Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Македонија успешно евакуираше 380 свои и 78 странски државјани, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryols4h4h7f31h9ucU4a9

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави.

Во гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан“, Муцунски посочи дека изминатата година била особено предизвикувачка за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое трипати се соочило со сложени кризни ситуации со значителни логистички и безбедносни предизвици.

— реклама —

Тој потсети дека по трагедијата во Кочани институцијата учествувала во организирањето на извлекување на 115 повредени македонски граѓани, нивно лекување во странство и нивно враќање во државата. Подоцна следела и безбедносната криза меѓу Иран и Израел, кога биле организирани евакуации на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток.

Муцунски нагласи дека во последната криза операцијата била дополнително сложена бидејќи македонски граѓани престојуваат во повеќе држави во регионот, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Израел.

— реклама —

„Сметам дека во сите три ситуации постапивме успешно како институција, а повратните реакции од граѓаните покажуваат дека државата стои зад нив и дека може да сметаат на поддршка во најтешките моменти“, изјави Муцунски.

Тој посочи дека со четири организирани евакуациони летови биле евакуирани вкупно 458 патници, од кои 380 македонски државјани и 78 странски државјани.

„Во минатото знаевме да бидеме држава која бара солидарност. Денес сме држава која во тешки времиња нуди солидарност на своите соседи и на своите меѓународни партнери“, рече министерот.

Муцунски нагласи дека во ваквите операции најважен приоритет е безбедноста на граѓаните и дека зад ваквите активности стои широка координација на повеќе институции и дипломатско-конзуларни претставништва.

„Кога сте македонски граѓанин, треба да знаете дека имате држава и институции кои стојат зад вас“, порача Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Македонија | пред 2 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања