Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СРБИЈА

media-libraryvtnunf7iv14v9HZ3UeV

24 март 1999: Денот кога започна НАТО агресијата врз СРЈ

Воздушните напади на НАТО врз Србија, или тогашна СРЈ, започнаа на овој ден во 1999 година. Се проценува дека околу 2.500 цивили биле убиени, вклучувајќи 89 деца, а околу 6.000 луѓе биле повредени.Мостови биле срушени, инфраструктурата била уништена, училишта, здравствени установи, медиуми, амбасади, културни споменици, цркви и манастири биле бомбардирани, а речиси и да нема град што не бил цел на бомбите на НАТО.Одлуката за бомбардирање на тогашната СРЈ беше донесена, за прв пат во историјата, без одобрение од Советот за безбедност на ООН, а наредбата до тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана.Кларк подоцна напиша во својата книга „Модерно војување“ дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ не само што се интензивирало кон средината на јуни 1998 година, туку и дека било завршено до крајот на август истата година.СРЈ беше нападната под изговор дека е виновна за неуспехот на преговорите во Рамбује и Париз за идниот статус на покраината Косово и Метохија.Откако одлуката да не се прифатат странски трупи беше потврдена од страна на српскиот парламент, кој предложи силите на Обединетите нации да го следат мирното решавање на конфликтот во Косово, НАТО започна воздушни напади со крстосувачки ракети и авиони врз неколку области на Србија и Црна Гора во 19:45 часот на 24 март 1999 година.Деветнаесет земји-членки на НАТО почнаа со бомбардирање од бродови во Јадранското Море, од четири воздухопловни бази во Италија, поддржани од стратешки бомбардери што летаа од бази во Западна Европа, а подоцна и од Соединетите Американски Држави. Прво, беа цел на напади касарните и единиците за воздушна одбрана на Армијата на СРЈ, во Батајница, Младеновац, Приштина и на други места.Речиси и да нема град во Србија кој не бил цел на силите на НАТО барем неколку пати во текот на 11-неделните напади.Претседателот Александар Вучиќ ќе присуствува на одбележувањето на Денот на сеќавање на загинатите во агресијата на НАТО во Врање.

Свет | пред 6 дена

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Во Србија уапсени тројца за интернет измама и перење пари преку криптовалути

Против три лица, М.Т.А. (34), К.А. (29) и Д.Ј. (48), ќе бидат поднесени кривични пријави за постоење основа на сомнение за извршени кривични дела измама и перење пари, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Акцијата ја спровеле припадници на МУП заедно со Службата за борба против високотехнолошки криминал и Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград.Се сомнева дека во текот на 2023 година, осомничените организирале интернет измама преку лажно претставена инвестициона платформа „OKE Green“, доведувајќи во заблуда голем број граѓани, кои биле оштетени за повеќемилионски износи. Жртвите биле мотивирани да извршуваат едноставни онлајн задачи со ветување за брза и сигурна добивка и потоа биле охрабрувани да уплаќаат сè поголеми суми.Преку претреси биле пронајдени електронски уреди и други предмети важни за истрагата. Собраните средства биле конвертирани во криптовалути и префрлани преку повеќе дигитални паричници за прикривање на потеклото. Станува збор за типичен модел на инвестициска измама со елементи на пирамидална (Понзи) шема, при која привидна добивка се создава со пари од нови учесници, без реална економска основа, а системот се распаѓа кога ќе престане приливот на пари.МУП апелира до граѓаните да бидат внимателни, да не веруваат на понуди на интернет кои гарантираат сигурна и висока добивка без ризик и да пријавуваат секоја сомнителна активност на надлежните органи.

Свет | пред 1 седмица

media-librarys40cufoqe57obPuaOVf

Нови сомнежи за кинадпирањето на Кајмакоски: нарачката е од лице кое се познава со пејачот?

Повеќе од еден месец по киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски, случајот добива нова димензија. Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ тврди дека постојат индиции оти нападот можеби бил нарачан од лице кое пејачот го познава.Станишиќ изјави дека одбраната располага со одредени информации и сомнежи, кои веќе се споделени со надлежните институции.„Имаме сомнежи поврзани со луѓе што Даниел ги познава и со кои имал контакт во минатото“, посочи адвокатот.Според него, извршителите на киднапирањето најверојатно биле ангажирани лица, односно странци. Врз основа на нивниот изглед и јазик, како што наведува, можно е да потекнуваат од Турција, Македонија или од Виена, каде Кајмакоски живеел подолг период.Клучното прашање, според одбраната, е кој стои зад нарачката и кој ги ангажирал киднаперите.Покрај психолошката траума, пејачот се соочува и со материјална штета. Неговиот автомобил, вреден околу 30.000 евра, бил задржан од полицијата заради вештачење, а по враќањето бил значително оштетен.„Штетата е околу 5.000 евра – оштетени се браникот, тркалото, радијаторот и целиот агол на возилото“, изјави Станишиќ.И покрај настанот, Кајмакоски повторно настапил во Белград, на истата локација каде што се случило киднапирањето, само една недела по инцидентот.Истрагата за случајот продолжува, а сторителите сè уште не се пронајдени.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryd5q3gv47kvmb4v32JUE

Ер Србија воведува директни летови од Белград до островот Брач

Националната авиокомпанија Ер Србија ова лето ќе воспостави директна авиолинија меѓу Белград и едно од најпознатите летувалишта на Јадранската обала – островот Брач.Новата сезонска линија ќе овозможи полесен пристап до популарните плажи и туристички атракции на Брач, вклучително и познатата плажа Златни Рат. Летовите ќе се реализираат два пати неделно, среда и сабота, во периодот од 20 јуни до 12 септември, а картите се веќе во продажба преку директните канали на Ер Србија и овластените агенти.Со оваа линија, компанијата дополнително го зајакнува своето присуство во Хрватска и на туристичкото пазариште, надополнувајќи ги постојните линии кон Сплит, Дубровник, Риека, Пула, Задар и Загреб.Новиот лет исто така овозможува поврзување со широка мрежа дестинации преку Белград, како што се Амстердам, Барселона, Берлин, Копенхаген, Рим, Франкфурт, Милано, Осло, Праг, Виена, Цирих и многу други.

Магазин | пред 2 седмици

hrvatska

Полемика во Србија: Министерството предупредува да не се патува за Хрватска, а „Ер Србија“ воведува нови летови

Додека Министерството за надворешни работи на Србија им препорачува на граѓаните да патуваат во Хрватска само во случај на неопходност, националниот авиопревозник Ер Србија најави проширување на летната понуда токму кон таа земја.Министерството неодамна го ажурираше својот систем за проценка на безбедносниот ризик, познат како „семафор за патувања“, во кој Хрватска е ставена во портокалова зона. Тоа значи препорака граѓаните на Србија да не патуваат таму доколку не постои итна потреба.Според соопштението, оваа препорака е донесена поради, како што се наведува, зачестени инциденти, зголемени тензии и неповолни безбедносни околности.Посебно се предупредува на организирани патувања, како спортски и културни делегации, за кои се препорачува претходна координација со надлежните институции за проценка на безбедносните ризици.Сепак, речиси истовремено со ова предупредување, Ер Србија најави нови летови кон хрватските туристички дестинации. Генералниот директор Јири Марек соопшти дека ова лето ќе бидат воведени две неделни линии кон островот Брач.Со ова, авиокомпанијата планира да има до 38 неделни летови кон Хрватска, вклучително 13 летови за Загреб, секојдневни летови за Дубровник, шест неделно за Сплит, пет за Пула, три за Задар и два за Ријека.Најавата за новите линии предизвика критики во Србија. Членката на претседателството на Странка на слободата и правдата, Валентина Рековиќ, оцени дека ваквите пораки покажуваат недоследност во државната политика.Според неа, ситуацијата отвора дилема дали безбедносните предупредувања биле политичка порака или доказ за неусогласеност меѓу државните институции.

Свет | пред 2 седмици

vucic-45345

Вучиќ: Нема да се срамам од српското оружје, Србија нема да дозволи да биде покорена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека државата ја зајакнува својата војска за да ја зачува слободата и независноста, а не за да напаѓа други земји.Говорејќи на предизборен собир во спортската сала во Аранѓеловац, Вучиќ порача дека граѓаните можат мирно да спијат, но дека никој не треба да помисли дека Србија може да биде покорена.„Србија ќе остане слободна и независна и ќе ја чуваме со сета наша сила. Затоа ја зајакнуваме војската“, изјави Вучиќ.Тој се осврна и на реакциите од регионот поради српското вооружување, коментирајќи ги изјавите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека за тоа ќе го извести НАТО.„Не мораш ти да го известуваш НАТО, јас ќе го известам. Не се срамам од она што српските раце го создадоа. За разлика од оние што сакаат да уништуваат српско оружје, јас сакам да ја зајакнам Србија“, рече Вучиќ.Тој нагласи дека Србија нема намера да нападне никого, но предупреди дека државата нема да дозволи некој да ја заплаши.Во говорот Вучиќ се осврна и на внатрешните политички тензии во земјата, тврдејќи дека во изминатата година и половина имало обиди за дестабилизација на Србија.„Се обидуваа да ја срушат Србија, да ги поделат луѓето и семејствата, да ги свртат младите против постарите“, рече тој.Вучиќ порача дека неговата политика е обединување на општеството и најави економски цели според кои до 2030 година просечната плата во Србија би требало да надмине 1.300 евра, а пензиите 750 евра.Тој додаде дека ќе се обиде да најде начин најниските пензии да растат побрзо од останатите, со цел да им се помогне на најсиромашните граѓани.

Свет | пред 2 седмици

benzine

Србија ја намали акцизата на горивата за 20 отсто

Владата на Србија донесе одлука привремено да го намали износот на акцизата за нафтените деривати за 20 проценти, а одлуката ќе се применува од денес до 15 април, соопштија од Министерството за финансии.Министерството изјави дека на крајот на февруари цената на нафтата од типот Брент за барел на светскиот пазар била 70,58 долари, а денес е 97,6 долари за барел, што е зголемување од 38,2 проценти за само две недели.Како што додаваат, поради порастот на цената на суровата нафта на светскиот пазар, државата го презема товарот и ги намалува износите на акцизите за оловниот бензин, безоловниот бензин, односно бензинот и гасните масла или дизелот.Одлуката за намалување на акцизите е донесена на вчерашната седница на Владата на Србија.Бидејќи акцизите ќе бидат намалени за 20 проценти, акцизата за дизелот, која сега изнесува 74,04 динари по литар, ќе биде намалена на 59,23 динари по литар, што е намалување од 14,81 динари по литар.Акцизата за бензин, која сега изнесува 72 динари, ќе се намали на 57,6 динари по литар, односно за 14,4 динари по литар.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Се подготвуваме за можен напад од Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисија во живо на Радио и телевизија на Србија (РТС) го коментираше за воениот сојуз на Хрватска, Албанија и како што тој го нарече, таканареченото Косово и рече дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина, пренесуваат медиумите во Србија.„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.Вучиќ ја коментираше и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека „Хрватска ќе го информира НАТО за вооружувањето на Србија“ во врска со балистичките суперсонични ракети.„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Трамп и Путин, големи претседатели кои решаваат сè. За мене нема мали работи, сакам моето наследство да биде мир, а не војни и конфликти. Во средината на никаде, пред вас се појавува воен сојуз – Албанија, Хрватска и таканареченото Косово. Морам да ја зачувам стабилноста во земјата“, рече Вучиќ.

Свет | пред 2 седмици

media-library1962sadu8gbl32A2EXX

Србија најмногу се вооружува на Западен Балкан, покажуваат податоците на СИПРИ

Србија во последните пет години увезла најголемо количество сложени системи на вооружување на Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).Според извештајот, Србија се наоѓа на 37. место во светот по увоз на сложени системи на вооружување, пред некои членки на Европската Унија во регионот, како што се Хрватска и Бугарија.Покрај најголемиот обем на увоз, Србија има и најголем воен буџет во регионот. Во периодот од 2020 до 2024 година, вредноста на српскиот буџет за одбрана била приближно шест пати поголема од буџетот на Албанија, која е втора по потрошувачка за одбрана на Западен Балкан.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна најави дека земјата во наредните година и пол ќе ги удвои своите воени капацитети.Воениот аналитичар Александар Радиќ оценува дека засиленото вооружување не е нов тренд и дека започнало уште во 2016 година. Според него, набавката на оружје често има и политичка димензија.„Купувањето на вооружување често е водено од политички мотиви. Понекогаш се создава впечаток дека и самата војска е изненадена од тоа што го добива, бидејќи повеќе се води сметка од кого се купува, отколку што се купува“, вели Радиќ.Според податоците на СИПРИ, Србија во последните пет години увезла сложени системи на вооружување од 13 различни држави. Најголем снабдувач е Кина, особено поради набавката на системи за противвоздушна одбрана со среден дострел, додека значајни донации пристигнале од Русија и Белорусија.Истражувачката на СИПРИ, Катарина Ѓокиќ, посочува дека во иднина структурата на снабдувачи може да се промени, бидејќи Франција и Израел би можеле да станат главни партнери на Србија доколку се реализираат веќе потпишаните договори.Според неа, разновидноста на снабдувачи покажува дека Србија нема јасен воен сојузник, но располага со финансиски средства и подготвеност да зема кредити за набавка на скапи системи на вооружување.Останатите држави од Западен Балкан значително заостануваат зад Србија. Албанија е втора во регионот, но се наоѓа дури на 103. место во светот, со увоз кој е околу шест пати помал од српскиот.Косово се наоѓа на 118. место, Северна Македонија на 138., Босна и Херцеговина на 144., а Црна Гора на 152. место меѓу вкупно 166 држави што увезуваат сложени системи на вооружување.Експертите предупредуваат дека иако количините на оружје во регионот се релативно мали во глобални рамки, политичката реторика и медиумските интерпретации често создаваат чувство на несигурност меѓу соседните држави, што потоа служи како оправдување за нови инвестиции во вооружување.Во такви услови, НАТО и понатаму останува клучен фактор за одвраќање и безбедност во регионот, иако неговата улога ќе зависи и од пошироките геополитички односи и динамиката во рамки на Алијансата.

Свет | пред 2 седмици

toni-cetinski-promo-205526

Српското здружение на потрошувачи повикува на бојкот на Тони Цетински

Српското здружение на потрошувачи „Ефектива“ повика на бојкот на хрватскиот пејач Тони Цетински, поради тоа што го откажа концертот во салата „Спенс“ во Нови Сад само неколку часа пред почетокот.Откако концертот беше откажан на денот кога требаше да се одржи, „Ефектива“ соопшти дека публиката има право на враќање на парите и ги повика граѓаните да го бојкотираат хрватскиот пејач.Погодените посетители имаат право на целосно враќање на платените билети (пари за билетот плус наплатена провизија). Исто така, оние кои поради концертот имаа дополнителни трошоци (превоз од друг град, сместување), имаат право на надомест за тие трошоци“, се наведува во соопштението.Здружението истакнува дека неговите членови во слични ситуации веќе покренувале постапки за надомест на штета, при што дел од нив завршиле со исплата на компензација.Посетителите се советуваат најпрво да испратат писмено барање до продавачот на билети за враќање на парите, а ако не добијат целосен надомест, можат да покренат потрошувачка постапка.Во објавата од здружението се критикуваат и организаторите и самиот пејач:Не дозволувајте да ве излажат замислените ѕвезди и организаторите и да ги земаат вашите пари. Овде не станува збор само за пари, туку и за потребата ѕвездите и организаторите кон својата публика да се однесуваат со повеќе почит“, наведоа од „Ефектива“, повикувајќи на бојкот на Тони Цетински поради, како што тврдат, непрофесионалниот однос кон публиката.

Магазин | пред 2 седмици

nafta-696x465-1

Владата на Србија го забрани извозот на нафта и нафтени деривати

Владата на Србија на вонредна седница донесе одлука за забрана на извозот на нафта и на сите нафтени деривати за погон на моторни возила.Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе носиме понатамошни одлуки. Суштината на оваа забрана е заштита на домашниот пазар од недостиг и од пораст на цените, како резултат на глобалните нарушувања на светскиот пазар“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, се наведува во соопштението на Министерството.Таа потсети дека Србија е земја во која граѓаните плаќаат нафтени деривати пониска цена во однос на нивната реална берзанска вредност и дека државата прави сè за да ги заштити граѓаните и стопанството.

Свет | пред 3 седмици

media-library791innqblcehbE1GKoF

НАТО ќе одржи заедничка воена вежба со Србија

Во мај годинава, НАТО ќе организира заедничка вежба со српската армија, објави Командата на здружените сили на НАТО во Наполи, Италија. Вежбата ќе се одржи на покана на Србија на полигон Боровац, кој српските вооружени сили го користат за подготовка на единици за меѓународни мисии, вклучувајќи операции за одржување мир под окрилието на Обединетите нации. Командата нагласи дека активноста ќе се спроведе со целосно почитување на прогласената политика на воена неутралност на Србија.Адмирал Џорџ Викоф, командант на здружените сили на НАТО, во петок ја посети Белград и се сретна со претседателот Александар Вучиќ. На средбата се дискутираше за зајакнување на соработката меѓу Србија и НАТО, со цел зачувување на воената неутралност на земјата.Вучиќ на својот профил на Инстаграм истакна дека ја потенцирал важноста на мисијата KFOR за одржување мир и безбедност, особено за заштита на српската заедница на Косово. Тој нагласи дека стабилноста во регионот зависи од продолжувањето на дијалогот и градењето меѓусебно доверба меѓу сите чинители.Претседателот Вучиќ потврди дека Србија останува посветена на соработката со НАТО преку програмата „Партнерство за мир“, со целосно почитување на своите национални интереси, суверенитет и политика на воена неутралност.

Свет | пред 3 седмици

media-librarymd7am7jdkk7eehxhSPW

Србија ја смести Хрватска како незбезбедна за патување, Македонија останува безбедна

Министерството за надворешни работи на Република Србија апелираше до сите граѓани кои планираат патување во странство однапред да добијат детални информации за безбедносната состојба во земјите на дестинација или транзит.За да се избегнат непријатности и потенцијални ризици, ажуриран семафор - совет за патување е достапен на официјалната веб-страница на Министерството.Според степенот на безбедност, сите земји се класифицирани во четири категории со кодови на бои, од зелена, што означува низок ризик, до црвена, што претставува сериозно предупредување за патниците.Целта на овие препораки е, како што е наведено, граѓаните да бидат навремено информирани за сите предизвици, без разлика дали станува збор за политичка нестабилност, здравствени ризици или општа безбедност.Властите нагласуваат дека проценката на безбедносните ризици редовно се ажурира во согласност со случувањата на глобално ниво и советуваат проверката да се изврши непосредно пред заминување.Србија ја смести Хрватска како незбедбедна земја за патување, односно, на граѓаните им се препорачува да патуваат само ако мораат.додека Албанија е дозволена за патување, но со дополнителни мерки на претпазливост. Бугарија е безбедна исто како и Грција. Според семафорот, безбедни се и САД и Турција. Патување не се препорачува во Израел. Според проценките на српското министерство, Македонија е безбедна за патување.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryua7aremtl77cd01T0ya

Српската амбасада апелира до граѓаните да се одложат сите патувања на Кипар

Амбасадата на Република Србија во Никозија (Кипар) издаде официјално соопштение во кое им советува на граѓаните на Србија во наредниот период да ги одложат сите патувања на Кипар кои не се апсолутно неопходни.Во соопштението на Амбасадата се наведува дека територијата на Република Кипар не била цел на директни напади, туку британската суверена база Акротири.Кипарските власти вовеле засилени мерки за превентивна безбедност, особено во зоните околу аеродромите и критичната инфраструктура, и се во постојана комуникација со претставниците на британските власти.Сепак, поради актуелните регионални настани, можни се нарушувања во воздушниот сообраќај, вклучувајќи промени во редот на летови, задоцнувања или откажувања на одредени летови.Граѓаните кои планираат патување во Република Кипар им се препорачува да:Редовно ги следат известувањата за условите за патување на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Република Србија и на сајтот на Амбасадата;Го следат официјалното соопштение на надлежните институции на Република Кипар и постапуваат според тие упатства, како и да го проверат статусот на летот кај своите авио-компании, кои самостојно одлучуваат дали ќе ги реализираат летовите;Постапуваат според упатствата на локалните власти;Обезбедат соодветно патно и здравствено осигурување.На крајот, Амбасадата повторно нагласува дека во наредниот период се препорачува одложување на патувањата кои не се апсолутно неопходни.Амбасадата ќе ја следи ситуацијата и навремено ќе информира за сите релевантни околности“, се истакнува во соопштението.

Свет | пред 3 седмици

avion

Србија евакуираше граѓани од Израел, меѓу нив и Македонци

Евакуациски авион на „Ер Србија“ со 67 патници ноќеска слета во Белград, откако претходно полетал од египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик, каде биле пренесени луѓе евакуирани од Израел поради безбедносната состојба во регионот.Во авионот, покрај државјани на Србија, имало и граѓани на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои биле извлечени од подрачјата погодени од воените операции.Државниот секретар во српското Министерство за надворешни работи Дамјан Јовиќ изјави дека државата има обврска да се грижи за своите граѓани во сите околности, поради што бил организиран евакуацискиот лет за луѓето кои се нашле во воената зона.Тој нагласи дека, иако станува збор за хуманитарна операција, со оваа акција Србија испраќа порака за солидарност и соработка со соседните држави, бидејќи во евакуацијата биле вклучени и нивни граѓани.Евакуацијата била организирана така што луѓето прво биле извлечени од Израел и пренесени до Египет, а потоа со авион биле транспортирани во Белград.Министерството за надворешни работи на Србија најави дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и, доколку е потребно, ќе организира нови евакуации на граѓани од регионот.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryqbbl39s6j5o7deweqgb

200 државјани на Србија се вратија дома, авион од Дубаи слета во Белград

Авион од Дубаи со 200 државјани на Србија денес слетал во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа прекинати поради зголемените тензии на Блискиот Исток.Првиот авион со 200 патници полетал синоќа од аеродромот во Дубаи, јави Радио-телевизија Србија.Аеродромот во Дубаи соопшти дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати кон Србија, по прекинот на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 по средноевропско време.Станува збор за авион Boeing 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, кој го управува авиокомпанијата Flydubai.Во меѓувреме, авиокомпанијата Emirates соопшти дека повторно воспоставува сообраќај со ограничен број летови.Приоритет имаат патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспоредени на овие ограничени летови, Emirates ќе ги контактира директно“, се наведува во соопштението.Компанијата апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот доколку претходно не биле известени, додавајќи дека сите останати летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Србија ги евакуира своите државјани од Израел преку Египет

Амбасадата на Србија во Тел Авив соопшти дека е во тек евакуација на српски државјани од Израел, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Според најавите, граѓаните треба да пристигнат во Белград преку Египет.Евакуацијата ја спроведуваат амбасадата и Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции во Србија, соопшти дипломатското претставништво на социјалната мрежа Икс. Српските државјани најпрво ќе бидат транспортирани до Египет, од каде со авион обезбеден од српската влада ќе бидат пренесени во Белград.Од амбасадата нагласуваат дека се во постојан контакт со своите државјани и дека внимателно ја следат состојбата на теренот.Во Белград е формиран и кризен штаб во рамки на Министерството за надворешни работи, кој ќе ги координира сите надлежни служби и институции со цел навремено реагирање и заштита на безбедноста на српските граѓани. На државјаните им е препорачано редовно да ги следат официјалните канали за информирање и да постапуваат во согласност со безбедносните проценки.Белградските медиуми објавија дека вечерва од Дубаи, по прекинот на редовните летови поради конфликтот, треба да полета првиот авион кон Белград. Аеродромот Аеродром Никола Тесла претходно соопшти дека се откажани сите летови кон Доха и Дубаи.Според западни медиуми, повеќе од илјада летови кон дестинации на Блискиот Исток биле откажани поради американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките акции на Техеран кон земјите од Заливот каде постојат американски интереси.

Свет | пред 4 седмици

media-library87u8cdq4jo8284kvSCd

Ивица Дачиќ симнат од респиратор, состојбата се подобрува

Ивица Дачиќ е симнат од респиратор и неговата здравствена состојба се подобрува, откако неколку дена беше на механичка вентилација поради тешка пневмонија.Министерот за внатрешни работи и потпретседател на Владата на Србија во средата навечер беше примен во Клинички центар на Србија, каде лекарите и натаму внимателно ја следат неговата состојба.Според изјавата на министерот за здравство Златибор Лончар, моменталната состојба на Дачиќ е подобра во споредба со претходните денови, што дава основа за умерен оптимизам, но терапијата продолжува.„Неговата моментална состојба е подобра од претходно, што дава причина за оптимизам. Предстои уште многу работа и продолжуваат мерките на интензивна терапија“, изјави Лончар.Хоспитализацијата на високиот државен функционер предизвика значително внимание во јавноста, а симнувањето од респиратор се смета за важен чекор во процесот на закрепнување. Медицинскиот тим останува во постојан надзор, а дополнителни информации за текот на лекувањето се очекуваат во текот на денот.

Свет | пред 4 седмици

dacic

Српскиот министер за здравство: Состојбата на Дачиќ е подобрена, продолжуваат мерките на интензивно лекување

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, денеска изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, е подобрена во споредба со претходно, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека продолжуваат мерките на интензивно лекување.Неговата сегашна состојба е подобрена, што ни дава причина за оптимизам. Она што е важно е дека пред него има уште многу работа; продолжуваат мерките на интензивно лекување и примена на интензивна терапија. Тоа е она што можам да кажам во овој момент“, рече ЛончарМинистерот Дачиќ беше хоспитализиран во средата на Клиниката за пулмологија поради тешка пневмонија.

Свет | пред 4 седмици

media-library43ecc7vloptlby4zDph

(Видео) Протест во Ниш: „Пумпањето“ продолжува до распишување избори

Студенти и граѓани денеска во Ниш порачаа дека нема да се откажат од борбата за „праведна и подобра Србија“ и дека ќе „пумпаат“ сè до распишување избори. Протестот под мотото „Државата тоа сме ние“ започна во 16 часот со собирање пред Апелациониот суд и кај кружниот тек кај трговскиот центар „Делта планет“, по што следуваше марш до централниот градски плоштад, пишува Бета.рс.Студентот Илија Тасиќ од Филозофскиот факултет во Ниш оцени дека граѓаните предолго слушаат празни ветувања и сведочат на бришење на границата меѓу партијата и државата. Според него, институциите се претвораат во партиска сопственост, а јавните ресурси се третираат како плен. „Живееме во систем во кој лојалноста се наградува, а знаењето се казнува“, истакна Тасиќ.Тој најави и трибина на 3 март во Косовска Митровица за иднината на тамошниот универзитет, за кој рече дека му се заканува згаснување поради законот донесен од приштинските власти.Земјоделецот Небојша Томиќ од околината на Прокупље обвини дека власта со години ја уништува земјоделската политика, поради што младите ги напуштаат селата, а сточарството е погодено од, како што рече, неконтролиран увоз и намалени откупни цени на млекото. „Не бараме милостина, туку услови да работиме“, порача тој.Адвокатот Владaн Манчиќ оцени дека законските слабости се намерно создадени за да овозможат корупција и избегнување на Законот за јавни набавки, посочувајќи на големи проекти што се реализираат преку меѓудржавни договори. Доктор Дејан Христов предупреди дека здравствениот систем се соочува со недостиг од кадар и системски проблеми, се додава Бета.рс.На протестот беа истакнати транспаренти „Државата тоа сме ние“ и „Сите сме тука“. Дел од учесниците носеа кукла со ликот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прикажан како распнат на крст.Собраните одржаа 16-минутен молк за загинатите во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Протестот заврши по 19 часот со настап на „Блокадниот хор“, а присуствуваа граѓани и студенти од повеќе градови низ Србија.

Свет | пред 4 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Оштетена е српската амбасада во Техеран, нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање го коментираше оштетувањето на српската амбасада во Техеран.Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. Нашиот амбасадор ќе замине во Баку со луѓето од дипломатското претставништво, но на лично инсистирање ќе се врати во Техеран, таму имаме еден брачен пар со сурогат бебе и сакаме да направиме сè што можеме за да им помогнеме“, рече тој.„Ние ги подготвивме авионите на Ер Србија, и тоа ме погодува, затоа што така и за време на короната им зборувавме на луѓето да не одат на Бали, па моравме на трошок на граѓаните на Србија да испраќаме авиони за да ги враќаме“, нагласи тој.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryjoih5e9946m72odUdEA

(Видео) Србија избра претставник за Евросонг

Групата Лавина победи на Евровизискиот натпревар за песна 2026 со песната „Крај мене“ и ќе ја претставува Србија на годинешниот Евровизиски натпревар во Виена во мај.Групата освои вкупно 24 поени во вкупниот збир на гласови, СМС гласови од публиката и стручното жири, кое го сочинуваа Зои Кида, Алек Алексов, Нина Радојичиќ, Игор Паниќ и претседателката Александра Ковач.Членовите на бендот не ја кријеа својата среќа поради победата, за која велат дека не ја очекувале, но ветуваат дека ќе дадат сè од себе во Австрија. Тие ги споделија своите први впечатоци по победничката вечер со Блиц.„Целиот фестивал беше многу емотивно искуство за нас. Сè уште ми изгледа нереално, како да сонуваме, не сме свесни што се случува. Неизмерно сме благодарни на сите и сме многу среќни“, рекоа момците, а еден од нив призна: „Ова ќе ми биде прв пат да одам во Виена“. Додадоа дека не планирале да победат.„Ние сме шест момци кои ја сакаат музиката, сите нејзини видови и сите музичари. Музиката ни е на прво место и сакаме да ја пренесеме таа страст на сите“, рекоа тие.Тие одат во Виена за да приредат метал шоу„Секогаш сме давале сè од себе, не само вечерва и завчера, туку со години. Многу сме среќни што сега ќе можеме да го покажеме тоа во реалноста. Не сакаме да звучиме претенциозно, но одиме во Виена за да дадеме сè од себе, сакаме да приредиме вистинско метал шоу за Евровизија и се надеваме на најдоброто. Нашето мото е: очекувајте сè, но не надевајте се на ништо“, рекоа момците од бендот Лавина.„Ги оставивме срцето и душата на сцената“Пред финалниот настап, членовите на бендот ја истакнаа својата скромност и колегијалност.„Ги оставивме срцето и душата на сцената и се чини дека публиката го препозна тоа. По полуфиналето, ја прославивме нашата победа на бензинска пумпа со шише вода. Ние сме од мал град, практично анонимни, и добивме огромна поддршка“, рекоа тие, додавајќи: „Тука нема конкуренција, сите сме колеги, се дружиме и се поддржуваме. Никогаш не сме биле посреќни отколку по полуфиналето, тоа беше врвот на нашите кариери. Ќе свириме жестоко метал шоу, па што ќе се случи?“Кои се членовите на бендот Лавина?Групата е формирана кон средината на 2020 година во Ниш, а во 2022 година го издаде својот деби албум „Одисеја“, кој вклучуваше осум песни на англиски јазик. Бендот е предводен од Лука Анѓелковиќ, а во поставата се Павле Самарџиќ (гитара), Андрија Цветановиќ (гитара), Никола Петровиќ (бас), Павле Аранѓелковиќ (клавијатури) и Бојан Илиќ (тапани).Фронтменот на бендот, Лука Анѓелковиќ, е наставник по музичко во Бујановац, а за време на финалето ги поздравуваше своите ученици кои верно го бодреа.

Магазин | пред 4 седмици

media-libraryq93m1ivs3g5icYB49GN

(Видео) Вакво нешто немате чуено, а ни видено: Србија вечерва го избира својот евровизиски претставник

Во големото финале на фестивалот Песна за Евровизија, кое се одржува вечерва од 21 часот, Србија ќе ја избере песната со која ќе настапи на Евровизија 2026. На сцената ќе настапат 14 финалисти кои обезбедија пласман по двете полуфинални вечери.Финалната вечер ја отвора Брат Пелин со песната „Фројлајн“, кој важи за апсолутен фаворит меѓу публиката во Србија, но и во регионот, поради специфичниот сценски настап и автентичниот музички израз. Зад уметничкото име Брат Пелин стои Стефан Папиќ од Ужице, кој во втората полуфинална вечер успеа да се пласира во завршницата на натпреварот.Редоследот на настапи во финалето на „Песна за Евровизија“ е следниот:Брат Пелин – „Фројлајн“Лорес – „Ансин“Џек Лупино – „Адреналин“Ана Машуловиќ – „Заволи ме“Харем Грлс x Ивана – „Бом Бом“Ива Грујин – „Откривам себе“Космос Трип – „Све је у реду“Зејна – „Југославија“Гемини – „Метар среќе“Лу-Ка – „Верувај“Лавина – „Крај мене“Јанкс – „Срушио си сè“Зона – „Чаири“Мирна – „Омаја“Победникот од вечерва ќе ја претставува Србија на Евровизија 2026, а одлуката ќе биде донесена врз основа на гласовите од публиката и стручното жири.

Магазин | пред 1 месец

media-library8meqa65iaeqifCUhoXy

(Видео) Контроверзниот Десингерица на сцена излезе со живо јагне како реквизит, сега кривично го гонат

Откако на социјалните мрежи се проширија снимки од живо јагне на бината за време на настапот на Десингерица во Врање на 20 февруари, се огласи Основното јавно обвинителство, потврдувајќи дека е покрената постапка по повод овој настан.Од обвинителството е потврдено дека се известени за случајот. Во просториите на објектот на бината е внесено живо јагне и користено како сценски реквизит, со што, како што се наведува, се прекршени одредбите на Законот за добробит на животните. Постојат сомнежи дека е сторено кривично дело убиство и малтретирање на животни.Основното јавно обвинителство наложило понатамошни проверки за да се утврди идентитетот на сопственикот на животното, како и по чие барање е користено јагнето за време на настапот. Исто така е наложено извршување разговори со изведувачот и другите учесници во програмата.Член 269 од Кривичниот законик на Република Србија предвидува:Оној кој, кршејќи прописи, убие, повреди, мачи или на друг начин злоставува животно, може да биде казнет со парична казна или затвор до две години.Ако делото е извршено врз поголем број животни или предизвикало особено тешки последици, се предвидува построга казна – затвор до три години.Предвидени се и казни за организирање или учество во борби со животни.Овој член се применува кога постои сомневање дека животното било изложено на страдање, мачење, повредување или незаконско постапување спротивно на Законот за добробит на животните.„Постои снимка на која се гледа сè, луѓето нека ги отворат малку подобро очите. Животното не е мое, јас го завршив настапот и отидов дома, туѓите постапки не ме интересираат, ниту се мешам во нив. Јас бев таму да настапувам, завршив и си заминав по својот пат. Не сакам да расправам за тоа, настапив и си заминав дома, за другите работи нека прашаат кого треба. Јас ништо не знам. Не знам кој го донел тоа јагне и не ме интересира, не се занимавам со тоа, тоа не е моја работа, ниту одговарам за туѓи постапки“, изјави Десингерицa за Pink.rs.На настапот Десингерицa изведе перформанс со живо јагне на сцената за време на песната „Чоколада“. Живото јагне се спротивставуваше и се обидуваше да избега, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Настани | пред 1 месец

media-library87u8cdq4jo8284kvSCd

Докторот на Дачиќ: На интензивна нега е, состојбата е непроменета, но стабилна

Доктор Спасоје Попевиќ утрово изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, е непроменета, но стабилна.Неговата состојба е непроменета, засега е стабилна. Продолжуваат мерките на интензивно лекување, ноќта ја помина мирно. Нови информации ќе добиете во 17 часот, секако, доколку има какви било вонредни информации ќе бидете навремено известени“, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија, Спасоје Попевиќ, во обраќање до јавноста.Според информациите од болницата, Дачиќ бил хоспитализиран поради тешка пневмонија и во моментов се наоѓа на респираторна поддршка, под постојан лекарски надзор.Лекарите посочуваат дека министерот има и дијабетес, како и други придружни заболувања, што дополнително ја усложнува клиничката слика. Поради недоволен ефект од терапијата и наглото влошување на состојбата, било неопходно приклучување на механичка вентилација.Според српските медиуми, состојбата на Дачиќ нагло се влошила во последните денови, а на болничко лекување бил примен откако на комеморација покажал отежнато дишење, што го забележал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања