Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ТРИПУНОВСКИ

Нема фотографија

Трипуновски: Се поделиле 2.5 милиони евра државни пари без притоа да се изврши било каква контрола

„Денеска продолжуваме со конкретни докази за криминалот од 2.5 милиони евра.Во 2022 година Љупчо Николовски прави директен упад во системот, односно по прецизно прави паралелен систем со тоа што преку министерството носи програми со кои директно го дерогира системот кој е законски востановен во рамките на ЕУ, и покрај тоа што овие програми се во надлежност на Платежната агенција.Повторувам дека Платежната агенција е орган која врши исплата на финансиски средства на претходно распишани јавни повици по програми, но Николовски си носи свои нови Програми преку министерството со кои врши исплата на огромни сума на пари.Само во 2022 година исплатени се над пола милион евра или поточно на 59 апликанти им се исплатени по 10.000 евра, или вкупно 590.000 евра, додека во 2023 година на 86 апликанти за мали винарии исплатени се средства во висина од 800.000 евра, во 2023 за програмата вински дестилати исплатено е на 12 апликанти во вредност од 56.000 евра, и истата 2023 година по програмата за неживотинско на 113 апликанти исплатени се финансиски средства во висина од 1.100.000 евра.Но, да одиме по ред.Најсимптоматично во целиот овој процес е тоа што еден од лицата на три члена комисија која давал согласност кои правни и физички лица да добиваат финансиски средства преку МЗШВ е тогашниот претседателот на партиската комисија за земјоделство од СДСМ, Гоце Георгиевски.Георгиевски како еден од членовите на комисијата имал задача да го прави изборот на корисниците на овие програми, да ја следи нивната имплементација и да врши контрола. Но, до денеска не постои документ дека е извршена било каква контрола, ниту дали се имплементирани средствата кои што се земени од страна на државата.Втор спорен момент е тоа што Георгиевски бил тој кој што одлучува, а истовремено бил партиски претседател на комисијата за земјоделство на СДСМ, и тоа е што при изборот на корисниците нема воспоставен никаков систем на критериуми, односно како се распределувале средствата и на кои лица, единствен услов бил прв дојден прв услужен, што законски не смее и не може да биде услов за добивање на финансиски средства од државата.Третиот спорен момент е што во 2023 година фирмата Агростратус на таткото на Гоце Георгиевски кој е раководител на сектор за рурален развој во МЗШВ каде што се објавуваат овие програми, добива согласност за добивање на финансиска поддршка.Од првиот документ кој што го имам денес со мене е решение за распределба на средства на корисници за јавен повик број 14-1360/5 од 03.03.2023 каде што стои и името на фирмата на која што е сопственик неговиот татко, а дополнителниот документ е овој документ каде што се докажува дека истата фирма била комплетна за да добие средства од самото министерство.Само за споредба иста таква фирма за мала винарија ЃИ ЕМ ЕН од Кавадарци, се одбива уште на самиот почеток. Но, не и  фирмата на таткото на Георгиевски, фирмата Агростратус.Со ова само се потврдува дека Николовски овие програми и овој упад во системот го направил само за делење на државни пари на партиски лица и лица блиски до власта.Мора да има целосна истрага, случај по случај да се види како е можно едно семејство, односно двајца сопружници да добијат финансиска помош од по 10.000 евра, а другите да се одбиени? Како може услов за добивање на државни пари да биде единствениот критериум прв дојден прв услужен?Како може да се поделени 2.5 милиони евра државни пари, а да нема никаква контрола?На владата на СДСМ им е полна устата со проевропски вредности, но во која друга држава се дерогира системот само за да се поделат 2.5 милиони евра без притоа да има соодветни критериуми или да има соодветна контрола кој и зошто добил финансиски средства?На крајот од оваа прес конференција, сакам да потенцирам дека јас не сум против малите производители на храна и малите семејни винарии, кои во иднина сериозно ќе ги поддржиме, но сум против лагите, криминалот и делењето на државни пари по партиски клуч“,  вели Трипуновски

Скопје | пред 2 години

cveta-1-29032022.jpg

Споредбено од март минатата година, лебот е покачен за 110, маслото за јадење за 70, шеќерот за 40 и брашното за 50%, вели Трипуновски

Ова е уште еден показател дека актуелната власт не бира средства и начин како да се луксузира на државен трошок, додека граѓаните не можат да врзат крај со крај, додека рафтовите во маркетите се полупразни, некои производи и ги нема веќе се дефицитарни, сега гледаме дека актуелната власт се луксузира, па се обидува да се вади, а напротив уште толку потонуваат во лагите, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.Трипуновски рече дека зголемувањето на цената на прехранбените производи е резултат на не навремените мерки, потенцирајќи дека владата и претседателот Пендаровски знаеле дека ќе започне руската инвазија врз Украина.Пендаровски кажа уште пред шест месеци дека знаеле дека ќе има дестабилизација на регионот и оттогаш наваму ништо не преземале за да превенираат одредени ситуации за да се заштитиме колку што можеме со навремени мерки. Но, како резултат на таа ненавремена реакција ние денеска имаме поскапување на основните прехранбени продукти за многу голем процент. Она што вадев како статистика лебот од март минатата година и до март оваа година е покачен за 110 проценти, маслото за јадење е покачено за 70 проценти, ако во март минатата година било 62 денари и го имало во доволна количина денеска е над 100 денари и го нема речиси на рафтовите во маркетите, брашното е за 50 проценти покачено, шеќерот за 40 проценти, а за нафтените деривати воопшто да не зборуваме, кажа тој.Трипуновски вели дека владата не прифаќа ниту еден предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го става во знак прашалник прехранувањето на нацијата.Оваа влада го доведува во сериозен знак прашалник прехранувањето на нацијата на нашата држава. Ситуацијата е алармантна и навистина сум зачуден од игнорантскиот однос од владата на сите наши предлози кои што ги даваме за да се заштити она што може да се заштити, и да се спаси она што може да се спаси, истакна Трипуновски.Трипуновски нагласи дека во 2016 година државата имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што се извадило реколта од околу 306 илјади тони, односно како што посочи тој потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, додека во 2021 година државата имала 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони, односно за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно.Пет години е СДСМ на власт, а ние речиси секоја година имаме некаква криза, и ние изминатите години неколку пати сме апелирале и сме давале предлози како да се заштитиме односно да ги имаме основните производи во доволни количини и да се трудиме да ги извезуваме од нашата држава. Неколку пати изминатиот период правев анализа само да ја доловам на јавноста ситуацијата во кој што не доведе владата на СДСМ. Во 2016 година сме имале околу 80.000 хектари засеани површини со пченица, од кои што сме извадиле реколта од околу 306 илјади тони, значи нашата потреба како држава е од 310 до 330 илјади тони на годишно ниво, во 2021 година ние имаме 10.000 хектари помалку пченица во државата од кои што се собрани околу 246 до 250 илјади тони. Тоа е за некои 60 до 80 илјади тони од тоа што ни е потребно како држава, потенцираше тој.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања