Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Рози Мицкоска на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryollq7v71tiue8AWI4rc

Рози Мицкоска, сопруга на премиерот Христијан Мицкоски, учествува на дводневниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од Меланија Трамп, со претставници од 45 држави и над 20 технолошки компании. Самитот цели на глобална соработка за унапредување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата, преку партнерства и иновативни програми, вклучително и АИ. Мицкоска говореше за безбедност онлајн и нагласи рана дигитална писменост; 341 училиште и ~1900 наставници се дел од иницијатива за програма на 21 век. Учесниците посетија и Tech Expo.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска учествува на дводневниот самитот „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, на кој учествуваа претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки компании.

Целта на самитот е да ја зајакне глобалната соработка за подобрување на образованието, технологијата и благосостојбата на децата во услови на дигитална ера.

— реклама —

Оваа иницијатива промовира создавање на партнерства меѓу државите и приватниот сектор, развојот на иновативни образовни програми и користење напредни технологии, како што е вештачката интелигенција, за поддршка на младите.

Во рамките на самитот, Мицкоска имаше свое обраќање на работната сесија на тема „Safety and Protection online“.

— реклама —

Во својот говор, Рози Мицкоска посочи дека во Македонија веруваме дека дигиталната писменост мора да започне порано во образовниот процес.

„Нашата цел е младите, не само да ја користат технологијата, туку да ја разбираат, да размислуваат критички за неа и да ја користат за решавање на проблеми од реалниот живот. Клучен чекор во оваа насока е училишната програма на 21 век, имплементирана во партнерство со меѓународните организации и приватниот сектор. Денес, 341 основни училишта и околу 1900 наставници во нашата држава се дел од оваа иницијатива“, истакна, меѓу другото, Мицкоска.

 Целта на работната сесија е да ги собере првите дами од целиот свет и да се разговара за иновативни начини и стратегии и да се адресираат предизвиците со кои се соочуваат децата и учениците во дигиталната сфера.

После работната сесија, учесниците на самитот, меѓу кои и Мицкоска, присуствуваа и на Tech Expo каде што најпознатите светски компании за напредна технологија ги презентираа дел од своите производи.

Самитот претставува официјално лансирање на глобална коалиција која има за цел да им помогне на децата ширум светот да стекнат вештини потребни за иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryplsgfnl69s1lauQ1fjc

Рози Мицкоска посети градинка во Кисела Вода која е во подготовки да биде отворена, однесе подароци за најмладите како гест на внимание

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryvs26km6lphk54PgbV3o

Рози Мицкоска разговараше со Меланија Трамп и Брижит Макрон на глобалниот самит

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања