Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Унгарија и Словачка бараат од Хрватска транспорт на руска нафта преку Јадранскиот нафтовод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
sijarto

Унгарија и Словачка во неделата побараа од Хрватска да дозволи транспорт на руска нафта преку Јадранскиот нафтовод, откако Украина ги блокираше нивните испораки преку нафтоводот „Дружба“, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој на својот Фејсбук-профил наведе дека, со оглед на тоа што Украина „од политички причини“ сѐ уште не ја обновила испораката на нафта преку цевководот „Дружба“, заедно со словачката министерка за економија Дениса Сакова испратил писмо до хрватскиот министер за економија Анте Јуп, во кое од Хрватска се бара веднаш да дозволи транспорт на руска нафта во Унгарија и Словачка преку Јадранскиот цевковод.

— реклама —

Сијарто напомена дека таквата дозвола мора да биде издадена во согласност со прописите на Европска Унија, бидејќи Унгарија и Словачка претходно добиле исклучителна дозвола да продолжат да купуваат нафта од Русија и покрај санкциите на ЕУ.

„Ако транспортот на нафта преку цевковод не е можен, тогаш двете земји можат да купуваат руска нафта испорачана по морски пат“, додаде Сијарто.

— реклама —

Тој нагласи дека безбедноста на енергетското снабдување за која било земја, вклучително и Унгарија, не може да биде идеолошко прашање.

„Затоа очекуваме Хрватска, за разлика од Украина, да не ја загрози безбедноста на снабдувањето со нафта на Унгарија и Словачка од политички причини“, додаде тој.

Сијарто претходно изјави дека Украина ги блокира испораките на нафта за Унгарија со цел да создаде тешка ситуација за владата на таа земја во пресрет на парламентарните избори закажани за 12 април.

Украина соопшти дека снабдувањето е прекинато поради руски напад врз инфраструктурата на нафтоводот на 27 јануари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library26j96d86m3ts7wv3jPO

Пленковиќ: Хрватска може да ги снабдува Унгарија и Словачка со нафта

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

Словачка бара Европска комисија да изврши инспекција на нафтоводот Дружба

Свет | пред 1 месец

media-libraryj6tam3guo0b5a71RSJt

По оштетувањето на нафтоводот „Дружба“: ЕК не гледа закана за снабдувањето со нафта

Свет | пред 2 месеци

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Членка на Европската Унија и НАТО: Повеќе нема да ѝ помагаме на Украина

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања