Сијарто тврди дека деталите од состанокот на ЕУ стигнале до Лавров преку медиуми и тајни служби
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој се најде во центарот на дипломатски скандал поради наводите дека на Сергеј Лавров пренел детали од состанок на официјалните лица на ЕУ, тврди дека целиот случај е поврзан со „странски разузнавачки служби“.Според неговите зборови, странските разузнавачки органи се обидуваат да се вмешаат во внатрешните работи на Унгарија преку новинарот на медиумите „Direkt36“ и „VSquare“, Саболч Панји, поврзан со кругови на Фидес и со поранешниот предизборен тим на политичарката Анита Орбан, инаку една од водечките опозициски политичари.Според Сијарто, Панји го предал бројот на телефонот на Сијарто на тајната служба на една земја-членка на ЕУ, што овозможило потенцијално следење на разговорите на министерот, пренесе „Magyar Nemzet“.Панји изјавил дека не е само пријател на Анита Орбан, туку и дека соработува со оваа политичарка од Тиса, партија која важи за фаворит на претстојните избори на 12 април.Сијарто посочил дека ѝ помага и понатаму во професионални прашања и дека порано работел во нејзиниот предизборен тим.Тој особено предупреди дека ваквите настани ја ставаат во прашање сувереноста на Унгарија и чие влијание би спроведувала потенцијалната нова влада.Сијарто додаде дека и Брисел е „активен учесник“ во овој обид за интервенција, додека Панји призна разговор со странски разузнавачки служби, но не откри идентитет на државата.„Стана јасно, дека и Брисел е активен играч во овој обид за интервенција“, заклучи шефот на унгарската дипломатија.
Свет | пред 5 дена