пожарникарите кои се борат со пожарите во Видлич и кај Жагубица и рече дека двата најголеми пожари - на Стара планина и во околината на Жагубица - се ставени „под еден вид контрола“ и Спречено е дека МУП ќе ги искористи сите свои капацитети за натамошно ширење на пожарот низ Србија.За време на обиколката на Жагувица, Дачиќ изјави дека во Србија дневно има по 200 пожари, а од почетокот на годината имало меѓу 20.000 и 25.000 интервенции поради пожари, од кои 14.000 поради отворени пожари.

Свет | пред 1 година

pozar

Горело на 25 локации: два пожари се вон контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, 26.08.2024 година, имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21.АКТИВНИ: 21. Општина Чашка: Планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);2. Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста ( ниска вегетација и нискостеблеста шума);ПОД КОНТРОЛА: 21. Општина Кичево: с.Цер (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);2. Општина Охрид: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (4 НП, 6 планинарска служба) (тлеат трупци од претходниот пожар), пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот.ИЗГАСНАТИ: 211. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);2. Општина Карпош 1: пат за Бардовци (ѓубре);3. Општина Карпош 2: Момин поток (сува трева);4. Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре);5. Општина Шуто Оризари: Депонија (ѓубре);6. Општина Чучер Сандево: населба Голиово (сува трева);7. Општина Илинден: с.Кадино (сува трева, дрва и бандера);8. Општина Гостивар: населба Млаки (сува трева);9. Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);10. Општина Брвеница: с.Радиовце (сува трева);11. Општина Радовиш: над с.Подареш (шума);12. Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);13. Општина Струга 1: с.Велешта (сува трева);14. Општина Струга 2: с.Враништа (сува трева);15. Општина Струга 3: с.Октиси према с.Долна Белица (сува трева);16. Општина Кичево: населба Ивандол (стрниште);17. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);18. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ниска вегетација);19. Општина Штип: с.Крупиште (ниска вегетација);20. Општина Берово: м.в.Смојмировско Поле(ниска вегетација);21.Општина Прилеп: с.Галичани, с.Беровци (ниска вегетација)

Македонија | пред 1 година

pozar2

Пожар избил до охридскиот аеродром: запалена била нива со отпушок од цигара

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р, а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Еден пожар е под контрола, изгаснати 13 на различни локации - во Скопје имало три

Во текот на вчерашниот ден, петок, 23.08.2024 година, имаше вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 1 е под контрола и 13 се изгаснати.ПОД КОНТРОЛА: 11. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева).ИЗГАСНАТИ: 131. Општина Аеродром: с.Горно Лисиче (сува трева);2. Општина Чаир: кај Стариот Римски аквадукт (сува трева);3. Општина Гази Баба: с.Раштак (ѓубре и сува трева);4. Општина Гостивар 1: Голем пазар во Гостивар (ѓубре);5. Општина Гостивар 2: с.Чајле (сува трева);6. Општина Тетово: покрај автопат Тетово – Гостивар (сува трева);7. Општина Василево: с.Доброшинци, м.в.Слобода (ниви и сува трева);8. Општина Свети Николе: с.Црнилиште (стрниште);9. Општина Струга 1: м.в.Патот кон с.Долна Белица (стрниште и сува трева);10. Општина Струга 2: с.Ложани (сува трева);11. Општина Струга 3: с.Корошишта – с.Волино (сува трева);12. Општина Долнени: с.Браилово – с.Десово (сува трева);13. Општина Куманово: с.Јачинце (сува трева и штала).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.33

Ангелов: Благодарение на дождот во моментов нема активни пожари

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку видео изјава информираше за состојбата на пожарите низ државата.,,Благодарение на дождот кој што вчера во попладневните часови падна на повеќе места на држават и притоа ги поклопи скоро сите активни пожари, пожарите се целосно изгаснати.Вчера имавме многу тежок ден затоа што имавме неколку многу ризични пожари како што беше пожарот на Кајмакчалан и пожарот во близина на Пробиштип.", вели АнгеловСпоред УХМР нови врнежи од дожд се очекуваат и денес во попладневните часови, Ангелов смета дека со овие врнежи оваа сезона на пожари драстично ќе биде намалена.Во моментов нема активни пожари.

Македонија | пред 1 година

pozar2

Пожарите во Грција донесоа нови проблеми

Пожарите околу Атина носат и нови недостатоци. На пазарите има помалку производи од самата причина што при првите пожари најмногу настрадаа оранжериите.Каква е моменталната состојба во овој и во другите делови на таа земја? Дали е безбедно да се одмори во Грција?„Според информациите од локалните медиуми, пожарот е локализиран со големи напори, но за жал, временските услови не и се во корист на Грција“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ, дописник на „Политика“.Урагански ветрови зафатија делови од Грција, а Крф, на пример, беше поплавен.„Невозможно е да се предвиди како ќе се развива понатаму, но се очекуваат обилни врнежи.За 24 часа се регистрирани 9.000 удари громови.„Само удар на гром предизвика десет големи пожари. Ваква ситуација треба да се очекува и во наредните денови. Страшно е што се испостави дека овој пожар на север го предизвикал човек кој намерно фрлал запаливи материјали“, таа истакна.Повеќето пожари се предизвикани од човечка рака, но тие можат да бидат и резултат на невнимание, затоа морам да бидам внимателен.

Свет | пред 1 година

pozar2

Единасесет пожари не се под контрола: гори Галичица во Охрид, но и во Дебар, Пробиштип, Македонски брод

ЦУК: имало вкупно 42 пожари на отворен простор од кои во моментов 11 се активни, 6 се под контрола и 25 се изгаснати, во последното деноноќиеЦентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие (17/18.08.2024 година), имаше вкупно 42 пожари на отворен простор, од коишто во моментов 11 се активни, шест (6) се под контрола и 25 се изгаснати. Инаку, имаше 2 342 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици беа 53,80%, а за други случаи коишто не се итни беа 46,20%.Активните 11 пожари се во:1. Општина Македонски Брод: Јасен – кај викенд населба „Белица“ (борова шума);2. Општина Ресени и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен (локализиран), додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);4.Општина Кичево: с.Цер, планина Лубин (проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);5. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);6. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);7. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума и високо квалитетна дабова шума);8. Општина Долнени: с.Небрегово (ниска вегетација) – префрлен од Општина Чашка на планината Мукос;9. Општина Пробиштип 1: с.Неокази (борова шума и сончеви панели);10. Општина Пробиштип 2: с.Трипатанци – с.Бунеш (нискостеблеста шума) и во11. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (мешана шума).Под контрола се шест (6) пожари на отворено, во:1. Општина Кичево: с.Патеец – с.Козичино – с.Дупјани, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);2. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);3. Општина Македонски Брод: с.Девич, м.в.Вртешка (мешана шума);4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија) и во6. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума).Изгаснати се 25 пожари, во:1. Општина Македонска Каменица: с.Цера (мешана шума);2. Општина Маврово-Ростуше: врв Кораб (нискостеблеста вегетација), префрлен од Р.Албанија – врнежи од дожд;3. Општина Валандово 1: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);4. Општина Валандово 2: с.Удово (стрниште и сува трева);5. Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);6. Општина Тетово 1: с.Бродец (депонија);7. Општина Тетово 2: некогашен поправен дом (сува трева);8. Општина Јегуновце: с.Туденце – с.Сиричино (депонија);9. Општина Гостивар 1: с.Чајле – с.Форино (сува трева);10. Општина Гостивар 2: с.Чајле – с.Форино (сува трева);11. Општина Велес: с.Црквино (сува трева и трње);12. Општина Росоман: с.Сирково (нискостеблеста шума и сува трева);13. Општина Сарај 1: с.Кондово (сува трева);14. Општина Сарај 2: с.Грчец (депонија);15. Општина Аеродром: ул.Симеон Кавракиров (ѓубре, гранки и сува трева);16. Општина Центар: ул.Козара (ѓубре);17. Општина Битола 1: нас.Баир (нискостеблести растенија и сува трева);18. Општина Битола 2: с.Кишава (сува трева);19. Општина Прилеп: сВолково, с.Прилепец (сува трева);20. Општина Кочани 1: с.Небојани (сува трева);21. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);22. Општина Струга: с.Ложани (стрниште);23. Општина Куманово: с.Черкезе (сува трева и стрниште);24. Општина Кочани 2: Пониква (сува трева) – удар на гром во дрво и во25. Општина Крива Паланка: На потегот Крива Паланка - Саса, м.в.Царев Врв (мешана шума).в (мешана шума).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-18-at-09.55.04

(Видео) Се подметнуваат ли пожари во Македонија, со балони на топол воздух?

Пожарите низ Македонија кои беснеат од почетокот на летото ги вознемирува граѓаните. Веќе е јасно дека голем дел се подметнати и причината е човечки фактор. Гореа и двата национални паркови во Македонија. Поради ова, граѓаните ја преземаа улогата и на инспектори. Жител на Демир Хисар, Љубиша Стојановски, сподели снимка од која се гледа како балон на топол воздух, кој лета со помош на оган кој го одржува во воздух. Според Стојановски, така се пали нонстоп низ држава.„Сите селани го видоа со голо око, над село дојде како љубовен балон, запален оган и директно се упати за Еврејка, и уште 3-4 во придружба. Е вака се пали нонстоп, Македонијо преземај нешто“, пишува Стојановски.Во текот на вчерашниот ден, петок, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола и 27 се изгаснати.

Македонија | пред 1 година

1

Хеликоптер на МВР фрли 130 тони вода врз пожарите кај Јасен, Дупјани-кичевско и Галичица

Денеска (15.08.2024) хеликоптерот Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз три пожари и тоа во реонот на Јасен, Дупјани-Кичевско и Галичица.Во текот на денот во 52 налети се исфрлени 130 тони вода.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-0e90a3fa90edcb4a2193a75ba53b92b64399ce036482991e9755b90a98e399cb_288821b1842

Четири нови шумски пожари кои започнаа во поладневните часови

Нови шумски пожари кои започнаа во поладневните часови:1. РЕСЕН И ОХРИД: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, попладнево дејствуваа ( 1Х –МВР на ресенска страна) (3 ЕТ –ДЗС и Германија на охридска страна) (120 лица вкупно: ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица) (нискостеблеста вегетација и букова шума);2. КИЧЕВО: с.Цер, планина Лубин (ТППЕ) (мешана шума) – нов пожар3. БЕРОВО: м.в.Клепало над браната Ратевска Река (10 ТППЕ) (борова шума)-нов пожар предизвикан од удар од гром4. КРИВА ПАЛАНКА: с.Луке, м.в. Чупино Брдо (3 ТППЕ) (мешана шума) –нов пожар предизвикан од гром. Пожарот е проширен и на територија на Р.Србија.

Македонија | пред 1 година

galicica-mini

(Фото) Детонации се слушале вчера од Галичица: неексплодираните гранати прават проблем за локализирање на пожарот

Неексплодираните гранати кои ги има на Галичица, го успоруваат локализирањето на пожарот од страна на десетици волонтери, припадници на реџерската служба на Националниот парк, алпинистичкиот клуб, Црвениот крст и институциите. Жителите на Трпејца посочуваат дека вчера се слушале детонации, по велат: „Претпоставуваме, доаѓаат од Галичица“.Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, сподели и фотографии направени од лицата кои гаснат, од кои се гледаат неексплодираните мини.Дополнително, ситуацијата ја усложнуваат временските услови, тоа што теренот е тешко пристапен, а истиот навлага и во зоната на букови шуми.Доброволци и утрово заминаа на Галичица. Вклучени се и ловџии, припадници на доброволни друштва, Противпожарната бригада на Охрид.Граѓаните вчера беа многу вознемирени од пожарот на Галичица, бидејќи се симнуваше кон охридските села. Дел од камперите на Љубаништа, си заминале во текот на вечерта поради страв дека пожарот за кратко може да се рашири.

Македонија | пред 1 година

pozar1-1

Денеска имаше 27 пожари: 14 се вон контрола, 5 се под контрола, 18 се изгаснати

ЦУК: Во текот на денешниот ден, среда, 14.08.2024 година, до 19:00 часот, има вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, 5 се под контрола и 18 се изгаснати.АКТИВНИ ПОЖАРИ: 141. Општина Македонски Брод  1: Јасен – Белица  (борова шума);2. Општина Кочани и Општина Мекедонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (2Х – 1 МВР Ми171 и 1 Словенија) (16 ТППЕ, 3 ДППД, 9 НШ, 10 мес.нас) (борова шума и папрат);3. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација);4. Општина Долнени 1: с.Дебреште се шири кон с.Рилево и с.Зрзе како и  кон с.Крапа, Општина Македонски Брод  (нискостеблеста деградирана шума)5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Горно Крушје, Општина Македонски Брод (борова и букова шума);6. Општина Кичево 2: с.Зајас – с.Горно Строгомиште (мешана шума);7. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);8. Општина Новаци 1: с.Полог – Брник, Ивени, Рапеш  (ниска вегетација, деградирана шума);9.Општина Новаци 2: с.Острец  (густа мешана шума)10. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);11. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума)12.Општина Долнени 2: с.Плетвар  (сува трева)13. Општина Пробиштип: с.Ратковица према Пониква  (мешана шума)14. Општина Куманово: с.Кучкарево  (сува трева)ПОД КОНТРОЛА: 51. Општина Пехчево: с.Негрево  (мешана шума);2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (ниска вегетација);3. Општина Чашка 1: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);5. Општина Чашка 2: м.в.Мукус, Општина Чашка кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);ИЗГАСНАТИ: 181. Општина Струмица: с.Баница (сува трева);2. Општина Тетово: Фабрика Г8  (сува трева);3. Општина Боговиње: с.Боговиње  (сува трева)4. Општина Струга 1 : с.Ложани  (ѓубре).5. Општина Струга 2: с.Ливада (ниска вегетација)6. Општина Струга 3: с.Белица (ѓубре)7.Општина Берово: с.Владимирово (ниска вегетација)8.Општина Пробиштип: ул.Миро Барага  (ниска вегетација)9. Општина Ресен: Депонија  во Ресен  (депонија)8. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре);10. Општина Валандово: Депонија  (ѓубре);11. Општина Велес : с.Грнчиште  (ниска вегетација)12. Општина Кавадарци: Депонија Мелци  (депонија)13. Општина Липково : с.Матејче  (сува трева)14. Општина Липково: с.Никуштак (сува трева)15. Општина Ново Село: с.Бадилен (мешана шума)16. Општина Кисела Вода 1: с.Драчево (сува трева)17. Општина Аеродром: с.Горно Лисиче  (ѓубре)18. Општина Гази Баба: с.Јурумлери  (ѓубре)

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-12.57.55

Апокалиптични сцени од Грција, пожарот зафаќа куќи и автомобили, пламените јазици се се поблиску до метрополата, а сега стигна и „црната“ прогноза

Шумски пожар поттикнат од силни ветрови беснееше блиску до Атина, горејќи дрвја, куќи и автомобили и принудувајќи евакуација на болниците и најмалку 11 градови и села, соопштија грчките власти.Стотици шумски пожари избувнаа низ Грција од мај. Иако летните пожари се вообичаени во Грција, екстремно топлото и суво време поврзано со климатските промени ги направи пожарите почести и поинтензивни, велат научниците.Повеќе од 560 пожарникари поддржани од доброволци, 17 авиони со водени бомби и 15 хеликоптери се борат со најновиот шумски пожар што избувна во неделата во 15 часот по локално време во близина на Варнавас, 35 километри северно од главниот град.До понеделник наутро, пожарот се прошири кон југ и гореше на неколку фронтови, вклучувајќи го селото Граматико, античкиот град Маратон, приморската општина Неа Макри и планината Пентели северно од Атина.Силниот ветер постојано го менува правецот на пламенот.По најтоплата зима досега и долгите периоди со малку или без врнежи, се предвидува дека Грција ќе го има најжешкото лето досега.Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.„Половина од Грција ќе биде во минус“, рече во саботата министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, наведувајќи ги температурите од околу 40 Целзиусови степени и силните ветрови.https://twitter.com/jade__bauer/status/1822635490039792123?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1822635490039792123%7Ctwgr%5Ecdb6e8fbea3f6da7e818d8297cdf568b15b0c567%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2Fvijesti%2Fsvijet%2Fapokalipticni-prizori-iz-grcke-vatra-guta-kuce-i-automobile-buktinja-sve-blize-metropoli-a-sada-je-stigla-i-crna-prognoza-15491393„И покрај тешките борби и натчовечките напори во текот на ноќта, пожарот многу брзо се прошири и стигна до планината Пентели“, изјави претставник на противпожарната бригада.Противпожарните авиони ги прекинаа операциите во текот на ноќта и ги продолжија напорите во денеска, односно утрово. Полицијата помогнала во евакуацијата, а дел од жителите ја поминале ноќта во засолништа.Најмалку три болници во Пентели се евакуирани.Пожарот, со пламен висок до 25 метри, се прошири „како молња“ поради силните ветрови, изјави во неделата портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракогијанис.Дебели облаци чад го затемнија небото над Атина во неделата навечер. Неколку часа подоцна пламенот гореше во близина на предградието Дионисос на околу 23 километри североисточно од центарот на градот и околните области.Премиерот Киријакос Митотакис побрза да се врати во Атина од викендот на островот Крит за да го надгледува одговорот на пожарот, изјави владин претставник, со сè уште свежи сеќавањата за пожарот во 2018 година во кој загинаа 104 луѓе во крајбрежниот град Мати, во близина на главниот град. По најтоплата зима досега и долгите периоди со малку или без врнежи, се предвидува дека Грција ќе го има најжешкото лето досега.Властите се во состојба на готовност поради шумски пожари до четврток, а метеоролошките експерти предупредуваат на „многу тешка недела“.„Половина од Грција ќе биде во минус“, рече во саботата министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, наведувајќи ги температурите од околу 40 Целзиусови степени и силните ветрови.

Свет | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Десет пожари вон контрола: уште гори во Пехчево, Македонски брод, Новаци..

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, недела, 11.08.2024 година, имаше вкупно 45 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 3 се под контрола и 32 се изгаснати.1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);2. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума)3. Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);4. Општина Кичево 1: с.Патеец (борова и букова шума);5. Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);6. Општина Кичево 3: с.Зајас (мешана шума);7. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);8. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница, с.Слатина (мешана шума);9. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);10. Општина Неготино: с.Црвени Брегови – с.Дубрава (11 ТППЕ, НШ) (нискостеблеста шума, багреми и сува трева).ПОД КОНТРОЛА: 31. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, под контрола на подрачјето на двете општини (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);2. Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);3. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија).ИЗГАСНАТИ: 321. Општина Прилеп 1: с.Ропотово – с.Лажани (ниска вегетација);2. Општина Прилеп 2: кај старите гробишта во Прилеп (сува трева);3. Општина Прилеп 3: кај Алфа Омега транспорт (сува трева);4. Општина Кавадарци: с.Трстеник (ниска вегетација);5. Општина Старо Нагоричане: с.Челопек (стрниште и сува трева);6. Општина Радовиш: с.Злеово (ниска вегетација и ниви);7. Општина Тетово: автопат Тетово – Гостивар кај патарина (ѓубриште);8. Општина Јегуновце: с.Орашје (сува трева и грмушки);9. Општина Гостивар 1: с.Дебреше (сува трева);10. Општина Гостивар 2: с.Тумчевиште (ѓубриште);11. ОпштинаГостивар 3: с.Балиндол (сува трева);12. Општина Врапчиште: с.Врапчиште (сува трева);13. Општина Долнени 1: с.Пешталево (сува трева);14. Општина Долнени 2: с.Небрегово (сува трева);15. Општина Ресен: Градска депонија (депонија);16. Општина Охрид: с.Опеница (мешана шума);17. Општина Студеничани 1: с.Моране (сува трева);18. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (сува трева);19. Општина Студеничани 3: с.Љубош (сува трева и грмушки);20. Општина Чучер Сандево: с.Горно Блаце (шума);21. Општина Бутел: с.Љуботен (сува трева);22. Општина Сарај: автопат Тетово – Скопје (ѓубре);23. Општина Ѓорче Петров: с.Волково (ѓубре);24. Општина Кисела Вода: стар пат за с.Батинци (ѓубре и сува трева);25. Општина Липково: с.Матејче, с.Отља (сува трева);26. Општина Куманово 1: с.Речица (стрниште и сува трева);27. Општина Куманово 2: Никуљски пат (сува трева);28. Општина Куманово 3: с.Табановце (сува трева);29. Општина Куманово 4: Никуљски пат (сува трева);30. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (стрниште);31. Општина Штип: кај Медицински факултет (ниска шума, грмушки и сува трева);32. Општина Струга: с.Долно Татеши – с.Добовјани (ниска вегетација).

Македонија | пред 1 година

pozar1-1

Гори во Охрид, Новаци, Македонски брод, Кичево, Чашка - има уште пожари кои не се под контрола

ЦУК: Вчера, сабота, 10.08.2024 година, имаше вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 5 се под контрола и 31 се изгаснати.АКТИВНИ ПОЖАРИ: 61. Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Јасен - Белица (борова шума);2.Општина Охрид: Галичица се шири во правец на место викано Магаро кон Стење, Општина Ресен (нискостеблеста вегетација);3. Општина Новаци: с.Полог – с.Скочивир – с.Грумази – с.Сливница- Тапевци-Гнилеж (ниска вегетација);4.Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (мешана шума);5. Општина Кичево: с.Патеец (борова и букова шума);6.Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);ПОД КОНТРОЛА: 51. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, под контрола на подрачјето на двете општини (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);2. Општина Пласница: с.Пласница-с.Латово (нискостеблеста вегетација)3. Општина Кичево: с-Бигор Доленци – с.Челопеци (мешана шума);4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);5. Општина Штип: м.в.Трештенска Скала (депонија);ИЗГАСНАТИ: 311. Општина Струга 1 : с.Долна Белица – с.Октиси (ниска вегетација);2. Општина Струга 2: с.Горно Татеши (бороа шума);3.Општина Желино: с.Долна Лешница (сува трева и ниска шума);4. Општина Гостивар: с.Чегране (нискостеблеста вегетација);5. Општина Теарце: с.Теарце (сува трева во обработливо земјиште и гранки);6.Општина Тетово: с.Шипковица према с.Бродец (депонија);7.Општина Штип: Кај сокара АДА (ниска вегетација);8.Општина Делчево: с.Ѕвегор (депонија);9. Општина Струмица: Кај градски гробишта до с.Водча (сува трева);10.Општина Гевгелија: с.Пирава (сува трева);11. Општина Босилово 1: с.Петралици, с.Сарај (депонија);12. Општина Босилово 2: с.Секирник (сува трева);13.Општина Ново Село: с.Мокриево (ниска вегетација);14. Општина Сарај: с.Ласкарци – с.Паничари (ниска вегетација);15. Општина Ресен 1: с.Ѓавато (сува трева);16. Општина Ресен 2: Кај гробиштата (сува трева);17. Општина Прилеп: ул.Дабничка (сува трева);18. Општина Битола 1: с.Кременица (сува трева);19.Општина Битола 2: с.Велушина (сува трева);20.Општина Долнени: с.Пешталево (ниска вегетација);21. Општина Македонски Брод: Во градот Македонски Брод (сува трева);22. Општина Свети Николе: с.Орел (депонија);23. Општина Сарај 1: с.Глумово (ниска вегетација);24. Општина Сарај 2: с.Бојане (ниска вегетација);25. Општина Чучер-Сандево: Аеродром Стенковец (ниска вегетација);26. Општина Гази Баба: ул.Перо Наков (ѓубриште);27. Општина Бутел: нас.Визбегово (ниска вегетација);28. Општина Студеничани: с.Долно Количани (ниска вегетација);29. Општина Куманово 1: с.Брзак (ниска вегетација);30. Општина Куманово 2: с.Речица (ниска вегетација);31.Општина Куманово 3: с.Војник (ниска вегетација);

Македонија | пред 1 година

0-02-05-3573c7675624d44c1f98193c2fba856202bf38422247f82adb4c3faac461a695_28f89b963cc

Девет пожари се надвор од контрола! Гори на Галичица, кај Јасен, Илинска Планина

Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари од кои изгаснати се 25, под контрола се шест, а надвор од контрола и активно горат девет пожари.Пожари кои не се под контрола:Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Јасен (борова шума)Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина под контрола на Опш.Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);Општина Чашка: с.Папрадиште – с.Ореше (млади насади од шума, ниска вегетација);Општина Петровец: с.Градманци – Дивље (ниска вегетација);Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода, м.в.Темна Бука (мешана ниска и висока вегетација);Општина Кичево: с.Челопеци (дива депонија и ниска вегетација);Општина Дебар: над с.Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (мешана шума);Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација);Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (ниска вегетација)ПОД КОНТРОЛА: 6Општина Гевгелија: с.Негорци (нискостеблеста шума, прнар и борова шума);2.Општина Кичево: с.Зајас – с.Бачишта (мешана шума);Општина Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква (букова шума);Општина Македонски Брод: с.Слатина (нискостеблеста вегетација);Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади) (деградирана шума);Општина Делчево: Депонија Делчево (ѓубриште).ИЗГАСНАТИ: 25Општина Студеничани 1: м.в.Дрешница над с.Батинци (мешана шума);Општина Студеничани 2: с.Рамни Габер – с.Вртекица (мешана шума);Општина Студничани 3: с.Вражале (мешана шума);Општина Студеничани 4: с.Долно Количани (ниска вегетација);Општина Гази Баба 1: Ла тана Ресторан за свадби кај стрелиште Камник (ниска вегетација);Општина Гази Баба 2: ул.Перо Наков, во близина на Кванташки пазар (ниска вегетација);Општина Гази Баба 3: ул.Перо Наков (ниска вегетација);Општина Гази Баба 4: с.Стајковци, кај фармата кон обиколница (ниска вегетација);Општина Илинден: с.Ајватовци ниска вегетација);Општина Арачиново: с.Арачиново (ниви);Општина Чучер Сандево: с.Горно Блаце (ниска шума и сува трева);Општина Прилеп: с.Лениште (ниска вегетација);Општина Дојран и Богданци: с.Фурка кон Богданци (борова шума, ниска шума, прнар);Општина Гостивар 1: с.Неготино (ѓубриште);Општина Гостивар 2: гробишта Млаки (ниска вегетација);Општина Берово: м.в.Шушлевац (ниска вегетација);Општина Брвеница: с.Милетино (ѓубре и сува трева);Општина Радовиш: с.Подареш – с.Јаргулица (нискостеблеста вегетација);19.Општина Дебар: с.Бањиште (ниска вегетација);Оптштина Куманово: с.Черкези – с.Романовце (стрниште);Оптштина Крива Паланка: с.Конопница (борова шума, багрем и букова шума);Општина Струга 1: с.Калишта (стрниште и ниска вегетација);Општина Струга 2: с.Враништа (стрниште и ниска вегетаија);Општина Струга 3: с.Велешта (ниска вегетација);Општина Делчево: с.Полето (борова и нискостеблеста шума);

Македонија | пред 1 година

0-02-05-298b92d542cb23028f5941b309a1867615a92e957563b2e7b133b7fb13979728_28f89a63c75

Шест пожари низ Македонија: уште гори во Охрид и Јасен

ЦУК: Вчера, вторник, 06.08.2024 година на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати.АКТИВНИ: 61. Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Јасен;2. Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с.Витово, Базерник, с.Мали Илино и с.Брежани;3. Општина Чашка: с.Папрадиште – с.Ореше;4. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље;5. Општина Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква;6. Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода;ПОД КОНТРОЛА: 91. Општина Студеничани 1: м.в.Дрешница над с.Батинци;2. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани – с.Горно Количани кон с.Вражале;3. Општина гевгелија: с.Негорци;4. Општина Охрид: Галичица;5. Општина Дојран и Богданци: с.Фурка кон Богданци;6. Општина Македонски Брод: с.Слатина;7. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади);8. Општина Делчево: Депонија Делчево;9.Општина Прилеп: с.Лениште;ИЗГАСНАТИ: 261. Општина Зелениково: с.Вражале;2. Општина Кисела Вода: Маркова река – пат кон Драчево;3. Општина Чучер-Сандево 1: месност Голиево;4. Општина Чучер-Сандево 2: с.Средно Блаце;5. Општина Гази Баба: с.Раштак;6.Општина Сарај: с.Глумово;7. Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила;8. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште;9. Општина Валандово: с.Пирава;10. Општина Гостивар 1: нас.Питарница;11. Општина Гостивар 2: Хоум центар;12. Општина Врапчиште с.Градец;13. Општина Тетово: зад Фабрика Федербау;14. Општина Желино: с.Ларце;15. Општина Теарце: с.Глоѓи;16. Општина Велес: автопат Велес – Скопје, кај база на Македонија Пат;17. Општина Липково: с.Матејче;18.Општина Кичево 1: с.Добреноец;19.Општина Кичево 2: с.Зајас;20. Општина Струга: с.Волино;21.Општина Битола: Околината на Битола;22.Општина Дебар: с.Баланци;23. Општина Старо Нагоричане. с.Степанце;24.Општина Куманово: с.Романовце;25.Општина Прилеп: с.Лагово;26. Општина Радовиш: с.Подареш – с.Калуѓерица;

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања