Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Министерот Тимчо Муцунски беше во работна посета на Варшава на покана на полскиот министер Радослав Шикорски. На средбата беше истакнат високото ниво на македонско-полските односи и основата од повеќе од три децении пријателство и заеднички вредности. Договорен е фокус на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување полски инвестиции. Се разговараше и за евроинтеграциите, со благодарност за полската поддршка, како и за НАТО соработката и актуелни безбедносни прашања. Муцунски се сретна и со Агњешка Помаска за ЕУ-процесот и парламентарната соработка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска.

На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка.

— реклама —

Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови полски инвестиции во државата.

Важен дел од разговорите беше посветен на евроинтегративниот процес, при што министерот Муцунски се заблагодари за континуираната полска поддршка. Тој нагласи дека Полска е еден од најдоследните и најгласни поддржувачи на политиката за проширување на Европската Унија, посочувајќи го нејзиниот активен ангажман во повеќе формати, вклучително и Вишеградската група, групата „Пријатели на проширувањето“ и Вајмарскиот триаголник.

— реклама —

Соговорниците разговараа и за одличната соработка како земји-сојузнички во НАТО, како и за актуелни регионални, глобални и безбедносни прашања.

Во рамки на заедничката прес-конференција, министерот Муцунски истакна дека партнерството меѓу двете земји е резултат на повеќе од три децении доверба, соработка и заедничка визија.

„Денес го потврдивме тоа партнерство и поставивме основа за негово натамошно продлабочување – особено во економијата и трговијата, како клучни столбови на нашите односи“, изјави министерот Муцунски.

Во рамки на посетата на Варшава, министерот Муцунски оствари средба и со претседателката на Комисијата за ЕУ во Сејмот, Агњешка Помаска, на која се разговараше за евроинтегративниот процес на државата, како и за значењето на парламентарната соработка во унапредувањето на билатералните односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Македонија | пред 2 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања