Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АЛБАНИЈА

media-librarye98lnrsdt2fgfjEZoyd

(Видео) Влора, Радхима и Орикум во трансформација - Албанија се справува со дивоградби на плажи

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е завршено ослободувањето на јавните површини, што отвора пат за целосна реализација на проектот „Лунгомаре 3“, кој треба значително да ја трансформира крајбрежната линија во делот Влора – Радхима – Орикум.„Завршува ослободувањето на јавните површини, што го отвора патот за целосна реализација на проектот ‘Лунгомаре 3 – Влора•Радхима•Орикум’, кој ја трансформира крајбрежната линија во таа зона“, соопшти Рама.Проектот „Лунгомаре 3“ е дел од пошироките напори за уредување и модернизација на албанското крајбрежје, со цел подобрување на инфраструктурата и зголемување на туристичката атрактивност на регионот.Со оваа фаза се очекува забрзување на градежните активности и дополнително унапредување на просторот долж јадранското крајбрежје во јужниот дел на Албанија.

Свет | пред 2 дена

media-library3bge506v8tb0eROgupr

(Видео) „Ф*к ју Србија“: Објавено видео од Албанците кои позираа со симболи на „Голема Албанија“

Во јавноста се појави видео на кое се гледаат четворицата албански државјани како се снимаат додека возат по автопат низ Србија, при што упатуваат навреди кон државата.На снимката, која првично била споделена на социјалните мрежи, во еден момент се слуша како едно од лицата извикува „f*ck you Србија“, додека останатите се смеат и снимаат. На видеото се забечежува дека едниот од нив носи црвена маица со картата на „Голема Албанија“.Во продолжение на истото видео се прикажани и моменти од полициската интервенција, при што припадници на српското Министерство за внатрешни работи ги запираат и приведуваат осомничените лица.Според официјалните информации, станува збор за А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите државјани на Албанија, кои се сомничат за сторено кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“.Ним им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград.

Свет | пред 5 дена

media-library3i5fel1c8ojo9I5zJMO

(Фото) Позирале со симболи на „Голема Албанија“ и ја навредувале Србија па се објавиле на Фејсбук: Уапсени четворица Албанци во Србија

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија ги уапсија А. С. (1989), Е. В. (1984), Е. Г. (1978) и А. Ц. (2005), сите четворица државјани на Албанија, поради сомнение дека сториле кривично дело „поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост“ со провоцирање на годишнината од бомбардирањето од НАТО.А. С. јавно објавил видео на својот Фејсбук профил од кое се гледа како во автомобил „Ауди“ во друштво на другите осомничени лица вози по автопат низ Србија, на непримерен начин прикажувајќи ги симболите на „Голема Албанија“, како и вербално споменувајќи ја Република Србија во негативен контекст, користејќи несоодветни зборови, објаснуваат од српското МВР.На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за борба против високотехнолошки криминал.

Свет | пред 5 дена

media-librarynn3kh5mi6kcpfbTQfGi

Ескалација на протестите во Албанија, опозицијата бара оставка од Рама

Опозицијата во Албанија во неделата одржа нов антивладин протест, обележан со високи тензии, вклучувајќи фрлање молотови коктели врз зградата на владата и интервенција на полицијата со солзавец, јавува Анадолија.Протестот го организираше Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама.Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на албанската влада, на што полициските сили одговорија со солзавец и водни топови.За време на маршот низ улиците на главниот град, молотови коктели беа фрлени и врз зградите на неколку министерства и други институции, а неколку полициски возила беа запалени.На протестот, присуствуваше лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша, како и други пратеници од опозицијата. Стотици полицајци го обезбедуваа настанот, а некои патишта во Тирана беа блокирани.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Тирана го крена влогот: Албанскиот парламент го прогласи Иран за „државен спонзор на тероризам“

Албанскиот парламент денеска (18 март 2026) усвои резолуција со која Иран се прогласува за држава што спонзорира тероризам, а Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) се означува како терористичка организација.Документот бил предложен од Социјалистичката партија на Албанија и поминал на пленарна седница, во услови кога пратениците на Демократската партија не присуствувале на гласањето.Претседателот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, повикал резолуцијата да биде поддржана со образложение дека е поврзана со клучни прашања на меѓународната безбедност и со обврската државите да се спротивстават на тероризмот и на оние што, како што навел, го поддржуваат или толерираат.Во своето обраќање, Бала посочил дека борбата против тероризмот денес се гледа и како заштита на демократијата и владеењето на правото, како и како обид за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Тој нагласил дека Албанија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, има обврска да придонесува во колективната безбедност.Како дополнителен аргумент, било потсетено дека Албанија во 2022 година била цел на сериозен сајбер-напад врз државни институции, како и дека парламентот неодамна повторно бил изложен на нов сајбер-напад. Според изнесените ставови, целта на резолуцијата е јасна осуда на секоја форма на државна поддршка на тероризмот.

Свет | пред 1 седмица

media-library6c743okjnd35c3ogMVh

Муцунски разговараше со Хоџа за важноста на македонското малцинство во Албанија како мост на пријателство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа. Двајцата министри го потврдија заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување. Во разговорот стана збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Воедно беше истакната и важноста на проектот Коридор 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот.Двајцата министри разменија мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласија важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Се подготвуваме за можен напад од Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисија во живо на Радио и телевизија на Србија (РТС) го коментираше за воениот сојуз на Хрватска, Албанија и како што тој го нарече, таканареченото Косово и рече дека верува дека се подготвуваат за напад на Србија во иднина, пренесуваат медиумите во Србија.„Се подготвуваме за нивниот напад. Тие чекаат моментот што ќе се случи во иднина да избувне поголем конфликт меѓу Европејците и Русите и уште поголем на Блискиот Исток. Сè што правиме, го правиме за да ја одбраниме нашата земја. Не можеме да ги напаѓаме земјите од НАТО, а Албанија и Хрватска се едни од нив, ама ова се нивните намери. Тие чекаат поволен момент кога ќе има општ хаос во светот. Но, луѓето не треба да се грижат, само ќе кажам дека Србија има доволно сила за одвраќање за сите тие три ентитети, две држави и еден ентитет, што и да е. Има доволно сила за да има јасна порака за одвраќање“, рече Вучиќ.Тој рече „можете мирно да спиете, граѓаните на Србија можат мирно да спијат“.„Србија е доволно силна за да го зачува својот територијален интегритет, суверенитет, слобода и безбедност на своите граѓани. Тие нема да нè нападнат затоа што знаат каков би бил одговорот“, додаде српскиот претседател.Тој потоа откри какви ракети има српската армија. Претседателот откри дека такви ракети биле користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија.„Зборуваме за ракети воздух-земја. Тоа се ракети со разорна моќ. Можат да тежат до 950 килограми и да имаат дострел до 400 километри. Имаме значителен број од овие ракети и ќе имаме уште повеќе. Тие беа користени во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие го уништија радарскиот систем С-400“, истакна Вучиќ.„Тоа е кинеска алатка која се покажа како исклучителна во конфликтот меѓу Пакистан и Индија. Тие успеаја да го уништат францускиот радар и радарскиот систем С-400. Имаме многу работи што не сте ги виделе и ќе продолжиме да ги набавуваме“, објасни Вучиќ.Вучиќ ја коментираше и изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека „Хрватска ќе го информира НАТО за вооружувањето на Србија“ во врска со балистичките суперсонични ракети.„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Трамп и Путин, големи претседатели кои решаваат сè. За мене нема мали работи, сакам моето наследство да биде мир, а не војни и конфликти. Во средината на никаде, пред вас се појавува воен сојуз – Албанија, Хрватска и таканареченото Косово. Морам да ја зачувам стабилноста во земјата“, рече Вучиќ.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

По иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува дека е против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа.Одлуката беше усвоенана седница на Советот, откако советниците од Македонска алијанса за европска интеграција побараа точката да биде ставена на дневен ред. Како што наведоа, иницијативата произлегува од загриженост за можните еколошки последици, влијанието врз туризмот и долгорочниот развој на регионот.На денешната пресконференција, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај беше прашан дали на денешните средби ги начнале овие теми за последните случувања во Пустец и дали конкретно имале некаква консултација со Македонците во Албанија во насока на овие случувања таму.„Ние ги третираме малцинствата  со посебен закон и им се заштитени сите права што им следуваат со него“, рече Бегај додавајќи дека тоа што ќе се гради таму камп за мигранти не значи неоходно и дека ќе бидат сместувани. Според него кампот е дел од договорот со ФРОНТЕКС за обезбедување на капацитети при евентуален мигрантски наплив, но дека Албанија прави се да спречи доаѓање на илегални мигранти во земјата.„Се работи за прашање во надлежност на албанската влада. Се разбира, јас третирајќи ја Албанија како демократска држава, очекувам исто така да ги консултира граѓаните, но исто така со хомологот, да ја информира нашата влада евентуално за решенијата или за проблемите со кои се соочуваат. Не се работи за претседателска надлежност, меѓутоа токму како што рече претседателот Бегај, во духот на почитувањето на правата на малцинствата, во духот на почитувањето на демократските начела, во духот се разбира на почитувањето и на правата на локалната самоуправа, очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение“, изјави Сиљановска

Македонија | пред 1 месец

media-library2mrhvs3r7e3r5Tc1xy7

Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки почести ќе го пречека Бајрам Бегај

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај.Како што известува Кабинетот на претседателката, по пречекот ќе следува тет-а-тет средба, а потоа пленарен состанок на македонската и албанската делегација.Претседателите Сиљановска-Давкова и Бегај ќе имаат заедничка прес-конференција.Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, информира Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова.Во рамки на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а по потпишувањето во книгата на впечатоци, тој ќе се обрати пред пратениците.

Македонија | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран вчеравечер во 20:59 часот на територијата на Албанија.Според податоците, епицентарот бил на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница, на географска ширина 39,72 и должина 20,29. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 5 километри, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoh8aguqm7s321xcOWMt

Актерка ја тужи албанската влада за злоупотреба на нејзиниот лик за виртуелната министерка Диела

Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија.Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба против корупцијата во јавните набавки.Диела претходно беше позната како чат-бот на државниот портал e-Albania, а нејзиниот дигитален лик и глас биле креирани според актерката Анила Биша, врз основа на договор кој истекол на 31 декември 2025 година. Откако Диела добила министерска функција, нејзиниот лик бил прикажан и во обраќање до парламентот што се пренесувало низ целиот свет.Според локалните медиуми, Биша поднела тужба против Владата, премиерот, приватната компанија која учествувала во проектот и Националната агенција за информациско општество (AKSHI). Таа тврди дека владата продолжила да го користи нејзиниот лик и по истекот на договорот, и надвор од дозволената намена, која била ограничена само на платформата e-Albania.Во судските документи, Биша бара итна забрана за натамошна употреба на нејзиниот лик додека трае судскиот процес, наведувајќи дека неовластеното користење ѝ нанело значителна и непоправлива штета.Во претходен телевизиски настап, Биша изјавила дека за потребите на системот снимала обемни аудио и видео материјали за ограничен временски период и за симболичен надомест, но никогаш не дала согласност за други форми на користење.Портпаролката на албанската влада, Мањола Хаса, изјави дека Албанија е демократска држава во која граѓаните имаат право да покренат судски постапки против институциите. Таа додаде дека владата смета дека тужбата е неоснована, но е подготвена спорот да се реши пред суд, пренесе „Политико“.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryitdig9m5ig8363zU6ir

(Видео) Tензии во Тирана: Огномет и молотови коктели кон зградата на премиерската канцеларија, повредени 16 полицајци

Антивладините протести во Тирана завршија со насилство и судири со полицијата, откако демонстрантите ја зголемија тензијата барајќи оставка од премиерот Еди Рама поради обвиненија за корупција. Меѓу инволвираните има повредени полицајци, приведени демонстранти и причинета значителна материјална штета.Акцијата, организирана од здружената опозиција предводена од Демократската партија, започна мирно во центарот на главниот град, но вечерта ескалираше кога дел од демонстрантите почнаа да фрлаат огномет и молотови коктели кон зградата на премиерската канцеларија.Полицијата одговори со водни топови и солзавец, а на терен беа распоредени околу 1.400 припадници на редот. Според официјални податоци, приведени се 21 лице, меѓу кои и четворица тинејџери. Исто така, полицијата запленила 22 неексплодирани молотови коктели и шишиња со запалива течност. Во немирите најмалку 16 полицајци се здобиле со повреди, додека албанските медиуми јавуваат и за повредени демонстранти. Во хаосот било запалено и едно возило на телевизијата ABC.Демонстрантите извикуваа „Рама, оди си“ и побараа оставка и од вицепремиерката Белинда Балуку, која е предмет на истрага за корупција. Поранешниот премиер и лидер на опозицијата, Сали Бериша, изјави дека „бунтот е единствениот начин да се отстрани Еди Рама“, истакнувајќи дека владата ги оставила граѓаните без поддршка во време на кризи.Од владејачката Социјалистичка партија возвратија дека нападите врз полицијата претставуваат напад врз државата. „Кој кренал рака против полицијата, кренал рака против државата“, изјави шефот на парламентарната група Таулант Баља.Опозицијата најави дека протестите ќе продолжат сè додека не се најде политичко решение за кризата, додека властите најавија темелна истрага за насилствата и одговорност за сите инволвирани.

Свет | пред 1 месец

vojska

Трилатерален состанок на т.н. Косово, Албанија и Хрватска: Почнува забрзано вооружување

На основа на Заедничката тристранска декларација, која во 2025 година ја потпишаа министрите за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска, се одржа состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.Состанокот се одржа во Хрватска, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Косово.„Делегацијата на Република Косово ја предводеше директорот за одбранбена политика Фарук Гечи, а разменети беа мислења за можностите за унапредување на заедничката соработка во областа на одбранбените капацитети, соработката помеѓу одбранбените индустрии на потписничките земји, како и понатамошните чекори за спроведување на Декларацијата“, се наведува во соопштението.Декларацијата одредува четири главни области на понатамошна соработка, кои вклучуваат: промоција на соработка во областа на одбранбените капацитети и одбранбената индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и заеднички вежби, справување со хибридни закани и јакнење на отпорноста, како и обезбедување континуирана и целосна поддршка на евроатлантските интеграции.

Свет | пред 1 месец

media-libraryo0jcssa1ri4naTaKFWV

Катастрофални поплави во Албанија: Драч под вода, стотици луѓе евакуирани

Драч е меѓу најпогодените области во Албанија поради поројните дождови што во изминатите денови предизвикаа сериозни поплави и широки материјални штети. Властите јавуваат дека состојбата е критична и дека ситуацијата се следи буквално од час во час.Министерот за одбрана, Пиро Венгу, синоќа итно го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за координација на сите институции кои учествуваат во справувањето со кризата. По состанокот, тој соопшти дека околу 800 домаќинства се погодени од надојдените води, а приближно 180 лица морале да ги напуштат своите домови од безбедносни причини.„Опасноста не е завршена и сите служби остануваат на терен,“ истакна Венгу во својата објава на социјалните мрежи, додавајќи дека силите за цивилна заштита, општинските екипи и другите институции се целосно мобилизирани за итни интервенции.Граѓаните се повикани внимателно да ги следат упатствата на службите за итни случаи сè додека не дојде до стабилизација на времето и водостојот.Дополнителна загриженост внесува предупредувањето на Институтот за геолошки науки, од каде информираат дека и денеска се очекуваат нови, обилни врнежи — особено во северниот и јужниот дел на земјата. Тоа би можело да доведе до понатамашно излевање на реките и проширување на поплавените зони.Властите апелираат на максимална претпазливост и солидарност — и остануваат во готовност за нови евакуации доколку биде потребно.

Свет | пред 2 месеци

edi-rama

Албанија набави оружје кое ја спаси Украина на почетокот од војната

Албанските власти соопштија дека армијата на земјата официјално е опремена со противоклопниот ракетен систем „Џавелин“, кој се смета за еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите членки на НАТО. Информацијата ја објави албанското Министерство за одбрана, наведувајќи дека станува збор за значаен чекор во модернизацијата на вооружените сили.Министерот за одбрана Пиро Венгу истакна дека пристигнувањето на системот „Џавелин“ е резултат на тесната соработка со стратешкиот сојузник, Соединетите Американски Држави. Според него, оваа опрема значително ги зајакнува одбранбените капацитети на Албанија и претставува важен исчекор во исполнувањето на целите за модернизација на армијата.Венгу нагласи дека воведувањето на „Џавелин“ ја зголемува способноста за одвраќање, ја подобрува интероперабилноста со НАТО и директно придонесува за јакнење на националната безбедност. Системот, како што беше посочено, претставува клучен елемент за копнената одбрана и овозможува албанските копнени сили поефикасно да се соочуваат со современи и напредни закани, во согласност со стандардите на Алијансата.Албанија го нарачала системот „Џавелин“ во рамки на програмата за воена соработка со САД, преку механизмите за продажба на воена опрема во странство. Според Министерството за одбрана, оваа инвестиција е дел од долгорочната стратегија за модернизација на вооружените сили, зголемување на одвраќачките способности и целосно усогласување со капацитетите и доктрината на НАТО.Во соопштението се наведува и дека „Џавелин“ е противоклопен ракетен систем од најнова генерација, исклучително ефикасен против тенкови и други оклопни возила, кој е широко користен од армиите на НАТО.Станува збор за пренослив противтенковски систем што се лансира од рамо и функционира по принципот „испукај и заборави“, овозможувајќи му на пешадијата од засолниште да погоди оклопно возило, особено од горната, послабо заштитена страна, и веднаш да ја смени позицијата.Системот „Џавелин“ стекна и широка меѓународна препознатливост за време на почетната фаза од руската инвазија врз Украина во 2022 година, кога заедно со британските системи NLAW одигра значајна улога во запирањето на руските оклопни колони кои напредуваа кон Киев. Токму тогаш, според бројни анализи, „Џавелин“ стана симбол на украинската одбрана и еден од клучните фактори што придонесоа за отпорот и неуспехот на првичниот напад.

Свет | пред 3 месеци

media-librarytiqkhptgs6qadXNJqUk

Ескалација во Тирана: Молотови коктели кон Владата на Рама, Бериша најави „погреб“ за режимот

Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на обединетата албанска опозиција пред Владата брзо ескалираше во насилство, со фрлање молотови коктели, оштетување на инвентар и судири со полицијата.Додека лидерите на опозицијата ја најавуваа својата „историска мисија“ за соборување на владата на Еди Рама, ситуацијата на терен излезе од контрола.Говорот на лидерот на Демократската партија (ДП), Сали Бериша, беше проследен со звуци на експлозии и пламен. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства директно кон владиниот објект, при што мораше да интервенира противпожарно возило за да го изгасне огнот. Толпата направи обид да го пробие силниот полициски кордон и успеа да откорне дел од металната ограда. Во хаосот, според првичните информации, повреден е еден полициски службеник.Поздравен со овации „О Сали, хероју“, Бериша од говорницата упати жестоки обвинувања кон премиерот Еди Рама за корупција и вмешаност во трговија со дрога. Тој ја спореди ситуацијата во Албанија со онаа во земјите каде што народниот бунт ги собори владите.„Мора да го собориме режимот исто како во Бангладеш, Непал, Шри Ланка. Рама и Социјалистичката партија се политички мртовци, на кои погребот ќе им го направиме ние“, порача Бериша.Тој ја нарече оваа мобилизација „животна шанса“ за спас на Албанија од, како што рече, автократскиот диктатор кој планира да побегне откако ќе ја ограби нацијата. Главните барања остануваат непроменети: формирање техничка влада и спроведување на слободни избори.Властите очигледно очекуваа вакво сценарио. Околу 1.500 полициски службеници од различни сектори беа ангажирани за безбедноста. На влезот на владината зграда беа поставени специјални метални заштитни мрежи, а колку била сериозна проценката за ризик говори и податокот дека превентивно биле дислоцирани новогодишната елка и вазните со цвеќе од пред објектот.

Свет | пред 3 месеци

media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секогаш носи отпад во овој дел на градот. Граѓаните коментираат дека вакви сцени се повторуваат со години и дека проблемот одамна го надминува локалното ниво.Според хрватските медиуми, ситуацијата е отворено прашање меѓу земјите од регионот, а за решавање на проблемот веќе биле водени разговори и биле утврдени чекори како да се запре пристигнувањето на отпадот со морските струи.Меѓутоа, како што може да се види и од последната слика од Дубровник, пластиката повторно го преплави брегот — оставајќи го еден од најживописните делови на градот под дебел слој ѓубре.

Свет | пред 4 месеци

media-library03pcqehem92a0UcjG82

Операција „Орош“ во Албанија: По 12 часа опсада уапсени двајца мажи поврзани со ИСИС

Албанската полиција по долготрајна и високоризична операција во руралниот предел Орош, близу Мердита, уапси двајца мажи осомничени за терористички активности. Специјалната акција, наречена „Орош“, се водела со учество на полициските единици од Пук, специјалците на „Ренеа“ и тимот за брзи интервенции „Шќипоња“.Полицијата ја опколила напуштената куќа каде што двајцата бегалци – Јулиан Чумраку и Арбен Ука – се криеле речиси еден месец. Официјалните податоци што ги пренесе Топ Чанел наведуваат дека опсадата траела приближно дванаесет часа, при што осомничените одбивале да се предадат, упатувале закани и пукале кон специјалците. Од внатрешноста на куќата се слушале извици, а вооружените мажи постојано одржувале оган кон полицијата.По долги преговори со нивните роднини, Чумраку и Ука конечно ја прифатиле наредбата да се предадат. За време на интервенцијата, Ука бил ранет и веднаш пренесен во болницата во Скадар, каде што е стабилизиран и не е во животна опасност. И двајцата долго време биле под лупа на антитерористичките служби, а за Чумраку постојат сомнежи дека има директни врски со терористички групи.При претресот на локацијата бил пронајден импозантен арсенал: автоматско оружје, пиштоли, рачни бомби, големи количества муниција, одредени елементи за подготовка на експлозивни направи – капачиња за електрични детонатори, фитили и други материјали. Дополнително, полицијата запленила и знамиња на Исламската држава, што, според истражителите, ја потврдува радикализацијата и евентуалната поврзаност на уапсените со терористички мрежи.Албанските власти соопштија дека истрагата продолжува и дека ќе се испитува дали Чумраку и Ука биле дел од поширока структура и дали подготвувале конкретни планови за терористички напади.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryvioqfqg7bto9aLxCpGH

Катастрофални поплави во Албанија: Една жена загина, стотици жители се евакуирани

Поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, веќе ја земаа и првата жетва во Албанија, соопшти албанската полиција.Полицијата објави дека тело на жена на 76 години е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.Врнежите од дожд предизвикаа излевање на реките Вјоса и Семан, а според Агенцијата за цивилна заштита, во северозападниот регион Леже, околу 220 хектари земјиште се под вода.Постојат загрижености дека условите би можеле да се влошат, бидејќи се предвидуваат повеќе врнежи од дожд во наредните денови.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryohr1d3tav42aeKt3yM6

Денес се одбележува Денот на албанската азбука

Денес се одбележува Денот на албанската азбука, кога е донесена единствената албанска азбука на Битолскиот конгрес во 1908 година. Овој значаен датум претставува еден од клучните моменти во развојот на албанскиот јазик, култура и национален идентитет.На конгресот во Битола, албанските интелектуалци донеле заедничка одлука да се усвои стандардизирана азбука со која ќе се пишува на албански јазик. Оваа одлука ставила крај на различните начини на пишување и овозможила брзо и современо развивање на образованието и литературата.По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryd1868rcna2pm9puueJN

Албанскиот корупциски скандал ја допира и Македонија: фирмите вмешани во аферата на Балуку работеа и кај нас

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба. Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен.Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт. Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Свет | пред 4 месеци

edi-rama

Албанија постигнува рекорд – за една година ги отвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Советот на Европската Унија ја објави агендата на седмата меѓувладина конференција за членството на Албанија, која ќе се одржи утре, на 17 ноември, во Брисел, пренесува „Ора њуз“.Според официјалното соопштение, конференцијата ќе започне во 20:00 часот, со Мари Бјер, министерка за европски прашања, како претседавач. По завршувањето на состанокот, најавена е прес-конференција во 21:20 часот.Во соопштението се наведува дека конференцијата ќе го означи отворањето на Групата 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, која ги опфаќа следните пет преговарачки поглавја:Поглавје 11: Земјоделство и рурален развојПоглавје 12: Безбедност на храната, ветеринарни и фитосанитарни прашањаПоглавје 13: Рибарство и аквакултураПоглавје 22: Регионална политика и координација на структурни инструментиПоглавје 33: Финансиски и буџетски одредбиАлбанскиот премиер Еди Рама пред два дена го најави одржувањето на конференцијата, нагласувајќи дека ова претставува историски момент за земјата.„Со отворањето на оваа група поглавја, Албанија го постигнува невозможното — финализирање на сите преговарачки поглавја во рок од само 12 месеци. Ова е апсолутен рекорд во европската интеграција,“ изјави Рама.Отворањето на последното поглавје ја става Албанија на чекор поблиску до завршување на техничкиот дел од пристапниот процес и ја позиционира меѓу најбрзо напредувачките кандидати за членство во Европската Унија.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Њујорк тајмс: Демократијата умира, машините почнуваат да владеат – првиот експеримент е во Албанија

Додека довербата во демократските институции се урива, а вештачката интелигенција сè побрзо се развива, опасноста од предавање на човечките одлуки на машините расте. Албанија стана првата земја што направи вистински чекор кон т.н. алгократија – владеење на алгоритмите.Во септември, премиерот Еди Рама објави дека сите владини одлуки за избор на приватни добавувачи кои обезбедуваат стоки и услуги во вредност од над милијарда долари годишно ќе ги донесува вештачка интелигенција по име Диела. Со тоа, Албанија ја препушта контролата врз јавните набавки – област во која со години се соочува со длабока корупција – на систем што треба да биде „непристрасен“ и „ефикасен“.Сепак, авторите на текстот во „Њујорк тајмс“, Ерик Шмит (поранешен извршен директор на Google) и истражувачот Ендру Сорота, предупредуваат дека иако алгоритмите можат да ја зголемат ефикасноста, тие не можат да одлучуваат меѓу вредности – токму тоа што ја дефинира демократијата.Без транспарентност за тоа како Диела доаѓа до своите заклучоци и без механизам за жалби, граѓаните можат да се чувствуваат беспомошно и исклучено од процесот. „Алгократијата“ може да стане нова форма на авторитарност – тивка, но технолошки напредна.Авторите нагласуваат дека наместо да ја замениме демократијата со вештачка интелигенција, треба да ја искористиме технологијата за да ја направиме попаметна, поотворена и поодговорна. Пример за тоа е Тајван, каде преку платформата vTaiwan веќе една деценија се користат алатки базирани на ВИ за граѓански дебати и колективно одлучување.Со помош на ВИ, тајванските граѓани предлагаат и гласаат за политики, а алгоритмите само го мапираат мислењето и ги истакнуваат точките на заеднички интерес, наместо поделби. Така, демократијата не се заменува – се проширува.Но, прозорецот за такви решенија, велат авторите, се стеснува. Ако демократиите останат нефункционални, а ВИ станува сè помоќна, искушението да ѝ се препушти власта ќе расте.„Албанија можеби ќе ја искорени корупцијата или ќе создаде нова нетранспарентност. Но едно е сигурно – Диела ќе има многу следбеници“, предупредува „Њујорк тајмс“.

Свет | пред 4 месеци

media-library4bt49oa1ahj7cX7kavA

Пофалби за западниот сосед и критики за источниот сосед, оценки од Љубчо Георгиевски: Албанија блеска со инфраструктура, а Бугарија три децении тапка во место

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во објава на „Фејсбук“ упати пофалби до Албанија за забрзаниот инфраструктурен развој, нагласувајќи дека автопатите и експресните патишта се градат со завидна динамика и квалитет. Тој посочи дека економскиот напредок на земјата е невиден во последната деценија, додека, според него, Бугарија останува единствениот сосед кој во изминатите триесет години не реализирал ниту еден инфраструктурен проект кон Македонија.Браво за Албанија! Автопатот Блаце-Приштина-Тирана веќе неколку пати го имам поминато но пред некој ден специјално отидов да го поминам автопатот Тирана-Ќафасан кој напредува со невидена брзина и експресниот пат Тирана-Дебар кој посебно ме воодушеви со живописниот предел низ кој минува но и самата изграба со многу тунели и мостови.Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десетина години. Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема никаков инфраструктурен проект изградено према Македонија.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Албанија го претстави првиот „вештачки интелигентен кабинет“: AI министерката Диела „очекува“ 83 дигитални наследници

Албанскиот премиер Еди Рама ја шокираше јавноста со објава дека нивната министерка за вештачка интелигенција, Диела, е „бремена“ и ќе „роди“ 83 дигитални потомци – виртуелни асистенти создадени за да им помагаат на пратениците од Социјалистичката партија.Според Рама, секој од овие AI асистенти ќе биде задолжен за водење парламентарни записи, изработка на предлози за политики и анализа на податоци при донесување одлуки.„Овие деца ќе ја познаваат својата мајка“, изјави Рама, објаснувајќи дека сите 83 системи ќе бидат поврзани со централната мрежа на Диела, овозможувајќи им да соработуваат и заеднички да учат.Премиерот ја опиша иницијативата како револуционерен чекор кон создавање самoodржлив дигитален екосистем, кој ќе ја зголеми транспарентноста и ефикасноста на парламентот.Името Диела, што на албански значи сонце, не припаѓа на вистинско лице, туку на напреден систем на вештачка интелигенција, создаден специјално за албанската влада. Таа стана првата виртуелна министерка во светот, именувана во мај 2025 година.Главната задача на Диела е борба против корупцијата во државните тендери – преку алгоритми кои вршат надзор, евалуација и одлуки ослободени од човечка пристрасност. Таа ги анализира сите јавни набавки според критериуми на транспарентност, ефикасност и законитост.Рама ја нарече оваа технологија „оружје против системската корупција“, додавајќи дека „со Диела, тендерите ќе бидат 100% дигитални и проверливи“.Раминиот опис на „бремена министерка“ е, секако, симболичен: 83-те „потомци“ се AI единици, програмирани да опслужуваат пратеници, да бележат податоци, да следат говори и да генерираат извештаи во реално време.Албанија на овој начин развива поврзан систем на интелигенции што може со тек на време да еволуира во целосно автоматизиран административен модел.Веста предизвика мешани реакции.Додека дел од експертите го пофалија потегот како визионерски чекор во борбата против корупцијата, други предупредија на етички ризици – прашувајќи се кој ќе биде одговорен ако „Диела“ или нејзините „потомци“ направат грешка во одлуките.„Интелигенцијата може да биде алгоритамска, но одговорноста мора да остане човечка,“ коментираше еден европски експерт за дигитална етика.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања