Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СРБИЈА

Screenshot-2025-02-16-at-10.23.55

,,Бунтот против режимот нема да запре”, студентите на протест во 34 градови во Србија

Студентите на блокадата во обид да докажат дека цела Србија е обединета во политичката битка, најавија протест наречен „Подемот на Србија“, кој ќе се одржи во 34 градови низ Србија.„Целта на протестот е да бидеме преброени, да покажеме дека сме на сите места и дека граѓаните низ цела Србија го поддржуваат ова студентско движење, дека се будни и покажуваат бунт“, велат студентите кои бараат распишување предвремени парламентарни избори повеќе од еден месец.„Идејата за организирање протести на повеќе локации дојде како природно продолжение на студентската борба што трае повеќе од шест месеци, од потребата да се чуе гласот на незадоволните не само од големите градови, туку и од сите средини каде што граѓаните чувствуваат дека нивните права и волја се игнорираат“, велат организаторите и велат-бунтот што го започнаа студентите против режимот нема да запре.

Свет | пред 9 месеци

belgrad

Дојави за поставени бомби на повеќе локации, Белград под полициска опсада

Министерството за внатрешни работи на Србија, соопшти дека бомби се пријавени на неколку локации во Белград.Една од пријавените бомби била и на пазарот на булеварот „Крал Александар“.Полициска истрага е во тек.Во минатото низ Белград имаше лажни дојави за бомби во училишта, универзитети и градинки.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2024-04-07-at-13.20.14

Ќе се реконструира случајот за исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка

Апелациониот суд во Ниш наложи дополнување на истрагата во постапката за повторно одлучување во случајот со исчезнувањето и смртта на двегодишната Данка Илиќ, оценувајќи дека е потребно дополнително да се разјаснат околностите и да се провери валидноста на собраните докази, вклучително и одбраната на сообвинетите.Според официјалното соопштение, новиот судски совет, со променет состав, ќе има обврска да спроведе реконструкција на настанот под идентични услови со цел попрецизно да се утврди фактичката состојба, но и повторно да ја испита мајката на Данка, Ивана Илиќ.„Реконструкцијата на настанот мора да се изврши според исказот на секој поединечен обвинет, особено според исказот на мајката Ивана Илиќ, која мора повторно да биде испитана како сведок - сите под исти метеоролошки услови, во исто време од денот, и со идентичен распоред на зградите и паркираното возило во дворот на куќата во населбата Бањско Поље, како и положбата на службените возила на улицата во близина“, се наведува во образложението.Реконструкцијата ќе се базира на досега собраните докази – вклучувајќи извештаи од местото на злосторството, скици од местото на настанот, фотографии и стручни мислења.Апелациониот суд истакнува дека описот на кривичното дело во однос на обвинетиот Радослав Драгиевиќ содржи внатрешни противречности и е правно неодржлив.„Се наведува дека Драгиевиќ е основано осомничен дека му помогнал на Срѓан Јанковиќ, соизвршителот на тешкото убиство, иако е опишано и како Дејан Драгиевиќ го убил детето, го донел телото дома и, со знаење на таткото, обвинетиот Радослав, повторно го преместил во напуштена куќа. Подоцна, самиот Радослав го преместил телото повторно на друга, непозната локација“, се наведува во одлуката.Со оглед на императивните одредби од Кривичниот законик, судот мора да утврди дали постои основа за обвинението против Радослав Драгиевиќ, со оглед на тоа дека според законот, лице кое му помага на крвен роднина по извршувањето на кривично дело или не го пријави тоа не е казниво.Според Блиц, ова значи дека судиите кои претходно биле вклучени во случајот (на пр. при одредување притвор, испитување на обвинителниот акт или негово проширување) не можат да учествуваат во новата одлука. Поради ова, Вишиот суд во Зајечар побарал назначување на нов совет, а Апелациониот суд во Ниш предложил случајот да се префрли на најблискиот повисок суд во регионот - Вишиот суд во Неготин.

Свет | пред 10 месеци

Нема фотографија

Вучиќ итно хоспитализиран на ВМА во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше примен на Военомедицинската академија.Претседателот бил пречекан од министерот за здравство Златибор Лончар и од д-р Драган Динчиќ, поранешен лекар на Борис Тадиќ, објавија Телеграф и Блиц.Вучиќ ја прекина посетата на САД, каде што требаше да се сретне со претседателот Доналд Трамп, бидејќи му се слошило.Јавноста за здравствената состојба на српскиот претседател ќе биде подетално информирана во наредните денови.

Свет | пред 10 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

На Вучиќ му се слошило, ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград

На српскиот претседател Александар Вучиќ нагло му се слошило. Затоа ја прекинал посетата на САД и е на пат кон Белград.Синоќа побарал медицинска помош. По ова, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.По ова, Вучиќ нема да се појави на највените настани кои беа цел на посетата на САД:куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп, средби со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и српски претприемачи од САД.За негивата здравствена состојба, кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста во наредните денови.Вучиќ претходно изјави дека во никој случај нема да ја откаже посетата на Москва на 9 мај, но сега и присуството на парадата е доведена во прашање.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си. Кој друг може да го направи тоа?

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека ќе отпатува во Москва на 8 мај за да го одбележи Денот на победата, и покрај критиките од Западот.„Му ветив на Путин пред осум месеци и си стојам на зборот. Мојот збор значи нешто. Не одам од каприц, туку од почит и личен интегритет. Одам, освен ако не се случи нешто драстично или не добиеме сериозни закани“, рече Вучиќ.Тој додаде дека следните 15 до 20 дена се клучни за Србија, не само поради посетата на САД, туку и поради најавените пристигнувања на европски претставници во Белград. „Ќе ми кажат да не одам во Москва, но нема да ме убедат. Тврдоглав сум“, рече тој со насмевка.Вучиќ се осврна и на наводните најави за санкции од Брисел за лидерите кои ќе присуствуваат на церемонијата во Москва: „Сите во Брисел само мене ме споменуваат. Фицо, Си Џинпинг, Лула, никој не е тема. Само што ќе правиме со Вучиќ? Тоа е веќе опсесивно.“Вучиќ нагласи дека останува посветен на европскиот пат на Србија и покрај сите притисоци. „Мојот мандат наскоро завршува. Со или без мене – Србија ќе остане на европскиот пат. Тоа им го ветивме на граѓаните“, рече тој.Тој исто така рече дека нема да ја напушти политиката под притисок однадвор: „Ако заминам, тоа ќе биде по моја слободна волја. Ако некој ме отстрани од странство – тоа би бил најголем срам“.Вучиќ рече дека планира да му го врачи орденот на рускиот патријарх Кирил на 8 мај и дека се надева на кратка средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. „Замислете, билатерална средба со американскиот претседател, потоа со рускиот и кинескиот. Кој друг може да го направи тоа?“, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа „го подигнало меѓународниот углед на Србија“.Тој, исто така, коментираше за можните обвинувања од домашната јавност за тоа: „Премногу е доцна за обоена револуција. Тој воз помина – веќе во февруари. Во март, протестите веќе стивнуваа, дури и во Белград“.Вучиќ рече дека ќе ги штити интересите на Република Српска (РС) во секое време, но почитувајќи го територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.„Во разговорите со американските претставници, ги истакнав двојните стандарди, тие нè бомбардираа кршејќи ја Повелбата на ОН, а сега се огорчени од истите работи на друго место“, рече тој.Тој, исто така, го критикуваше ставот на меѓународната заедница кон Косово и РС: „Некои во Сараево велат дека Косово е независно, а кога Додик не прифаќа нелегална одлука, тој веднаш е криминалец. Ова се двојни стандарди“.

Свет | пред 10 месеци

srbija-protesti-rts

Студентите ја прекинуваат блокадата на РТС, нов голем протест во Белград на 1 мај

Белградските студенти вчера вечерта ја прекинаа двонеделната блокада на две згради на Радио телевизија на Србија (РТС), откако парламентарниот одбор за култура и информации претходно усвои одлука за распишување нов конкурс за членови на советот на Регулаторната агенција за електронски медиуми (РЕМ).Блокадата започна на 14 април со барања за непристрасно известување од страна на јавниот сервис за студентското движење, социјалната и политичката криза во земјата и за избор на нови членови на одборот на државното регулаторно тело во околности кога повеќето печатени медиуми и телевизии со национален опсег се под влијание или контрола на владата.Студентското движење се појави на бран антивладини протести предизвикани од смртта на 16 лица при уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Тие бараат кривична и политичка одговорност од властите за оваа трагедија и бараат борба против корупцијата, слободно и уредно општество и независно работење на институциите.Од 22 ноември минатата година, студентите, со поддршка на голем дел од академската заедница и мноштво општествени групи, блокираат повеќе од 60 факултети на сите четири државни универзитети, а властите ги нарекуваат нивните протести „обоена револуција“.Блокадата на РТС заврши на денот кога полицијата претходно во понеделник употреби сила против студентите и демонстрантите во Нови Сад во обид да го внесе деканот во зградата на Факултетот за спорт и физичко образование, кој имаше намера да ги спречи студентите да го блокираат тој факултет.Во пресметка со полицијата, која употреби палки и бибер спреј, студентка доживеа потрес на мозокот откако беше погодена во главата со полициски штит.Властите ги обвинија студентите и демонстрантите за насилство, нарекувајќи ги фашисти, а протести се одржаа во неколку градови во понеделник вечерта поради зголемената репресија врз студентското движење, кое се обидува да ја прекине повеќемесечната блокада на факултетите.Во исто време, српските студенти продолжуваат со уште една своја акција во обид да го привлечат меѓународното внимание кон кризата во земјата. По неодамнешната повеќедневна велосипедска трка наречена „Тура до Стразбур“, во тек е штафетен ултрамаратон до Брисел.Студентските маратонци тргнаа од Нови Сад на 25 април, а во првите четири дена, со топли пречеци во Осиек, Вировитица и Вараждин, синоќа пристигнаа во Грац.Нивната намера е да трчаат до Брисел пред новата сесија на Европскиот парламент, а целта е дополнително да го привлечат вниманието на лидерите на Европската унија кон настаните во Србија и целите на студентското движење во борбата против корупцијата, за слободно и уредно општество, независно функционирање на институциите и слобода на медиумите.Европската комесарка за проширување Марта Кос ќе пристигне во Белград во вторник попладне, каде што ќе има одделни разговори со претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, новиот премиер Ѓуро Мацута и српскиот претседател Александар Вучиќ.Најавен е голем заеднички протест на студенти и синдикати за 1 мај во Белград, по повод Меѓународниот ден на трудот.

Свет | пред 11 месец

print-skrin-studenti-belgrad

(Видео) Студентите во Белград го блокираа РТС, дојде до тепачка со полицијата

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите.Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест.Студенти од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до понатамошно известување“. Раководството на РТС вчеравечер преку соопштение оцени дека студентите „незаконски го блокираат“ јавниот сервис.„Блокирањето објекти и спречувањето на вработените во јавниот сервис да ја вршат работата за која се законски одговорни претставува неприфатлив притисок врз медиумите во кои граѓаните со години покажуваат најголема доверба“, објави РТС.Директорот на РТВ Горан Караџиќ употреби поинаков речник, оценувајќи дека студентите преку блокадата ги „киднапирале“ вработените во медиумската компанија, а нивната акција ја нарече „тероризам“. Додека протестот и блокадата во Белград продолжуваат и се одвиваат без инциденти, РТС продолжува да ја емитува својата програма без прекин. Студентското движење излезе на бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

ЕУ му се закани на Вучиќ дека оди на парадата во Москва; Захарова: Ова е евронацизам

Србија би можела да биде блокирана во процесот на пристапување во Европската унија доколку нејзиниот претседател Александар Вучиќ следниот месец отпатува во Русија на парадата за Денот на победата, објави вчера Телеграф.Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, овие предупредувања од Европската унија ги нарече „евронацизам“.„Ако ова е вистина, тогаш евронацизмот се оживува пред нашите очи“, рече Захарова.„Пред 80 години, фашистите на ист начин ги принудија оние што ги сметаа за „граѓани од втор ред“ да се откажат од својата татковина, народ и религија“, објави таа на нејзиниот канал Телеграм.Руските државни медиуми објавија дека Александар Вучиќ ќе биде еден од странските великодостојници на настанот, како и дека Србија ќе учествува со воени единици и опрема на спектаклот на 9 мај. Како одговор, европските претставници го предупредија Вучиќ дека неговата посета ќе ги прекрши критериумите за членство во ЕУ и со тоа ќе ги загрози европските амбиции на Србија.„Мораме јасно да им ставиме до знаење дека одредени одлуки имаат цена. Последицата е тоа што нема да влезе во Европската унија. Русите многу се трудат да доведат странски гости... Ова ќе биде важен тест за нас. Во суштина, бараме да видиме дали тие се на наша страна или играат за друг тим“, рече Џонатан Всевиов, генерален секретар на естонското Министерство за надворешни работи.Каја Калас, највисокиот дипломат на Европската унија, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ на вчерашната средба разговарале за учеството на земјите кандидати на церемонијата во Москва.„Се разговараше многу јасно и неколку земји-членки рекоа дека секое учество на паради или прослави на 9 мај во Москва нема да биде сфатено лесно од европската страна, имајќи предвид дека Русија води вистинска, сеопфатна војна во Европа“, изјави таа за новинарите по состанокот.Србија долго време се обидува да одржи добри односи и со Брисел и со Москва во исто време.Таа аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година и доби статус на кандидат во 2012 година. Пристапните преговори на Србија беа закочени во последниве години поради нејзината очигледна поддршка за илегалната инвазија на Русија на Украина.Белград одби да воведе западни санкции кон Русија како одговор на војната, која повеќето земји-членки на ЕУ ја бараат како услов за членство. Русија е сопственик на единствената нафтена рафинерија во Србија и одбива да ја продаде, со што Србија економски зависи од Москва.Каја Калас беше принудена да ги предупреди другите членки на ЕУ да не учествуваат на парадата на Денот на победата на Путин, која оваа година ја одбележува 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.Словачка, членка на ЕУ со блиски врски со Москва, исто така е поканета на настанот следниот месец.Роберт Фицо, премиерот на Словачка, минатата година рече дека ќе присуствува и е еден од ретките лидери на ЕУ кои се сретнале со Путин во повеќе од три години откако Русија ја нападна Украина.Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се смета за најблизок сојузник на Путин во Европа, нема да присуствува.„Ги поканив сите членки, како и претставниците на институциите, да го посетуваат Киев што е можно почесто за да ја покажеме нашата солидарност и дека стоиме покрај Украина“, рече Калас.

Скопје | пред 11 месец

1741093198-Screenshot-2025-03-04-135943

Српскиот парламент денеска избира нова влада

Српскиот парламент денеска ќе одржи седница на која ќе се избере нова влада.Ендокринологот Ѓуро Мацут кој го доби мандатот од претседателот Вучиќ, ќе го образложи предлогот за членовите на неговиот кабинет и ќе го презентира планот и програмата на новата влада, по што ќе се отвори дебата за кандидатот, програмата и кандидатите за членови на Владата.За прв потпретседател и министер за финансии е предложен досегашниот Синиша Мали, а заменик премиер и министер за внатрешни работи останува Ивица Дачиќ. Трет вицепремиер е Андријана Месаровиќ, која ќе го задржи и ресорот економија.Според предлогот, Братислав Гашиќ треба да раководи со одбрана а други предлози се Марко Ѓуриќ (министер за надворешни работи), Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ (министер за рударство и енергетика), Златибор Лончар (министер за здравство), Никола Селаковиќ (министер за култура) и Милан Кркобачиќ треба да ги задржат ресорите.За нов министер за образование е предложен Дејан Вук Станковиќ. Овој предлог предизвика и најмногу негативни реакции во јавноста.Ресорот евроинтеграции треба да го води Немања Старовиќ, кој во претходната влада раководеше со Министерството за труд. За овој ресор во новата влада е предложена Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковиќ, која беше министерка за семејна грижа и демографија во претходната влада.Драган Гламочиќ е предложен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сара Павков за министерка за заштита на животната средина, Јагода Лазаревиќ за министер за внатрешна и надворешна трговија, Ненад Вујиќ за министер за правда, Снежана Пауновиќ за министерка за државна администрација и локална самоуправа, Демо Бериш за министер за човекови, малцински права и социјален дијалог.За министри без ресор се предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Миличевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура.Владата се избира доколку за нејзиниот избор гласало мнозинството од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 пратеници.

Свет | пред 11 месец

74f95d16-f940-481f-ba91-75f903665bb8

(Видео) Студентите во Белград ја блокираа зградата на РТС, ги обвиинуваат дека „киднапираат вработени“ и прават „тероризам“

Студентите од универзитетите во Белград и Нови Сад вчера вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до дополнително известување“.Студенти од Белград и Нови Сад координираа акции за блокирање на РТС, РТВ во новосадски Мишелук и студиото на РТС во белградската населба Кошутњак, што РТС го нарече „незаконска блокада“.Насловната вест на порталот на РТС е дека студентите „незаконски ги блокираат“ зградите на РТС во Белград и зградата на РТВ во Нови Сад. Во веста за блокадата, РТС наведува дека во пресрет на собирот, студентите во блокадата на белградските факултети на својот Инстаграм објавиле: „Јавниот медиумски сервис работи против сите нас“.„Студентите во блокадата вечерва се собраа пред двата јавни медиумски сервиси. Во протестна прошетка стигнаа до РТВ и ги блокираа влезовите во зградата. Студентите од Нови Сад најавија 24-часовна блокада. Пред РТС на улица Таковска и во Кошутњак, белградските студенти бараат да се распише конкурс за членови на советот на Регулаторното тело за Елект“, стои во известувањето на РТС. Директорот на РТВ Горан Караџиќ излезе со соопштение во кое се наведува дека вработените во РТВ биле „киднапирани“ и студентската акција ја нарече „тероризам“. Протестите и блокадите се одвиваат без инциденти.Студентското движење излезе од бранот протести предизвикани од смртта на 16 лица во урнатата настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, а од властите бараат кривична и политичка одговорност за трагедијата и бараат борба против корупцијата и непристрасно дејствување на институциите без политички притисок и влијание.Во тек е и велосипедската „Тура до Стразбур“ чија цел е да ги информира лидерите на Европската унија за состојбите во земјата која веќе неколку месеци се соочува со социјална и политичка криза. Во вторник попладне се очекува студентите-велосипедисти да пристигнат во Стразбур. 

Свет | пред 11 месец

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ во Претседателството ги чита пораките од граѓаните по митингот: Меѓу писмата има и покана за свадба

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на третиот ден од парламентот, кој беше организиран по повод формирањето на движењето, им се обрати на граѓаните од Претседателството и чита дел од пораките што му ги испратија граѓаните.Граѓаните оставија писма и пораки, но и предлози за името на движењето на штандовите што беа поставени во рамки на собранието „Нема да ја дадеме Србија“, на платото пред Народното собрание на Србија, пишува РТС.Додека ги читал писмата, наишол на покана за свадба од Марина и Горан од Рума, на која, како што пишува Курир, рекол: „Испратете подарок!“Се насмеал на писмото од Илија кој има само 13 години и кој му порача да се занимава со политика и историја. Претседателот му рекол да учи.Нема да се фрли никаков приговор, прашање, петиција, сѐ ќе се чита, но не можете да им помогнете на сите, но одговор ќе биде испратен до сите. Помагаме почесто отколку што се слуша“, рече Вучиќ.Претседателот утрово за време на директниот пренос зборуваше и за документите за пристапување во народното движење, прашувајќи од кои делови на Србија се потписите. Тој додаде дека полицијата имала само толку работа да го насочи сообраќајот, нагласувајќи дека се било мирно, а атмосферата е величествена.

Македонија | пред 11 месец

poddasd

(Видео) Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

На тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“, кој се одржува во Србија, отидоа и Македонци дел од здружението „Мир, слога, стабилност“. Тие имаа организиран превоз, а се претпознатливи по капите и маиците кои ги носат. Македонка, застана и пред камерите во Србија, сама се понуди да даде изјава.„Ние сме од Скопје, Македонија. Дојдовме да го поддржиме“, рече таа па кога ја прашаа „А што поддржувате?“, избега со трчање и рече „Ајде бегајте.. (н.з.)Претходно беа обајвени и фотографии од Македонците кои отидоа на митингот на Вучиќ.[caption id="attachment_326839" align="alignnone" width="1410"] Screenshot[/caption]

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-12-at-18.55.48

(Видео) „Благодарам Србија“ напиша Вучиќ за собирот „Не се откажуваме од Србија“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави фотографии од националниот собир и им се заблагодари на луѓето кои дојдоа да го поддржат.„Благодарам Србија“- напиша претседателот во пресрет на централната манифестација.Централниот настан на тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“ започна во 19 часот, а од утрово во центарот на Белград пристигнуваа луѓе од цела земја каде во моментов се собрани огромен број граѓани.

Свет | пред 11 месец

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f694096

(Видео) Полицијата насилно ги тегнеше и отстрани студентите за да поминат автобусите со поддржувачи на Вучиќ

Денеска студентите, легнати на патот со жив ѕид ги блокираа автобусите со поддржувачите на Вучиќ, кои доаѓаат од Нови Пазар кон Белград. Во Белград се оддржувa тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата.Полицијата насилно ги отстрани студентите.Насобраните и студентите извикуваа: „Срам ви е”.Додека автобусите поминуваа, граѓаните и студентите им викаа „Чаци“.Studenti blokirali prolaz pristalicama SNS iz Novog Pazara, policija reagovala. 👇Posted by Sto Plus on Saturday, April 12, 2025

Свет | пред 11 месец

vucic-mandator

Ендокринологот Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата српска влада

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес конференција соопшти дека мандатaр за состав на новата Влада на Србија е Ѓуро Мацут.@Донесувам одлука за предлог на кандидат за претседател на Владата на Република Србија. Точка 1. На Народното собрание на Република Србија му го предлагам за кандидат за претседател на Владата на Република Србија професор д-р Ѓуро Мацут. Точка 2. Доставете ја одлуката до Народното собрание на Република Србија. Точка 3. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното објавување на Републичкиот весник на Србија. Сметам дека професорот д-р Ѓуро Макут поседува професионални и лични квалитети, посветеност и експертиза за извршување на функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на влада. Новиот премиер на Република Србија ќе продолжи да спроведува програми насочени кон подигање на животниот стандард на сите граѓани, проекти во областа на здравството, образованието, науката и технологијата, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат, притоа зачувувајќи и дополнително унапредувајќи ги традиционално добрите односи и соработка со пријателските земји во светот. Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба ЕКСПО 27 Белград, која во голема мера ќе ја претставува инвестициската основа во мандатот на новата влада“, рече Вучиќ.Професорот д-р. Ѓуро Мацут е роден во Белград, а дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград.Рокот за формирање на нова Влада е 18 април на полноќ, а доколку тоа не се случи, претседателот на Републиката е должен да го распушти Собранието и да распише избори, кои, според законот, би се одржале на почетокот на јуни.

Свет | пред 11 месец

cedomir-jovanovic-03-Tanjug-Dimitrije-Goll_1000x0-1

Чедомир Јовановиќ повикан во полиција

Претседателот на Либерално-демократската партија (ЛДП) Чедомир Јовановиќ е повикан во полиција откако денеска во студиото на ТВ Танјуг изнесе неколку детали за инцидентите на протестот на 15 март, а меѓу другото и дека во градското собрание на Белград имало 200 вооружени лица кои ги донел ракометарот Владимир Мандиќ.Лидерот на ЛДП доби СМС-порака во која го поканува од Секторот за внатрешна контрола на МВР да го контактира само заради дискусија за неговото гостување на ТВ Танјуг.,, Со задоволство. Нема да се откажеме никогаш, а ни тогаш”, одговорил Јовановиќ на СМС поканата да се јави во полициска станица.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-06-at-12.34.04

(Видео) Снег ја покри Србија

Пролетта календарски пристигна, но зимата не се предава. Неколку сантиметри снег, и покрај најавите од метеоролозите ја изненадија Србија.Снежна покривка има на Златар, Тара, Јавор, Златибор, а нејзината висина е неколку сантиметри. Снег во моментов вее на овие планински падини, како и во Сјеница, Чајетина и Нова Варош, јавува агенцијата Рина.,,Најголем дел од снегот остана на планините околу 1100 метри надморска височина, така што нашите екипи најмногу работеа над Суви Бор на Златар кон Сјеница и над Тара на патот Кремно – Бајина Башта. Главниот пат низ Златибор е посипан со сол, а на коловозот нема снег”, велат надлежните.Температурата во овој дел на Србија утринава се движи околу нула степени, а како што велат метеоролозите, покрај априлскиот снег наскоро ќе пристигне и априлски мраз.Снег има и на територијата на општина Топола, Краљево, а во раните утрински часови падна и во Белград, но и кај Пријепоље, каде рано утрово имаше голем одрон на релација Ивање – Сопотница, поради што сообраќајот едвај се одвиваше. $bp("videoBox-2084331", {"id":"34612","width":"600","height":"338","video":"2084331","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ верува во воен сојуз со Унгарија

]Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека верува во формирање одбранбен сојуз на Србија и Унгарија.Министрите за одбрана, Криштоф Салаи Боровницки и Братислав Гашиќ, денеска во Белград потпишаа документ со кој се конкретизира договорот за стратегиска соработка на Унгарија и Србија во областа на одбраната од 2023.Вучиќ изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање воена алијанса или воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.За 2025 Будимпешта и Белград договориле 79 одбранбени активности во кои спаѓаат заеднички обуки, хеликоптерски и други вежби, соработка во секторите на наменските индустрии, сајбер безбедноста, мировните операции, военото образование и медицината.,,Нè очекува многу заедничка работа во воената област. Сè што правиме значи поголема безбедност за граѓаните на двете земји. Благодарение на Орбан и на неговата влада имаме мир, бидејќи тие во 1999 година не дозволија копнена офанзива од нивната територија”, изјави Вучиќ.Србија од декември 2006 година е членка на програмата на НАТО Партнерство за мир.Од почетокот на конфликтот во Украина Србија не учествува во воени вежби ни со Истокот ни со Западот.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-19-at-09.39.26

Српскиот хирург Дугалиќ: Јавно се откажувам од колегите кои го пуштија Вучиќ да влезе на интензивна нега

Професорот на Медицинскиот факултет и хирург на Првата хируршка клиника на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Владимир Дугалиќ, за Фонет изјави дека посетата на претседателот Александар Вучиќ на пациенти од Македонија на одделот за интензивна нега е „срамна политичка пропаганда“, пренесуваат српски медиуми.Дугалиќ истакна дека понекогаш се кае што е дел од лекарската професија кога ќе види како некој пушта „ненадлежен човек без капа“ на интензивна нега, каде пристапот е строго забранет дури и за членовите на семејството на пациентите.Професорот Дугалиќ нагласи дека „изгорениците се отворени рани“ и дека пациентите кои се жртви на пожарот во Македонија се „животозагрозувачка состојба“.Тој рече дека поради ова јавно се одрекува од „колегите кои му дозволиле на Вучиќ да влезе на интензивна нега“, оценувајќи дека тоа е учество во политичка пропаганда која директно ги загрозува животите на луѓето.Во оваа политичка пропаганда, како што наведе, учествува и министерот за здравство Златибор Лончар, на кој според Дугалиќ повеќе не може да му се верува бидејќи е подреден на власта.На прашањето како е можно лекарите од УКЦ да му дозволиле на Вучиќ со голи раце да допира пациенти со изгореници опасни по живот, Дугалиќ одговори дека тој и неговите „нормални колеги се згрозени“ и повтори дека се одрекува од „оние колеги кои учествуваат во тој тип на политичка пропаганда“ на начин што може да ги загрози животите на пациентите. „Неетичко, неморално, нехумано“: српски лекари згрозени од посетата на Вучиќ на тешко повредени лица од Македонија„Ова не е првпат претседателот да посетува пациенти опасни по живот. Тој го направи истото со посета на повреден млад човек на Воено-медицинската академија, кој настрада откако се урна настрешница, а сите се сеќаваме кога влезе во стерилниот блок во Институтот за мајка и дете кај дете кое беше онколошки пациент. Ова сега е особено важно бидејќи се работи за изгореници кои според сите медицински правила би требало да се третираат во апсолутно стерилни простории, таканаречени стерилни шатори, во целосна изолација. Ова е слично на пациентите кои се подложени на трансплантација на кожа, каде и донаторите и примателите мора да бидат во стерилни услови со денови. Механизмот на повреда е сличен, се оштетуваат големи површини на кожата“, објаснува пулмологот д-р Славица Плавшиќ, специјалист по белодробни заболувања, за Нова.рс.Она што го направи претседателот, посочува таа, е врв на срамот.„Тој не влезе сам во просторијата каде што се пациентите, туку со тим од десетина луѓе. Нема зборови со кои може да се опише колку е страшно. Соседната земја ни испрати голем број пациенти бидејќи порано имавме добар здравствен систем, а сега се уште имаме одлични лекари. Хуман гест од нашата земја е да се примаат пациенти. Треба да се однесуваат достоинствено, особено по ваква трагедија, а нашиот претседател ги посетува како турист, што е за секоја осуда. Опасностите за пациентите се многубројни“, додава таа.„Најголема опасност е инфекцијата, затоа што и најбезопасната може сериозно да го загрози таков пациент. Сите оние во Ургентен многу добро знаат каква е процедурата и какви се правилата и мерките во такви случаи, но не ги почитуваат. Јас работев на интензивна нега долго време, и бе би влегол внатре никој, и по цена на отказ или било што, а не претседателот и медиумите. Вучиќ дури и го допираше пациентот, што никому не смее да му биде дозволено освен на персоналот во заштитни одела. За такви посети и снимање би морале да имаат согласност од пациентот, а тоа не верувам дека го добиле ниту од нив, ниту од нивните семејства“, нагласува д-р Плавшиќ, додавајќи дека Светската здравствена организација, а пред се Лекарската комора на Србија и Српското лекарско друштво, кои, очигледно, „вечно молчат“, треба да реагираат на „вакво загрозување човечки животи“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-17-at-14.14.48

Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина тагуваат со Македонија - прогласен ден на жалост

Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора.Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани.„Владата (Бугарија) изразува сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен, во вторник (18 март) на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции. Во бугарските болници се згрижени 14 повредени во пожарот. Нашата земја е подготвена да прифати уште жртви. Бугарската држава обезбеди и превоз и сместување за роднините на повредените, за да можат да бидат во контакт и да им дадат поддршка на повредените“, се вели во соопштението на бугарската влада, пренесува БГНЕС.Со одлука на Владата на Србија, како што објави РТС, денеска е Ден на жалост и во Србија поради големиот пожар во Кочани, во кој животите ги загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.На државните институции и установите, националното знаме на Србија е спуштено на половина копје, а медиумите и културните установи се должни своите програми да ги прилагодат на Денот на жалост.Во Србија и Бугарија се хоспитализирани и дел од критично повредените во пожарот во Кочани. Според информациите на здравствените власти, во повеќе болници во Бугарија се наоѓаат 14 пациенти, а во Србија се згрижени и се на лекување 17 лица.Во земјава денеска е втор ден од седумдневната жалост за настраданите во трагедијата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во македонските амбасади низ светот.

Македонија | пред 1 година

484033104_10230558501325464_1357241238964170437_n

Со десет камери Вучиќ кај повредените од Кочани: „изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили“

Со над 10 камери и исто толку медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера влезе во болницата каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани. Ова наиде на жестоки критики кај дел од македонската и српската јавност, но предизвика и згрозување. Особено спорни, за јавноста, беа фотографиите кои Вучиќ ги сподели од повредените - кои беспомошно лежат во болничките кревети.„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници, без трошка политика во коментаров мој, изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили. Од срце благодариме за цела помош, најискрено, ама немојте ова“, напиша докторот Ненад Лазаров.Од овој настан има и видео материјали. На нив освен свесните пациенти кои се заблагодарија на помошта, има и лица кои не беа будни. Вучиќ одеше од кревет до кревет, а пред камерите, се елаборираше здравствената состојба на лицата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-10.37.10

Семејствата не даваат телата на нивните блиски да се носат во Србија на обдукција

Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.Засега, официјалните институции не дадоа дополнителни информации во врска со протестот на семејствата, ниту дали одлуката за транспортот може да биде изменета. Очекувањата се дека обдукцијата ќе помогне во расветлување на причините за трагедијата.

Свет | пред 1 година

srbija-makedonija

Во Србија 18 март ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Сочувство и помош од сите страни поради трагедијата во Кочани, каде според досегашните информации загинаа 59 лица.Владата на Србија на својата утрешна седница, според најавите ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани.„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја погоди Северна Македонија. Им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата на настраданите во пожарот и солидарност со народот на Северна Македонија во овие тешки моменти“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.Освен Србија, сочувство изразија и Бугарија и Грција и понудија да испратат медицинска помош во Македонија.Украинскиот претседател Володомир Зеленски, албанскиот претседател Бајрам Бегај, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, косовскиот премиер Албин Курти, се дел од државниците од Европа кои изразија сочувство до семејствата на загинатите и до македонскиот народ по трагедијата во Кочани.Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-15-at-20.25.44

(Видео) Колку луѓе има на протестот во Белград? Првичните проценки велат – 500.000

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Се чини дека цела Србија се собрала во главниот град и нема каде да падне иглата, бидејќи демонстрантите го пополнија секое последно место на централните улици на главниот град, пишува „Нова.рс“. Големината на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но соговорниците на „Нова.рс“ тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија.Божо Прелевиќ, адвокат и поранешен министер за внатрешни работи на Република Србија, за порталот Нова.рс зборуваше за тоа колку луѓе присуствуваа на денешниот собир.„Во моментов сум на протестот и можам да ви кажам дека Теразије, плоштадот Никола Пашиќ, улицата Крал Милан и плоштадот Славија се преполни... Како некој што учествуваше на 5-ти октомври, морам да кажам дека овде има повеќе луѓе и според мое верување, на протестот има повеќе од 500.000 луѓе. Не можам да проценам, затоа што е едноставно неразбирливо. Само што го поминав Зелени Венац, кој исто така е полн, а луѓето доаѓаат преку мостовите“, рече Прелевиќ.Тој наведува дека не е сигурен дали на митингот има 700 или 800 илјади луѓе, бидејќи не може точно да знае.„Ова е сигурно повеќе луѓе отколку на 5-ти октомври, не можете да поминете овде, но тогаш можевте. Не сите улици тогаш беа преполни, а денес се преполни. Полн е Мањеж, полн е и паркот Ташмајдан. Единствено е што Чациланд зазеде простор пред Собранието, но тоа е неспоредливо“, додаде тој.Тој тврди дека присуствувал на натпреварите на стадионот на Црвена звезда, на пример кога играле против Ференцварош и имало 130.000 луѓе, но вели дека тоа не се споредува со денешниот собир.„Тоа е некако... Тоа е мала работа во споредба со она што се случува денес“, објасни Прелевиќ.Денешниот одѕив на граѓаните го коментираше и Момир Стојановиќ, политичар и генерал во пензија, кој беше и шеф на Воената разузнавачка служба за Србија и Црна Гора.Тој тврди дека бил на денешниот митинг, а од Ниш дошол да им даде поддршка на младите.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања