Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Вучиќ: Се подготвуваме за можен напад од Хрватска, Албанија и Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисија во живо на Радио и телевизија на Србија (РТС) го коментираше за воениот сојуз на Хрватска, Албанија и како што тој го нарече, таканареченото Косово и рече дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина, пренесуваат медиумите во Србија.

— реклама —

„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.

— реклама —

Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.

— реклама —

„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.

Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.

„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.

„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.

Вучиќ ја коментираше и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека „Хрватска ќе го информира НАТО за вооружувањето на Србија“ во врска со балистичките суперсонични ракети.

„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Трамп и Путин, големи претседатели кои решаваат сè. За мене нема мали работи, сакам моето наследство да биде мир, а не војни и конфликти. Во средината на никаде, пред вас се појавува воен сојуз – Албанија, Хрватска и таканареченото Косово. Морам да ја зачувам стабилноста во земјата“, рече Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vucic-45345

Вучиќ: Нема да се срамам од српското оружје, Србија нема да дозволи да биде покорена

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Во Хрватска настана хистерија поради една ракета, другите не ги ни видоа

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Токаев ќе го одликува Вучиќ со орденот „Златен орел“

Свет | пред 1 месец

media-libraryii795jpdt1sr8X9JLQS

Вучиќ: Го посетив Дачиќ утрово и подобро е

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања