Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Муцунски во Брисел: Работни средби за европската интеграција на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Елизабет Вернер.

— реклама —

За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МНРиМТ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Македонија | пред 2 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања