Патот кон Теферич, кој пред околу шест месеци беше реконструиран поради свлечиште, повторно е во критична состојба, откако денеска се појави ново видео на кое јасно се гледа голем расцеп на коловозот и дополнително пропаѓање на асфалтот.
Проблемите на оваа делница започнаа во мај 2025 година, кога патот беше затворен за сообраќај од безбедносни причини поради активирано свлечиште. Реконструкцијата беше завршена во септември истата година, а пред околу еден месец повторно се појавија пукнатини на коловозот.
Жителите реагираа дека патот не е безбеден, а пред околу три недели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, информираше дека патот повторно се затвора за сообраќај.
„Интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот. Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“, објави тогаш градоначалничката Трајкоска.
(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај
Патниот правец кон Теферич од денеска е затворен за сообраќај, по извршен повторен увид на терен и стручни анализи, соопшти градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.„По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец.Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето.Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат поставената сигнализација и да ги користат алтернативните патни правци сè до целосно отстранување на дефектот.Посветени сме на изнаоѓање на најбрзо и сигурно решение за враќање на патот во нормална функција“, вели градоначалничката.
Скопје | пред 1 месец
(Фото) Пет месеци по реконструкцијата патот кон Теферич повторно распука: Жителите предупредуваат на опасност
Пред пет месеци беше извршена реконструкција на патот кон Теферич, кој во мај 2025 година беше затворен за сообраќај од безбедносни причини, поради свлечиште. Реконструкцијата беше завршена во септември истата година, но сега повторно се појавија пукнатини на коловозот.Фотографии од оштетувањата се објавуваат на социјалните мрежи, придружени со апели до возачите да бидат внимателни при движењето по овој пат.Жителите алармираат дека ситуацијата е сериозна: „Тој пат итно треба да се затвори, откако ќе се случи нешто веќе ќе е доцна“, „Од сабајле во 7 часот е повлечен уште повеќе. Нагло се слекува“.
Скопје | пред 1 месец