Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Шекеринска: НАТО целосно го поддржува дијалогот Белград–Приштина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
MO-Sekerinska-Brisel_3

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петер Соренсен, истакна дека Западниот Балкан има клучно стратешко значење за Алијансата и дека НАТО дава целосна поддршка на процесот за нормализација на односите, кој се води под покровителство на ЕУ.

— реклама —

Шекеринска нагласи дека партнерството меѓу НАТО и Европската Унија е од суштинско значење за одржување на мирот и стабилноста во Косово и поширокиот регион.

— реклама —

„Преку мисијата КФОР, НАТО продолжува да прави сè што е воено возможно на терен за да го заштити мирот, во корист на сите луѓе што живеат во Косово. Но, конечното решение за трајна регионална стабилност е политичко. За таа цел, НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и напорите на специјалниот претставник Соренсен“, изјави Шекеринска.

— реклама —

Во соопштението на Алијансата се наведува дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е на високо ниво, а континуираната координација ќе биде клучна за напредокот на дијалогот.

Според Шекеринска, сојузниците се согласиле да ја засилат поддршката за напорите насочени кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како предуслов за долгорочна стабилност на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

65717207620215fa45d0e545827251_v4_big

НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор

Свет | пред 5 часа

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Свет | пред 2 дена

rute

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања