Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Муцунски: Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во Европската Унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mucunski-c

Муцунски изјави дека државата внимателно ги следи дебатите во ЕУ, но главен надворешнополитички приоритет останува отворање преговори и што побрзо членство. Посочи дека за промена на методологијата за проширување е потребен консензус, кој моментално не постои. Тој ја критикуваше опозицијата дека направила големи отстапки (вклучително и промена на името) без да обезбеди старт на преговори, и оцени дека СДСМ нема кредибилитет за надворешна политика, повикувајќи на поддршка за Владата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во вестите на Алсат ТВ истакна дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат.

 „Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш неостварен стратешки, надворешнополитички приоритет на државата е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија“, нагласи тој.

— реклама —

 Тој додаде дека, од аспект на начинот на кој се носат одлуките во Европската Унија, за евентуална промена на методологијата или на правилата поврзани со проширувањето е потребен консензус.

 „Според тоа што го слушаме, постојат повеќе различни идеи за тоа како одредени земји членки или групи на земји членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката за проширување. Но она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус по ниту едно од овие алтернативни решенија“, додаде министерот.

— реклама —

 Коментирајќи го односот на опозицијата, министерот Муцунски истакна дека станува збор за политички субјект кој го промени името на државата, вети дополнителни уставни измени и направи значителни национални отстапки со цел напредок кон европскиот пат.

 „Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале“, заклучи тој.

 Тој додаде дека СДСМ како политички субјект нема апсолутно никаков кредибилитет да предлага политики во областа на надворешната политика.

 „Веројатно подоблесно би било да се извини за сите грешки во минатото и да даде целосна поддршка на Владата, која се обидува да врати дел од позициите на национално достоинство“, истакна Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo2vipiguk6i267m7bA3

Муцунски во Женева: Потребно е побрзо и заедничко делување за одржлив развој

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6kp392kkg4scbPdaR0o

Средба Муцунски – Шакалиев: Фокус на економска соработка со Казахстан

Македонија | пред 2 дена

media-library5u34lbncjb2j9WVoZrC

Стратешки дијалог Скопје–Вашингтон: Фокус на безбедноста, економијата и технологијата

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo7vfk80i6s6d5xXt1CX

Евроинтеграцијата во фокус: Муцунски оствари средби во Париз

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања