Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РЕЖИСЕР

media-library45jpch49gh5qcOnH45M

Почина режисерот Оливер Мицевски

Театарската сцена во Македонија остана без еден од своите современи режисери – на 46-годишна возраст почина Оливер Мицевски, соопшти Народниот театар Битола.Мицевски, кој подолг период живееше и работеше во Лондон, во јуни 2025 година се врати на македонската сцена по пауза од 14 години, кога во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“.Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација посветена на делото на Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен при Универзитетот во Осло.Во текот на својата кариера, Мицевски живеел и работел во повеќе европски градови. Во Будимпешта го основал „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар, преку кој реализирал дел од своите идеи за современ театар.Неговата работа беше насочена кон минималистичкиот пристап и истражувањето на новите перспективи во театарската уметност, оставајќи значаен белег на сцените каде што твореше.

Македонија | пред 3 дена

goran-markovic

Поддржувачот на српските студенти доби отказ! „Да не ми ја пренесеа веста студентите, немаше ни да знам дека сум отпуштен“

Српскиот режисер, сценарист и писател Горан Марковиќ, кој јавно застана зад повеќемесечните студентски протести, соопшти дека е отпуштен од Академијата за уметности во Нови Сад. Тој вели дека за тоа дознал од приватна комуникација со студенти, а како можно образложение за отказот ја наведува неговата поддршка за движењата против апсењата на студенти и професори, пренесува телевизијата Н1.„Да не ми ја пренесоа оваа вест приватно – немаше ни да знам дека сум отпуштен“, напиша Марковиќ на својот профил на Фејсбук.Според неговото објаснување, станува збор за студенти од докторските студии на Академијата за уметности, кои го информирале дека повеќе не е дел од наставниот кадар по предметот Поетика на големите режисери.„Претпоставувам дека оваа одлука е донесена поради мојата поддршка на студентските протести и изјавата дека нема да држам настава додека факултетот е под блокада, а студентите и професорите се апсени“, напиша Марковиќ.Тој додава дека есента потпишал нов договор за продолжување на соработката, но откако се случила трагедијата на железничката станица во Нови Сад, при што загинале 16 лица, добил информација дека часовите се одложуваат до понатамошно известување. Од тогаш, вели, никој од Академијата не го контактирал, договорот не му бил раскинат, ниту му биле исплатени средствата за одржаната настава.„Ако сега ме поканат да продолжам да предавам – не би се согласил со тоа, ниту директно, ниту преку интернет, сè додека блокадата на факултетот продолжува, додека полицијата апси и безмилосно тепа студенти и бунтовни граѓани во Нови Сад и другите градови во Србија“, изјави Марковиќ.Горан Марковиќ е истакнат автор кој припаѓа на генерацијата на т.н. „прашка школа“, заедно со режисерите Рајко Грлиќ, Лордан Зафрановиќ, Горан Паскаљевиќ и Срѓан Карановиќ. Предавал режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, член е на Европската академија за филмска уметност во Брисел и е добитник на повеќе од 30 југословенски, српски и меѓународни награди за филм и театар.фото: Х

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања