Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на ЕУ, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryo1mhv9dm2fcs3KQlnvI

Министерот Тимчо Муцунски учествуваше на Budapest Balkans Forum 2026 во Будимпешта и говореше на панел за Централна Европа и Западен Балкан во новата геополитичка ера, нагласувајќи дека во услови на безбедносни предизвици е неопходна заедничка и брза соработка. Тој истакна дека државата е проевропска и усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, но очекува проширувањето да биде јасно, кредибилно и предвидливо, со реципрочна предвидливост од земјите членки. Муцунски ја нагласи важноста на Коридорите 8 и 10 и изградбата на интерконектор со Грција за пристап до LNG, како и стратешкото партнерство со Унгарија и можностите за инвестиции и поддршка на европскиот пат на регионот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на меѓународната конференција Budapest Balkans Forum 2026, која се одржува во Будимпешта, Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања.

— реклама —

Министерот Муцунски се обрати на воведната дебата на високо ниво на тема „Централна Европа и Западниот Балкан во новата геополитичка ера“, заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, и заменик-претседателот на Владата за надворешни и европски прашања на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

— реклама —

Во дискусијата, министерот Муцунски нагласи дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција.

— реклама —

Државата го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија заедно со Хрватска, која денес веќе е членка на Унијата, а во изминатите години направивме сериозни национални отстапки. Нашето општество е проевропско, Владата е фокусирана на европските реформи и на целосна усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но очекуваме процесот на проширување да биде јасен, кредибилен и предвидлив“, истакна министерот Муцунски во рамки на панел-дискусијата.

 Тој додаде дека државата е посветена на тоа да биде предвидлив партнер на Европската Унија, но дека истата таква предвидливост и кредибилност се очекуваат и од земјите членки.

Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки. Знаеме дека припаѓаме на Европа, но очекуваме таа предвидливост да биде целосно реципрочна.“, нагласи Муцунски.

 Воедно ја нагласи и стратешката важност на Коридорите 8 и 10, како од безбедносна така и од трговска перспектива.

 Нашиот фокус во моментов е на два многу важни европски коридори кои се пресекуваат токму во нашата земја – Коридор 8 и Коридор 10. Тие се значајни и од политичко-безбедносен, но и од економски и трговски аспект. Во енергетиката, во процес сме на изградба на интерконектор со Грција, кој ќе ни овозможи пристап до LNG гасот што доаѓа од пристаништето Александруполис“, посочи министерот.

Муцунски го истакна и значењето на односите со Унгарија, со која државата има воспоставено стратешко партнерство.

Тоа стратешко партнерство отвори многу можности за соработка меѓу двете држави. Има значајни инвестиции од двете страни, кои ние како влади ги олеснуваме, со цел проширување на пристапот до пазарот за унгарските компании кои доаѓаат во нашата земја, но и за македонските компании кои инвестираат или работат во Унгарија. Ја гледаме Унгарија како наш стратешки партнер и важен поддржувач на европскиот пат на регионот“, заклучи министерот Муцунски во своето обраќање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mucunski-3

„Ќе бидеме први во Европа“ – Муцунски најави стратешки дијалог со САД

Свет | пред 2 дена

media-library6rmqli5l19vvbpaY2Ap

Муцунски во работна посета на Варшава, зајакнуваат економската соработка и трговската размена

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1iej14tbnbn4cf7V3w

Зајакнување на соработката во образованието: Муцунски се сретна со Роксана Минзату

Македонија | пред 6 дена

media-libraryveqrv3tlg5tt1mzRusm

Муцунски оствари средба со еврокомесарката Кос за напредок во ЕУ интеграциите

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања