Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Србија ги евакуира своите државјани од Израел преку Египет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o
Unsplash / илустрација

Амбасадата на Србија во Тел Авив соопшти дека е во тек евакуација на српски државјани од Израел поради ескалацијата на конфликтот. Тие најпрво ќе бидат транспортирани до Египет, а потоа со авион обезбеден од српската влада ќе пристигнат во Белград. Евакуацијата ја координираат амбасадата и МНР, а во Белград е формиран кризен штаб. Граѓаните се повикани да ги следат официјалните информации и безбедносни проценки. Поради конфликтот се откажани бројни летови кон Блискиот Исток; најавен е и прв лет кон Белград од Дубаи, по прекин на редовните линии.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Амбасадата на Србија во Тел Авив соопшти дека е во тек евакуација на српски државјани од Израел, поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Според најавите, граѓаните треба да пристигнат во Белград преку Египет.

Евакуацијата ја спроведуваат амбасадата и Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции во Србија, соопшти дипломатското претставништво на социјалната мрежа Икс. Српските државјани најпрво ќе бидат транспортирани до Египет, од каде со авион обезбеден од српската влада ќе бидат пренесени во Белград.

— реклама —

Од амбасадата нагласуваат дека се во постојан контакт со своите државјани и дека внимателно ја следат состојбата на теренот.

Во Белград е формиран и кризен штаб во рамки на Министерството за надворешни работи, кој ќе ги координира сите надлежни служби и институции со цел навремено реагирање и заштита на безбедноста на српските граѓани. На државјаните им е препорачано редовно да ги следат официјалните канали за информирање и да постапуваат во согласност со безбедносните проценки.

— реклама —

Белградските медиуми објавија дека вечерва од Дубаи, по прекинот на редовните летови поради конфликтот, треба да полета првиот авион кон Белград. Аеродромот Аеродром Никола Тесла претходно соопшти дека се откажани сите летови кон Доха и Дубаи.

Според западни медиуми, повеќе од илјада летови кон дестинации на Блискиот Исток биле откажани поради американско-израелските напади врз Иран и одмаздничките акции на Техеран кон земјите од Заливот каде постојат американски интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 37 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања