Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Почина режисерот Оливер Мицевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Македонија
media-library45jpch49gh5qcOnH45M

Театарската сцена во Македонија остана без еден од своите современи режисери – на 46-годишна возраст почина Оливер Мицевски, соопшти Народниот театар Битола.

Мицевски, кој подолг период живееше и работеше во Лондон, во јуни 2025 година се врати на македонската сцена по пауза од 14 години, кога во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“.

Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2009 година добил стипендија од норвешката влада за специјализација посветена на делото на Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен при Универзитетот во Осло.

Во текот на својата кариера, Мицевски живеел и работел во повеќе европски градови. Во Будимпешта го основал „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар, преку кој реализирал дел од своите идеи за современ театар.

Неговата работа беше насочена кон минималистичкиот пристап и истражувањето на новите перспективи во театарската уметност, оставајќи значаен белег на сцените каде што твореше.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања