Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СРБИЈА

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Токаев ќе го одликува Вучиќ со орденот „Златен орел“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Астана порача дека ќе му биде доделен највисокиот орден на Казахстан – „Златен орел“.Ќе имам голема чест да го примам највисокиот орден на оваа држава, Златниот орел, огромна чест за Србија и тоа го прифаќам во име на нашата земја. Многу сум среќен што ќе го добиеме најголемото признание на Казахстан“, изјави Вучиќ.Тој додаде дека утре него и српската делегација ги очекуваат важни состаноци, како и посета на казахстанскиот центар за вештачка интелигенција.Орденот на Вучиќ ќе му го врачи претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев.

Свет | пред 1 месец

media-library87u8cdq4jo8284kvSCd

Ивица Дачиќ на респиратор, лекарите велат: Состојбата е и натаму тешка

Од Одделението за пулмологија при Универзитетски клинички центар Србије информираат дека состојбата на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) останува тешка и сериозна.Доктор Спасоје Попевиќ изјави дека во овој момент нема подобрување во здравствената состојба на Дачиќ и дека е прерано да се зборува за понатамошни прогнози.„Неговата состојба останува тешка и сериозна. Медицинскиот тим вложува огромни напори за да дојде до подобрување. Во овој момент нема подобрување и е прерано да се зборува за било што понатаму“, изјави Попевиќ.Според информациите од болницата, Дачиќ бил хоспитализиран поради тешка пневмонија и во моментов се наоѓа на респираторна поддршка, под постојан лекарски надзор.Лекарите посочуваат дека министерот има и дијабетес, како и други придружни заболувања, што дополнително ја усложнува клиничката слика. Поради недоволен ефект од терапијата и наглото влошување на состојбата, било неопходно приклучување на механичка вентилација.Според српските медиуми, состојбата на Дачиќ нагло се влошила во последните денови, а на болничко лекување бил примен откако на комеморација покажал отежнато дишење, што го забележал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Од Клиничкиот центар наведуваат дека јавноста ќе биде навремено информир

Свет | пред 1 месец

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Три години по масакрот продолжува судењето за „Рибникар“

Милјана Кецмановиќ, мајката на К.К., момчето кое уби девет деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, пристигна во Вишиот суд во Белград, каде што денес треба да продолжи судењето за неа и за нејзиниот сопруг, Владимир Кецмановиќ.Таа дојде од слобода во придружба на нејзините адвокати, додека нејзиниот сопруг ќе биде изнесен од притвор, каде што се наоѓа од неговото апсење.Жртвите, односно членовите на семејствата на убиените и ранетите, кои треба да сведочат денес, исто така дојдоа во Палатата на правдата.Судењето е затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените.На претходното судење, Милјана и Владимир Кецмановиќ ја негираа вината и ја презентираа својата одбрана, додека одбраната и обвинителството ги презентираа своите воведни зборови.Судењето се повторува бидејќи Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беа осудени на повеќегодишни казни и наложи судењето да се повтори.Владимир Кецмановиќ со првостепената пресуда беше осуден на затворска казна од 14 и пол години за кривично дело запуштање и злоставување на малолетно лице и тешко дело против јавната безбедност, додека неговата сопруга Милјана Кецмановиќ беше осудена на затворска казна од три години за кривично дело запуштање и злоставување на малолетно лице.Со истата пресуда, Немања Маринковиќ, инструктор на стрелиштето каде што К.К. вежбал стрелаштво, беше осуден на едногодишен куќен притвор за давање лажен исказ.Покрај кривичната постапка против Кецмановиќ, беа поднесени и пет граѓански постапки од членови на семејствата на убиените и ранетите, од кои сите беа завршени во прв степен.Момчето К. К., кое во времето на ова злосторство сè уште немало 14 години и затоа не е кривично одговорно, пукаше на 3 мај во училиштето во кое учеше со два пиштоли на својот татко, кои ги зел на 1 мај 2023 година.Тој ги ставил во ранецот истиот ден, отишол на училиште и за време на првиот час уби 10 лица и повреди уште пет деца и еден наставник по историја.

Свет | пред 1 месец

dacic-slika-642x336

Попевиќ за Дачиќ: Успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, прерано е за какви било прогнози

Потпретседателот на Владата на Србија и лидер на Социјалистичка партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија при Клинички центар на Србија поради тешка форма на воспаление на белите дробови.Помошник-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, изјави дека Дачиќ и натаму се наоѓа во тешка здравствена состојба и е приклучен на механичка вентилација, пренесува Блиц.рс„Борбата продолжува. Пациентот е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба. Прерано е за какви било прогнози. Ситуацијата во моментов е постабилна отколку при вчерашното обраќање“, изјави Попевиќ, апелирајќи до медиумите за разбирање кон семејството и блиските на министерот.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рано утринава го посетил Дачиќ во болницата.Од Клиниката најавија дека јавноста ќе биде редовно информирана за неговата здравствена состојба.

Свет | пред 1 месец

media-librarybui1hucudp2i5z5u3tB

Од Скопје до Коњух: марихуана била „маскирана“ како перници за да помине граница

Наместо лесни перници, тони марихуана завршиле од Македонија во Србија, објави „Код“. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против шест лица поврзани со околу петте тони марихуана пронајдени во Коњух, кои од земјава излегле преку граничниот премин „Табановце“.Имено, според „Код“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друг, а првиот камион бил натоварен со кутиите марихуана. Возач на камионот бил Александар Ивановски кој е сега притворен.Според соопштението на Обвинителството, првоосомничен е сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“, Предраг Брковиќ, кој заедно со други засега неидентификувани лица организирал набавка на марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Македонија до Србија со товарни возила, со цел натамошна продажба.Брковиќ, како што наведуваат од ОЈО ГОКК, им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од фирмата „ЦБД Медплант“ од струмичкиот регион.Во период од околу две недели биле спакувани над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор на вработените. На 13 јануари 2026 година, во пладневните часови, двајца ортаци, од кои едниот осомничен во Република Северна Македонија, а другиот во Република Србија, организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе.Од Обвинителството информираат дека првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврата пренесени до наведената локација.Клучниот момент, според истрагата, е што товарното возило, кое првично било наменето за превоз на лесни перници, било испразнето и наместо перници во него биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. Од Свети Николе возилото се упатило кон граничниот премин „Табановце“ и ја напуштило државата, носејќи ја пратката кон Србија.Истрагата е во тек, а Обвинителството најавува натамошни активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.

Македонија | пред 1 месец

media-library8fr5fac7ffsk8AxJwfg

(Видео) Вознемирувачка сцена на планината Јахорина, дете спасено откако висело од седиште на жичара

Вистинска драма се одвивала денеска на планината Јахорина, кога дете висело од жичара и во последен момент било спасено со брза реакција на присутните.Според информациите објавени од регионални медиуми, на местото на настанот настанала паника кога било забележано дека детето виси од седиштето на жичарата. На видеоснимка што се појави во јавноста се гледа како две лица го придржуваат детето додека висело, а останатите присутни притрчуваат за да помогнат безбедно да биде спуштено на земја.Благодарение на навремената реакција, детето било успешно приземјено. Засега нема официјални информации дали претрпело повреди.Овој настан доаѓа само неколку дена по друг сериозен инцидент на истата планина, кога дете падна од жичара. Тогаш беше потврдено дека детето се здобило со повреда на ногата и било пренесено во болница, каде било задржано на лекување.Очевидци кои присуствувале на претходниот инцидент сведочеа дека сè се случило во рок од една минута. Според нив, мајката го држела детето, но тоа се лизнало и паднало. Во моментот сите биле на скии и немало време за дополнителна реакција.

Свет | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Функционери од Владата на СДСМ осомничени за преносот на марихуаната од Македонија кон Србија

Функционери од Владата на СДСМ се опфатени во истрагата како учесници во преносот на марихуаната од Македонија кон Србија, а откако беа фатени 4 тони. Ова го потврди премиерот Христијан Мицкоски кој одби да соопшти детали во интерес на истрагата.„Во интерес на истрагата не би одел чекор понапред. Тоа што го имав да го кажам за овој случај го кажав. Има функционери, но од претходната Влада, има фирма сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново село, односно негов син“, рече Мицкоски.Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.

Македонија | пред 1 месец

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Србија ги повика граѓаните да го напуштат Иран, откако тоа го направија Германија и Шведска

Министерството за надворешни работи на Србија препорача сите српски државјани кои се наоѓаат во Иран што поскоро да ја напуштат земјата, поради зголемените тензии и ризикот од влошување на безбедносната состојба во регионот.Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за ограничен воен удар со цел да изврши притисок врз Техеран да прифати нов нуклеарен договор. Тој нагласи дека и натаму е посветен на дипломатско решение, но предупреди дека ќе ја искористи воената сила доколку разговорите не донесат резултат.Според извештаи на американски медиуми, стотици американски војници биле евакуирани од базата Ал Удеид во Катар, како мерка на претпазливост во пресрет на можен напад врз Иран. Слични активности биле спроведени и во Бахреин, каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица.Во меѓувреме, и властите на Германија и Шведска ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран и препорачаа да не се патува во таа земја поради растечките безбедносни ризици.Регионалната безбедносна состојба останува неизвесна, додека дипломатските канали се обидуваат да спречат натамошна ескалација на кризата.

Свет | пред 1 месец

media-librarypgn984m5jp366Po1fyE

(Видео) Драма на средба со граѓани: Вучиќ натера жена на болно дете да му признае дека не му е биолошка мајка

Видео од посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Бор предизвика бурни реакции во јавноста, откако една жена, по негово инсистирање, пред своето болно дете откри дека не му е биолошка мајка.Настанот се случил за време на разговор со граѓани, кога Гордана Кариќ, корисничка на социјална помош, побарала збор за да укаже на, како што навела, деветмесечен застој во исплатата на надомест за своето болно дете, кое има срцеви проблеми и повеќе операции.Наместо директен одговор за причините за прекинот на исплатата, претседателот, според објавените видеа и медиумски извештаи, упатил прашања поврзани со проверките на имотната состојба од страна на Центарот за социјална работа, алудирајќи дека можеби постои законска пречка.Жената одговорила дека нема имот освен куќата во која живеат и нагласила дека не може да зборува за одредени детали пред детето. И покрај тоа, по натамошно инсистирање, таа низ солзи изјавила дека не може да го посвои детето, бидејќи е негова тетка, а биолошката мајка починала пред 13 години.„Не сакав да дознае на ваков начин дека не сум му мајка“, рекла таа пред присутните, додека детето седело до неа.По откривањето на семејната тајна, претседателот изјавил дека процедурите се сложени, но дека ќе се вложат напори случајот да се реши и дека ќе добие одговор во наредните денови, додавајќи дека таа, како што рекол, „секако му е мајка затоа што се грижи за него“.Сцената предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во медиумите во Србија, со различни толкувања за начинот на кој бил воден разговорот и за јавната експозиција на приватна семејна информација.

Свет | пред 1 месец

media-libraryic9ibit1iueddQlGya6

Детали како марихуаната спакувана во над 200 кутии стигнала од Македонија до Србија

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.Според наводите во наредбата, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во неутврден период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година, се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана. Секој од членовите на групата имал јасно определена улога при преземање, држење и пренесување на наркотичната дрога марихуана, заради нејзина понатамошна неовластена продажба. Двајца од осомничените, за кои српското обвинителство за организиран криминал води постапка, заеднички и по претходен договор со првоосомничениот во овој предмет кој е сопственик на правно лице од Скопје, како и со други неидентификувани лица, организирале набавка на наркотична дрога марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од Република Северна Македонија до Република Србија со товарни возила, заради натамошна продажба.Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација.Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со ПМВ, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата.На 14.01.2026 година, во 03:41 часот, товарното моторно возило се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Пронајдено тело во фаза на распаѓање во Белград

Во стан во белградската општина Врачар е пронајдено тело во напредна фаза на распаѓање. Откритието следува откако соседите, загрижени поради несносниот мирис кој се шири од станот веќе неколку дена, решиле да пројават и да влезат во просториите.Според неофицијални информации, станарите на зградата одлучиле да преземат мерки поради интензивниот непријатен мирис. По отворањето на вратите, во станот било пронајдено телото. Засега нема официјални информации за идентитетот на починатата личност, ниту за причините и околностите на смртта.Полицијата и надлежните служби продолжуваат со истражување за да се утврдат сите детали околу трагичниот настан.

Свет | пред 1 месец

media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

Десет лица под истрага за марихуаната запленета во Србија

Десет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава во врска со марихуаната што беше запленета во Србија, од кои двајца веќе се наоѓаат во притвор.Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, при што постојат основани сомненија дека осомничените лица се директно или индиректно поврзани со производство и транспорт на дрога.Според информациите, истрагата утврдила поврзаност на пријавените со транспортот на дрогата што беше запленета на територијата на Србија, а постапката продолжува во координација со надлежното обвинителство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl6oc3ri9ogdd33XnHu4

Уапсени двајца српски државјани во Илок со лажни германски и хрватски лични карти

Двајца државјани на Србија, на возраст од 28 и 26 години, се уапсени во Илок откако полицијата утврдила дека користеле фалсификувани германски и хрватски лични карти, соопшти Полиција на Вуковарско-сремската жупанија.Полициски службеници од Граничната полициска станица во Илок вчера во утринските часови извршиле контрола врз двајцата мажи, при што се посомневале во веродостојноста на документите што им биле приложени. Тие биле приведени во службени простории заради спроведување криминалистичка истрага поради сомнение за фалсификување исправи, како и за утврдување на законитоста на нивниот влез и престој во Хрватска.Со истрагата било потврдено дека личните карти се фалсификувани и дека станува збор за државјани на Србија по кои во Шенгенскиот информативен систем биле издадени предупредувања за забрана за влез во земјите од Европскиот економски простор. Поради таа забрана, како што утврдила полицијата, тие претходно нелегално ја преминале државната граница од Србија во Хрватска, надвор од официјален граничен премин.По завршување на истрагата, осомничените денеска се предадени на притворски надзорник, а против нив до надлежното државно обвинителство е поднесена кривична пријава.

Свет | пред 1 месец

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Први притвори во Македонија за запленетата мархуана во Србија: уапсени две лица

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа.„Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор.Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и овозможување на доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности“, велат од обвинителството.

Македонија | пред 1 месец

media-library3brgkqbu21jm70oBejt

Српски јутубер имаше тешка сообраќајка, го удри БМВ вредно 200.000 евра

Српскиот јутубер Бојан Симоновиќ, познат како Сими, ноќеска околу 4 часот наутро доживеа тешка сообраќајна несреќа во Нови Сад, јавува „Блиц“.До несреќата дошло кога младиот јутјубер, според сомневањата, изгубил контрола над својот автомобил, скап BMW M4 CS, чија вредност изнесува околу 200.000 евра.Среќа е што во оваа сообраќајна несреќа нема повредени лица. Иако материјалната штета е огромна, а автомобилот речиси непрепознатлив.Според неофицијални информации, Сими откако изгубил контрола над автомобилот удрил во паркирани возила кои се наоѓале на улицата.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryrolsktnk6rlf7hPvBkX

(Видео) Протести и приведувања во Србија: Полицијата апси студенти по собирите

Во Белград вчера се одржа протест на студенти и граѓани поради како што велат бруталното насилство што полицијата го употребила во Нови Сад. По протестот, полицијата започнала со масовни апсења на студенти.Како што објавија студентите на своите социјални мрежи, полицијата пресретнува групи луѓе во Нов Белград и апси секого на кого ќе наиде.На фотографиите што ги објавија се гледа група студенти која се наоѓа во обрач од полиција во целосна опрема.На социјалните мрежи се појави и уште една снимка од скандалозен обид за приведување на студенти.Како што се наведува во објавата, студентите се враќале од протестот кон факултетот кога полицајците излегле од полициско возило и почнале да ги бркаат без предупредување и без никаква причина.Исто така, на фотографиите што ги објавија студентите на Земјоделски факултет во блокада се гледа како полицијата построила млади лица до ѕид и врши претрес и апсења во близина на Студентски град.Студентите соопштија дека, според нивните сознанија, уапсени се најмалку шестмина млади од различни факултети, додека во меѓувреме една студентка била пуштена.Вчера протести се одржаа во Белград, Ниш, Ваљево, Чачак... Во Белград дошло до неколку инциденти, биле фрлени запаливи факели.

Свет | пред 1 месец

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Србија е сериозно загрозена од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е сериозно загрозена од формирањето воен сојуз меѓу Хрватска, Приштина и Тирана, изразувајќи загриженост поради, како што рече, глобалната тишина околу ова прашање.Говорејќи во Минхен, каде учествува на Минхенска безбедносна конференција, Вучиќ нагласи дека формирањето на таков сојуз претставува прашање што Србија мора сериозно да го сфати. Тој најави состанок на Колегиумот на Генералштабот на Војската на Србија и Министерството за одбрана, како и дополнителни вложувања во наменската индустрија и производството на оружје и воена опрема.„Ќе мора да извезуваме оружје за да заработиме, но ќе го зголемиме уделот што оди директно за Војската на Србија, можеби и до 40 проценти од вкупното производство“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија од месец во месец ќе ги јакне своите одбранбени капацитети.Тој оцени дека не станува збор само за воена соработка, туку за сојуз со јасни политички и безбедносни импликации.„Прашањето не е кому му продавате муниција, туку со кого сте во воен сојуз, кого браните или напаѓате“, порача српскиот претседател.На маргините на конференцијата, министерот за одбрана на Хрватска, Марио Анушиќ, одржа трилатерална средба со министрите за одбрана на Албанија и Косово, Пиро Венгу и Ејуп Македонци. Тој истакна дека соработката не е насочена против ниту една соседна држава, туку има цел јакнење на стабилноста и безбедноста во југоисточна Европа.Според хрватското Министерство за одбрана, трите земји развиваат заеднички проекти во одбранбената индустрија и ја унапредуваат соработката меѓу вооружените сили во рамки на Декларацијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста, потпишана на 18 март 2025 година во Тирана.Од Министерството за одбрана на Србија претходно оценија дека ваквите активности се спротивни на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор, додека албанската страна најави прва заедничка трилатерална воена вежба во 2026 година.

Свет | пред 1 месец

media-libraryjt8u3qgll4m63WyrSUM

„Гледајте како гори“: Македонец добил отказ, па со шише бензин ја запалил пицеријата, а на сопствениците им испратил снимки

Полицајците на Вождовац уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците, објви Информер.рс.Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста.Како што беше објавено, С. Г. скоро добил отказ во пицеријата каде работел, па револтиран дошол со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“.Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа по наредба на надлежното обвинителство, по што ќе биде приведен на распит заедно со кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

bolnica

Втор смртен случај во неколку дена на лице кое оперирало крајници

Триесет и осумгодишен маж починал во ноќта меѓу 11 и 12 февруари, во постоперативен тек по хируршка интервенција на трет крајник во Општата болница во Чачак, соопшти Министерството за здравство на Србија.Според соопштението, пациентот самостојно се пријавил за хируршката интервенција поради долгогодишни проблеми со дишењето. Министерството наведе дека пациентот бил свесен за ризиците од операцијата, имајќи ги предвид и другите придружни заболувања од кои боледувал.По добиената информација за смртниот исход, Министерството испратило здравствени инспектори во Чачак. Со одлука на министерот за здравство, раководењето со Одделението за оториноларингологија во Општата болница го презеле лекари од Универзитетски клинички центар Србија и од Универзитетски клинички центар Крагуевац, сè додека не се утврдат сите околности што довеле до двата смртни исхода во краток временски период.Министерот за здравство, Златибор Лончар, наредил воведување привремени мерки во болницата, што вклучува и преземање на раководењето со установата во наредниот период.Пред неколку дена, во истата болница почина четиригодишно девојче по операција на крајници, по што вршителот на должност директор поднесе оставка. Граѓаните организираа протести и побараа транспарентно објаснување за околностите под кои починало детето.Министерството претходно информираше дека е наложен и надворешен стручен надзор, кој го спроведуваат лекари и професори од терцијарни здравствени установи, а резултатите од инспекцијата и стручниот надзор ќе бидат јавно објавени.Од Вишо јавно обвинителство Чачак соопштија дека е наредена обдукција на телото на девојчето, по што ќе биде донесена одлука за понатамошниот тек на постапката.

Свет | пред 1 месец

media-library9of59iu078er9CBTl7b

Стотици српски производители на млеко на протест, бараат да се намали увозот

Стотици производители на млеко од централна Србија, незадоволни од цената, откупот и неконтролираниот увоз на млеко, денеска со трактори ќе ги блокираат делови од Ибарска магистралаТие исто така планираа да истурат стотици литри млеко, со барање државата да воведе прелевмани (заштитни такси) со цел да се намали увозот на млеко и млечни производи и да се заштити домашното производство.Блокадата ќе биде од 13 до 15 часот. Во изјава за српски медиуми тие нагласуваат дека состојбата со производството на млеко е „десет пати полоша отколку во 2023 година, кога беа воведени прелевмани“.Производителите бараат итно воведување квоти и давачки за увоз на млеко и млечни производи и нивна контрола на границата и продолжување на откуп од млекарниците каде што е прекинат.Тие се подготвени да разговараат за проблемот со премиерот Ѓуро Мацут доколку тој покаже интерес за тоа.Претседателот на Здружението на одгледувачи на добиток на Централна Србија, Милија Паламаревиќ, изјави дека околу 300 производители на тоа здружение ќе го блокираат патот со трактори на патот Крагуевац – Краљево околу 13:00 часот.Според него, производителите ќе истураат млеко пред компанијата, која е голем увозник на млеко и млечни производи. Паламаревиќ рече дека некои купувачи плаќаат помалку од 20 динари за литар млеко. Млекарите од Србија долго време се борат за опстанок, а на крајот на јануари 2025 година ги блокираа регионалните патишта 24 часа.

Свет | пред 1 месец

gasovod

„Договорот за руски гас веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци“, вели генералниот директор на „Србијагас“

Генералниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека договорот за набавка на руски гас, кој истекува крајот на март, веројатно ќе биде продолжен уште шест месеци, објави б92.Тој нагласи дека цената на гасот за домаќинствата нема да се менува, како и дека Србија има доволно енергенс до крајот на грејната сезона.Бајатовиќ објасни дека долгорочниот договор со Русија ќе биде анексиран, но дека постојат бројни проблеми, од европски санкции до тешкотии со платежниот промет, кои не се лесни за решавање.„Она што ќе се случи сега, нашиот договор од март натаму, поради големите залихи, практично до октомври, ќе изнесува шест милиони кубни метри дневно, а не 10, бидејќи не можеме да го полниме „Банатски двор“. Веројатно ќе имаме продолжување на долгорочниот договор за наредните шест месеци“, изјави Бајатовиќ за РТС.Бајатовиќ нагласи дека дури и ако не се увезат нови количини, Србија има доволно гас до крајот на грејната сезона.

Свет | пред 1 месец

media-libraryn2rhjaurb6se30vobWj

Рутинска интервенција на крајници со фатален крај за четири годишно девојче: мајката на Ема од Чачак со тешки сомнежи

Четиригодишното девојче Ема М. почина по операција на третиот крајник во болница во Чачак, а трагичниот исход на интервенцијата што важи за рутинска, ја потресе јавноста во Србија. Точната причина за смртта на детето ќе биде позната по завршување на обдукцијата, која е побарана од семејството.Сања, мајката на Ема, вели дека нејзината ќерка немала никакви здравствени проблеми, освен зголемени крајници, и дека во болница влегле со уверување дека станува збор за едноставна и безбедна интервенција. Наместо тоа, како што раскажува, следеле часови на неизвесност и страв.Според нејзините зборови, по операцијата една од медицинските сестри ѝ соопштила дека интервенцијата е завршена и дека детето се буди, но потоа повторно влегла во операционата сала и таму останала со часови. Кога излегла, ѝ рекла дека не знае што точно се случува, дека состојбата е тешка и дека се моли детето да преживее. Подоцна, хирургот изјавил дека операцијата поминала добро, но дека при будењето било утврдено крварење во белите дробови.Мајката наведува дека ѝ било кажано дека во тубусот се појавила крв и дека детето мора итно да се транспортира во Белград, но дека никој јасно не ѝ објаснил што точно се случувало во салата. Таа изразува сомнеж дека можеби дошло до повреда при повторното поставување на тубусот, посочувајќи дека детето претходно било целосно здраво. До обезбедувањето транспорт, како што вели, поминало долго време, а во Белград, Ема пристигнала со исклучително низок крвен притисок.Сања истакнува дека лекарите во Белград направиле сѐ што било во нивна моќ, но дека семејството се сомнева оти пропустот се случил во болницата во Чачак. Обдукцијата е извршена на барање на родителите и на Институтот за мајка и дете, со цел да се утврди вистината.„Најважно е да знаеме зошто го изгубивме нашето дете“, вели мајката, додавајќи дека без одговори и јасни факти, болката и сомнежите ќе останат.

Свет | пред 1 месец

media-librarys504gpilioib8x4ury2

Ужас кај Чачак: Воз удри во камионет, возачот почина

Денеска во 9 часот се случила тешка несреќа на пругата Заблаќе – Чачак во, кога на патниот премин се судриле воз и камионет.Маж (40) кој бил зад воланот на камионетот кога во него удрил возот, по што починал од тежината на задобиените повреди во болница.„Мажот бил жив, екипата на Итната помош го извлекла од остатоците, но починал од тежината на повредите“, изјави за RINA еден од жителите кој се нашол на лице место.До несреќата дошло на обележан патен премин, а точниот причинител што довел до трагедијата ќе биде утврден по истрагата.„Сè се случило на место кое е целосно пропишано со сообраќајни знаци и со зона со потребна видливост. Сепак, и покрај тоа дошло до ударот на возот во камионетот“, изјави за RINA извор запознаен со случајот.На лице место пристигнале екипи на полицијата, како и надлежни од Железници на Србија.Железничкиот сообраќај на овој дел од пругата е во прекин.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Орбан тврди: Клинтон побара Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во 1999 година, за време на неговиот прв мандат, поранешниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Унгарија да ја нападне Србија по копно за да отвори втор фронт во средината на војната во Косово.Орбан го изнесе ова тврдење за време на викендот на состанокот на Дигиталните граѓански кругови на Фидес во Сомбатели, пишува Телекс.Според Орбан, Клинтон барал Унгарија да ја нападне Србија или „барем да пука во нив од Унгарија преку Војводина па сè до Белград“.Владата на Орбан, како што тврди тој, одбила, а на изричното барање на американскиот претседател, тие одговориле со „Не, господине!“. „Да имавме тогаш премиер кој знаеше само да каже „Да, господине“, ќе бевме во војна до врат“, заклучи Орбан.Унгарскиот премиер вели дека потоа го прашал Клинтон што ќе се случи со 300.000 Унгарци што живеат во Војводина во тој случај. Тој тврди дека го предупредил и Клинтон дека враќа на оган од една локација и прашал:„Дали треба да дозволиме бомбардирање на Сегед, тоа е планот? Или на Ходмезовашархеј и Мако?“ Орбан рече дека се согласиле да разговараат за тоа лично на самитот на НАТО една недела подоцна, но тврди дека Американците никогаш повеќе не го отвориле прашањето.„Можно е да се каже „не“ кога имате храброст“, им рече тој на присутните во Сомбатеј. Додаде дека за неколку години, дипломатската историја ќе открие преку кои канали и информации го убедиле американскиот претседател никогаш повеќе да не поднесе такво барање.

Свет | пред 1 месец

vucic-45345

Вучиќ повторно кон премиерската фотелја, се отвора прашањето за промена на Уставот на Србија

Сè појасно се наѕира дека српскиот претседател Александар Вучиќ повторно има амбиција да се врати на премиерската функција, додека неговата Српска напредна странка се соочува со сериозен проблем – нема јасен кандидат кој со сигурност би победил на идните претседателски избори. Токму поради тоа, во јавноста сè погласно се зборува за можноста власта да побара излез преку промена на Уставот, со што би се сменил начинот на избор на претседателот на државата.Како „пробен балон“ во јавниот простор се појавува предлогот на Војислав Шешељ, кој отворено сугерира дека претседателот на Србија не треба да се избира на непосредни избори, туку во Народното собрание. Таквата идеја, според аналитичарите и дел од опозицијата, совршено се вклопува во интересите на владејачката структура, имајќи предвид дека СНС располага со двотретинско мнозинство потребно за уставни измени.Во изминатиот период во јавноста се споменуваат повеќе можни наследници на Вучиќ – од Томислав Николиќ, преку Ана Брнабиќ, до Милош Вучевиќ – но ниту едно од тие имиња не гарантира изборна победа. Дополнителен проблем за СНС претставуваат истражувањата на јавното мислење, кои покажуваат пад на рејтингот на партијата. Во таков контекст, загубата на претседателската функција би била сериозен удар за власта, што ја прави идејата за уставна интервенција политички привлечна.Шешељ јавно изјавува дека изборот на претседател во Собранието е „подемократски“, бидејќи овозможува и негово разрешување, за разлика од директниот избор од граѓаните. Истовремено, тој потврдува дека неговата Српска радикална странка останува во коалиција со СНС и дека не планира самостојни политички маневри.Од опозицијата реагираат остро. Потпретседателот на Странката на слободата и правдата, Бoрко Стефановиќ, оценува дека Шешељ јавно го изговара она што Вучиќ го мисли, нагласувајќи дека меѓу двајцата постои долготрајна политичка и идеолошка симбиоза. Според него, ваквиот предлог оди кон дополнително слабеење на врската меѓу граѓаните и институцијата претседател, и кон зајакнување на авторитарен модел на владеење, во кој центарот на моќта се концентрира во рацете на еден човек.Стефановиќ предупредува дека не би било изненадување доколку иницијативата за уставни измени навистина стигне до Народното собрание, бидејќи процедурата тоа го дозволува. Според српскиот Устав, иницијатива за измена можат да поднесат најмалку една третина од пратениците, претседателот на државата, Владата или најмалку 150.000 избирачи. За започнување и усвојување на измените потребно е двотретинско мнозинство, кое владејачката коалиција моментално го има.Српскиот Устав последен пат беше изменет во 2022 година, по референдум за усогласување на судскиот систем со европските стандарди. Дали сега следи нова, далеку поконтроверзна уставна интервенција, која би го променила начинот на избор на претседателот, останува отворено прашање, но сигналите што доаѓаат од врвот на власта и од нејзините најгласни сојузници сè повеќе упатуваат токму во таа насока.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања