Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СКРМ алармира за притисок врз вработените во Театар Гостивар: Се заплашуваат дека театарот може да биде затворен поради судските трошоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryra540ugtli8701x0s5O

СКРМ алармира дека по осум правосилни судски пресуди, вработените во Театар Гостивар се под силен притисок, заплашувани дека театарот може да се затвори и дека тие се виновни за финансиските обврски. Се тврди и дека не им се доставува програмата за работа, со најава дека средствата ќе се пренаменат за судски трошоци. Синдикатот бара пресудите да се спроведат, платите да се пресметуваат според закон и колективни договори и најавува законски мерки, потсетувајќи дека непочитување пресуда е кривично дело.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Синдикатот на културата преку објава на социјалните мрежи алармира дека вработените во Театар Гостивар се соочуваат со сериозен притисок и страв по донесувањето на осум правосилни судски пресуди, кои ги засегаат нивните финансиски права. Според СКРМ, лицата што вршат притисок се одговорни за последиците, а непочитувањето на судските одлуки може да претставува кривично дело.

„Денес, СКРМ дојде до сериозно загрижувачки информации за состојбите во Театар Гостивар по донесените осум правосилни судски пресуди.

Вработените во институцијата се изложени на силни притисоци и им се наметнува чувство на вина, како тие да се одговорни за финансиските обврски што произлегуваат од судските постапки. Дополнително, се заплашуваат дека поради нив, театарот може да биде затворен, а тие да останат без работа.

Воедно, на вработените не им се доставува програмата за работа, со образложение дека средствата од програмата ќе се пренаменат за покривање на судските трошоци.

СКРМ веќе цела година јавно укажува на последиците кои ќе настанат доколку министерот за култура не ја признае грешката во пресметката на платите во културата.

Сите последици што произлегуваат од оваа состојба се директен резултат на таквите незаконски насоки и неодговорниот однос.

Вработените во културата не прават ништо повеќе од тоа што го користат своето Уставно загарантирано право – преку судски постапки да го остварат она што им следува, а им било ускратено со незаконски акти и упатства донесени од надлежните.

Одговорноста за последиците мора да ја сноси оној што ги донел тие одлуки.

Доколку продолжи притисокот врз вработените, СКРМ ќе ги преземе сите законски мерки за нивна заштита. Лицето кое врши притисок ќе биде јавно посочено, а против него ќе бидат покренати соодветни постапки.

На крај, упатуваме јасна порака до в.д. директорот на Театар Гостивар:

Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат и спроведуваат.

Платите на вработените треба да се пресметуваат согласно законите и колективните договори, во целост како што е утврдено во судските одлуки.

Непочитувањето на судска пресуда претставува кривично дело“, велат од СКРМ.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl0ipp35hhbg7ccf7YVw

„Колективниот договор не се чепка“ – најавен протест на културните работници на 16 април

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryden4ejr0ko1i1jMkdEK

Синдикатот на културата најавува протест по велигденските празници и генерален штрајк

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg8juc06h8dfr7SZjS3T

СКРМ: Колективниот договор не се чепка – тоа е изборена правда

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Синдикатот на културата реагира: Разрешувањето на директорот на Театар Гостивар е реваншизам на министерот Љутков

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања