(Видео) Вака изгледа патот кон Теферич кој е пропаднат, додека Кисела Вода бара решение
Патот кон Теферич, кој пред околу шест месеци беше реконструиран поради свлечиште, повторно е во критична состојба, откако денеска се појави ново видео на кое јасно се гледа голем расцеп на коловозот и дополнително пропаѓање на асфалтот.Проблемите на оваа делница започнаа во мај 2025 година, кога патот беше затворен за сообраќај од безбедносни причини поради активирано свлечиште. Реконструкцијата беше завршена во септември истата година, а пред околу еден месец повторно се појавија пукнатини на коловозот.Жителите реагираа дека патот не е безбеден, а пред околу три недели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека патот повторно се затвора за сообраќај.„Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“, објави тогаш градоначалничката Трајкоска.
Скопје | пред 1 седмица