Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

РОЗИ МИЦКОСКА

media-libraryplsgfnl69s1lauQ1fjc

Рози Мицкоска посети градинка во Кисела Вода која е во подготовки да биде отворена, однесе подароци за најмладите како гест на внимание

Новата градинка во Потстаница е во завршна фаза пред отворање, а во пресрет на стартот објектот го посетија претставници на локалната власт, при што беа донирани играчки за децата кои ќе бидат згрижени таму.Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информира дека објектот на ЈДГ „8 Март“ е речиси подготвен, со целосно опремена внатрешност и тековни активности за уредување на дворот, а отворањето се очекува наскоро.„Вложуваме во најмладите, инвестираме во сигурна иднина!“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.„Денес, заедно со сопругата на Премиерот, Рози Мицкоска, го посетивме новиот објект на ЈДГ „8 Март“ во Потстаница, кој е во финална фаза на подготовки пред неговото официјално отворање“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.Таа посочи дека при посетата биле донирани играчки, кои, како што наведува, ќе придонесат за подобри услови за децата.„При оваа заедничка обиколка, г-ѓа Мицкоска донесе прекрасни подароци, играчки. Упатувам искрена благодарност за овој убав гест на внимание. Овие играчки ќе донесат многу радост и насмевки кај дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.Според неа, проширувањето на капацитетите за згрижување на деца останува приоритет, при што веќе е ставен во функција и нов објект во друга населба.„Континуираното вложување во детската заштита и проширувањето на сместувачките капацитети останува наш врвен приоритет. Сакам да истакнам дека овој месец веќе ставивме во функција уште една градинка во населбата 11 Октомври - Згради, во која веќе се примаат дечиња“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.Таа најавува дека со новите проекти целта е да се обезбеди место за секое дете во општината.„Нашата крајна цел е токму тоа: со отворањето на објектот овде во Потстаница, како и со градинката што се гради во Расадник да обезбедиме место за секое дете!“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.„За општина со среќни деца и спокојни родители!“, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvs26km6lphk54PgbV3o

Рози Мицкоска разговараше со Меланија Трамп и Брижит Макрон на глобалниот самит

Сопругата на претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.Во рамките на самитот, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакна во своето обраќање првата дама на САД.Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryollq7v71tiue8AWI4rc

Рози Мицкоска на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“.Во својот говор, Рози Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, истакна, меѓу другото, Мицкоска. Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.После работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија ги презентираа дел од своите производи.Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања