Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Министерот Тимчо Муцунски во Париз се сретна со францускиот министер за Европа Бенџамин Адад, разговарајќи за унапредување на билатералните односи, политичкиот дијалог и економската соработка. Беше нагласен приоритетот на евроинтеграцијата, Реформската агенда и Планот за раст, како и потребата процесот да се забрза на мерит-основа. Муцунски оствари средби и со советници на Макрон за европски прашања. Со директорот на INSP Жером Филипини беше потпишана Декларација за намери за соработка во обука и професионален развој на високи службеници и дипломати.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Париз, Франција, оствари средба со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад.

На средбата стана збор за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка.

— реклама —

Министерот Муцунски нагласи дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда. Воедно истакна дека, заедно со Планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Двајцата министри се согласија дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека истиот треба да биде заснован на мерит-систем. Притоа ја нагласија и улогата на Република Северна Македонија како фактор на безбедност и стабилност во регионот, а стана збор и за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

— реклама —

Во рамки на посетата на Париз, министерот Муцунски оствари средба и со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр. На средбата беа разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа.

Воедно, министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и Националниот институт за јавни служби (INSP). Со тоа се отвораат нови можности за соработка во обуката и професионалниот развој на високи државни службеници и дипломати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Македонија | пред 2 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања