Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКРМ

media-libraryra540ugtli8701x0s5O

СКРМ алармира за притисок врз вработените во Театар Гостивар: Се заплашуваат дека театарот може да биде затворен поради судските трошоци

Синдикатот на културата преку објава на социјалните мрежи алармира дека вработените во Театар Гостивар се соочуваат со сериозен притисок и страв по донесувањето на осум правосилни судски пресуди, кои ги засегаат нивните финансиски права. Според СКРМ, лицата што вршат притисок се одговорни за последиците, а непочитувањето на судските одлуки може да претставува кривично дело.„Денес, СКРМ дојде до сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар по донесените осум правосилни судски пресуди.Вработените во институцијата се изложени на силни притисоци и им се наметнува чувство на вина, како тие да се одговорни за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, се заплашуваат дека поради нив, театарот може да биде затворен, а тие да останат без работа.Воедно, на вработените не им се доставува програмата за работа, со образложение дека средствата од програмата ќе се пренаменат за покривање на судските трошоци.СКРМ веќе цела година јавно укажува на последиците кои ќе настанат доколку министерот за култура не ја признае грешката во пресметката на платите во културата.Сите последици што произлегуваат од оваа состојба се директен резултат на таквите незаконски насоки и неодговорниот однос.Вработените во културата не прават ништо повеќе од тоа што го користат своето Уставно загарантирано право – преку судски постапки да го остварат она што им следува, а им било ускратено со незаконски акти и упатства донесени од надлежните.Одговорноста за последиците мора да ја сноси оној што ги донел тие одлуки.Доколку продолжи притисокот врз вработените, СКРМ ќе ги преземе сите законски мерки за нивна заштита. Лицето кое врши притисок ќе биде јавно посочено, а против него ќе бидат покренати соодветни постапки.На крај, упатуваме јасна порака до в.д. директорот на Театар Гостивар:Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат и спроведуваат.Платите на вработените треба да се пресметуваат согласно законите и колективните договори, во целост како што е утврдено во судските одлуки.Непочитувањето на судска пресуда претставува кривично дело“, велат од СКРМ.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Синдикатот на културата реагира: Разрешувањето на директорот на Театар Гостивар е реваншизам на министерот Љутков

Синдикатот на културата реагира по разрешувањето на директорот на Националната установа Театар Гостивар, обвинувајќи за реваншизам од страна на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Од СКРМ велат дека разрешувањето доаѓа откако во оваа институција биле донесени правосилни судски пресуди во корист на вработените во културата и нагласуваат дека судските одлуки мора да се почитуваат.„Правосилните судски пресуди во корист на СКРМ и вработените во културата беа донесени во Националната установа Театар Гостивар.И токму таму, вчера, по брза постапка беше разрешен директоротСега основано се поставува прашањетоДали секој што ќе постапи спротивно на желбите на министерот, ќе биде санкциониранПравосилните судски пресуди мора да се почитуваат. Платите на вработените во Театар Гостивар мора да бидат исплатувани согласно судската одлука без разлика дали тоа му се допаѓа на министерот или неМинистерот претходно разрешуваше Управни одбори, кога носеа Одлуки спротивни на неговите желби, за потоа новите членови на Управните одбори донесат одлуки по негова желба. Сега еве почна да разрешува и директори, небаре тие се виновни што судот донел правосилна пресуда и размислуваат малку поинаку од него.Кога ја имаш власта се можеш да направиш, но едно нешто не можеш , а тоа е да ја сокриеш вистината!Вистината, како што велеше еден поранешен премиер, е како шило, колку и да се обидувате да ја притиснете, на крајот секогаш излегува на виделина.А правосилните судски пресуди не можат ниту да се укинат, ниту да се поништат, ниту да се запалат.По нив мора да се постапува, министре.И тука не се декларира никаква политика како што велите,туку судска одлука министре!“, велат од Синдикатот на културата.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarym0agt1li53q60gQ8ys4

СКРМ бара Љутков да ги објави јавно документите: Кога на јавна дебата министре?

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) повторно реагираше на изјавите на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакнувајќи дека прашањето не е во висината на износот за кој се водат споровите, туку во почитувањето на законите, колективните договори и работничките права.Од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција произлегува впечаток дека и неговите поранешни јавни настапи во поддршка на синдикалните барања биле мотивирани пред сè од политички, а не од принципиелни позиции.Затоа денес сосема легитимно се поставува прашањето: доколку неговата политичка партија не беше на власт, а истите проблеми постоеја во културата, дали денес министерот ќе застанеше на прес од партиска говорница со поддршка за Синдикатот или е силно убеден во тоа што денес го говореше.Во однос на наводите изнесени на неговата прес-конференција, должни сме јасно и одговорно да ја информираме јавноста за следното:Во Колективниот договор за култура не постојат привилегии за одредени групи вработени. Во сите неговите одредби се користи поимот работник, без какво било разграничување по дејност, професија или институција.Синдикатот никогаш не побарал права или поволности кои не би важеле подеднакво за сите вработени во секторот култура.Во однос на изјавата дека раководството на СКРМ бара администрацијата и локалните установи да бидат исклучени од "сите решенија" "за привилегија на едни, а исклучување на други", констатираме дека е доста конфузна и нејасна а, ваквите неточни наводи умислено се користат во обид да го дестабилизираат синдикалното делувањеʼ “како по книга”, особено ако се земат предвид изјавите на министерот пред раководството на СКРМ дека „не може библиотекар во Делчево или Кочани да прима иста плата како тој во Скопје“, или дека тој лично разговарал со гредоначалници од внатрешноста за висината на платите во локалните установи.Ваквите “сламка” изјави на министерот претставуваат интенционен простор за поделби меѓу вработените и создаваат впечаток дека намерно се конструира наратив за наводни привилегии, со цел да се дискредитира синдикалната борба.Доколку министерот има искрена намера да ги унапреди правата на балетските уметници преку бенифициран работен стаж, тоа може да го направи во секое време, со едноставна законска интервенција – преку измена на Законот за култура. За такво решение не е потребен нов Колективен договор.Во однос на теренскиот додаток, станува збор за право од работен однос утврдено со Закон и Колективен договор и применливо за сите вработени во културата, вклучувајќи ги и уметниците, кои ги исполнуваат условите. Доколку во одредени институции тоа право досега не било применувано, а вработени биле испраќани на работни задачи надвор од седиштето на установата повеќе од три последователни дена, станува збор за пропуст на раководствата на тие институции, а не за барање или постапка на Синдикатот.Синдикатот на културата категорично ги отфрла обидите вчерашната прес-конференција на СКРМ, да се дискредитира со квалификации кои не придонесуваат за институционален дијалог. Наместо квалификации, очекуваме аргументи и транспарентност.Затоа го повикуваме министерот јавно да ги објави сите документи на кои се повика во неговиот прес. Јавноста има право не само да слуша изјави, туку и да види дали тие се поткрепени со факти.Затоа што фактите се поинакви. Во моментов постојат права утврдени со закон и со важечкиот Колективен договор кои не се почитуваат. Во такви услови, сосема е оправдано прашањето: како ќе се зборува за унапредување на правата, кога ни постојните не се спроведуваат?СКРМ не бара незаконска пресметка на платите. СКРМ не бара минимална плата од 39 631 денар.СКРМ бара платите да се пресметуваат во согласност со законите и колективните договори.Ова не е ултиматум, туку легитимно инсистирање на почитување на правниот поредок и на работничките права.И не станува збор за 471 или за 1331 денари, колку и да сакате да ги девалвирате “смешните суми”.Станува збор за принцип, за закон и за правда.Зошто со скратување на едно право, се отвара простор за кратење на друго.Повторуваме,Да, постојат осум правосилни судски пресуди кои ја потврдуваат основаноста на барањата на синдикатот и кои мора да бидат почитувани и спроведени.Судските пресуди не се „доставуваат однапред“ до Синдикатот, можеби е тоа вашиот начин.Тие се објавуваат на судско рочиште и стануваат дел од судскиот записник, пред официјалната достава на пресудата. Дискредитацијата што се прави на судот кој што ги усвоил тужбените барања- како “влијание на Синдикатот врз судските постапки” најмеко кажано претставува огледална рефлексија на нечиви други делувања и постапувања.И за крај, министре Љутков – наместо конфронтација со Синдикатот, имавте можност да покажете лидерство и да застанете зад својата професионална фела и зад својот ресор, имате примери на којшто може да се угледате.Можевте да бидете горд, како што премиерот Христијан Мицкоски јавно изразува гордост за платите во високото образование, кои се резултат на заложбите на оваа Влада.Тогаш ќе требаше само да барате резултати – и од раководствата на институциите и од вработените – наместо да се обидувате да ја претставите синдикалната борба како проблем и што ли уште не.Но за таков пристап потребни се и политичка зрелост, минимум суета и институционална одговорност – нешто што, за жал, вчера не го видовме.И едно нешто што вчера не слушнавме на пресот е - Кога на јавна дебата министре или таму нема да ги собере сите што ја изигруваат правдата“, велат од СКРМ.

Македонија | пред 2 седмици

paridenari1

СКРМ бара денеска да биде исплатена платата за август за вработените во „Охридско лето“: Односот на Министерството за култура е крајно нехуман

„Министерството за култура и туризам, ги спори прекувремените саати на вработените во НУ Охридско лето, кои за време на фестивалот ги одработиле, но сега само за месец август, откако истите им ги исплати по планот за месец јуни и јули. Август, како и јуни и јули оваа година не се поразлични од ниту едно лето претходните 10-15 години наназад. Денес тие 20 вработени во Охридско лето, прават сѐ, односно ја вршат целата работа околу организацијата на фестивалот што не е малку, имајќи ја предвид програмата и посетеноста на фестивалот“, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија.„Сегашниот однос на Министерството за култура и туризам со неисплаќањето на августовската плата, а со тоа оставајќи 20 луѓе со дел од нивните семејства без здравствено осигурување е за осуда и е крајно нехумано и непрофесионално, правејќи проблеми за ситуација која со години е непроменета и функционира.Го молиме Министерот за култура и туризам, да застане на страна на вработените, да им ја исплати платата, а со тоа и здраственото осигурување за месец август и сега веќе и за месец септември, а доколку понатаму утврди дека постоеле неправилности соодветно да ги санкционира, за што ќе ја има и поддршката на СКРМ. Вработените не се должни да ги трпат меѓуинституционалните недоразбирања и процеси кои можат да траат уште долго“, додава Синдикат на културата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања