Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

РУСКОВСКА

media-librarynmsn1i4chdak0vPtUAY

(Видео) Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување, откако пак имаа крени-спушти телефон

Вилма Русковска го пријавила Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција за вознемирување, откако тој вчера вечерта, додека беше вклучен во живо на „Јутуб“ телефонски и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон повеќе пати. Од МВР за „Скопје1“ ја потврдуваат пријавата.Од снимката може да се види дека Јовановски ја контактира Русковска со цел, како што вели, да ја праша за Фехми Стафа. Таа одговара на телефон, а откако Јовановски посочува дека таа е во живо, таа му вели „Добра ноќ“, на што тој враќа со „Не добра ноќ, ѓубре едно! Хохштаплерке, олошу“. Откако линијата исклучува Јовановски продолжува „Не добра ноќ да исклучуваш телефон,олошу. Не знае да ме блокира“.„Не спие бе, пие бе, какво спиење“, вели Јовановски.Потоа, Русковска неколку пати ги одбила повиците, а кога Јовановски и ѕвони на апликација, таа одговара и му вели: „Слушај да ти кажам, ако продолжиш да ѕвониш, во моментов те пријавувам во полиција“.Јовановски враќа: „Јас имам потреба да ве прашам бидејќи во моментов има 2.000 гледачи во живо, за вашата близина со Феми Стафа... од новинарски аспект, од новинарски апсект...“.Русковска му вели: „Само ако продолжиш, во полиција те пријавувам, пријатно“, на што Јовановски и вели „Хохштаплерке“.По затворање на повикот од страна на Русковска, Јовановски пак ја контактирал.Од МВР велат дека работат на случајот.„На 18.12.2025 година во 22:30 часот во СВР Скопје В.Р. пријавила дека била  телефонски вознемирена од страна на Б.Ј.“, велат од МВР.По пријавата, Јовановски вели: „Право на Вилма Русковска е да постави пријава пред надлежен орган. Ценам дека е неоснована и лажна пријава. А мое право е секако да третрам прашања кои се од интерес на јавноста, секогаш тоа ќе го правам. Не го ценам како вознемирување. Дотолку повеќе што е многу важно Вилма Русковска да одговори на последните прашања за нејзината поврзаност и во времето на нејзиниот мандат за близината со Феми Стафа. Ова е обид за цензура. Ова е класично заплашување, а не и се плашам на Русковска. Сметам дека е многу поважно и круцијално, Вилма Русковска да одговори за нејзината поврзаност со Феми Стафа. Во однос на тоа што третирам такви теми и во однос на тоа што секогаш кога има потреба од јавноста јас ќе ја контактирам за коментар. Во недостаток на аргументи таа пријавува во полиција. Нека пријавува ако нема попаметна работа, а верувам дека нема“.Бојан Јовановски претходно ја контактираше Вилма Русковска во живо и бараше одговори за случајот Рекет, за 27 април, снимка која беше и вирална.

Настани | пред 3 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-21.48.14

Рускоска на маршот на семејствата од Кочани: Чиста емпатија, присуството не значи критика кон Обвинителството

Вилма Рускоска била на денешниот марш пред Обвинителството на маршот на семејствата на загинатите во Кочани, потврди таа за „Скопје1“, додавајќи дека тоа е поддршка за семејствата.Прашана за критиките кон истата институција за време на нејзиниот мандат, каде кабелот бил крив наместо конкретни лица, посочува дека нејзиното присуство на маршот не било критика на работата на Обвинителството.„Да, бев, за да дадам поддршка на семејствата. Чиста емпатија. Како и цело општество, така и јас, длабоко сочувствувам со семејствата на загинатите млади луѓе. Тоа не значи дека ја критикувам работата на Обвинителството. Што се однесува до кабелот, тоа го работеше ОЈО Тетово, со помош на колеги од ОЈО Скопје. Не го работеше ОЈО-ГОКК, кое тогаш јас го раководев“, вели Русковска за „Скопје1“.

Македонија | пред 11 месец

vilma-ruskovska-vs-vilma

(Видео) Русковска vs Русковска: Спорно и е ако Мицкоски одговара на прашања за предмети, но не и ако Заев и се јавува за предмети

Вилма Русковска го искритикува премиерот Христијан Мицкоски бидејќи одговарал на новинарски прашања за предмети кои ги води Минситерството за внатрешни работи. Според неа, тоа мешање на извршната власт во судската власт.„Кој е премиерот да дава такви информации и изјави? Тоа е мешање диркетно на извршната власт во судската власт. Затоа постои министер за внатрешни работи кој треба да одговори на новинарски прашања и се. Не смее премиерот тоа да го прави“, рече Русковска во „Топ тема“.Истовремено, Русковска во поткастот „Претрес со Ландов“ во октомври рече дека контактирала со претходниот премиер Зоран Заев кој и барал преквалификација на делото за „27 април“, но и се јавувал и за Рашковски. Не го пријавила и не гледа ништо спорно.

Македонија | пред 1 година

Pretres-so-Ruskovska

(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Вилма Русковска! 27 април, Рекет, Империја, Мијалков и Камчев, спогодби, бегства...

За првпат во студио ќе претресеме обвинителка, и тоа не било која, туку Вилма Русковска. За нејзиното име се врзуваат многу предмети, но и многу обвинувања. Многу очи се вперени кон нејзиното постапување, пред неславно да ја заврши кариерата – со разрешување.Од Рекет, 27 април, разговорот со Сашо Мијалков (неговите спогодба и бегство кое не е бегство), до обидот да го спакува директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, Меѓународен сојуз, претресите кои таа ги правела, но и спогодбите кои ги склучувала...Што и зема политиката и кој политичар и наштети, до ацкијата во Грчец и одговорот на прашањето: како на неа и протекоа информациите?! Како избега Груевски?! За протечените документи од Обвинителството, но и цели разговори во „Ла верита“.. Нема да заборавиме да ја прашаме и за Фехми Стафа, Орце Камчев, нејзиниот внук кој е обвинител, снимката на која се смее а зборува за истрага.. За империјата од „Империја“ со која се спогоди.Ова е само дел, следете „Претрес со Ландов“ во живо:

Македонија | пред 1 година

arafat-muaremi-ruskoska

Откако Обвинителство го прогласи за невин, Муареми најави тужба против Русковска

Поранешниот директор на Упрвата за финансиска полиција, Арафат Муареми, најави тужба против екс-шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која претходно нареди претрес во неговата канцеларија.Јавното обвинителство вчера објави дека Муареми чувал над 400 предмети во фиока, но дека тоа не е причина Русковска да упаѓа во неговиот кабинет. Во меѓувреме таа беше суспендирана, а разрешен беше и првиот човек на Финансиска полиција.„Дополнително, ве известувам дека до Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај“, се огласи Муареми.Тој дополнително изрази задоволство, како што вели, за тоа дека не е утврдено никакво незаконско работење, ниту пак сторено кривично дело од негова страна.„Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што тоа претходно го тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската функција со цел да ми се наштети на мене, на мојот углед и угледот на Управата“, пишува Муареми.

Македонија | пред 2 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи предвреме полагаше правосуден испит, како исклучителна студентка, вели Русковска

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит предвреме, а тоа ѝ било дозволено од тогашниот министер за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски.Според Русковска, образложението за доделувањето на ваквата привилегија на Фетаи било дека таа се покажала како исклучително добар студент.„Ѝ беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит предвреме. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Таа имаше завршено Правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, по една година, од страна на тогашниот министер полагаше правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно“, рече Русковска во „Топ тема“ на „Телма“.Сепак таа смета дека е погрешно тоа што процедурата не била запазена во случајот со Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери. За него предмет отвори Антикорупциската комисија, наведувајќи дека правосудниот испит го полагал пред да ги заврши студиите.„Тоа не е во ред. Процедурата мора да биде запазена“, рече Русковска.

Македонија | пред 2 години

298153086_589004019532455_4540879295214472314_n

Русковска трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место: Сакаа да ме фатат на пенал

Eкс шефицата на Обвинителството за гонење кривични дела од организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, вечерва во интервју за „Телма“ зборуваше за најистакнатите случаи кои ги поведе ова обвинителство, а откри и информации кои досега не беа познати во јавноста.Русковска обвини дека трпела притисоци и закани да се откаже од шефовското место, а за возврат и било понудено да стане заменик републички Јавен Обвинител. Со овие понуди, како што рече, „сакаа да ме фатат на пенал, а тоа е почнувањето предистрага за тогашниот директор на Финансова полиција, Арафат Муареми“.Русковска претпоставува дека со понудата на тие повисоки функции, ако таа ги прифатела, можеби ќе требала и да ја повлече, односно да се откаже од истрагата за случајот со поранешниот владин генерален секретар, Драги Рашковски.

Македонија | пред 2 години

jane-cento-ruskovska

Јане Ченто „удри“ по Русковска: Ова е нејзиниот почеток на крајот, тек доправа ќе треба да одговара за местенките, за криењето запсинци

Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат доби 14 гласови (од тие 14 што гласале за неа се кај неа во тимот) од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаа, стои во статусот објавен на фејсбук страната Слобода за Јане Ченто.„Денеска Вилма се соочи со суровата реалност.Со оглед на тоа што ОЈО ГОКК е најсилната алатка за борба против организираниот криминал и корупција Вилма потфрли тотално.Избрана беше во 2018 год кога во тек беше судењето за 27ми Април и преку тоа обвинение кое беше КЛАСИЧНА МОНТАЖА се награди за 4 годишен мандат во ОЈО ГОКК.Веќе не им е потребна и затоа ја пуштаат по вода бидејќи знаат дека е товар на вратот со сите глупости што ги направи.Преку нашиот предмет и Кацарска исто така беше наградена за претседател на Уставен суд.Само за да сфатите која игра се играше и се игра сеуште каде преку невини луѓе градеа и градат кариери.ВИЛМА како една од најпослушните обвинители, односно обвинител на секоја власт направи многу фамилии да страдаат со нејзините монструозни и монтирани обвиненија за да денес нејзините колеги и дадат 1% доверба на гласањето.Ако нејзините колеги не и веруваат во тоа што го направила изминатите 4 години, како е можно судот или граѓаните да и веруваат?Така завршуваат сите кои прават зло....А ова е нејзиниот почеток на крајот.Тек доправа ќе треба да одговара за местенките, за криењето запсинци, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти.....Заради неа и Кацарска кои беа директни извршители НЕДОВЕРБАТА во правосудниот систем е 92%.На новиот шеф на ОЈО ГОКК имам да му порачам да го види предметот 27ми Април и да види каква МОНТАЖА направила Вилма. Така ќе ја врати довербата во таа институција кој под раководство на ВИЛМА беше синоним за корупција, монтажи на предмети и искривување на вистината.Еден ден вистината ќе го добие светлото и народот ќе види што ни правеле.Еден ден ќе изгрее сонцето на слободатаВилмиЧ се гледаме“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

ruskovska-muaremi-skopje1

По Русковска: предметот за Муареми е кај Лиле Стефанова, а за Спасовски кај обвинителката која го гони Мухамед Зеќири

Назначениот јавен обвинител Трајче Пеливанов за времено раководење со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука за формирање четиричлена Комисија за констатирање на состојбата со тековните предмети во обвинителството.Комисијата изврши увид и ја попиша целокупната документација по предметите во предистражна постапка што се однесуваат на работењето на Управата за финансиска полиција и на станицата за технички преглед „Виа Комерц“.Согласно надлежностите предвидени во Законот за јавното обвинителство, предметот оформен по поднесена анонимна кривична пријава против повеќе лица од Управата за финансиска полиција е презаведен и даден на надлежно постапување на јавниот обвинител Лиле Стефанова од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.Предметот за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ е распореден во работа кај јавниот обвинител Катерина Коларевиќ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави.По останатите предмети во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема никаков застој во постапувањето. Јавниот обвинител Пеливанов во изминатите неколку дена одржа неколку колегиуми со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се информираше за тековните прашања и ги презеде сите организациски и други надлежности во ова обвинителство.Согласно законските надлежности предвидени во член 28 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја започна постапката за вршење редовен надзор врз целокупното работење на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со надзорот над законитото и навременото извршување на јавнообвинителската функција ќе биде направен увид во текот на постапките во ова обвинителство.​

Македонија | пред 3 години

301117136_3156428554606289_3848455608777767873_n

Вилма ќе ти треба добар адвокат, да те потсетам на „Калдрма“, „Детонатор“, „Рекети“, „Империи“..., и порача Ременски на Русковска

Професорката Фросина Ременски, која беше обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ каде доби првостепена ослободителна пресуда, предмет воден од Обвинителството за гонење организиран криминал на Вилма Русковска, објасни како суспендираната обвинителка не ги почитувала правилата.Нејзиниот статус, во целост:Со години повикував: "Не ги рушете правилата и принципите кои можеби ќе ви требаат и вам ..." ❗Многумина не разбираа што пишувам.Еве денес Вилма Русковска, по потврдена суспензија од Советот на ЈО по решение на ЈО на РСМ, кој оцени дека, "таа треба да остане оддалечна од кривичната постапка против неа за незаконит претрес, за да не може да влијае на исходот" ..., таа вели:"Не сум влијаела на ниеден обвинител ..., прашајте било кој обвинител".Помина времето на "жими мајка". ГРУБО ЛАЖЕШ РУСКОВСКА❗Русковска, да те потсетам ...Ако имаше правда, работа по закон, професионализам, не мешање и етика во твоето постапување Ти пред две и пол години ќе беше со денешниот твој статус - СУСПЕНДИРАНА, а верувам и разрешена❗ЗОШТО❓1️⃣ Затоа што издаваш незаконски наредби при претрес на твоите истражители на кои им гарантираш заштита од прогон, зошто преку нив се штитиш себе си❗2️⃣ Затоа што ГО ЛАЖЕШЕ СУДОТ со "озаконување" на незаконскиот претрес и неповредливоста на правото на мојот дом кога по жалба за претрес ве прашаа што сте презеле, а вие лажевте, за да "бидете чисти"❗3️⃣ Затоа што се закануваш, "препорачуваш" и се мешаш во работата на сите институции и истраги кои се водат против тебе и твоите незаконски наредби спроведени од твојот "штит" - истражителите кои ги извршиле и зад кои се криеш❗4️⃣ Затоа што нарача прогон на инспектори од МВР кои собраа пишани докази и признанија за ТВОИТЕ наредби за каубојскиот упад во мојот дом без ниту едно испочитувано правило❗5️⃣ Затоа што демнеше зад сите обвинители кои постапуваа по пријавите против тебе - за да ја прикриваат и попречуваат правдата ...❗6️⃣ Затоа што фингираш, влијаеш и кривотвориш на секој чекор ..., дури и во Граѓанскиот Суд каде што не можеш да се "одбраниш" од својата вина за клевета по моја пријава❗7️⃣ Затоа што се ЗАКАНУВАШ кон сите судии кои одлучиле спротивно на твојата воља за нечија твоја замислена вина која не можеш да ја докажеш на Суд❗8️⃣ Затоа што со твојата блеф-правда и незаконски претрес во мојот дом (Потпретседател на Собрание и надзорен пратеник над УБК) ТИ се обиде да го попречиш моето пратеничко постапување по пријавите за твојата удбашка PR-клиентела и оној на затворски туризам во Струга❗Би редела јас до 1️⃣0️⃣0️⃣ и назад, но не вреди..., што заради глупоста и глувоста со која делумно управуваше и ТИ...., што заради сите протурени лаги преку твоите брифинзи за новинари од "тајните PR истраги" во стилот "од извори блиски од истрагата дознаваме ..."❗🚩Лажеше - сушеше Вилма❗Те понесе привидната "подршка од јавноста" која ја градеше со помош на скапо платената пропаганда - диригирана од твоите кафеански, подрумско-удбашки другари и дружби. Те донесоа до работ од твојата ГОЛА амбиција дека, (наводно) ти си некаков синоном за правда и пркос кон власта. ТИ - правда, пркос ...❓Понтонскиот мост на мафијата - синомин за правда❓(Kili style) - Ма не не' је*и молим те❗Напишаното е лекција за СИТЕ. Никој не смее да помисли да ги прекрши правилата и законот за да задоволи своја сопствена суета како што тоа го направи ти и многу други пред тебе. Правилата треба да важат за сите❗Она што јас можев да го порачам, ТИ го порачував многу (по)одамна кога ти глумеше "ѕвезда" и кога заборави што всушност си ти - политичар или обвинител ..., кога ФБ заедницата се плашеше да стави👍 на сите мои писанија за твојот подем и пад кој го живееш, а медиумите стравуваа да пренесат основани и поткрепени аргументи за твојата злоупотреба на функцијата.🚩Велеа, било ЛИЧНО❓ДА❗За мене стана лично во оној момент кога одлучи незаконски да влезеш во мојот дом со знаење дека никој не бега од твојот правда-блеф, без да има сведок .., кога го нареди самовластието кое го нарече претрес ..., и кога се обиде мојот макотрпно граден углед, авторитет и професионален интегритет да го ставиш во негативен контекст во фараморгана обвинение во кое те победив❗А можеше само ДА УЧИШ како треба.Те победив јас, а те победија и други на Суд Вилма❗Да те потсетам на Калдрма, Змијски очи, Детонатори итн., ..., Рекети, Империи..., па и на 27 Април. Мислиш дека победи❓Ма неее - тоа ти се "поените" за фазата во која ќе влезеш и ќе ти треба многу добар адвокат кој нема да има судир на интереси со тебе и со твоите клиенти...., а такви НЕМА❗Да ги почитуваше правилата, можеби денес ќе најдев еден збор во твоја одбрана ..., еден ама вреден. Батали затворски брифинзи и разузнавачка спин-матрица. Виде, слушна ти порачаа што мислат за твојата "фигуративна правда".Жал ми е, па и не, што допрва ќе го плаќаш цехот за својата умислена недопирливост, ароганција и "величина"❗П.С. Згреши кога, сакајќи да го потенцираш твоето "право" ја потцени мојата социолошка прогноза за тебе

Коментари | пред 3 години

vilma-ruskovska

Русквоска ќе си остане супспендирана, никој не ја поддржа во Советот на јавни обвинители

Обвинителка Вилма Русковска, која е и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, останува супспендирана. Ова е одлуката на Советот на јавни обвинители по гласањето.Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски,Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Јасна Жежова се обвинителите кои одлучуваа за нејзината иднина.За жалбата да се одбие гласаа сите обвинители.

Македонија | пред 3 години

fiasjdoiasjodias

Вилма одговори дали ќе биде новата Катица и нејзината судбина

Суспендиранаата обвинителката Вилма Рускоска денеска ја поднесе жалбата за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители. Таа не сакаше да открие детали од истата, бидејќи, како што рече, со жалбата прво треба да се запознаат членовите на Советот.-Со жалбата ги побивам наводите во решението. Не сум прашала за која кривична пријава се однесува суспензијата, но сметам дека се однесува на пријавата која Муареми ја поднесе против мене. Господинот Муареми направи парада нему му истече мандатот па поднесе оставка. Нема да ја доживеам судбината на Катица Јанева, сепак таму се докажа дека нештатат се правеле за пари.Ова не го сметам за суспензија на Рускоска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соппштение дека предметите кои ги водев јас ќе продложат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжува да постапува по истите.Во решението стои дека треба да ги предадам предметите на мојата замена, која е на одмор. Така да предметите не можев да ги распределам. А и таа не може да ги работи, зашто и против неа е поведена дисциплинска постапка. Станува збор за два предмети, рече Рускоска.

Македонија | пред 3 години

ruskovska-skopje1

Ќе направи ли Русковска драма, повика куп новинари и камери

Суспендираната шефица и обвинителка Вилма Русковска денеска ќе се жали од републичкиот обвинител Љубомир Јовески поради тоа што ја оддалечи од работното место и ѝ покрена дисциплинска постапка. Русковска тоа ќе го направи со доза на драма. Според информациите, таа повикала куп новинари да присуствуваат пред Советот на јавни обвинители во моментот кога таа ќе ја поднесува жалбата со која ќе бара да ја вратат на работа. Од неа, се очекува да „удри“ по Јовески, да го нападне јавно, а откако и претходно го прогласи за ненадлежен.Русковска три дена ја пишуваше жалбата. Во неа детално елаборирала за секој сегмент од суспензијата, а која ја доби по кривичната пријава за незаконско постапување. Всушност, Русковска како лице со командна моќ, се смета за лице одговорност за незаконскиот претрес во Финансиската полиција.По поднесена претставка за извршен незаконски претрес во Финансиската полиција, двајца обвинители од Републичкото јавно обвинителство надлежни за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, направија увид во предметот, по што изготвија извештај во кој констатираа дека има неправилности при постапувањето во предметот. Три дена по изготвувањето, тој беше доставен до Финансиската полиција и јавноста.Најпрво се наведува дека Трајчева и Јосифовска биле ненадлежни да постапуваат по предметот, бидејќи не се дел од тимот обвинители кои утврдуваат одговорности кај лица со полициски овластувања.Потоа, се посочува дека претресот е направен иако во списите немало ниту докази за основано сомнение за сторено кривично дело туку само кривична пријава. Исто така, во него стои дека Трајчева не дала информации до Републичкото обвинителство иако тоа било побарано од неа. За дозволата за претрес добиена од Кривичниот суд, се вели дека е добиена со давање погрешни информации.

Македонија | пред 3 години

bojan-stojanovski

Стојаноски по оставката на Муареми и суспензијата на Русковска: Ама нема да заврши само со оставки

Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, посочува дека Правосудството и реформите во судството со кадрите на СДСМ завршуваат со супспензии и дисциплински постапки. Тој ја критикува власта, на која и порача: „Еднаш ќе мора да се соочите со правдата и да одговарате за сите зла и криминали што ги направивте“.„Почнувајќи од фамозното СЈО, епилогот со Катица Јанева која беше фатена буквално како рекетира, а ни беше претставувана како "спасител" на правдата, другите обвинители од тоа обвинителство кои поверуваа дека се поп ѕвезди па во очи на цела јавност лажеа за патувањата и посетата на стадионите, се до денеска кога уште едни "лажни величини" на правдата на СДСМ се извадени пред очите на јавноста за нивната нечесност и криминогеност.Поставени на тие функции да служат единствено во политички потреби и да судат и обвинуваат само на оние кои размислуваат различно од СДСМ. И не, не беа тие преписки за правда. Беа за пари, власт и моќ. Си беа влегле меѓусебно во шемите, а криминалците вака се пресметуваат меѓусебе. Ама нема да заврши само со оставки“, напиша Стојаноски. .

Коментари | пред 3 години

vilma-ruskovska

Се частело за суспензијата на Вилма Русковска: „Ајде и притвор да си исчекаме!“

И частење имало за суспензијата на Вилма Русковска. Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит, дел од протестите „За Заедничка Македонија“ по кои следуваше и упадот во Собранието на 27-април, за кои беше обвинет, на обвинителката и посака: „Ајде и притвор да си исчекаме! И за неа и за тие што ја затвораат бидејќи се исти го**а. Среќен ден, ќе се пие, ќе се пие!“.Илиевски имаше и втор статус, каде споделуваше дека пие пиво во име на суспензијата на обвинителката.Тој ги праша неговите следачи: „Која е разликата меѓу мене и Вилма? Јас сум убав, вработен и веќе одлежав“.Инаку, Русковска е суспендирана поради кривичната постапка која се води против неа за претресот во Финансиската полиција.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-08-205319

Осуден за „Монструм“ до Русковска: Од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете и да кукате

Фејзи Азири, првостепено осуден за случајот „Монструм„ од затворот Идризово испрати отворено писмо до Русковска.Писмото Ви го пренесуваме во целостПардон, госпоѓо Русковска, многу добро сте ги посочиле законите, правилата и прописите на правната држава, но, сте заборавиле да ја спомнете и (не)довербата кон институцијата која ја раководите и во која работите целиот ваш работен век. Граѓаните (народот) во оваа држава кои Ве финансисраат преку буџетот, 92% од нив немат доверба во правосудниот систем и сметаат дека е нај корумпирана институција во Република Северна Македонија.По овој факт нема што да барате од граѓаните и народот да ја оценува вашата работа.“Обвинителке” Русковска, од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете, да кукате, да ги повикувате сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции, амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш за секогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти конечно – кој во оваа држава се бори против криминалот а кој го прави криминалот.Исто така, ја замолувате Европската обвинителка г. Лаура Кодрута Ковеси, да дојде и да ги провери сите предмети на ЈО за ГОКК, како тоа функционира и работи ?!Добро бе “Обвинителке” Русковска, ако сте толку праведна, чесна, чиста, некорумпирана и патриотка како што велите, а и потекнувате од патриотска фамилија, зошто тогаш не сте го истражиле и предметот “Монструм” кога бевте повикана јавно од судница (одрзана на ден 23-02-2021 година) од мене Фезји Азири, како обвинет и првостепено осуден во тој случај?!Ве спомнав директно вас обвинителке Русковска да ме посетите во затворот во Скопје за да пријавам кои се вистнските сторители, со име и презиме за 5 кратното убиство кај Смилковското Езеро - Скопје?По тој Јавен повик Вие имавте законска должност да постапувате по таква пријава, имаше јавен повик и преку медиумите кои беше следен од домашната јавност и од меѓународната заедница, а сега “Обвинителке“ самата ги повикувате и барате токму од таа меѓународна заедница Вам да Ви помогнат!Нели “Обвинителке” ова е малку чудно?!Ова е класичен пример од каде произлегува поговорката: “село гори, Баба се чешла”?!Во тој случај, кога Вие не ја вршевте вашата службена должност, јас бев приморан писмено да се обратам до домашната јавност, домашните инстутици, медиуми и до мегународната заедница со изјава од 20-тина страници, кои се нарачателите на 5 кратното убиство, кои се организаторите, кои се убијците, кои се помагачите на тој грозоморен чин. Јас бев приморан јавно да ја објавам писмената Изјава и да ја пратам до медиумите, до Министерство за Правда, до Претседателот на СР Македонија, до Амбасадата на САД, до Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ, за да побарам меѓународна Истрага за така наречениот случај “Монструм” за да се утврди вистината за овој монтиран политички, полициски, обвинителски и - судски процес кој трае веке 11 години а кого самите монструми го кодирале како случај “Монструм”!“Обвинителке” ве прашувам:- дали и тогаш ви се вршело притсок, влијаније или пак од националистички побуди не постапивте по мојот јавен повик, не ја вршевте законската обврска - службената должност туку ја злоупотребивте службената положба и овластување.“Обвинителке” Русковска, кога бевте прашана од медиумите како го коментирате јавниот повик од страната на обвинетиот Фејзи Азири да го посетите во затвор во Скопје, за да ви ги даде имињата и доказите на 5 кратното убиство за случајот “Монструм”, кој побарал мегјународна Истрага за да се утврди вистината, Вие “Обвинителке” во тоа време изјавивте:- “ Нема потреба од меѓународна истрага затоа што обвинтелите добро ја завршиле работата и затоа што меѓународната заедница не може да се меша во националната правна држава и правосудните органи, просто недозволиво е”!“Обвинителке” Русковска, јавно ве прашувам, кога бевте во право, тогаш или сега кога ви гори под нозе па барате меѓународна помош од амбасадите на САД, Канцеларијата на ЕУ и Европската обвинителка г-га Лаура Кодрута Ковеси?“Обвинителке”, јас Фејзи Азири, се обратив до јавноста и побарав од институциите на државата и од меѓународната заедница, Американската Амбасада во Скопје, Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ во Скопје да извршат увид во досието за случајот “Монструм” и да дадат проценка на работењето на истражителите, ЈО и СЈО, како е водена Истрагата, дали имало намерни пропусити и дали има пренасочување на вината кон други лица, со умисла да се скријат вистинските сторители. Ова намерно пренасочување многу ни наштети на нас обвинетите, ни го извалка лицето и честа на сите, на мене како личност и на мојата фамилија од страна на валканите и корумпираните правосудни органи! Поради овие злоупотреби на службените положби укажуваше и меѓународната заедница, дека во Македонија нема правна држава.Дека Правосудниот систем е корумпиран се докажа со факти и дела поради што беше разрешен Државниот Обвинител Марко Зврлевски, бесе разрешена и Специјалната Обвинителка Катица Јанева која е и осудена со правосилна пресуда за корупција а вие “Обвинителке” ги браневте овие органи дека ЈО и СЈО успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај.“Обвинителке”, сега барате помош од меѓународната заедница како Државен Обвинител за организиран криминал и корупција за да не ви води никој Истрага, како сте работеле, дали има пропусти во Вашето работење, намерни или ненамерни, дали има корупција и дали влијаел некој од власта за одредени предмети како што ги има многу во текот на вашето работење, за кои предмети јавноста и меѓународната заедница многу добро се запознати а пак вие барате помош од нив како не би се валкало вашето лице.Впрочем која е вистината?!Дали за оваа побарана помош, фактички сакате да ја попречите истрагата и дали сакате да се скриете зад меѓународата зедница, демек одредени лица од власта Ви вршеле и ви вршат притисок за одредени предмети и водење Истрага за нив зашто лично сметам дека веќе е доцна од кога е отворен предмет за вашето работење каде велите дека власта ви врши притисок за одредени предмети?!За крај да се вратиме уште еднаш кај ЈО и СЈО, кои според вас “успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај”. Бидејки вие сметате дека Обвинението е валидна и законита а и пресудите се донесени наводно врз основа на тие факти, сведочења и докази, јас како обвинет и лаик би ве запрашал:- Според Вас, кое Обвинение и Пресуда е точна и законита, првата, средната или последната?!

Коментари | пред 3 години

10022020_PVRSM_Spasovski_izjava_za_mediumi-1

Спасовски за судирот меѓу Русковска-Муареми: Ова е штета за граѓаните, не може да се дозволи растурање на институции од било кого!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5 истакна дека секој еден што носи државна фунцкија треба да носи одговорност и дека не смее да се дозволи да се растураат институции, бидејќи доколку истото се случи, се губи вербата во нив.Ова предизвикува штета на граѓаните, затоа што вербата во институциите се губи. Мора секој еден што носи функција, мора да носи одговорност. Не може да се дозволи да се растураат институции од било кого. За тоа треба цврсто да застане секој ден Ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за судирот и обвинувањата меѓу шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.Тој истакнува дека власта е тука за интересот на граѓаните.-Тој интерес треба да го следиме. Граѓаните се тие кои преку даноци обезбедуват функционирање на државниот апарат и институциите и затоа треба да бидеме одговорни. Треба да размислиме зошто судството и Обвинителството имаат 8% доверба кај граѓаните. Не верувам дека ова е начинот со кој ќе ја зоглеме довербата. Има многу други начини во зголемување на довербата, одговори Спасовски на новинарско прашање во емисијата „Жешко политичко лето“.

Македонија | пред 3 години

ruskoska

Јавноста и суди на Вилма: „Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“

Караниците меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организинран криминал Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција Арафат Мауреми никако да запрат. Сите погледи се насочени кон оваа драма, која резултира и со кривични пријави, но и поплаки од Русковска упатени до странските амбасади.Директорот Муареми вчера ја повика обвинителката Рускосква ако има со сознанија за сторен криминал, да ги докаже и да пласира обвинителен акт против него наместо да споделува неосновани информации.Руковска отворено ги повика сите надлежни домашни и меѓународни институции „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.Во писмото, таа побара во Македонија да дојде европската обвинителка Лаура Ковеши за да ги провери сите предмети на „нејзиното“ ОЈОГОКК, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и најновиот за Муареми.Јавноста има свој суд за Русковска. Дел од пишувањата:„Љубовната приказна на Ненси Пелоси потврди дека е поданик, а не жалба до судот, возврати Русковска“.https://twitter.com/bakraci/status/1555463660713164801„Што кажа владата за случајот со Русковска и Муареми?“https://twitter.com/1VidiVidi/status/1555465790538883072„Од каде слобода - Русковска да бара помош од странците? Веројатно бара реванш, за услугите што тие од неа ги барале!“https://twitter.com/OTrajkovska/status/1555426194924912640„Откако си прават што сакаат и притоа никој ништо не им може, функционерите на власта меѓу себе ќе се изедат. Муареми и Русковска ја забављаат јавноста сега со своите сомнителни дејства, секој во својата област“.https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1555420183996645379„Која иронија, да се презиваш Русковска да бараш помош од САД“https://twitter.com/Totoska666/status/1555274479537881091„Никој не смее да и писне на Русковска се додека не налета на тврдиот орев ДУИ“https://twitter.com/johnqqqqqqq/status/1555219190721773569„Русковска се раскокодакала ко свекрва на селска чешма, а ја сметав за личност со интегритет и достоинство. Каков блам за обвинителството“https://twitter.com/markoski_goce/status/1555145825822511104„Повикот на Рускоска за спас кон Американците, е злосторство против сопствената етимологија“https://twitter.com/sedo_pero/status/1555295139937112065„Рускоска е Кавал од Раштиман Оркестар“https://twitter.com/J_i_m_m_yBE/status/1555251757315399680„Рускоска бара да се вклучат Сад и Еу. Муареми ќе ги бара чеченците“https://twitter.com/IdamNaMore/status/1555192451949887489„Од утре продолжува сагата со Вилма Рускоска и Арафат Муареми во главните улоги. Како стојат работите, Вилма ќе е трагичарот“.https://twitter.com/toopersonal_1/status/1554584372942176259

Коментари | пред 3 години

ijijojoijdfasfdasd

„Еден ден ќе бидете на моето место во затвор“; Кој алармираше за Русковска минатата година

Обвинителката Вилма Русковска не е првпат на тапет кога во прашање се обвинувања. И претходно за неа се пишувало и кажувало дека правела злоупотреби. Но ова е првпат и надредените да се свртат против неа. Освен републичкиот обвинител Љубомир Јовески кој констатираше незаконски претрес, против Русковска се свртеа и колегите од здружението на обвинители. Шефот на Финансовата полиција, Арафат Муареми најави кривична, што би значело одговорност од шефицата на Обвинителството за организиран криминал.Не така одамна, на крајот од декември минатата година, скоро со ист тон и дупло повеќе слични обвинувања како и денешните, се обрати и Бојан Јовановски-Боки 13. Отвореното писмо доби на публицитет, но надредените на Русковска беа заспани. На социјалните мрежи, за ова обраќање на Боки 13 сега велат: „Човеков и ја предвидел иднината“, бидејќи тој и порача „Вилмич, добар сум, во затвор сум, ќе Ве гонам со цело срце сам и еден ден ќе бидете на мое место, во затвор“.Тој тогаш спомена и дека Вилма Русковска обвинувала луѓе за упадот на 27 април од ракав, па го добила шефовското место. Ѝ порача и дека ќе се видат на суд.Интересно е што Боки 13 во тоа време алармираше дека пријавител на случајот „Рекет“ е пријател на Русковска. Тоа би значело дека таа треба да се изземе и никако не смее да го води случајот поради конфликт на интереси. Тоа би значело дека овој предмет во најмала рака треба да се врати на повторно судење, поради можна пристрасност на обвинителката, а со оглед дека можеби пријавителот бил привилигиран. Ако се постапува вака, тогаш тоа може да значи и злоупотреба на службената положба и овластување.„Инаку “Вилмич” (нели така сум ви се обраќал) јас сум добро, во затвор сум, се држам и ако даде Господ, ќе дојдете и Вие еден светол ден, па ќе си ги замениме местата!!! Инаку да, за брзо, ќе се видиме на суд за клеветите кои ми ги нанесовте во емисијата на Ефтов, сам ќе ве тужам без адвокат, чисто да знаете, бидејќи нема да се извините јавно согласно Закон, ќе ве гонам со цело срце сам!!!“, и порача Боки 13 во декември 2021 година.Боки 13 во истиот период, споменуваше и многу детали за случајот „27 април“. Кажа дека во неговиот одземен телефон за тоа има и пораки. Тој вели: „Кога одговарате на прашањето за случајот 27ми Април и повеќе од јасно кажавте дека сте ги обвиниле луѓето од ракав, а јас и лично тоа многу добро го знам! Точно знам како го работевте предметот 27ми Април за кој предмет добивте награда шефовско место во обвинителството, ЖАЛНО! Елем, сега одиме конкретно, јасно и многу гласно!!!“Предметот 27 април се споменува и во објавената снимка каде се слуша женски глас, а се кажува за заборавен во притвор, односно за Владимир Атанасовски. Русковска не е сигурна дека гласот е нејзин. Во снимката жената се смее откако кажува дека два месеци го заборавила Атанасовски во притвор.„Не го држев, два месеца го заборавив, го заборавив буквално… го заборавив намерно. Владимир Атанасовски го ставив во притвор и го заборавив два месеца, ха, ха“.По овие пишувања имаше и кривични пријави, каде меѓу другите се споменува и Русковска. По нив никогаш немаше никаков епилог.За Русковска, досега има постапувано и Советот за етика при Републичкото јавно обвинителство. Имало пријава за неа за оддавање на службена тајна и постапување спротивно на прописите по дадено интервју во јавност каде кажувала делови од изјави на сведоци за случајот „Дурмо турс“. Епилогот бил затворање без одговорност.Сега Јовески треба да постапи и да поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка до Дисциплинската комисија. Неизвесно е дали ќе го стори тоа. Доколку се случи тоа, може да дојде и до нејзина супспензија.Воедно, по кривичната пријава од Арафат Муареми постапува скопското обвинителство. Со него раководи Гаврил Бубевски, против кого Русковска води предистражна постапка. Сега, тој ќе треба да го распредели предметот и да ја гони неа.

Коментари | пред 3 години

2

Ременски со „нокаут“ за Русковска: Се заканувате, покажвате непозанвање на законите, злонамерни сте, ве победив!

Поранешната пратеничка Фросина Ременски која беше и висок функционер во СДСМ упати отворено писмо кон обвинителката Вилма Русковска која ја гонеше во случајот „Меѓународен сојуз“ каде доби ослободителна пресуда. Ременски и се обраќа откако Русковска ја споменува поранешната пратненичка како лице од високата политика која ја гонела.Нејзиното обраќање во целост:Обвинителке Русковска, кога веќе решивте да го спомнете моето презиме во вашето конфузно и панично полноќно обраќање до странските амбасади, европската јавна обвинителка и меѓународните организации, дозволете да ви одговорам со аргументирани. Ќе ве пресирам со мали букви.Вашата свесна и намерна манипулација со фактите, процедурите, законите и уставните гаранции за човековите слободи и права од позиција на одговорно лице на орган на прогон кои подолг временски период ги практикуватенадвор од етичкиот кодекс за обвинителите се во директна спротивност со вредностите кои ги негуваат европски институции и амбасади кои ги повикувате. Кој ви го напиша обраќањето, побогу?Покажавте основно непознавање на законите и надлежностите на македонските државни институции. Како јавен обвинител самите го погазивте суверенитетот и независноста на државата и нејзините институции, а имате обврска да ги штитите! Од позиција која ја имате во моментот, знаејќи дека писмото е само за домашна „патриотска“ употреба и за кревање на вашиот одамна пропаднат рејтинг, се осмеливте без срам да повикате на меѓународен кривично-правен интервенционизам во кривични постапки за кои вие и Судот имате одговорност. Клеветнички го рушите угледот на државата, Владата и институциите преку свесна и безобразна генерализација дека сите се криминалци, а само вие сте светица и борец против криминалот. Ова е патологија обвинителке!Ова ви го пошувам со чиста совест и без грам страв од сите ваши досегашни, докажани злонамери и тенденции кон мене како личност во време кога пред години пријавував милионски криминал кој вие не го видовте и извршував функција Потпретседател на Собранието на РСМ.Јас проф. д-р Фросина Ташевска-Ременски имам право и општествена одговорност да ги прикажам и обелоденам сите ваши злонамери и злоупотреби. Го должам тоа и на мојата професија и на моите студенти кои ќе истражуваат како не треба. Неосновано бев предмет на ваша пристрасност, (зло)намера, пропречување на правдата, измами и закани кон Судот, кон сведоци во кривичната постапка, кон изнуди за лажни искази, кон докажан на Суд незаконски претрес во мојот дом, кон закани кон судии кои одлучувале за казни, со попречување на сите можни истраги во случајот во институции кои воделе постапки против вас и гнев кога Судот кој пресуди дека вие како обвинителство не сте докажале ништо од едната единствена реченица во обвинението против мене без грам докази.Имам право да ви одговорам обвинителке и од причина што во „гро планот“ на вашето обраќање кон странските фактори се повикувате на вашата „чест, углед и поштење“, кое сте ги научиле од вашите родители кои страдале од „бугарските фашисти и бугарски куршуми“.Знаете зошто имам право?Прво, затоа што мешате баби и жаби и  недозволено се ставате во дневно-политички контекст кој ја загрозува нашата ЕУ интеграција, токму заради овој речник. Второ, затоа што вие лично неосновано ме обвинивте и го најдовте како зло токму мојот углед и авторитет. Тој мој „углед и авторитет вие го ставивте во обвинение“ и го поставивте како таргет за јавен отстрел, ругање, говор на омраза и насилство. Го внесовте во судница во која се срамев од вашиот дилетантизам со кој клеветевте без докази, преку протурање на невистини за создаваање на јавен впечаток и пропаганда за вина.Кога сме кај родителите обвинителке од кои сте учеле за чест и поштење ... И јас научив многу од моите родители обвинителке. Татко ми не загина од бугарски куршум, не беше обвинител што ќе ја бутне ќерка му во обвинителство. Мојот татко беше угледен мајстор и чесен човек од најстарата градска фамилија во Крива Паланка. Почина на сред судскиот процес во кој вие ме втурнавте со вашата зланамера. Се бранев од вербалните куршуми со кои стрелавте секој ден на сите страни. Од татко ми научив многу, затоа што како шнајдер и стечаен работник со години се мачеше со неправдите и лоповлукот од приватизацијата кои со мајка ми ги остави на улица додека бев студент – студент на генерација. Да ..., од таа приватизација и таа олигархија на која вие денес ѝ слугувате и ја третирате како зашитена сибирска мечка. Додека ние - децата на стечајците и работничката класа со мака се бориме против неправдите и криминалот на тие тридеценски заштитени мечки, вие обвинителке одбравте да им слугувате без грам срам!И да ..., и јас нема да дозволам личности како тебе обвинителке да фрлаат клевета и дамка на мојата макотрпно градена универзитетска кариера која произведе 18 генерации студенти кои работат и во вашите истражни центри со кои раководите ..., и за жал извршуваат незаконски наредби издадени од вас лично. Зар не ви е срам безобразно се криете зад тие млади луѓе кои имаат години работа пред себе и зборуваат во какво заробено (од вас) обвинителство работат?Имам право да ви напишам обвинителке и стојам зад се што сум напишала за вас. Додека вие по нарачка и злонамерно „ме пакувавте без докази во ПР-обвинение“ во кое требаше да се пофалите дека гоните високи владини функционери (а јас бев пратеник) и додека селективно брифиравте избрани новинари за наводни сознанија од „тајната истрага која лично ја водевте“, јас во Собранието на РСМ без грам дилема ги гласав сите закони на кои вие денес се повикувате, а прва ги прекршивте. Тоа беше време обвинителке, кога се лулаше кворумот во Собранието и кога сите калкулираа со мојата „суета“ и глас „за“ тој пакет на закони. Мислеа дека ќе реагирам дезориентирани и конфузно како вас овие денови. Се излажаа сите!Обвинителке, бев и останав застапник на сите европски вредности и многу добро го знам духот на тие вредности кои очигледно токму вие свесно ги заборавате.Во тој период како Потпретседател на Собранието на РСМ и јас можев да напишам јавно писмо до сите амбасади, меѓународни институции и да лелекам и да барам помош од неправдите сторени од вас лично. За позицијата обвинителке треба и достоинство, разум и знаење!Не го направив тоа, зошто сметав дека немам право да се издигам над законот, иако знаев каква неправда трпам. Не издржете вие обвинителке, а сте на почетокот на многу полоша состоја ода онаа која злонамерно ми ја креиравте. Нели сите се еднакви пред законот? Зошто тогаш се плашите од соочувањето со сопствените грешки? Зарем не верувате во професионалноста на нашите институции, па ги повикувате станците? Ако вие немате доверба во вашиот шеф обвинителке, што останува за обичниот човек кој е заборавен (намерно) од вашата „ажурност и човечност“? Дали мислите дека за вас законите не смеат да важат и дека, вие и ќе обвинувате и ќе бидете Суд, истовремено? Сте се излажале обвинителке – вие сметате дека никој не смее да ве контролира!Признавам дека, она за што се информирани и добро упатени најповиканите државни институции од моја страна е попречувањето на (најбараниот од ЕУ) парламентарен надзор што се обидовте да го направите преку незаконскиот влез во мојот дом. Сите до еден мижите пред сите процесуирани неанонимски пријави потпишани со мое име и презиме по сознанија и докази добиени како пратеник во надзорно тело. Проблемот е во тоа што вие свесно ги штитите од прогон лицата кои се дел од тие пријавите од „само за вас“ познати причини. Да не ве уценуваат обвинителке?Европските институции и амбасадите знаат дека обинителот и обвинителството е страна во секоја кривична постапка; дека, треба да се водат од начелото на правичност и законитост, презумцијата на невиност и да го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата во постапката, да ја заштити тајноста на предистрагата и истрагата, да не прејудицира вина додека надлежен Суд не ги утврди аргументите на двете страни, да не се служи со недозволени средства за изнуда на признание или лажен исказ, да не кокетира со медиумите во пласирање на полувистини заради пропаганда и да не влијае на институциите преку наметнување на перцепција и суд на вина, додека пред Суд не се докаже тоа.Обвинителке ..., јас ве победив на Суд, сакале вие тоа да го признаете или не!Додека јас не се обидував да добијам медиумски простор „за да се препукувам со вас како Потпретседател на Собрание“, вие се препукувавте и ми стававте сопки на секој чекот. Ја попречувавте мојата правда пред сите надлежни институции кои постапуваа по многу пострашни наводи од они со кои денес ви се обраќа Управата за финансиска полиција. Но, има разлика обвинителке !Сите ваши злоупотреби јас ги докажав на Суд обвинителке – Суд пред кој вие изгубивте со вашата импровизација и (зло)намера. Поднесував претставки и пријави и се што ми стоеше на располагање (според закон) да го докажам тоа што во мал дел на хартија го напиша како извештај Републичкото јавно обвинителство за вашето постапување во УФП.Но, има разлика обвинителке, затоа што тогаш под ваш притисок и закани не дозволивте да се утврди вашата злоупотреба на службената положба и доведувањето во заблуда на Судот со пласирање на невистини информации за претресот. Се заканувавте кон судијата на претходна постапка (Весна Димишкова), за да ви даде наредба за претрес во мојот дом во кој вашите заштитени истражители влегоа како каубојци и го лажеа Судот за присуство на свекрва ми, за да ја покријат „законитоста“. Еден лист хартија без докази во барање за претрес во дом на Потпретседател на Собрание на РСМ. Го имам барањето обвинителке. Ваша среќа е што не побаравте претрес во Собранието на РСМ, за да не влезете, така влезени во поголема злоупотреба. Судот, а и вашата колешка Трајчева не беа слепи кога во Судот ги видоа вашите лаги и когс преку видео снимки ја докажав таа ваша измама кон Судот. Тоа е ваш срам обвинителке кој го криевте од јавноста!Лаура Ковеси ви кажала дека нема да дојде. Ме фати срам кога прочитав дека, таа вам ви укажува за што е надлежна нејзината канцеларија и на што е упатена да соработува со обвинителството со кое раководите. Зарем не знаевте кога го пишувавте писмото и ја повикувавте?Амбасадите во принцип не се мешаат во внатрешните (правосудни) работи на државата обвинителке. Тие седат, набљудуваат, пишуваат извештаи, анализираат и ни го мерат паметот и постапките на сите нас. Не сте вие исклучок, обвинителке.Не е мое да ценам во состојбата  сте се наоѓале кога сте го пишувале синоќешното писмо, но пред да ги повиката амбасадите на „ваша припомош“ во тоа што со години го проектиравте кон други лица, сте требале да се присетите на изјавите на германската и американската амбасадорка кога јавно ги коментираа вашите спододби со профитерите од случајот Империја. За тој случај не се жали ниту државата. Зошто? Тие изјави од странските амбасади кои ги повикувате, а кои ве треснаа од земја се фокусот кој го изгубивте кога тргнувате во рушењето на државните институции. За жал, поматен ви бил фокусот кога мислите дека сте над законот и дека, сите ќе се одговорат на вашиот очаен повик кога е во прашање вашата одговорност – веќе утврдена.Обвинителке Русковска,Тргнете ги рацете од судиите во Кривичниот суд – Скопје и престанете секојдневно им се заканувате по блиски лица дека ќе ги гоните, доколку не досудат како вие сте замислиле во обвинителско-кафанскиот подрум!Тргнете ги рацете од Внатрешната контрола на МВР која направи фермани за вашиот незаконски претрес во мојот дом (докажан на Суд), но надвор од памет и закон се прогласи за ненадлежна, токму заради вашите закани кон инспекторите. Се осмеливте на укажувач со пријава да му поведете постапка за некакво оддавање на службена тајна. Зарем, вистината и констатираните злоупотреби по вашите наредба се службена тајна обвинителке?!Тргнете ги рацете од Граѓанскиот суд - Скопје во кој под ваша закани се прават злоупотреби и се „редуцираат“ докази од тужби против вас!Тргнете ги рацете од Апелацискиот суд - Скопје кон кој ажурно и секојдневно упатувате суптилни закани за начинот како да одлучуваат и да исполнуваат ваши желби за предмети, после кои вие треба да одговарате кривично!Немојте да мислите обвинителке дека, државата ќе треба да ги плаќа трошоците за вашите кривотворења и (зло)намери за кои и Европскиот суд за човекови права од Стразбург (ЕУ која ја повикувате) ќе одлучи дека, токму вие сте прекршителот на човековите слободи и права. Вие ќе ја платите штетата што ја нанесовте лично на луѓето заради кои вие сте таму кај што се, но очигледно сте ја заборавиле вашата вистинска улога и задача.Ова ви го пишувам како социолог кој е добар познавач на правото, благодарение на ликови како вас изминативе 20 години. И јас сакам (ама нема) Лаура Ковеси „да направи увид“ во обвинението во кое како „мечка во циркуз“ го вметнавте моето име. Сакам сите да ја видат таа ваша „професионалност“ обвинителке. Еве објавете ги сите докази, за да цени народ. Но, ќе треба да објасните една многу битна работа, а тоа е како од таа широката лепеза на угледни и авторитетни претставници на партијата „сликани и во комуникација со педерот“ (како што милувате да говорите, така европски), како најугледна и најавторитетна ме избравте мене, а (на пример), ја скокнавте министерката за одбрана Шеќеринска која со Катица Јанева и Бојан Јовановски во сред Рекет, зборувала за вашиот Закон за ЈО, а мажот ѝ пиел вино и гледал фудбал со лицето кое под совет на вашиот другар Горан Николовски-Џони од УБК снимал во домашен притвор. Многу прашања има обвинителке!Ова ви го пишувам намерно, затоа што свесно ја правите недоветна целата јавност која слушна дека и вас обвинителке ве снимал/е, а вие тоа го потврдивте сами.Затоа обвинителке, наместо да фрлате чифтиња на сите страни, да обвинувате и преку вашето писмо да се обидувате токму вие да вршите притисок над институциите кои сега вас ве оценуваат (во стилот на познатата фраза „калето кажа“ – изговор на вашите удбашките другари), одговорете ѝ на јавноста на прашањата кои јавно ви ги поставив – „Кој ве снимал, обвинителке?“ и „Дали тоа ве доведе во ситуација да тргнете самите против себе преку овие писма кои само потврдуваат колку малку знаете за што зборувате и која е вашата вистинска улога во државата?“Прочитав дека „Никој не се мешал во туѓа битка“. Се согасувам ..., со таа разлика што сите мои аргументи за начинот на вашето постапување не добија толкав публицитет како вашиот дуел со УФП. Јас мојата битка против вас ја добив на Суд без ничие мешање и навивање, туку напротив – со сопки, со аргументи и со вистинското оружје – вистината која очигледно многу ве заболе!За сега толку обвинителке ...Следниот пат кога ќе решите да го земете во уста моето име презиме, бидете спремни дека нема да ве персирам како во ова јавно обраќање. Бидете свесни и спремни дека, неможете на сила да замолчите правдољубив човек во битка која вие ја водите на погрешната страна. Кога нема да бидете на таа позиција која несовесно и неетички ја практикувате ќе се соочите со многу болни факти за вашите злоупотреби за кои има живи сведоци, предмети и факти, а тие не одат заедно реториката за „бугаризацијата“ и „уставобранителите“ ... Знаеш за што зборувам!Наместо да се додворувате на протестантите против „бугаризацијата“ обвинителке, која очигледно сакате да ја нагласите преку воведот од писмото со „бугарски куршум“ и „бугарски затвор“ и да ја добието поддршката од сите про протестираа, одлучете се дали сте политичар или сте јавен обвинител. Едното со другото не оди ! Од приложеното до сега очигледно сте латентен политичар кој има став за преговорите со ЕУ, а тој став го практикувате преку рушење на државните институции и угледот на државата преку вашите полноќни „прохибициски“ писма, ала Елиот Несс.Да ..., РСМ ќе почнепреговори со ЕУ и тогаш ќе ви дојдат сите европски институции  кои ги повикувате. До тогаш, обвинителке, ќе треба да ги вметнеме Бугарите во Уставот на РСМ кои и вие треба да го штитите и нема да може да го рушите правниот поредок заради интересите на несудениот „бугарски конзул во РСМ“ со кој се спогодивте. Тој ве снимал (вие го посочивте) со помош на неговите бугарски пријатели?Очигледно обвинителке, вашите заложби и желби за ЕУ и вредностите се само блеф за некој иден митинг на која и вие може да зборувате зошто РСМ не треба да почне преговори со ЕУ под вакви услови ..., заради таквите како вас и вашата клиентела на која ѝ дадовте привилигирани анти-ЕУ услови.Се гледаме во иднината обвинителке Русковска ! 

Коментари | пред 3 години

PrtScr-capture_3

Здружението на обвинители ја осуди Русковска: Го нарушувате нашиот углед и го прекршувате Етичкиот кодекс!

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија остро реагира на отвореното писмо од јавниот обвинител Вилма Русковска упатено синоќа преку медиумите до странски амбасади и меѓународни организации.„Како професионално здружение, со зачуденост го проследивме дописот за кој сметаме дека го нарушува угледот на јавнообвинителската функција и грубо го прекршува Етичкиот кодекс на јавните обвинители.Имено, како јавни обвинители не гледаме ниту една причина за ваков драматичен полноќен повик до меѓународни институции и дипломати, особено што ниту обвинителката Русковска, ниту останатите обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во ниту еден момент не биле спречени самостојно да водат истраги за предмети во нивна надлежност.Меѓутоа, при постапувањето во предметите, и тие како и сите останати јавни обвинители мора да се водат од начелата на законитост и правичност. Освен тоа, Јавното обвинителство е засновано на принципите на хиерархија и субординација, што значи дека секој јавен обвинител за својата работа одговара пред повисокото обвинителство.Ниту еден јавен обвинител не смее да се смета себе си за семоќен и да одбива контрола над постапувањето. Таквата контрола токму има за цел да се избегне незаконито постапување и самоволие, како и да се гарантира праведноста на постапката.Јавното обвинителство имало и има капацитети и институционални можности да ги преземе сите неопходни дејствија и апсолутно независно да одлучува во секој еден предмет, без притоа да има потреба од надзор од амбасади или меѓународни организации“, велат од Здружението на јавните обвинители.

Македонија | пред 3 години

arafat-muaremi-finansiska-policija-F-1

Муареми и врати на Вилма: Обвинителке, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета

Улогата на еден јавен обвинител најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, се вели во реакцијата на директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми насочена кон шефицата на ОЈОГОК, Вилма Русковска.„Ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам.Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување.Одговорност за вашето самоволие мора да има“ вели Муареми.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-29-at-19.36.42

Русковска бара странска помош, додека е на одмор надвор од Македонија: САД нека провери кој се бори против криминалот

Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска вечерва ги повика амбасадите на помош од, како што вели, притисоците на директорот на Финансовата полиција Арафат Муареми, а кој е владин функционер и е нејзин подреден.Повикот на Русковска дојде по брифингот со селективно одбрани новинари на Муареми, додека во Финансовата полиција обвинители од организиран криминал се обидуваат да дојдат до отворени, но незавршени истраги, а во кој брифинг тој ги информирал новинарите дека ќе им поднесе и кривични пријави на обвинителките кои влегле да му вршат претрес.Во овој момент, Русковска се наоѓа на одмор во странска држава.„Јас како обвинител со стаж повеке од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на Одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004 година, нема да дозволам лице за кое се проверува постапувањето да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ги градела. Честа, угледот, поштењето, ги имам научено од мала возраст од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија. Татко ми беше потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум. Мајка ми партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на Сремскиот фронт“, го почнува Русковска обраќањето до јавноста и до амбасадите.Таа ги повика пред сè домашните институции да реагираат за притисоците лично кон неа и кон Обвинителството за гонење организиран криминал. Обвини дека во државата има криминал, но има притисоци тој да не се гони.„Ги повикувам сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции и амбасади, пред сè Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш засекогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти – кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Исто така, ја замолувам и Европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зеќири и овој најновиот, за Муареми“, повикува Русковска.Таа ѝ се обраќа посебно на Владата.„Згрозувачки е овој притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата Арафат Муареми, како и мешањето во предмет на ОЈО ГОКК кое е стриктно забрането, согласно Законот за јавно обвинителство. Ако Владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку ПР преку медиумите, вистината мора да излезе на виделина!“, бара Русковска.Потоа, вели дека сака да праша – како тоа се напаѓаат клучните обвинители кои ги водеа случаите против Катица Јанева, Ременски, Рашковски и Зеќири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери?„Токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК треба и меѓународните институции какои амбасадите на САД на ЕУ сериозно да преземат мерки, затоа што ова најмалку доликува на земја-членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив! Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија, во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери, за обвинители да замижуваат пред кој било криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта“, вели Русковска.Таа вели дека сака да ги сподели веднаш наодите од почнатата предистрага кај Муареми.„Во периодот што следува сум подготвена со јавноста да ги споделам информациите кои ОЈО ГОКК ги има и ќе ги обезбеди за лицето за кое се проверува постапувањето Арафат Муареми (сè уште директор на Финансова полиција), па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против криминалот“, велии шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал.„Никогаш нема две вистини. Има само една“, завршува Русковска.На 18 јули, Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Управата за финансиска полиција, кај директорот Арафат Муареми во предистражна постапка,а Русковска рече дека наредбата ја дала по пријава на група граѓани против директорот.На 25 јули директорот Муареми ја пријави Русковска кај државниот обвинител Љубомир Јовески. На 28 јули Муареми побара од Судскиот совет разрешување на одговорност на судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ, кој ја дал наредбата за претрес на Финансова полиција на барање на Русковска.На 1 август, државниот обвинител Јовески по пријавата на Муареми соопшти дека утврдил оти Русковска дала наредба за незаконски претрес во Финансиска полиција, давајќи му претходно погрешни информации на судијата на претходна постапка за да ја обезбеди наредбата. На тоа Русковска кажа дека ни државниот Јавниот обвинител Јовески, ниту вишите јавни обвинители имаат прaво да се мешаат во работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 3 години

arafat-muaremi-ruskoska

Русковска незаконски правела претрес кај Муареми, а дозвола од судот добила без ниту еден доказ

Јавното обвинителство на Република Севера Македонија, постапувајќи по претставка од Управата за финансиска полиција, во согласност со членот 28 од Законот на јавното обвинителство, изврши надзор и увид во предмет оформен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надзорот е извршен од двајца јавни обвинители определени со годишниот распоред за надзор над работата на Обвинителството. Јавните обвинители изготвија службена белешка за увидот во постапувањето во предметот и ја доставија до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.При вршењето на надзорот, јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале во предметот беа задолжени да изготват информација за наводите во претставката. Меѓутоа, само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето.Со надзорот во предметот е утврдено дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција примило анонимна кривична пријава на 3.5.2022 година, а на 18.7.2022 година изготвено е барање за издавање наредба за претрес. Барањето истиот ден е доставено до Основниот кривичен суд Скопје.Во согласност со утврдената состојба, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде укажување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во кое се наведуваат констатираните неправилности во постапувањето во конкретниот предмет.При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои согласно чл.33 ст.2 од Законот за јавното обвинителство имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение.​Исто така, укажано е дека во образложението на барањето на Судот погрешно му се даваат податоци дека Јавното обвинителство има основи на сомнение дека е сторено кривично дело, а во списите од предметот има само анонимна кривична пријава. Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган и претрес на лице.Покрај тоа, во образложението на барањето за издавање на наредба за претрес се наведува дека во предметот се води предистражна постапка, а при увидот е констатирано дека во списите постои само барање за претрес и писмо, кои се први дејствија преземени во постапката по анонимната кривична пријава.Исто така, укажано е дека од содржината и наводите во кривичната пријава не произлегуваат дејствија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание по чл.359 ст.7 вв со ст.3 вв со ст.2 од Кривичниот законик.При постапувањето по пријавата, за исти дејствија доставено е и писмено барање до Управата за финансиска полиција за да ги достави истите списи, кои исто така се бараат да се обезбедат со претресот.Во согласност со чл.27 ст.4 од Законот за јавното обвинителство, со укажувањето, задолжен е јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Укажувањето е во согласност со чл.7 ст.3 од Законот за јавното обвинителство и има за цел да се отстранат сите неправилности по предметот и во иднина да не се дозволат пропусти во постапувањето.​

Македонија | пред 3 години

vilma-54352

„Судбината на Катица ти тропа на порти“ и порачуваат на Русковска по снимка која протече, а за која се бара истрага

Коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. Откако протече снимка со фотографија од обвинителката Вилма Русковска, каде се слуша разговор меѓу женско лице (бидејќи обвинителката не кажува дали е таа) и мутиран глас (кој звучи како машки), јавноста има свое гледиште на работите.Многумина се згрозени од моментот на мубаетот каде женското лице вели: „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално.. го заборавив, намерно.. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци, хаха“. По ова, следува гласно смеење.Атанасовски е поранешен директор на УБК. Тој беше обвинет од Русковска во случајот „27 април“, кој таа го застапуваше пред суд. Тој доби и затворска казна, а за време на процесот, беше во притвор во затворот во Шутка.Дел од коментарите на твитерџиите кои ја споделуваат снимката:https://twitter.com/ThalliumMK/status/1553098169529024512https://twitter.com/C4i7Z/status/1553105753635946496https://twitter.com/chodjukot/status/1553108319992258563https://twitter.com/MakFalanga/status/1553125766732316675https://twitter.com/aleks_photo/status/1553305532492140544https://twitter.com/jabandzija/status/1553399531210932226https://twitter.com/KajMakamot/status/1553419531246239745https://twitter.com/ShutkaMining/status/1553434872437506048https://twitter.com/KatttP/status/1553454419819331590https://twitter.com/BatmanSaysT/status/1553096746703753216https://twitter.com/RistoSmilevski/status/1553311947361325056https://twitter.com/LTortilia/status/1553376302220148736https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1553479592219918336https://twitter.com/Roma92377181/status/1553626570014736386 

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања