Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за трговија и интеграции на Република Казахстан, Арман Шакалиев, кој престојува во работна посета на земјата заедно со бизнис-делегација, се наведува во соопштението од Министерството.

Како што информираат од Министерството, на средбата двајцата министри оцениле дека посетата претставува потврда за интензивирање на билатералните односи и изразиле подготвеност за нивно понатамошно продлабочување во области од заеднички интерес.

— реклама —

Според соопштението, министерот Муцунски истакнал дека постои заедничка подготвеност за унапредување на економската соработка, при што било констатирано дека сегашната економска размена не го одразува реалниот потенцијал меѓу двете земји.

Од Министерството се наведува дека биле разгледани можностите за интензивирање на економската соработка и на институционално ниво и меѓу деловните заедници од двете земји.

— реклама —

Како што стои во соопштението, Муцунски нагласил дека приоритет останува создавање предвидлива и конкурентна деловна клима и привлекување странски инвестиции, при што била изразена отвореност за казахстански инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони и други сектори, во согласност со нивните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Македонија | пред 2 седмици

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања