Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ШАКАЛИЕВ

media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во работна посета на земјата заедно со бизнис-делегација, се наведува во соопштението од Министерството.Како што информираат од Министерството, на средбата двајцата министри оцениле дека посетата претставува потврда за интензивирање на билатералните односи и изразиле подготвеност за нивно понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес.Според соопштението, министерот Муцунски истакнал дека постои заедничка подготвеност за унапредување на економската соработка, при што било констатирано дека сегашната економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји.Од Министерството се наведува дека биле разгледани можностите за интензивирање на економската соработка и на институционално ниво и меѓу деловните заедници од двете земји.Како што стои во соопштението, Муцунски нагласил дека приоритет останува создавање предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекување странски инвестиции, при што била изразена отвореност за казахстански инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони и други сектори, во согласност со нивните интереси.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања