Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТУРЦИЈА

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 6 месеци

turcija-696x464

Турција: Русија го сменила условот за крај на војната во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција не учествувала на последните состаноци за војната во Украина, бидејќи не е страна во конфликтот и настапува како неутрален посредник. „Ние не сме страна во војната. Немавме потреба да бидеме ниту на Алјаска ниту во Вашингтон, бидејќи претседателот Трамп ги собира завојуваните страни“, рече Фидан во интервју за турската телевизија TGRT Haber.Тој изрази надеж дека постои простор за мир меѓу Русија и Украина, потсетувајќи дека дел од ставовите договорени во третиот круг преговори во Истанбул се појавиле и во разговорите на Алјаска. „Имаме доволно причини за надеж“, истакна Фидан.Министерот прецизираше дека Москва ја променила својата првична позиција. „Порано Русија бараше целосна контрола врз четири украински региони. Сега се откажале од тие барања и, освен една област, сè друго би останало на постојните линии на фронтот“, рече Фидан.Според него, Русија бара да ѝ се препушти 25 до 30 проценти од Донечката област кои сè уште не се под нејзина контрола. Оценува дека евентуалното губење на овој регион би ја усложнило одбраната на Украина во случај на нови борби.Да потсетиме, на 23 јули во Истанбул беше одржан третиот круг преговори меѓу делегациите на Украина и Русија, на кој беше постигнат договор за нови разменувања – не само на заробени војници, туку и на цивили. Украинската делегација ја предводеше министерот за одбрана Рустем Умеров, а руската Владимир Медински.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.22.20

(Видео) Ердоган ја покажа турската „Челична купола“ – нов систем за противвоздушна одбрана

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера официјално го инаугурираше интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на Турција, познат како „Челична купола“. На церемонијата во објектите на компанијата Aselsan во Анкара, тој го опиша проектот како „прекретница за земјата и нејзината одбранбена индустрија“.„Ова е показател на силата на Турција. Во противвоздушната одбрана воведуваме ново доба за нашата татковина,“ изјави Ердоган, потенцирајќи дека најновата фаза на проектот вклучува 47 возила во вредност од речиси 400 милиони евра. „Овие системи ќе внесат доверба кај нашите пријатели, а страв кај непријателите,“ додаде тој.„Челичната купола“ претставува интегрирана мрежа која ги поврзува копнените и поморските платформи и сензори за воздушна одбрана, со цел заштита на турскиот воздушен простор. Владата не прецизираше кога системот ќе биде целосно оперативен.Турција и претходно настојуваше да ја засили својата воздушна одбрана, набавувајќи руски системи С-400 во 2019 година. Но тој потег предизвика остра реакција од САД, кои ја суспендираа продажбата на авионите Ф-35 на Анкара, што значително ги наруши одбранбените планови на земјата. Сукобите во Сирија и Украина, како и неодамнешните израелски напади врз Иран, дополнително ја поттикнале Турција да инвестира во домашен систем кој ќе обезбеди самостојна и поефикасна заштита.Покрај новиот систем, Ердоган најави и отворање на нови производствени погони на Aselsan во 2026 година. „Во следните 50 години, Турција ќе биде земја која не само што ги задоволува сопствените потреби, туку и предводи во светот со својата технологија,“ истакна претседателот.Турција со децении вложува во развој на сопствената одбранбена индустрија, особено по ембаргото за оружје наметнато од САД по турската инвазија на Кипар во 1974 година. Новата „Челична купола“ се смета за клучен чекор кон целосна воена самостојност на земјата.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-08-27-at-09.29.52

(Видео) Возеше и слушаше говори од Ердоган, но згреши и беше си ја плати казната...

Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, доби парична казна за пребрзо возење откако самиот објави видео од своето „летање“ на автопат.Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри на час, што е значително над дозволеното ограничување од 140 километри на час. Пораката што ја придружуваше снимката гласеше: „#ТурцијаЗабрзува“. Неколку часа подоцна, министерот повторно се огласи, овојпат со признание дека направил грешка. „Ненамерно накратко го надминав ограничувањето на брзината,“ напиша тој, додавајќи дека е казнет со 9267 турски лири (околу 190 евра).Уралоглу објави и копија од прекршочната казна, нагласувајќи дека во иднина ќе биде „многу повнимателен“ и дека „почитувањето на ограничувањата на брзината е обврска за сите“. Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде граѓаните иронично забележаа дека токму министер задолжен за транспорт мора да биде пример во сообраќајната култура.

Свет | пред 7 месеци

turcija-ambulanta

Двајца браќа тинејџери починале во хотел во Истанбул, властите се сомневаат на труење со храна

Двајца малолетни браќа од Холандија беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а првичните сомнежи се дека станува збор за труење.Холандскиот државјанин Рашид Мохамед Аџуб (57) престојувал во градот заедно со своите синови – 17-годишниот Мохамед Џамил Јусуф и 15-годишниот Мохамед Јаздани. Според турските медиуми, семејството во петокот вечерта вечерало во ресторан во населбата Таксим, но храната јаделе само момчињата, додека таткото не јадел.Следното утро, вработени во хотелот слушнале врева од собата и при влегувањето ги затекнале тинејџерите во безживотна состојба, додека нивниот татко бил во шок и се онесвестил. Итната помош пристигнала на лице место и ја констатирала смртта на децата, а Аџуб бил пренесен во болница.Еден од хотелските работници изјавил дека едното момче лежело на креветот, а другото на подот и дека медицинските екипи можеле само да ги прогласат за починати.Полицијата отвори истрага за причините за трагедијата, со цел да се утврди дали станува збор за труење со храна. Според државната агенција „Анадолу“, таткото во болница сведочел дека неговите синови јаделе во ресторан во Таксим, по што по враќањето во хотелот нагло им се слошило.Браќата со таткото биле на одмор во Турција. Турските медиуми потсетуваат дека во земјата чести се вакви опасни и понекогаш фатални случаи, особено кога е поврзан алкохол. По Нова година, во Истанбул имаше масовно труење во кое починаа 34 лица, а во мај властите објавија дека повеќе од 100 луѓе во Анкара починале во период од неколку месеци по консумирање домашно произведен алкохол.

пред 7 месеци

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул, информира Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција.Претседателот Реџеп Таип Ердоган, преку објава на X, изрази желби за брзо закрепнување на повредените и нагласи дека спасувачките операции се внимателно следени.„Нека Господ ја заштити нашата земја од сите несреќи“, напиша тој.Министерот Јерликаја соопшти дека активностите за пребарување и спасување се завршени и дека нема дополнителни пријави за жртви или поголеми штети.Фотографиите од Синдрги прикажуваат целосно разрушени згради, купови шут и извиткани метални конструкции, осветлени од силни рефлектори во ноќните часови.Поради тоа што се наоѓа на спој на три големи тектонски плочи, Турција често е погодена од силни земјотреси.Во февруари 2023 година, катастрофален потрес со јачина од 7,8 степени го разурна југоистокот на земјата, одземајќи над 50.000 животи во Турција и околу 5.000 во Сирија. Повеќе од две години подоцна, стотици илјади луѓе сè уште живеат без свој дом.

Свет | пред 7 месеци

avion-t

Драматична сцена на аеродромот во Анталија: Патници евакуирани од авион кој чадел

Патници од авион на Turkish Airlines беа итно евакуирани преку тобогани откако во авионот се појавил чад по слетувањето на аеродромот во Анталија, Турција.Инцидентот се случил кога „Боинг 777“, кој полетал од Истанбул, се движел по пистата во туристичкото летувалиште Анталија. Тимовите за итни интервенции препорачале итна евакуација како мерка на претпазливост, со цел заштита на безбедноста на патниците, потврди портпаролот на авиокомпанијата, Јахја Устун. Според него, сите патници биле навреме евакуирани, без повредени. Точниот број на патници и членови на екипажот не е соопштен.Првичниот технички преглед покажал дека чадот настанал поради дефект на хидраулична цевка. Во тек се дополнителни технички проверки на леталото.

Свет | пред 8 месеци

grcija-1

(ФОТО/ВИДЕО) Горат и куќите, во Грција и Турција пожарите оставија пустош, илјадници се евакуирани, температурите некаде надминуваат 50 степени

Илјадници граѓани во Грција и Турција беа принудени да ги напуштат своите домови поради жестоките шумски пожари што беснеат на повеќе локации, поттикнати од силни ветришта и екстремно високи температури.Температурите во југоисточна Европа веќе седми ден по ред надминуваат 40 степени Целзиусови, а грчките спасувачки служби, според премиерот Киријакос Мицотакис, водат „титанска битка“ за ставање на огнот под контрола.„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас“, изјави премиерот.Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари, а властите побараа поддршка од земјите членки на Европската унија за справување со огнените фронтови.Иако пожарот кај Крионери, североисточно од Атина, во кој беа повредени двајца пожарникари, е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична.Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите добија налози за итна евакуација.Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, поради опасните временски услови што ја претворија земјата во сув и запалив терен.Националната опсерваторија во Атина измери рекордни температури: 45,8 степени во Месинија во петокот и 45,2 во Амфилохија во саботата.Во неделата, меѓународна помош пристигна во форма на чешки и италијански пожарникарски тимови, кои се приклучија на напорите за гаснење, со фокус на островот Китера.Во Турција, југоисточната покраина Ширнак забележа нов температурен рекорд од 50,5 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот од 49,5 од август 2023 година.Повеќе од 1.700 лица беа евакуирани откако пожарите се приближија до Бурса, четвртиот по големина град во Турција, каде загинаа четворицаОпозицискиот пратеник Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како „апокалипса“. Над 1.100 пожарникари се бореа со вкупно 76 пожари кои избувнале во рок од 24 часа. Турција со недели се соочува со катастрофални пожари, предизвикани од екстремните температури.фото: France24/YouTube Print Screen

Балкан | пред 8 месеци

Pozar-Turcija-Kipar

Шумски пожар беснее на Кипар, две лица загинаа

Во големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во јужните делови на Кипар загинаа 2 лица.Најмалку 10 лица се повредени од кои две посериозно.Големиот шумски пожар на Кипар уништи 100 квадратни километри пошумени ридови, многу домови и принуди евакуација на 14 села на јужната страна од планинскиот венец Троодос.Пожарот избувна вчера околу пладне, а пожарникари од целиот остров, вклучувајќи и 14 авиони, шест противпожарни возила од градските и окружните противпожарни станици во Лимасол, како и поддршка од Одделот за шумарство и волонтери, брзо се упатиле кон местото на настанот.Кипар побара помош преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија за справување со огнените стихии.

Македонија | пред 8 месеци

Pozar-Turcija-Kipar

(Видео) Најцрн ден за турските пожарникари: Десет загинати во огнената стихија кај Ескишехир, и Кипар е во пламен на 45 степени!

Десет пожарникари го загубија животот, а уште 14 се здобија со повреди додека се обидуваа да го стават под контрола големиот шумски пожар што беснее во провинцијата Ескишехир, во централна Турција. Трагичната вест ја соопшти турскиот министер за земјоделство и шумарство, Ибрахим Јумакли, во средата.Според него, пожарникарските и спасувачките екипи се во постојана битка со пламените јазици во реонот Сејтигази уште од раните утрински часови. Во моментов се активни уште седум пожари во пет провинции во централна и западна Турција, додаде министерот.И Кипар се соочува со огнена закана. Моќен шумски пожар се прошири северно од Лимасол, поттикнат од силен ветер и екстремни температури, што принуди властите да евакуираат најмалку четири села. Портпаролот на кипарската противпожарна служба соопшти дека во погодениот регион, познат по лозарството, се причинети значителни материјални штети, вклучително и оштетени домови.Кипар официјално побара помош преку механизмите на Европската Унија, а помош пристигнува и од Јордан.Температурите на островот во средата достигнаа 43 степени Целзиусови, а според метеоролозите, се очекува да пораснат на 44 степени во четврток – највисоки досега оваа година.

Свет | пред 8 месеци

akropol

Топлотен бран ги погоди Грција и Турција, затворени најголемите туристички атракции

Грција и Турција се погодени од силен топлотен бран со температури над 40 степени Целзиусови во текот на денот.Температурите се веќе над 30 степени наутро, а ноќите исто така не се пријатни. Властите предупредија дека условите ќе се влошат и очекуваат да бидат уште полоши во четврток и петок.Грција воведе забрана за секаква работа на отворено во текот на најжешкиот дел од денот за да ги заштити ранливите работници, вклучително и во градежништвото, земјоделството и испораката. Само возачите на достава во климатизирани возила смеат да работат.Температури до 45 степениТуризмот е исто така погоден. Акрополот во Атина редовно е затворен во најжешкиот дел од денот за да се заштитат посетителите и вработените од топлотен удар и проблеми со циркулацијата.Турската метеоролошка служба издаде предупредување поради екстремна топлина што ќе трае до петок. Во Дијарбаркир, на југоистокот од земјата, се очекува температурите да достигнат 45 степени, а во Анталија и по должината на егејскиот брег околу 40.Властите ги повикаа граѓаните, особено децата и постарите лица, да остануваат дома за да ги избегнат здравствените ризици поврзани со жештината.фото: Unsplash

Балкан | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-03-at-08.39.44

(Видео) Силен земјотрес воТурција, загина девојче има и десетици повредени

Силен земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го стресе западниот брег на Турција одземајќи најмалку еден живот.Според сеизмолозите епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос.Според Турската агенција за цивилна заштита, земјитресот бил во 2:17 утрово.Гувернерот Идриз Акбијик извести дека 14-годишно девојче било однесено во болница, каде што починало кратко потоа.69 луѓе скокнале од прозорците на своите домови за време на земјотресот, при што се здобиле со повреди.Според турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја досега нема извештаи за штети на станбени објекти во Мармарис каде што има многу туристи.

Свет | пред 9 месеци

turrrr

Стануваш пред време? Плаќаш! Турција казнува нетрпеливи патници во авион

Патниците кои веднаш по слетувањето во Турција стануваат од своите седишта и се туркаат низ премините ризикуваат да бидат казнети со 60 евра. Турските воздухопловни власти најавија нова мерка со цел да ја подобрат безбедноста и редот при напуштање на авионите.Новата регулатива се однесува на патници кои:предвреме го откопчуваат безбедносниот појас,стануваат додека авионот се уште се движи по пистата,ги вадат рачните торби од горните шкафчиња пред дозвола за излегување.Според планот, патниците ќе треба да останат седнати и по исклучување на светлото за безбедносни ремени, сè додека екипажот не ги повика да го напуштат авионот.„Авиокомпаниите се должни да ги потсетат патниците да останат врзани до целосно запирање на авионот, а секое прекршување ќе се пријавува до воздухопловната управа и ќе следи финансиска казна“, објави германската новинска агенција DPA.Турските власти се надеваат дека со оваа мерка ќе се спречат нереди и потенцијални повреди, како и ќе се подобри безбедноста при слетување.

Свет | пред 10 месеци

putin-erdogan

Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција, за крај на војната во Украина

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новиот дипломатски напор за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, според агенциите.Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Американската страна потоа ќе биде заменета со руската страна, а турската, руската и украинската делегација ќе одржат разговори во 11:30 часот наутро по европско време, соопштија изворите, според Ројтерс.Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, одржаа долги разговори.Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, според АФП.Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да има напредок кон мирот без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.

Свет | пред 10 месеци

zelenski

Конфузија во Истанбул: Дали воопшто ќе има преговори помеѓу Украина и Русија?

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги испрати само своите помошници и заменик-министри на мировните преговори со Украина во Турција, отфрлајќи го барањето на Киев лично да се сретне со Володимир Зеленски.Во неделата, Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул, по што Зеленски рече дека ќе го чека во најголемиот град во Турција. Но, по неколкудневни шпекулации за плановите на Путин, Кремљ во среда именуваше делегација во која не е претседателот.Сега не е јасно како ќе одговори Украина, која сè уште јавно не објави кого ќе испрати. Русија го испраќа претседателскиот советник Владимир Медински, заменик-министерот за одбрана и министерот за надворешни работи и шефот на воената разузнавачка агенција ГРУ.Конфузијата продолжува дури и во самиот Истанбул, каде што новинарите се собраа до палатата Долмабахче, која Русите ја означија како место на преговорите. Турските власти не објавија информации за времето или локацијата на разговорите.Руската новинска агенција ТАСС објави дека тие требаше да започнат во 10 часот наутро по истанбулско време, но украински функционер го отфрли тоа, велејќи дека времето сè уште не е договорено.Зеленски, кој ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган во Анкара во четврток, претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара со Путин само ако го предизвика да дојде во Истанбул.Кремљ одговори велејќи дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат одржаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека Зеленски покажал добри намери со доаѓањето во Турција, но дека има „празен стол“ каде што треба да седи Путин.„Путин одолговлекува и очигледно нема желба да влезе во овие мировни преговори, дури и кога претседателот Трамп ја изрази својата достапност и желба да ги олесни овие преговори“, рече тој. Естонија, членка на ЕУ и НАТО, рече дека Путин им задава „шлаканица во лицето“ со испраќање тим од ниско ниво.Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори. Републиканецот ги повика да ја прекинат „оваа глупава војна“, додека Вашингтон постојано се закануваше дека ќе престане да се обидува да посредува во разговорите доколку нема јасен напредок.По расправијата со Зеленски во Овалната соба во февруари, Трамп стана сè понетрпелив кон Путин и ѝ се закани на Русија со повеќе санкции. Американскиот претседател моментално е на турнеја низ Блискиот Исток, а во четврток рече дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку е соодветно“.Потврденото отсуство на Путин ги намали очекувањата за разговорите. Зеленски сака веднаш 30-дневен прекин на огнот, додека Путин сака прво да започне разговори, а потоа да ги разработи деталите за прекинот на огнот.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, на состанокот на НАТО во Турција изјави дека нема воено решение за конфликтот во Украина и дека Трамп е отворен за „буквално секој механизам“ што ќе доведе до мир.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-20-at-11.37.37

(Видео)Врие во Истанул, судир меѓу студентите и полицијата, 37 приведени

Во Истанбул се одржаа најмасовните протести во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул.37 лица се приведени во затоа што коментирале на социјалните мрежи за апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја.Спред министерот осомничените „со своите коментари поттикнувале кривични дела и омраза“.Дел од насобраните револтирани луѓе во Истанбул пред градското собрание извикувале „Ердоган, диктаторе” и „Имамоглу, не си сам!“, а имало и судир со полицијата, при што бил користен и солзавец за да се растераат демонстрантите од пред Универзитетот во Истанбул.

Свет | пред 1 година

gasovod

Украина го нападна турскиот гасовод во Русија, тврди Москва

Русија денеска соопшти дека Украина се обидела да нападне компресорска станица што го снабдува гасоводот „Турски тек“.Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила девет украински беспилотни летала кои се движеле кон компресорската станица Рускаја во јужниот руски регион Краснодар.Се вели дека нема жртви меѓу персоналот стациониран на станицата, иако инфраструктурата претрпела мала штета „поради фрагменти од соборените беспилотни летала“. Екипите за итни случаи на ПЈС Гаспром веднаш ги отстранија последиците од паѓањето на отпадот, а опремата е обновена“, се вели во соопштението.Украинските власти се уште не ги коментирале руските тврдења. Турски тек е гасовод кој води од Русија до Турција. Почнува од компресорската станица Рускаја во близина на Анапа во рускиот регион Краснодар, поминувајќи низ Црното Море до терминалот за прием во Кијикој во северозападна Турција.Овој гасовод се состои од два крака од 930 километри, кои се протегаат од Русија до Турција преку Црното Море, и посебен копнен крак од 142 и 70 километри. Првиот крак со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри е наменет за снабдување на домашните корисници во Турција, а вториот со уште 15,75 милијарди кубни метри го транспортира рускиот гас понатаму во Југоисточна и Централна Европа.Турски тек беше официјално отворен на 8 јануари 2020 година, а неговата изградба започна во мај 2017 година.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-092641

Протести во Анкара: Илјадници луѓе бараат поголема минималната плата

Илјадници незадоволни граѓани излегоа на протест во Анкара.Минатата недела, турската влада објави дека месечната минимална плата во 2025 година ќе биде 22,104 лири (околу 37,150 денари) што е зголемување за 30% од 2024 година.Граѓаните бараат поголема минимална плата.Турските работници бараат зголемување за 70% од кои 45% би било за прилагодување на инфлацијата.Во Истанбул, просечната кирија е 41,834 денари, а во Анкара е 33,455 денари – суми кои или ja надминуваат или се близу до минималната плата.

Свет | пред 1 година

zlatni-rat-promena-plaza

Оваа земја минатата година не беше ниту во топ 10, а сега е најбараната дестинација во светот

Google го објави својот извештај за најпребаруваните термини во 2024 година, а врз основа на него, познатиот магазин за патувања Conde Nast Traveler (CNT) издвои 10 дестинации кои забележаа најголем пораст на пребарувања и ги предложи како инспирација за патување во 2025 година.Според извештајот на Google, најбарана дестинација во светот во 2024 година е Турција. Интересно, во извештајот за 2023 година, таа не била ниту во првите десет пребарувања.Најмногу пребарувани земји во 2024 година10. ХрватскаХрватска постепено стекнува репутација на европска туристичка дестинација и е претставена како подостапна дестинација за одмор - освен фантастичните острови на Јадранот, тие препорачуваат „да се упатите кон внатрешноста на вкусните гурмански патувања во Сплит или Загреб или да го посетите Дубровник“. „Но, плажите се главната атракција во оваа земја - со повеќе од 4.000 километри крајбрежје.9. МаурициусВо 1980-тите и 1990-тите, Маурициус беше омилена дестинација за џет-сетот, а сега е повторно во центарот на вниманието, благодарение на низата гламурозни хотели, зачувувањето на природата и растечката сцена на улична храна.8. МексикоШироки плажи со бел песок, бујни дождовни шуми, урнатини на Маите и Ацтеките и неверојатна кујна - Мексико ги има сите состојки за да ги „покрие“ вкусовите на сите видови патници, одговарајќи на секој тип на патник.7. КипарСместено помеѓу Грција, Турција и Либан - Кипар е совршен спој на култури. „Дојдете по суровите планини покриени со снег, меките плажи со прекриени со блескавиот Медитеран и одлична кипарска храна. Поминете часови нуркајќи во морето или посетете ги византиските цркви, пред да одите на некое од лозјата навечер“, предлага CNT.6. ПортугалијаИ покрај падот од четвртото на шестото место годинава, интересот за оваа европска земја сè уште постои. Има шармантни градови, возбудливи ресторани, прекрасно сино море, но и термални води, тиркизни лагуни и вулкани кои ги пробиваат облаците.5. Египет„Се разбира, има многу античка историја за откривање, но талкајте низ улиците за да најдете скриени богатства на кои би им позавиделе фараоните... Нил е доволно блескав за оние кои бараат спомени поголеми од сувенири и далеку од реката, Сахара покрива 94 проценти од земјата, оставајќи огромен простор за истражување ако се впуштите во внатрешноста на земјата“.4. Италија„Земјата е мешавина од прекрасни места од бајките, раздвижени градови и недопрени плажи.3. МалтаОвој остров е хит европска дестинација. Забележано е дека Малта била користена како позадина за многу иконски филмови и ТВ серии, но зад нејзините улици во боја на мед се наоѓаат ресторани, барови и хотели кои чекаат да бидат откриени.2. ГрцијаГрција беше прва на оваа листа за 2023 година, а нејзината популарност не се намалува. Од белиот Миконос до Кефалонија, позната по дивите патеки и рустикални села, Грција е полна со места од соништата - препорачуваме да започнете од Атина и потоа да го најдете вашиот омилен грчки остров - совршените зајдисонца на Санторини, непреполните плажи на Крф, Сонце на крајот на летото на Крит…1. ТурцијаВо 2023 година Турција не беше ниту во првите десет, а сега е на самиот врв на листата на најбарани во 2024 година – заслужено. „Тоа е многу разновидна земја, полна со култура, историја, одлична архитектура и уметност“, вели CNT.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-11-25-093002

(Видео) Драматични сцени од Турција: Руски авион се запали при слетување

Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството. На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-11-05-104842

21 повреден во сообраќајна несреќа во Анкара: се судрија две комбиња

21 лице е повредено кога две комбиња со работници се судриле во областа Чубук во Анкара.Според информациите на агенцијата Анадолија, комбето управувано од Селами А. се судрило со комбето управувано од Али М. на клучката за округот Јенице на автопатот Чубук-Анкара.По приемот на сигналот, на местото на несреќата се испратени многу екипи за итна помош, полиција и жандармерија.Во несреќата повредени се двајцата возачи и 19 лица во возилата.Се дозна дека еден од повредените, кој медицинските екипи го пренеле во различни болници во Анкара, е во животна опасност, извести Бгнес.

Свет | пред 1 година

zemjotres-turcija-2

Силен земјотрес ја погоди Турција: Овој милионски град силно се тресеше

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала имаше вечерва во Адана, Турција.Според информациите на веб-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил во 20 часот и 7 минути, со епицентар во областа Козан, Адан, на длабочина од 20,13 километри.Некои граѓани излегоа на улиците по земјотресот, кој се почувствува во Османија, Газиантеп и Кајсери, како и во Адана, но нема информации за евентуална штета, јавуваат турските медиуми.Претходно, земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи во близина на брегот на Ајваџик во Чанаккале.

Свет | пред 1 година

GaJglRrWoAA7M6u

(Видео) Тешка сообраќајка во Турција, се преврте автобус, има загинати

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција.Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај - Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари.Според првичните податоци, во несреќата загинале шест лица, а 25 се повредени.Гувернерот на Аксарај, Мехмет Али Кумбузоглу, изјави дека туристичкиот автобус се движел од Балукешир кон Кападокија.„Во оваа сообраќајна несреќа за жал загинаа шест наши граѓани. Според првичните информации имаме 25 повредени лица. Покрената е истрага“, додаде Кумбузоглу.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-16-103724

(Видео) Луѓето бегаат, се се тресе: први снимки од земјотресот во Турција

Исклучително силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри. На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот кога земјотресот ја погоди Турција. $bp("TargetVideo_29066684", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"1836816","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-16-100036

Силен земјотрес ја погоди Турција

Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција.Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес.Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.Засега нема информации за жртви и штети.Да потсетиме, во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања