Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МУЦУНСКИ

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Македонија ќе биде првата земја во Европа што ќе одржи сесија на стратешки дијалог со САД во рамки на оваа администрација, најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, Муцунски потенцираше дека партнерството со Соединетите Американски Држави е од клучно значење за државата и претставува стратешка определба.„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, истакна министерот Муцунски.Тој најави дека сесијата ќе се одржи на 7 април во Вашингтон, а македонската делегација ќе ја предводи лично тој како шеф на делегацијата. Во составот ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.Муцунски изрази очекување дека стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Свет | пред 2 дена

media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска.На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка.Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови полски инвестиции во државата.Важен дел од разговорите беше посветен на евроинтегративниот процес, при што министерот Муцунски се заблагодари за континуираната полска поддршка. Тој нагласи дека Полска е еден од најдоследните и најгласни поддржувачи на политиката за проширување на Европската Унија, посочувајќи го нејзиниот активен ангажман во повеќе формати, вклучително и Вишеградската група, групата „Пријатели на проширувањето“ и Вајмарскиот триаголник.Соговорниците разговараа и за одличната соработка како земји-сојузнички во НАТО, како и за актуелни регионални, глобални и безбедносни прашања.Во рамки на заедничката прес-конференција, министерот Муцунски истакна дека партнерството меѓу двете земји е резултат на повеќе од три децении доверба, соработка и заедничка визија.„Денес го потврдивме тоа партнерство и поставивме основа за негово натамошно продлабочување – особено во економијата и трговијата, како клучни столбови на нашите односи“, изјави министерот Муцунски.Во рамки на посетата на Варшава, министерот Муцунски оствари средба и со претседателката на Комисијата за ЕУ во Сејмот, Агњешка Помаска, на која се разговараше за евроинтегративниот процес на државата, како и за значењето на парламентарната соработка во унапредувањето на билатералните односи.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату.На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми. Соговорниците ја нагласија заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за зголемено учество во програмите „Еразмус+“ и Европската образовна област.Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот Муцунски учествуваше и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на Friends of Europe, посветена на актуелните политички приоритети поврзани со процесот на проширување, економската и безбедносната соработка, како и на прашањата за постепената интеграција, економската отпорност, поврзаноста и деловната клима во регионот на Западен Балкан.Во рамки на денешната програма, предвидено е министерот Муцунски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер, како и низа средби со пратеници во Европскиот парламент.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда.Во таа насока, беше поздравен и напредокот во повеќе иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните и економијата, како пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА) и активностите за усогласување со роаминг правилата на ЕУ.Во разговорот беа отворени и повеќе други актуелни прашања од делот на секторската соработка со Унијата, со фокус на економската интеграција и поврзаноста.Претходно во текот на денот, министерот Муцунски одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмираше посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Муцунски направи пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес, нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки.

Македонија | пред 1 седмица

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски во Брисел: Работни средби за европската интеграција на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“.Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Елизабет Вернер.За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МНРиМТ.

Македонија | пред 1 седмица

mucunski-c

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во Европската Унија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во вестите на Алсат ТВ истакна дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат. „Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш неостварен стратешки, надворешнополитички приоритет на државата е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија“, нагласи тој. Тој додаде дека, од аспект на начинот на кој се носат одлуките во Европската Унија, за евентуална промена на методологијата или на правилата поврзани со проширувањето е потребен консензус. „Според тоа што го слушаме, постојат повеќе различни идеи за тоа како одредени земји членки или групи на земји членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката за проширување. Но она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус по ниту едно од овие алтернативни решенија“, додаде министерот. Коментирајќи го односот на опозицијата, министерот Муцунски истакна дека станува збор за политички субјект кој го промени името на државата, вети дополнителни уставни измени и направи значителни национални отстапки со цел напредок кон европскиот пат. „Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале“, заклучи тој. Тој додаде дека СДСМ како политички субјект нема апсолутно никаков кредибилитет да предлага политики во областа на надворешната политика. „Веројатно подоблесно би било да се извини за сите грешки во минатото и да даде целосна поддршка на Владата, која се обидува да врати дел од позициите на национално достоинство“, истакна Муцунски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6c743okjnd35c3ogMVh

Муцунски разговараше со Хоџа за важноста на македонското малцинство во Албанија како мост на пријателство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа. Двајцата министри го потврдија заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување. Во разговорот стана збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Воедно беше истакната и важноста на проектот Коридор 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот.Двајцата министри разменија мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласија важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarye5i13dvrps4b5bIeBmb

Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка од пријателските земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти.Во своето обраќање, Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресе државата и за само неколку минути едно обично утро се претворило во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута била од исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи.Министерот посочи дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство, благодарение на брзата комуникација со партнерските држави, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на бројни земји да обезбедат медицинска помош.„Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“, истакна Муцунски.Тој изрази искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката за помош, нагласувајќи дека токму во вакви моменти најјасно се согледува значењето на меѓународното пријателство и партнерство.Муцунски упати посебна благодарност и до докторите и медицинските тимови – како во Македонија, така и во странство – кои со својата посветеност, професионалност и пожртвуваност придонеле за спасување на човечки животи.Во своето обраќање тој нагласи дека трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но дека државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка и солидарност што ја покажале пријателските земји во најтешките моменти.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави.Во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан“, Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое трипати се соочило со сложени кризни ситуации со значителни логистички и безбедносни предизвици.Тој потсети дека по трагедијата во Кочани институцијата учествувала во организирањето на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивно лекување во странство и нивно враќање во државата. Подоцна следела и безбедносната криза меѓу Иран и Израел, кога биле организирани евакуации на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток.Муцунски нагласи дека во последната криза операцијата била дополнително сложена бидејќи македонски граѓани престојуваат во повеќе држави во регионот, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.„Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека може да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, изјави Муцунски.Тој посочи дека со четири организирани евакуациони летови биле евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.„Во минатото знаевме да бидеме држава која бара солидарност. Денес сме држава која во тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, рече министерот.Муцунски нагласи дека во ваквите операции најважен приоритет е безбедноста на граѓаните и дека зад ваквите активности стои широка координација на повеќе институции и дипломатско-конзуларни претставништва.„Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас“, порача Муцунски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo1mhv9dm2fcs3KQlnvI

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на ЕУ, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања.Министерот Муцунски се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.Во дискусијата, министерот Муцунски нагласи дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција.Државата го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија заедно со Хрватска, која денес веќе е членка на Унијата, а во изминатите години направивме сериозни национални отстапки. Нашето општество е проевропско, Владата е фокусирана на европските реформи и на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но очекуваме процесот на проширување да биде јасен, кредибилен и предвидлив“, истакна министерот Муцунски во рамки на панел-дискусијата. Тој додаде дека државата е посветена на тоа да биде предвидлив партнер на Европската Унија, но дека истата таква предвидливост и кредибилност се очекуваат и од земјите членки.Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки. Знаеме дека припаѓаме на Европа, но очекуваме таа предвидливост да биде целосно реципрочна.“, нагласи Муцунски. Воедно ја нагласи и стратешката важност на Коридорите 8 и 10, како од безбедносна така и од трговска перспектива. Нашиот фокус во моментов е на два многу важни европски коридори кои се пресекуваат токму во нашата земја – Коридор 8 и Коридор 10. Тие се значајни и од политичко-безбедносен, но и од економски и трговски аспект. Во енергетиката, во процес сме на изградба на интерконектор со Грција, кој ќе ни овозможи пристап до LNG гасот што доаѓа од пристаништето Александруполис“, посочи министерот.Муцунски го истакна и значењето на односите со Унгарија, со која државата има воспоставено стратешко партнерство.Тоа стратешко партнерство отвори многу можности за соработка меѓу двете држави. Има значајни инвестиции од двете страни, кои ние како влади ги олеснуваме, со цел проширување на пристапот до пазарот за унгарските компании кои доаѓаат во нашата земја, но и за македонските компании кои инвестираат или работат во Унгарија. Ја гледаме Унгарија како наш стратешки партнер и важен поддржувач на европскиот пат на регионот“, заклучи министерот Муцунски во своето обраќање.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Муцунски го осуди иранскиот напад врз Катар во разговор со катарскиот министер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи, информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.Во разговорот, Муцунски го осудил отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изразил цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата.Муцунски нагласил дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-library7f5dhsn7k0s2bgVwh9i

Муцунски во разговор со израелскиот колега: Поддршка за координираните напори на САД и Израел кон Иран

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари конструктивен телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саʼар.Во разговорот беше реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето.Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk7figlkgcm3jfKa8txv

Муцунски телефонски и честиташе на новата бугарска министерка за надворешни работи, иницирана билатерална средба

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата. Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Македонија | пред 1 месец

media-library1u5ci3025s7edRTD3rZ

Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании. Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство. „Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба. Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот. Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии. Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали. Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки. Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.

Македонија | пред 1 месец

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) со богата дипломатска кариера од повеќе од 20 години, и како што нагласи „тоа се врзува со нашата заложба која почна со измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи“.Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.-Процесот на именување и пополнување на местата на шефови на дипломатско конзуларни претставништва согласно Законот за надворешни работи го координирам јас, но целокупниот процес значи координација со претседателката на државата и претседателот на Владата. По остварена таква координација со претседателката на државата и претседателот на Владата, на последната седница на Влада можам да потврдам точно е дека предложив повеќе имиња, како министер за надворешни работи и надворешна трговија, за пополнување на повеќе места на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, рече Муцунски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk648poearcetdyTrDV5

Муцунски: Македонија останува целосно посветена на реализација на Коридорот VIII

Денеска, во Тирана, на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, учествуваше на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. Состанокот се реализираше како продолжение на инаугуративната сесија одржана во Бриндизи, Италија, на 27 јули 2023 година. Во фокусот на разговорите беа актуелните инфраструктурни проекти што се операционализираат долж Коридор VIII, предизвиците во нивната реализација, како и потребата од засилено политичко внимание и координација.Министрите констатираа дека постои заедничко разбирање оти Коридор VIII треба да функционира како еден прекуграничен систем, а не како серија одвоени национални проекти што запираат на следната државна граница. Беше нагласено дека коридорот претставува стратешка врска меѓу Јадранското и Црното Море и дека во актуелниот геополитички контекст поврзаноста претставува елемент на отпорност и сила. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја истакна важноста од целосно вклучување на сите клучни актери, нагласувајќи дека улогата на Италија како значаен фактор на Јадранот и на Романија како клучна држава на Црното Море и во регионалната економија е суштинска за Коридор VIII да стане вистинска европска врска од почеток до крај. Осврнувајќи се на националните обврски, Муцунски потенцираше дека државата, како централна точка на коридорот, останува целосно посветена на неговата реализација. Како значаен исчекор беше посочено потпишувањето на договорот со Бугарија за прекуграничниот железнички тунел во ноември 2025 година. Првата железничка делница на источниот дел е завршена, втората е во изградба, а работите напредуваат и на третата. Во патниот сегмент, целта е целосна автопатска и експресна поврзаност од Ќафасан до Деве Баир до 2029 година. Дополнително, беше истакната и енергетската димензија на коридорот, како и потребата од усогласување на процедурите, граничното управување и олеснувањето на трговијата, со цел новата инфраструктура да биде придружена со модерни и ефикасни стандарди. Посебен акцент беше ставен на искористување на европските финансиски инструменти, вклучително и следната програма „Connecting Europe Facility“, за забрзување на имплементацијата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. Соговорниците се согласија дека фокусот во наредниот период треба да биде на реализација на финансиски одржливи проекти, координирана прекугранична имплементација и одржување на еднаков интензитет на реализација долж целата траса на Коридор VIII.

Македонија | пред 1 месец

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски денес на состанок за Коридор VIII во Тирана, Албанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, заедно со колегите од Италија, Бугарија и Романија, ќе учествува на Министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. „На состанокот ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Муцунски од Минхен: За 20 месеци склучивме клучни стратешки договори, геополитичката ера е променета, мора јасно да се позиционираме

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Минхенската безбедносна конференција изјави дека во изминатите дваесет месеци државата донела одлуки и склучила договори од исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, оценувајќи дека надворешната политика веќе дава конкретни резултати за граѓаните и економијата.Муцунски посочи дека меѓу клучните исчекори е Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, нагласувајќи дека државата била прва во регионот што склучила ваков договор. Потоа следело новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство, како и завршувањето на постмониторингот од Советот на Европа.Како четврти значаен документ, министерот ја издвои Заедничката изјава за реципрочна трговија со Соединетите Американски Држави, која, според него, обезбедува јасен пат кон договор за реципрочна трговија. Тој појасни дека изјавата предвидува задржување на тарифата од 15 проценти, што е пониска во споредба со голем број држави, но и отвора можност за намалување на тарифите до нула проценти за одредени гранки и производи значајни за извозот кон САД.Според Муцунски, целта е создавање подобри услови за домашната деловна заедница, како и продлабочување на стратешката соработка со Соединетите Американски Држави во областа на енергетиката и дигиталната трансформација.Министерот оцени дека надворешнополитичката траекторија на државата е јасна и дека во релативно краток период се направени конкретни исчекори во повеќе клучни области. Тој нагласи дека овие чекори носат директни придобивки за граѓаните, стопанството и за целокупната позиција на државата на меѓународната сцена.Осврнувајќи се на пораките од Минхенската безбедносна конференција, Муцунски истакна дека од европските и американските претставници доаѓа јасен сигнал дека Европа треба да се врати кон своите основни вредности, не само во безбедносен, туку и во поширок цивилизациски контекст. Според него, неопходно е зајакнување на безбедносната архитектура, но и преиспитување на одредени политики што придонеле за намалување на економската моќ на континентот.Тој додаде дека Соединетите Американски Држави испраќаат порака за партнерство и заедничка соработка во рамки на трансатлантските односи, што е значајно од аспект на колективната безбедност и иднината на НАТО како алијанса. Муцунски заклучи дека геополитичката ера на која светот беше навикнат во изминатите децении е променета и дека државата мора јасно да се позиционира во согласност со новите глобални трендови.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Македонија и САД усогласија Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, вели Муцунски

Република Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што се зајакнува билатералната економска соработка и се отвора поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.„Денес правиме значаен исчекор во економската соработка со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании“, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Заедничката изјава е основа за преговори за договор со кој ќе им се обезбеди на извозниците од двете земји проширен пристап до меѓусебните пазари и ќе се овозможи унапредување на меѓусебните трговски односи. Договорот ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи трансатлантското партнерство.„Важно е да бидеме прецизни: САД ќе ја задржат реципрочната тарифа од 15% за производите со потекло од нашата држава, додека паралелно – и тоа е суштината на успехот – ќе се идентификуваат производи што ќе добијат до 0% реципрочна тарифа. Со други зборови, за дел од клучните индустрии и производи, тарифите ќе се намалат до нула“, нагласи министерот.Заедничката изјава опфаќа повеќе области, вклучително царини, зајакнување на економската и националната безбедносна соработка, дигитална трговија, енергетскиот сектор, заштита на животната средина, нетарифни бариери и заштита на правата од интелектуална сопственост.„Станува збор за конкретен и мерлив успех за македонската економија. Оваа заедничка изјава им обезбедува на нашите компании конкурентска предност, јасна регулаторна рамка, поголема предвидливост и посилна позиција на еден од најголемите пазари во светот“, посочи министерот.Следниот чекор е финализирање на Договорот и спроведување на домашните процедури за негово стапување во сила.Во официјалното соопштение на Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите Американски Држави (USTR) се наведува дека ова ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел унапредување на економското партнерство, при што амбасадорот Грир упатува благодарност до министерот Муцунски за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на трговските односи.„Трговската агенда на претседателот Трамп ги продлабочува нашите трансатлантски врски со клучен партнер во балканскиот регион. Оваа објава ги поставува темелите за Договор за реципрочна трговија со цел да се унапреди нашето економско партнерство, истовремено отстранувајќи ги административните пречки за американските земјоделци и производители. Му благодарам на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, за неговиот конструктивен ангажман во насока на ребалансирање на нашите трговски односи и создавање нови можности за американските работници и бизниси“, се наведува во официјалната изјава.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryie09bujni7p7dOomg1P

Муцунски: Виното е еден од најпрепознатливите македонски извозни производи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија, беше истакнат квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари.Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка, посочувајќи дека Министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl4f6co04cu7ifEVHlTv

Муцунски во Дубаи: Коридорите 8 и 10 и диверзификацијата носат економска предност за Македонија

Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово беше говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“, што се одржа во рамки на Светскиот самит за влади.„Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме“, истакна Муцунски, нагласувајќи дека наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.Тој посочи дека од перспектива на владите, диверзификацијата претставува клучна алатка за управување со ризици, што подразбира да не се зависи исклучиво од една индустрија, една рута, еден пазар или еден центар. „Потребно е активно да ги прошируваме нашите опции и почесто да соработуваме меѓусебно, особено со пазари и индустрии кои можеби досега не сме ги сметале за традиционални партнери“, нагласи министерот.Во обраќањето беше истакната и потребата владите да водат поинтензивен дијалог и да реагираат побрзо во услови на глобални предизвици, имајќи предвид дека денешниот систем бара брза и ефикасна адаптација која треба да се претвори во предност.Осврнувајќи се на деловното окружување, Муцунски посочи дека во Европа често постојат потешкотии за водење бизнис поради регулаторниот пристап, оценувајќи дека континентот се соочува со своевидна „хиперинфлација“ на законодавството. „Бизнисите бараат поедноставени процедури, ефикасност и брзина“, истакна тој, посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример од кој може да се учи, не само во користењето современи алатки, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси, туку и во креирањето прилагодливо законодавство подготвено да го поддржи бизнисот. Притоа ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите како механизам за создавање услови компаниите да бидат успешни. Говорејќи за логистичката позиција на државата, министерот истакна дека Коридорот 8 се протега од Италија преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Северна Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, додека Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец што се движи од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до пристаништата Солун и Пиреја. „Специфично за нашата држава е тоа што сме единствената земја во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10“, посочи Муцунски.Тој нагласи дека е неопходно активно инвестирање во енергетската безбедност и поврзаноста, посочувајќи дека во моментов се гради интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течниот природен гас што пристигнува во пристаништето Александруполис. Истовремено, во завршна фаза е подготовката за владина инвестиција во интерконектор со Србија, со цел гасот не само да пристигнува во земјата, туку и да транзитира преку неа. „Кога станува збор за поврзаноста – било да е енергетска, инфраструктурна или преку инвестиции во аеродромската и авио-инфраструктурата, односно отворањето нови линии – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во светот и на континентот, како и на потребите на пазарите. Владата има јасен пристап и уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за долгорочната иднина на нашата држава“, порача Муцунски.

Македонија | пред 1 месец

timco-mucunski

Муцунски ќе учествува на Светскиот самит за влади во Дубаи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до четврток престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде ќе учествува на Светскиот самит за влади. „На Самитот, кој се одржува под мотото „Обликување на идните влади“, ќе учествуваат над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 20 претседатели на меѓународни организации, како и над 500 министри и лидери од мултинационални компании од целиот свет. Настанот е посветен на унапредување на меѓународната соработка и изнаоѓање иновативни решенија за идните глобални предизвици. Во рамки на Самитот, министерот Муцунски ќе учествува и ќе се обрати на панел-дискусијата „The Next Logistics Order: What Must Change?“, како и на министерска тркалезна маса на високо ниво, посветена на развојот на глобалните логистички и трговски системи и актуелните геополитички промени. За време на посетата е предвидено потпишување меморандум за разбирање меѓу владите на Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и одржување бројни билатерални средби со високи претставници на држави, меѓународни организации и мултинационални компании. Учеството на министерот Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи претставува потврда на активната улога на Република Северна Македонија во промовирањето на мирот, стабилноста и меѓународната соработка, како и на заложбите на македонската дипломатија за продлабочување на односите со клучни меѓународни актери, вклучително и со земјите од арапскиот свет и Блискиот Исток“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp8ed9eim9t035cDPOfd

Муцунски во разговор со еврокомесарката Марта Кос: Во фокус економските предизвици и евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.Фокусот на разговорот беше ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес.Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето поврзано со тарифите за челик. Во тој контекст, министерот Муцунски ја нагласи потребата од навремена и координирана реакција, со цел да се избегнат дополнителни негативни ефекти врз домашната економија.Во контекст на евроинтегративниот пат на државата, министерот Муцунски ја потврди јасната и силна посветеност кон реформскиот процес, обезбедувањето континуитет во неговото спроведување, како и усвојувањето на законите кои се составен дел од европската агенда.

Македонија | пред 2 месеци

timco-mucunski

Муцунски: Македонија сѐ уште не добила покана за Одборот за мир, анализираме дали е во наш интерес

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија.-Целта на нас како владина делегација на овој настан беше насочена кон следење на најновите трендови и активна комуникација со компаниите кои можат да ни помогнат во насока на развивање на домашната економија. Јас ги следев овие соопштенија кои опозицијата ги лиферуваше – или не знаат што е Давос, или сакаат да ја манипулираат јавноста за каков настан се работи. Нашиот фокус беше економија, трговија, бизнис, инвестиции. И мислам дека многу успешни плодови од овој настан ќе имаме во следниот период, рече Муцунски на вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител.Тој потенцира дека македонската владина делегација во Давос имале повеќе значајни средби со претсавници на престижни компании, од кои се надева дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани.-Тоа што јавноста го гледаше како слика од Давос беше повеќе политички пораки. На пример говорите на претседателот Трамп, на претседателот Макрон, доста популарен беше и говорот на канадскиот премиер, но тоа беше заради моментот и случувањата околу Гренланд. Настанот во Давос носи назив Светски економски форум. Самиот настан е конципиран како најголемиот ЏитТуБи влада со бизнис и БиТуБи бизнис со бизнис настан во светот. Целта е да се дискутира за трговија, за економија, за енергетика, за да се слушнат најновите трендови, но исто така владите да имаат можност за непосреден контакт со деловната заедница. Ние имавме повеќе средби кои се надевам дека ќе донесат конкретен плод за нашите граѓани. Средбата со ФорАјЏи, средбата со раководството на мултинационалната корпорација Филипс. Врз основа на таа средба токму денеска имав фолоу-ап комуникација со еден од главните потпретседатели на корпирацијата Филипс. Претседателот Мицкоски беше панелист на еден од најзначајните панели за енергетика каде што заедно беше главен говорник со американскиот секретар за енергетика Врајт, рече тој.Во однос на прашањето за недобивање покана на нашата држава во Бордот за мир, Муцунски нагласи дека се уште прават анализа дали ние и би имале интерес да пристапиме кон ваква организација.-Јас не мислам дека надворешната политика треба да ја третираме низ призмата на симболика, туку треба да ја гледаме низ призмата на резултатите кои се постигнуваат. Се работи за Борд за мир за Газа. Ние и по однос на ова прашање комунициравме со администрацијата во Вашингтон. Но, ние исто така нашето позиционирање по сите овие прашања треба да го гледаме низ призмата не само кои се нашите права, односно сликата да се биде тука, туку и потенцијалните обврски што би се очекувале од земјите кои членуваат во овој Борд. Комуницираме со Вашингтон по ова прашање. Прашањето за Газа не е меѓу клучните приоритети на македонската надворешна политика по однос на партнерството со САД. Ние низ призмата на праксата докажавме што значи да се биде во стратешки односи со оваа администрација, изјави министерот за надворешни работи.На прашањето дали македонската Влада има изградено пристап дали би прифатиле доколку Македонија добие покана на Одборот за мир, Муцунски одговори дека не треба да брзаме по однос на оваа прашање. Потенцира дека едно е да добиете права, а друго е какви обврски ќе се преземаат.-Едно е да добиете права, но друго е ќе повторам и какви обврски ќе се преземаат не само финансиски обврски, туку и обврски и од друга гледна точка и кој е нашиот интерес да учествуваме ви мировниот процес во газа како мала држава во срцето на Балканот. Комуницираме со администрацијата во Вашингтон и доколку донесеме одлука во било која насока, секако македонската јавност ќе биде своевремено информирана. Но, да бидеме внимателни. Немаме интерес да избрзуваме ние како држава во вакви релации. Во ова сложено време приоритетот на надворешната политика треба да биде домашниот интерес. Тука ќе повторам, мислам на бизнисот, на граѓаните, на студентите, на сите кои што имаат некој интерес којшто надворешната политика помага да се реализира, рече Муцунски.Министерот Муцунски најави дека  владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на политички безбедносен форум во Минхен, каде што фокусот нема да биде толку многу економија и бизнис, туку политика и безбедност. Нагласи дека на овој форум приоритет ќе им бидат средбите од областа на политиката и безбедноста.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarys1u1pn6ei1165HpUCZv

Муцунски: ЕУ е свесна дека постои проблем и работи на изнаоѓање решение, но не сме задоволни од динамиката

Говорејќи за протестите на превозниците кои втор ден по ред ги блокираат граничните премини во регионот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител изјави дека проблемот е сериозен, но дека Владата веќе неколку месеци е во директна и активна комуникација со институциите во Брисел со цел изнаоѓање решение.„Овие правила не се насочени само кон нашата држава, туку се применуваат кон сите земји од Западен Балкан, земји кандидати и држави кои не се членки на ЕУ. Од септември активно комуницираме со Европската Унија по двете клучни прашања – и за превозниците и за тарифите за челикот“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека Владата јасно укажала до институциите во Брисел дека евентуалната примена на овие мерки ќе има сериозни економски последици за државата и регионот. „Доколку се применат мерките за превозниците и тарифите за челичната индустрија, цената што ќе ја платиме ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст, дури и во најоптимални услови“, рече министерот.Муцунски оцени дека е неприфатливо земјите од регионот да бидат ставени во иста група со држави како Русија, Белорусија, Северна Кореја или Кина, кога станува збор за трговски рестрикции. Како што посочи, ова прашање е отворено и на највисоко политичко ниво, вклучително и преку директна комуникација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Европската Унија е свесна дека постои проблем и работи на изнаоѓање решение, но не сме задоволни од динамиката. Нашата обврска е да продолжиме со притисок, да нудиме конкретни решенија и да настапуваме координирано како регион“, нагласи Муцунски.Министерот додаде дека постои редовна координација со министрите за надворешни работи од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел усогласен регионален пристап кон институциите во Брисел.„Доколку Европската Унија е искрена во намерата за интеграција на регионот, нема да дозволи примена на мерки кои толку сериозно ќе ја нарушат економијата и ќе предизвикаат колапс на транспортот и синџирите на снабдување“, порача Муцунски.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања