Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Сиљановска: Очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryupkrqg75ktkpfn5WQuQ

Советот на Општина Пустец, по иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, изгласа одлука против изградба на кампови за мигранти во Преспа, поради страв од еколошки последици, удар врз туризмот и развојот. Албанскиот претседател Бегај изјави дека правата на малцинствата се заштитени и дека кампот е дел од договор со ФРОНТЕКС за можен мигрантски наплив. Сиљановска порача дека владата треба да ги консултира граѓаните и да се најде демократско решение.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува дека е против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа.

— реклама —

Одлуката беше усвоенана седница на Советот, откако советниците од Македонска алијанса за европска интеграција побараа точката да биде ставена на дневен ред. Како што наведоа, иницијативата произлегува од загриженост за можните еколошки последици, влијанието врз туризмот и долгорочниот развој на регионот.

— реклама —

На денешната пресконференција, претседателот на Албанија, Бајрам Бегај беше прашан дали на денешните средби ги начнале овие теми за последните случувања во Пустец и дали конкретно имале некаква консултација со Македонците во Албанија во насока на овие случувања таму.

— реклама —

„Ние ги третираме малцинствата  со посебен закон и им се заштитени сите права што им следуваат со него“, рече Бегај додавајќи дека тоа што ќе се гради таму камп за мигранти не значи неоходно и дека ќе бидат сместувани. Според него кампот е дел од договорот со ФРОНТЕКС за обезбедување на капацитети при евентуален мигрантски наплив, но дека Албанија прави се да спречи доаѓање на илегални мигранти во земјата.

„Се работи за прашање во надлежност на албанската влада. Се разбира, јас третирајќи ја Албанија како демократска држава, очекувам исто така да ги консултира граѓаните, но исто така со хомологот, да ја информира нашата влада евентуално за решенијата или за проблемите со кои се соочуваат. Не се работи за претседателска надлежност, меѓутоа токму како што рече претседателот Бегај, во духот на почитувањето на правата на малцинствата, во духот на почитувањето на демократските начела, во духот се разбира на почитувањето и на правата на локалната самоуправа, очекувам да се чујат мислењата на граѓаните околу Пустец и да се најде демократско решение“, изјави Сиљановска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvouv9thcrv0q1KAQISu

Македонија поразена од Данска, ги загубивме шансите за пласман на Светското првенство

Спорт | пред 3 дена

media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Уапсен Македонецот кој усмрти пешак во Србија и избега

Македонија | пред 4 дена

goveda

Шест волови од Македонија предизвикаа проблем на бугарската граница

Македонија | пред 4 дена

media-librarynp76j16e6co3eaavQc9

Уапсен Македонец во Грција, возел мотоцикл со 223 км/ч на автопат, треба да плати и казна

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања