Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТАЛАТ ЏАФЕРИ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Не може Талат Џафери да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник, реагира професорката Најчевска

,,Праааавнииициии, професорииии, реагирајтееееее.Талат Џафери не може да биде премиер ако му е верификуван мандатот за пратеник.Не може Талат Џафери сам да реши дека нема да ги врши работите на пратеник туку ќе ги врши работите на премиер.Уставниот суд мора да реагира на ова заради грубо нарушување на Уставот на Македонија.Еве, заради ова сакав да влезам во Собранието.Ама вие сакате да ве дупи Талат Џафери во здрав мозок.”, напиша Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Џафери до поглаварот Стефан: Просветителското дело на Свети Кирил и Методиј и интеркултурниот потфат се епохални и обврзувачки за доброто на сите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј на Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на верниците кои го чествуваат празникот.Во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на верниците кои го чествуваат празникот.,,Епохално е делото на светите браќа Кирил и Методиј кои го создале првото словенско писмо – глаголицата и чие што духовно-просветителско наследство има темелно значење за МПЦ- ОА, како и за современата македонска култура, но и за Европа. Тоа што на тогашниот црковнословенски јазик се преведуваат првите богослужбени книги на словенски јазик, го отвора патот за развојот на словенската писменост и со тоа и на македонската писменост, којашто на македонска почва се шири под закрила на Охридската Архиепископија и во Охридската книжевна школа.Но, интеркултурниот потфат на светите браќа Кирил и Методиј со право го слави и Европа, бидејки тие успеваат да ја разбијат тријазична догма дека христијанството може да се проповеда само на три јазици и ги издигнуваат словенскиот јазик и култура на рамноправно рамниште со трите други во тоа време во Европа“, се вели во честитката на премиерот Џафери.,,Значењето на светите браќа Кирил и Методиј за единството на европските народи, поради што се прогласени за светци од Православната црква и за созаштитници, односно патрони на Европа од Римокатоличката црква е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот, за доброто на сите. Во таа насока, значајна е и улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, којашто од пред две години е признаена и како рамноправна во православниот свет. Нека е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!“- порача премиерот Џафери во телеграмата упатена до поглаварот Стефан.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери во чест на Свети Кирил и Методиј и патронатот на Униврезитетот: Упорноста и вербата на просветителите, се патоказ кон напредок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во името на Владата и во свое име, го честиташе 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на ректоката, проф.д-р Биљана Ангелова, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите, на студентите на универзитетот и на граѓаните.,,Во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирили и Методиј“ во Скопје, на Вас, на деканите, продеканите, професорите, сенаторите и на сите студенти на универзитетот.Денешниот двоен празник, повикува на упорност и верба во науката и во образованието, како стожерни двигатели на развојот на современа и европска држава, каква што сите посакуваме и целиме да биде Република Северна Македонија. Таквата водечка улога во овој процес му доликува на првиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, еден од столбовите на македонската државност и на вас како продолжувачи, и сегашни и идни наследници, на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј.Затоа што, како што вели и Свети Климент Охридски за неговите учители „тие со добар подвиг и со цврска вера, минаа како сонце, осветлувајки ги темните места со своите стапки“. Не била лесна битката на Браќата Кирил и Методиј, кои во времето кога постоеле само три привилигирани јазици, успеале да го внесат словенскиот јазик на рамнправно рамниште со нив. Со тоа започнува да се развива и современата македонска писменост.И нивното инспиративно дело е и треба да биде патоказ како може и треба да се работи во остварувањето свети цели.Како генерации на денешнината и посебно последниве неколку години, успеавме во заложбите македонскиот стандарден јазик да биде рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици и во Европската Унија и се продолжи и делото на Свети Кирил и Методиј како темелници на европскиот интеркултурализам. На вас е со поголеми сили и да продолжите да се вложувате во науката и образованието. Споделувајте го знаењето и бидете гласни и храбри пред политиката, во развојот на научнообразовната дејност и во нејзиното место во општеството, затоа што вашето влијание е потребно во одржувањето на демократските текови на современа и европска Република Северна Македонија.Честит и вековит нека е 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и патронен празник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје!“, напиша премиерот Џафери во честитката до ректорката Ангелова.

Македонија | пред 1 година

IMG_3977

Средба Џафери – Троказ: Македонија да продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција

На маргините на лидерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.На средбата, се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата Влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ, и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички чинители.Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока, ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на Меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија.Премиерот Џафери нагласи дека, за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата Влада, туку исполнувањето на европската агенда. Тоа е патот на иднината и на просперитетот за кој тој ќе продолжи да работи во кое било својство или функција.

Македонија | пред 1 година

IMG_3975

Цафери: Реформите се клучен чекор за доближување на регионот во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на Регионалниот самит на лидери во Котор, под мотото „Еден регион, заедничка визија“, се обрати на Панелот „Состојбата на терен и идните планови-нов план за раст“. Во своето обраќање, претседателот на Владата истакна дека независно од тоа што Северна Македонија се наоѓаше во предизборен период, за Владата, евроинтеграцијата беше врвен приоритет и беше фокусирана на спроведувањето на приоритетните реформи кои се важни за членството на државата во ЕУ.„Владата која ја предводам, останува посветена на остварувањето на европската агенда, која бара спроведување на суштински реформи и усогласување со правото и стандардите на Европската Унија.Дополнително, го поздравувам усвојувањето на Регулативата за Механизмот за реформи и раст, со која се обезбедени дополнителни финансиски средства за поддршка на реформите, а чие користење е поврзано со испорачување резултати. Изминатиов период, и покрај фактот што Северна Македонија беше во изборен период, интензивно работевме на финализирање на нашата Реформска агенда 2024-2027. Последната нацрт верзија на Реформската агенда, одобрена од Владата, беше споделена со Европската комисија на почетокот на мај“, рече премиерот Џафери.Во рамките на овој процес, потенцираше претседателот на Владата, Талат Џафери, изминативе два месеци, Северна Македонија поднесе пред-апликација за членство во СЕПА, а Владата објави јавен повик на кој аплицираа повеќе македонски центри за дигитални иновации.„Ова се мали, но значајни чекори кои ја потврдуваат насоката на движење на земјата. Со ист таков ентузијазам и посветеност очекувам да се спроведат најновите патокази кои се однесуваат на забрзаното приближување кон заедничкиот внатрешен пазар, но и спроведувањето на Реформската агенда. И, последно, но не помалку важно. Во однос на регионалната соработка, ги поддржуваме начелно поставените темели во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар. Имајќи предвид дека сме во период пред избор на нова Влада, деталните активности за кои се надлежни ресорните институции допрва треба да бидат етаблирани и развиени во периодот што следи“, рече премиерот.Претседателот на Владата на Северна Македонија во своето обраќање потенцираше и дека за да успее новиот Акциски план за Заеднички регионален пазар на кој напорно работат сите, треба да се одблокира работењето на ЦЕФТА, а Северна Македонија да има свој претставник на највисоко ниво.„Се надевам дека оваа трасирана патека ќе продолжи да биде водилка и за следната Влада на Република Северна Македонија“, истакна Џафери на крајот на своето обраќање.

Македонија | пред 1 година

27042024_PVRSM_XHAFERI-4

Џафери: Спроведовме европски избори, пред новата Влада е чист пат по стратешкиот евроатлантски колосек

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, одржа прес-конференција на којашто се осврна на работата во изминатите 100 дена, од неговиот избор за премиер и формирањето на Владата, со примарна обврска да ги организира и спроведе претседателските и парламентарните избори во државата.Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Џафери на прес-конференцијата:„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни избори. И оваа приоритетна обврска, доверена согласно Уставот и законите, и јас како премиер, и Владата - доследно ја исполнивме.Спроведовме европски избори, во слободни, мирни, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Избори што ќе се спомнуваат по тоа како може, и како треба да се сработи во интерес на граѓаните и државата. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, којашто се стреми да биде членка на Европската Унија. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит и од нашите европски партнери.Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт – тогаш тоа се изборите. И во оваа прилика, изразувам благодарност и до институциите и до граѓаните, затоа што беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби - државата да напредува според европските вредности.Токму вака, на дело, се работи за големата европска идеја. Очекувам овој правец да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Република Северна Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство, во динамичен процес, до 2030 година. Шансата е пред државата и пред новата Влада, исто така и одговорноста!Сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт. Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и напредно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет.Денеска, кога одбележуваме 100 дена од формирањето на Владата што ја предводам, со чист образ, мирна совест и должна почит кон сите граѓани, можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должноста, дека ќе работам во интерес на сите граѓани и на државата, го спроведов.- Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец на Република Северна Македонија е уште еден придонес во демократијата во Република Северна Македонија.- Продолживме по стратешкиот евроатлантски колосек, којшто е од највисок државен интерес. Учествував на важни меѓународни настани, со цел афирмација на стратешките евроатлантски определби. Реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, со високи претставници на Стејт Департментот, на државите членки ЕУ, со премиерите од Западен Балкан.- Ги донесовме и сите други потребни одлуки од значење на квалитетот на живот на граѓаните – согласно надлежностите што ни ги овозможуваат Уставот и законите. Пред сѐ, овде мислам на решенијата што ги изнајдовме за приоритетните проблеми и во таа насока, спроведената ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата коишто беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер.За сите активности на Владата што ја предводам, може подетално да прочитате во публикацијата чиј линк ќе го добиете, а којашто претставува Извештај за првите 100 дена од работата на Владата што ја предводев“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда.„Ова не е слика што треба да ја имаме за Владата, но тревата е во надлежност на Град Скопје. Ние не сме задоволни од тоа што дворот е неуреден, но Владата не може да одвои средства за тоа бидејќи тоа не е во наша надлежност. А за Град Скопје и за градоначалничката одговор дадоа и граѓаните, а тоа го покажаа резултатите од нејзината партија во што секако се гледа незадоволството и на граѓаните“, одговори Џафери.

Скопје | пред 1 година

IMG_3924

Премиерот Џафери и Владата во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја

Владино-државниот врв го одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9-ти Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, положи цвеќе и оддаде почит на борците од Народноослободителната борба, пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борци од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борци, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државава, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борци од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политички партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна, кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците, како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија, темелејќи го развојот, на демократијата.Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата, во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата на фашизмот и Ден на Европа е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, коишто се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на којашто се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности, како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија, заедно, ќе го оствариме.

Македонија | пред 1 година

IMG_3594

Џафери - Лапсли: Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Северна Македонија, ја даваат за Украина.Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Северна Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

Македонија | пред 1 година

IMG_3447

Средба Џафери - Бегај: Македонија и Албанија се посветени на евроатланските интеграции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во рамки на учеството на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност во Приштина, Република Косово, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Албанија, како и развојот на билатералните односи меѓу двете земји. Соговорниците ја нагласија двостраната посветеност кон добрососедските односи.Премиерот Џафери и претседателот Бегај, на средбата посочија дека Северна Македонија и Албанија, како сојузници во НАТО, се подготвени за продлабочување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница.На средбата беа разменети мислења и за европските интеграции, како и продолжување на реформските процеси во двете држави.

Македонија | пред 1 година

IMG_3445

Џафери: Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.Во продолжение е обраќањето на премиерот Џафери:„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.И ние во Република Северна Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата Жени, мир и безбедност. Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи.Уште поважно, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.Легислативата е исклучително значаен дел од тој процес, затоа што ја дава рамката со која се обезбедува застапеноста. Таков е вториот Национален акциски план (НАП) на Република Северна Македонија за имплементација на Резолуцијата 1325 усвоен во 2020 година, како петгодишен стратешки план за постигнување на вистинска родова еднаквост, интеграција и транспарентност на национално ниво.Но, легислативата е само еден сегмент од нашата поголема, повисока политика. Неспорно е дека, родовите теми во Северна Македонија, во голема мера добиваат простор и стануваат еден од приоритетите преку реформите кои Владата почна да ги имплементира во 2017 година и непосредно пред нашето полноправно членство во НАТО. Тие реформи, се случија пред сѐ во начинот на кој размислуваме за родовата димензија и ја инкорпорираме во секоја политика.Без разлика дали тоа претставува Истанбулската конвенција, социјалната реформа, Едно општество за сите и серија други политики кои ги имплементира нашата Влада, или пак фокусот се насочува кон жените во безбедносниот сектор, заедничка цел на сите нив е целосна инклузија, со овозможување на простор кој води до реална родова рамноправност.Во оваа насока, можам да кажам дека ние сме позитивен пример. Министерството за одбрана на Република Северна Македонија го води одлична министерка, на која и претходеше исто така друга извонредна министерка за одбрана. Претседателот на државата има аѓутантка, а постигнат е и значителен напредок во бројот на жени застапени во Армијата, чијшто број се има удвоено во последниве десет години. Во истото министерство, од вкупниот број вработени административни службеници на раководни позиции, 49 % се жени. Имаме осум жени со чин полковник, што е бројка која до пред една декада беше нула, или еден.Агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година. Со цел афирмирање на ваквата политика, организиравме повеќе настани на највисоко ниво на оваа тема.Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.Знам дека според една од феминистичките теории за мирот се смета дека тоа е постојан процес на кој треба да се работи, а не цел која треба да биде постигната. И јас се согласувам со оваа теорија и врз истата ја базирам и родовата еднаквост во безбедноста.Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3446

Средба Џафери - Османи: Македонија во духот на добрососедството

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на учеството на конференцијата „Меѓународен форум за жени, мир и безбедност“ во Приштина, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.На почетокот од средбата, премиерот Џафери на претседателката Османи и се заблагодари за укажаното гостопримство и поканата за учество на конференцијата којашто е во организација на косовската претседателка.Меѓу другото на средбата беше потенцирана заложбата на двете земји за развојот на билатералните односи, како и актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план, а поврзани со безбедносната состојба и економскиот напредок на регионот и пошироко.Во фокусот на разговорот беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Косово и можностите за нивно унапредување, во сите области од заемен интерес.Премиерот Џафери, го реафирмираше ставот дека Северна Македонија во духот на добрососедството, дава поддршка на евроатланските аспирации на Косово, како и поддршка за активно приклучување на Косово во постојани форуми и регионални иницијативи.Соговорниците разменија мислења за целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија, потенцирајќи дека тоа значи сигурност, стабилност и севкупен напредок за сите граѓани. Во оваа насока, претседателот на Владата на Северна Македонија, Талат Џафери, истакна дека нашата држава, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, е подготвена да ги стави стекнатите знаења и искуства на располагање на Косово.Претседателот на Владата на Северна Македонија, Талат Џафери, потенцираше дека Северна Македонија ги следи состојбите меѓу Приштина и Белград и го подржува дијалогот, истакнувајќи дека е потребна конструктивност од двете страни и дека Косово и Србија треба да ги исполнат преземените обврски од Брисел и Охрид.Премиерот Џафери и претседателката Османи, заеднички констатираа дека мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Талат и син му кој стана обвинител во извештајот на „Фридом Хаус“: Ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството

„Фридом хаус“ во најновиот извештај ги критикува семејните врски помеѓу политичари и обвинители, а откако Академијата за судии и јавни обвинители го објави списокот на кој беа синови, ќерки и снаи на политичари со високи функции во Македонија. Во извештајот директно се споменува изборот на синот на Талат Џафери стана обвинител.„Покрај тоа, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари (вклучувајќи го и синот на претседателот на парламентот Талат Џафери) ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизмот во судството“, се вели во дел од извештајот.Во него се потенцира дека „Корупцијата останува главна грижа и за јавноста и за другите меѓународни“.Синот на Џафери беше избран за обвинител во мај минатата година. Бура од реакции имаше кога се дозна дека успеал да биде запишан на Академија и да полага правосуден испит без да има документација за завршен факултет, како што беше утврдено во постапката на Антикорупциската комисија. Но, на членовите на Советот на обвинители тоа не им пречеше.Речиси 18 проценти од положените кандидати од минатата година, кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавно објавената ранг-листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит - но и тој подоцна успеа да добие „амин“ за да гони односно суди криминал. Во листата има и многу звучни имиња.

Македонија | пред 1 година

talat-dzaferi33

Џафери во чест на Рамазан Бајрам: Да продолжиме по вистинскиот пат и да напредуваме заедно

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати честитка за празникот Рамазан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед.„Посакувам Рамазан Бајрам да донесе здравје, мир, благосостојба и хармонија во душата, во семејството, во државата. Тоа е празник што ги обединува семејствата, блиските, пријателите, соседите низ векови, пренесувајќи ја вредносната порака дека само заедничката среќа носи вистинска среќа. Тоа е празник кој поттикнува солидарност и духовна сила кај луѓето за меѓусебна почит, за трпение и разбирање, како единствен пат кон посакуваниот мир. Затоа, да правиме добри дела, да бидеме секогаш еден до друг и со подадена рака еден кон друг да напредуваме сите заедно.Ви посакувам добро здравје и сила за вршење на благородната мисија што ја имате, да ги упатите на прав и чесен пат припадниците на исламската вера. А ние, како политичари, уште посилно ќе го поддржиме градењето на нашата заедничка држава, исполнувајќи ги правата и обврските на секоја заедница, за продолжување на успешната приказна на мултиетничка држава во регионот, којашто во ова време на глобалните предизвици се покажа како исклучително неопходна за семејството на европски држави. И верувам дека ќе продолжиме така кон вистинскиот пат. Честит Рамазан Бајрам!“, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Македонија | пред 1 година

IMG_3304

Џафери- Стрик: Силна поддршка за продолжување на европскиот пат на Република Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со европратеничката Тинеке Стрик.Ова е втора средба на Џафери во својство на премиер со европратеничката Стрик, со која се сретна и во рамки на неговата прва посета на европските институции на 14 февруари 2024 во Брисел. Холандската европратеничка Стрик е дел од групата на Зелени/ Европска слободна алијанса, и член на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент и на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.Фокусот на средбата беше на натамошниот напредок на Северна Македонија во процесот на евроинтеграција, што се оцени како исклучително значаен за перспективите на граѓаните во државата, но и во регионален и посебно геополитички контекст.Притоа, беше нагласена силната поддршка за продолжување на европскиот пат по завршувањето на изборите во земјата.Премиерот Џафери оцени дека Северна Македонија се наоѓа во важен момент од демократскиот развој и дека претседателските и парламентарните избори ќе го одредат правецот на државата, што со право се следи со интерес во регионот и во Европа.Притоа, потенцираше дека Владата ги презема сите чекори, согласно законските надлежности, да осигура дека сите надлежни институции ќе овозможат спроведување фер и демократски избори со целосен легитимитет.Европратеничката Стрик го поздрави постигнатиот напредок на Северна Македонија и одлично завршениот процес на скрининг, притоа ја нагласи итноста и важноста од продолжување на започнатиот пат од геополитички аспект, како и искористување на позитивниот момент и широката постоечка поддршка за проширувањето на ЕУ.Воедно, повика веднаш по завршувањето на изборите и формирањето на Собранието и Владата, Северна Македонија активно и забрзано да работи на спроведувањето на уставните измени и исполнување на реформската агенда, и заедно со соседите, да го заокружи патот кон членство во Унијата.На средбата се разговараше и за важноста на Планот за раст на Западен Балкан и неговото усвојување во Европскиот парламент, како и за натамошното зајакнување на севкупната соработка на нашата држава со Европскиот парламент, вклучително и преку присуството на претставници од нашите собраниски служби во Брисел.

Македонија | пред 1 година

IMG_3302

Средба Џафери - Пич: Северна Македонија и Обединетото Кралство, партнери и сојузници посветени на безбедноста низ единство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Лорд Пич, специјален пратеник на Премиерот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за Западен Балкан.Џафери и Пич ги поздравија одличните билатерални односи меѓу двете земји и изразија очекување дека воспоставената активна динамика на соработка, средби и посети на високо ниво ќе продолжи со несмален интензитет.Премиерот Џафери изрази задоволство што посетата на Лорд Пич се случува во моменти кога Северна Македонија одбележува 4 години членство во НАТО и во годината кога Алијансата одбележува 75 години постоење.Притоа, заблагодарувајќи се на досегашната поддршка на Лорд Пич на нашиот евроатлантски пат и потсетувајќи на неговото лично присуство на историскиот момент на подигнување на знамето на Република Северна Македонија пред седиштето на НАТО во Брисел на 27 март 2020 година, Премиерот ја нагласи одлучноста Северна Македонија да продолжи да биде активна и кредибилна членка на Алијансата, посветена на безбедноста низ единството, како и нашата силна врска со Обединетото Кралство.Упатувајќи честитки за годишнината од членството во НАТО, Лорд Пич ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство да продолжи активно да соработува со Северна Македонија како НАТО сојузник и да продолжи да ја подржува модернизацијата на одбраната.На средбата се разговараше за актуелни прашања од регионот на Западен Балкан, за предизвиците, можностите и важноста од движење на регионот напред, за безбедноста во Европа во светло на војната во Украина, и соработката меѓу двете земји како партнери и сојузници на тој план.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Џафери: Се најде решение за учениците од Медресето Иса Беу во Скопје

Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше средба со Реисул -Улемата на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Хз. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.На средбата, главниот фокус беше на последната одлука на Владата на Република Северна Македонија, донесена на седницата на 26 март 2024 година, со која се дава одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ - во село Кондово, Скопје, акредитирано и со редовен статус на гимназија. Оваа одлука, претставува решение за долгогодишниот проблем со кој се соочуваа учениците од Медресата Иса Бег во Скопје, кои откако ќе завршеа средно образование во исламската гимназија, не можеа да се запишат на универзитетски студии на факултетите во земјата, што за нив претставуваше голем хендикеп и дискриминација. Воедно, ова е прашање за кое премиерот Џафери изрази интерес и за време на неговиот мандат на претседател на законодавниот дом, кога се обврза да оформи работна група која ќе изготви законско решение со кое ќе се регулира статусот на верските училишта кои се исклучително важни за постигнување на повисока меѓу-религиска толеранција и превенција од какво било застранување од изворното учење.Еф. Фетаи, изрази благодарност за средбата и признание за упорноста и посветеноста на премиерот Џафери во наоѓање на модус со кој ќе се оствари оваа цел и конечно и учениците што ја следат наставата во Медресето Иса Беу, ќе може рамноправно да се вклучат во високообразовниот систем во Република Северна Македонија. Наставата во Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ ќе се изведува на македонски, на албански и на турски јазик. Ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование согласно наставните планови и програми одобрени од Министерството за образование и наука и согласно Законот за средното образование.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Средба Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски. Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори.Претседателот на Владата, Џафери, на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. При тоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.Од страна на јавниот обвинител Коцевски, беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес и изрази целосна поддршка за премиерот во секоја фаза во насока на препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.Заеднички се констатираше дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока се потенцираше улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Се нагласи и очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери – Силвестри: Северна Македонија да продолжи по европскиот пат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава.На состанокот се истакна големото и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Италија создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите.Денес, двете земји, констатираа соговорниците, имаат високо развиени билатерални односи и се доверливи партнери во НАТО Алијансата. Италијанската Република, како што се посочи, е силен и голем поддржувач на Република Северна Македонија во сите демократски и реформски процеси. Посебно се потенцираше значајната улога на Италијанската Република во евроинтеграциите на Западен Балкан и конкретно на Северна Македонија во ефикасен процес, каква што поддршка добива нашата земја.Исто така, покрај политичките, одбранбените и културните односи, се констатираше дека се развиваат и економските односи, кои бележат тренд на унапредување, со оглед дека Италија е меѓу 10-те најголеми трговски и инвестициски партнери на Северна Македонија.Премиерот Џафери се заблагодари за Монографијата, издадена по повод 30 години дипломатски односи меѓу Италијанската Република и Република Северна Македонија, квалификувајќи ја како драгоцено сведоштво за идните генерации, за длабокото и продуктивно пријателство меѓу државите во регионот и во европски контекст.Лично, изрази задоволство, што ја има можноста и од позицијата на премиер да продолжи да придонесуваа во натамошниот развој на односите меѓу државите.На средбата се разговараше и за претстојните двојни избори во нашата земја.Претседателските и парламентарните избори се оценети како исклучително важни, со оглед на потребата да се потврди европската ориентација на Северна Македонија, како за квалитетот на живот на граѓаните во државата, така и за стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на Европа.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери го посети Меѓународниот балкански универзитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го посети Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. На средбата со раководството на Универзитетот, научниот и стручниот кадар, премиерот Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа. Универзитетот е составен од 7 факултети, покрива вкупно 65 области во додипломски, постдипломски и докторски студии.Претседателот на Владата, Џафери изрази задоволство од опстојувањето и функционирањето на Универзитетот истакнувајќи дека, вакви напредно високообразовни институции се од голема важност за исклучителните достигнувања на студентите во понатамошниот нивен професионален развој.За време на средбата, разговараа и за предизвиците во високото образование во земјата, неопходните реформи и системски решенија, кои треба да се спроведат во образованието, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар, при што, премиерот посочи дека Владата, секогаш имала и ќе има слух за потребите на образовните установи во кои се гради иднината на земјата.Претседателот на Владата, Џафери, изврши обиколка на кампусот и го посети Факултетот за дентална медицина, акушерство и медицински сестри, каде годинава е направена најголемата инвестиција за дентална медицина од страна на Универзитетот.Во рамки на Факултетот е основана и ПЗУ „ИБУ ДЕНТ“ и премиерот Џафери, беше информиран за условите и медицинските услуги коишто се овозможени овде. Од голема важност е современата опрема со која е опремена ординацијата како и експертизата која ја нуди оваа установа во состав на Факултетот, со што на студентите им се овозможува пракса во реални услови.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Средба Џафери- Бомгартнер: Франција е значаен партнер на Северна Македонија на пристапниот пат во ЕУ

На средбата беа констатирани три децении одлични билатерални односи и пријателството меѓу нашите две земји, карактеризирани со високо развиен, конструктивен и партнерски политички дијалог. Воедно, беше изразен и интересот во следниот период да се стави поголем акцент на економската и трговската соработка.Премиерот Џафери го поздрави севкупниот и засилен француски ангажман во регионот на Западен Балкан, олицетворен преку низа иницијативи и конкретни чекори во изминатиот период насочени кон зајакната стратешка, политичка, економска и општествена соработка. Во таа насока, се заблагодари за поддршката на Франција во процесот на проширување на Европската Унија со целиот регион, и Северна Македонија посебно, и ја нагласи посветеноста на Владата која ја предводи да ја продолжи започнатата динамика на патот кон ЕУ.Честитајќи го именувањето за Премиер, амбасадорот Бомгартнер ја поздрави досегашната одлична соработка со Џафери во чиј мандат како Претседател на Собранието беше направен голем исчекор во развојот на билатералната парламентарна соработка. Амбасадорот изрази подготвеност за натамошна сестрана соработка со Владата во насока на натамошно јакнење на односите меѓу двете земји, кои се засновани на долга историја на пријателство.Бомгартнер ја нагласи силната посветеност на Франција кон европската перспектива на Северна Македонија и истакна дека Франција ќе продолжи активно да манифестира конструктивност и поддршка на тој пат, при што се осврна и на важноста на претстојните парламентарни избори во Северна Македонија, изразувајќи надеж дека идната Влада и Собрание ќе продолжат активно да ја спроведуваат европската агенда.Премиерот го честиташе 20 март - Денот на Франкофонијата и нагласи дека Северна Македонија останува активно посветена на Меѓународната Организација на Франкофонијата и ќе продолжи со активностите за афирмација на францускиот јазик во државата.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери од настанот 60 години Уставен суд: Слободата на изразување на мислата е темел на демократскиот свет

,,Ако се земе предвид дека државниот систем се темели на законите, а Уставниот суд ги има најзначајните улоги во него - заштита на човековите слободи и права и заштита на уставноста и законитоста – тогаш, во овој голем, 60-годишен јубилеј на Уставниот суд, ќе препознаеме големо значење и за граѓаните, и за државата.Во актуелниот контекст, современиот демократски свет во Уставниот суд гледа посебно заштитник на највисоките цивилизациски вредности: слободата на јавно изразување на мислата како универзално човеково право и на можноста за уставно-судска заштита на ова право, што е и тема на денешната конференција. Историските корени се наоѓаат во демократските истории на Европа и на САД.Основата на еднаквоста во слободите и правата на сите луѓе е токму правото на слобода на изразување, што е клучно и за медиумите, како заштитници на јавниот интерес. И, фактот што само во првите два месеца од оваа година, Уставниот суд на Република Северна Македонија утврди повреди на слободата на мислата и јавното изразување во правосудна процедура кај двајца новинари, е нешто на што треба да се обрне внимание.Правото на изразување на мислата е темел на демократскиот свет повеќе од кога било, и тоа мора да е достапно и реално за сите наши граѓани, без оглед кои се, што работат или каде припаѓаат.Не секогаш низ историјата, па и во современо време, било исто. Но денес, посебно со зацврстувањето на меѓународната позиција на Република Северна Македонија и евроатлантските перспективи на државата, може да се види како тоа се одразува и во делот на институционалната заштита на клучните демократски права.Република Северна Македонија се етаблираше како пример за успешна мултиетничка демократија, којашто применува европски вредности, посебно во делот на правата и еднаквоста, што денес се потврдуваат како стожер на мирот.Сепак, важно е да се продолжи со процесот на реформи, за Уставниот суд да биде поставен согласно стратешките определби на нашата земја. Односно, потребни се суштински реформи во однос на начинот на именување на уставните судии и законско уредување на нивните надлежности.Денес, Уставниот суд работи слободно, согласно личните, професионалните капацитети и интегритет на членовите, но како држава, добро е да се осигура системско решение до кое би се дошло низ стручна анализа и консултација со сите релевантни страни. Затоа што, иако не е орган на судската власт и во рамките на уставниот систем се наоѓа надвор од системот на правосудството, сепак, Уставниот суд, може и треба да има клучна улога во заштитата на човековите права и владеењето на правото.Првиот Устав, како највисок правен акт на државата кој се донесе по независноста во 1991-та година, претрпел 8 измени со 36 амандмани. Тоа е одраз на демократскиот развој на државата и граѓаните во него со право гледаат и бараат да биде заштитник на врвните придобивки на демократијата. И тука нема ништо спорно. Праксата покажува дека во некои европски држави, и тоа со многу поразвиени демократии, уставните измени се чести и дури се случуваат скоро секоја година. Затоа што е жива материја, и затоа што мораме да чекориме рамо до рамо со тој демократски свет за да обезбедиме реален напредок.Ги унапредуваме сите права и слободи загарантирани со Уставот, и тоа не го правиме поради кој било друг, туку поради нас самите. Затоа што нам, кои се покажавме како успешен модел на Европа во мало и како такви сме и потребни на големата Европа, така и ни доликува да се развиваме. За стремежот до 2030 година да станеме дел од европското семејство на демократски развиени народи и држави да стане реалност.Следниот исчекор во евроинтеграциите ни е неопходен пред сѐ дома, за воспоставување на ефективно владеење на правото. Првиот кластер во преговарачкиот процес е „Темелни вредности“ што се однесува токму на човековите права и правосудниот систем.Како Влада сме цврсто определени кон реализацијата на европската цел и затоа е веќе и усвоена Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 - 2028), како стратешки документ, со Акциски план. Во неа, предвидена е Приоритетната област 4: Реформа на Уставниот суд.Знам дека не постои совршен модел на држава, тоа никој не успеал целосно да го воспостави до ден денес. Меѓутоа, важни се заложбите, бидејќи целите напред се подвижна категорија, и токму заложбите се движечката сила на општествата во коишто живееме.Ми беше чест да се обратам на оваа Меѓународна конференција по повод 60-годишниот јубилеј. Верувам дека ќе бидете охрабрени уште посилно да придонесете во унапредувањето на основните слободи и права, загарантирани со меѓународните декларации како и со Уставот на Република Северна Македонија.", изјави Талат Џафери.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Северна Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје.На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија.Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Северна Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи.Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес.Премиерот Џафери нагласи дека, Република Северна Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Северна Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ.На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Северна Македонија.Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери-Ларсон Џеин: Со членството на Шведска, НАТО станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска во земјава, Ами Ларсон Џеин.Премиерот Џафери упати честитки до амбасадорката Ларсон Џеин за членството на Кралството Шведска во НАТО и ѝ предаде писмо со честитки упатени до шведскиот премиер Улф Кристерсон. Притоа, истакна дека со овој историски чин, Алијансата станува поголема и поцврста, а со тоа и севкупната трансатлантска безбедност. Посакувајќи и добредојде на Шведска во НАТО, премиерот Џафери истакна дека, од овој момент, сојузниците продолжуваат да чекорат заедно кон зацврстување и проширување на заедничкото евроатлантско семејство. Тој посочи дека, во услови кога светот се соочува со нарушена безбедност и со предизвици за демократските вредности и принципи од страна на авторитарни актери, секој заеднички потфат е придонес во одржувањето на стабилноста и безбедноста.Шведската амбасадорка Џеин се заблагодари за честитките и за силната и широка поддршка добиена од Владата и Собранието на Република Северна Македонија во пристапниот процес. Упати посебна благодарност до Џафери, кој и во претходната функција како претседател на Собранието и во сегашната, како претседател на Владата, даде свој личен прилог во процесот. За возврат, истакна дека Шведска ќе биде силен и стабилен партнер во Алијансата и доверлив сојузник на Северна Македонија. Ларсон Џеин се осврна на клучните елементи кои Шведска ги внесува во Алијансата со членството, меѓу кои и силните воени способности на копно, море и воздух, и познавањето на нордиските територии.На средбата беше констатирано и дека, Северна Македонија и Шведска, во континуитет градат партнерски односи со политички дијалог на високо ниво, и имаат соработка во многу области од взаемен интерес. Премиерот Џафери се заблагодари за конзистентната шведска поддршка на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции, и на важната шведска развојна помош во области кои се корисни за нашите реформи.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Џафери-Јаќимовиќ: Блиски односи и соработка за градење побезбедна и попросперитетна иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.На средбата беа потврдени блиските односи и севкупната развиена соработка меѓу двете земји. Воедно, беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете држави, при што премиерот Џафери го реафирмираше интересот на Северна Македонија за стабилност, развој и просперитет на Босна и Херцеговина, како и заеднички успех во процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот во целина.Амбасадорот Јаќимовиќ ја искористи можноста и да му честита за изборот за претседател на Владата на Џафери и воедно изрази надеж дека досегашната плодна соработка со него како претседател на Собранието, ќе продолжи со ист интензитет и во новата функција, а во насока на натамошно развивање на билатералните односи.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања