Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ШЕКЕРИНСКА

MO-Sekerinska-Brisel_3

Шекеринска: НАТО целосно го поддржува дијалогот Белград–Приштина

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за одржување на мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска.Во соопштението на Алијансата се наведува дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво, а континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот.Според Шекеринска, сојузниците се согласиле да ја засилат поддршката за напорите насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како предуслов за долгорочна стабилност на регионот.

Македонија | пред 1 седмица

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

СДСМ го осуди однесувањето на Вучиќ кон Шекеринска: Тоа е пример за шовинистички политички речник

СДСМ го осуди однесувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кон Радмила Шекеринска, заменик-генерален секретар на НАТО, на маргините на Минхенската безбедносна конференција 2026 година, оценувајќи дека станува збор за навредлив и понижувачки настап.Од партијата наведуваат дека Вучиќ, во својата изјава, ја споменал Шекеринска на начин што, според СДСМ, го потенцирал нејзиниот пол со понижувачка конотација, поврзувајќи ја со прашања за сецесија и со Косово. Во реакцијата се посочува дека ваквиот пристап претставува навреда наместо аргументирана политичка расправа.СДСМ оценува дека ваквиот речник е дел од политички стил што, како што наведуваат, се темели на дискредитација и лични напади. Според нив, ваквиот однос кон жени на високи функции придонесува за негативна политичка клима и ја поткопува родовата рамноправност.Партијата изразува целосна поддршка за Радмила Шекеринска, истакнувајќи дека таа нема поврзаност со обвинувањата за сецесионизам и дека нејзиниот ангажман во НАТО, според СДСМ, е доказ за нејзината професионалност и меѓународен кредибилитет.Во реакцијата се наведува дека СДСМ останува посветен на политиките за родова еднаквост и на унапредување на улогата на жените во јавниот и политичкиот живот. Партијата нагласува дека нападите врз жени во политиката не смеат да се нормализираат и дека јавната дебата мора да се води со аргументи, а не со лични квалификации.

Македонија | пред 1 месец

media-library2obemuhrg4chd17kUsf

Вучиќ: „Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“

„Од Шекеринска можат да се слушнат многу работи што немаат многу смисол“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Минхенската безбедносна конференција, критикувајќи ја заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нејзината изјава дека Хрватска и Албанија се сигурни партнери на НАТО и дека нивната воена соработка има цел да придонесе за стабилноста во регионот, оцени дека таа, како и многу други, „не сака да ја вметне во својата гледна точка она што е вистина и очигледно“. Според него, тоа се видело и кога таа зборувала за сецесионизмот и Република Српска, пренесе РТС.Тој нагласи дека доколку Шекеринска се задржела само на повикот за политички дијалог меѓу земјите од Западен Балкан, немал што да додаде. „За жал, Радмила Шекеринска зборуваше и за други работи што навистина немаат многу смисол“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, таа сакала да ја критикува Република Српска кога изразила загриженост за сецесионистички изјави и одлуки во регионот.„Ова ни го кажуваат луѓе кои доведоа до сецесија, барем според нив, на дел од територијата на Србија – помеѓу 13 и 14 проценти“, рече Вучиќ, алудирајќи на прашањето за Косово. Тој порача дека оние кои зборуваат за регионот треба да покажат повеќе почит кон Србите и да внимаваат на изјавите.Вучиќ во своето обраќање се осврна и на изјави поврзани со настаните во Бањска и на страдањето на вработени во РТС, наведувајќи дека постои селективен пристап во толкувањето на настаните.Воедно, тој ја коментираше и изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, во врска со наводен воен сојуз меѓу Србија и Унгарија. „Немаме воен сојуз со никого. Ние сме воено неутрална земја. Имаме воено-техничка соработка со повеќе од сто земји во светот, понекогаш поинтензивна, понекогаш помалку интензивна“, изјави српскиот претседател.Тој додаде дека Србија добила и документ од Соединетите Американски Држави поврзан со Одборот за мир, кој, како што рече, ќе биде разгледан во наредниот период.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-05-04-at-09.25.57

(Видео) Шекеринска одговори што ќе биде со НАТО ако САД се откаже членството, но и кога Украина ќе стане членка

Познатиот тиктокер Макс Клименко, кој е роден во Украина а живее во Обединетото кралство, е втор кој изминативе денови прави интервју со заменик генералната секретарка на НАТО Радмила Шенернска. Тој прво ја праша кога Украина ќе се приклучи на НАТО, на што таа одговори „Јас го немам одговорот“.Кога тиктокерот и посочи дека за Украина да се приклучи, треба само да се гласа, Шекеринска рече дека за тоа се потребни 32 гласа. На крајот беше прашана што ќе биде со НАТО ако САД се откажат од членството во НАТО.„Го прашав НАТО повторно за Украина. За целиот свет е очигледно дека Русија не сака мир. Тие го покажаа ова со отфрлање на секој продолжен предлог за прекин на огнот или мировен план. Нивната основна цел да ја избришат независна Украина од картата не се променила и нема да се промени. На Украина ѝ се потребни сојузници, а на сојузниците им е потребна Украина за да победат. Патот на Украина кон НАТО е неповратен, а приклучувањето на Украина кон Алијансата е од суштинско значење за европската и глобалната безбедност“, напиша тиктокерот Клименко.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-03-at-11.07.39

(Видео) Шекеринска се качи на скала и даваше интервју: Ако работата беше храна, мојата ќе беше мусака

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, се качи на скала и учествуваше во шоуто „Career Ladder“, каде одговараше на прашања поврзани со нејзината работа.Во најавната шпица на ова претпознатливо шоу, оди тонско парче во кое низ шега се вели „Се надевам нема да ти се мочка, зошто е време за напредување во кариерата“.На прашањето „Ако работата ти беше храна, која храна ќе беше?“, Шекеринска рече: „Мусака, сѐ во едно тавче“:Инаку, ова шоу има милионска публика.

Магазин | пред 10 месеци

sekerinska

Шекеринска шокирана: Немам никаква поврзаност, ниту сум интервенирала за возачот

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска регираше на обијавите каде нејзе ја посочуваат дека интервенирала за пуштање на возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, кога Обвинителството го гонело за дрога.„Длабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова. Од почит кон нивната болка и загуба не сакав јавно да реагирам, но гледам дека некои нелуѓе и криминални структури продолжуваат да лажат и да ловат во матно дури и при вакви лични, семејни и општествени трагедии и на необјаснив начин да ме ставаат во контекст на сообраќајката во која е убиена Фросина Кулакова.Најдиректно сакам да ги демантирам СИТЕ такви наводи - тие се целосна, безобразна и исконструирана лага за која не постои НИКАКВА ОСНОВА.Одговорно тврдам дека со НИТУ ЕДНО од споменатите лица немам никаков контакт, познанство ниту пријателство: ниту со сторителот ниту со неговиот родител, а уште помалку со судијката што одлучувала за неговите предмети. Со ниту едно! Дополнително, сите што ме познаваат го знаат мојот став за овие прашања. Како и сите вие, и јас се плашам кога мои блиски ја поминуваат ,,Партизанска" (особено кај ,,Силбо"). Како многумина од вас, и јас сум реагирала на беснеењето на возачите што мислат дека правилата не важат за нив и дека нашите улици се писта за нивните комплекси и покажување ,,сила”. И никогаш, ама буквално НИКОГАШ не сум се јавила на НИКОЈ за да побарам ургенција за каква било сообраќајна грешка. НИКОГАШ! Некои пријатели ми замериле поради тоа (што не сум “им завршила работа”), но сум стоела зад мојот став, бидејќи искрено верувам дека неказнивоста води кон повторување на делата, а тоа значи само чекор до трагедија.НИКОГАШ за НИКОГО не сум се јавила за да побарам ваква ургенција и затоа бев шокирана кога видов дека некој почнал да шири вакви обвинувања за мене без НИКАКВА причина, ниту доказ. Неточни се, но и нелогични бидејќи во годината во која биле носени тие судски одлуки, јас не сум имала никаква функција ниту позиција на моќ од која би можела да вршам такво влијание.За жал, очигледно е дека некои структури можат да продуцираат и најнелогични и целосно исконструирани лаги - доволно им е да имаат интерес и наредбодавател.Токму поради трагедијата и потребата сите ИНВОЛВИРАНИ да одговараат - се надевам дека ширењето невистини и обвинувања без основа нема да бидат искористени за да се кријат ВИСТИНСКИТЕ сторители и соучесници“, вели Шекеринска.

Македонија | пред 1 година

Foto-1

Функцијата на Шекеринска е државно признание, вели Сиљановска Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-15

Мицкоски за Шекеринска: И честитав за изборот за заменик-генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.„Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

sekerinska

Шекеринска: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа, успехот не е само личен, туку е успех и на нашата држава

„Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција“, напиша Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.„Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

loga-minister-696x401-1

„Пред 10 години никој не можеше да замисли дека Македонија ќе биде членка на НАТО, а уште помалку дека наша сограѓанка ќе биде на чело“, Лога со честитки до Шекеринска

„Пред десет години, никој не можеше да замисли или да поверува дека Македонија ќе биде членка на една од најголемите воени организации во светот, како НАТО, а уште помалку дека една наша сограѓанка ќе биде на чело на истата. Овој избор покажува дека правилните и стратешки одлуки, без разлика колку се тешки за една држава или народи, носат конкретни придобивки и резултати“, кажа Кренар Лога, потпретседател на АА.„Затоа, и последниот чекор што ѝ преостанува на Северна Македонија во врска со уставните измени претставува завршен километарски камен за да станеме членка на Европската Унија.Честитки и многу успех на нашата сограѓанка, Радмила Шекеринска, во нејзината нова задача во НАТО. Честитки за европска Македонија, честитки за НАТО!“, додаде Лога.

Македонија | пред 1 година

gerasimovski-centar-1

Герасимовски: Центар е горд на Шекеринска

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки за именувањето на Радмила Шекеринска за нов заменик-генерален секретар на НАТО.„Радмила Шекеринска, нашата Центарка, ја продолжува својата извонредна кариера со историски успех! По речиси две децении како клучен играч на македонската политичка сцена, таа е избрана за заменик-генерален секретар на НАТО – прв висок функционер од Западен Балкан, но и од земја надвор од ЕУ која ја добива оваа позиција.Верувам дека со Шекеринска, Алијансата ќе биде уште позајакната и посилна. Жените многу добро знаат како треба да се води, огромни честитки Радмила!”, напиша Герасимовски.

Скопје | пред 1 година

shekerinska1

„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво“: Филипче со честики до Шекеринска

„Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО - најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку социјалните мрежи.„Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.Назначувањето на Шекеринска е уште еден потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да јавнесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

MO-Sekerinska-Brisel_3

Шекеринска стана втор човек во НАТО

Поранешната македонска министерка за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања