Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВИКТОР ОРБАН

media-libraryu214mcll5upgaWlm8sI

(Видео) Крај на ера, Орбан го призна поразот: „Резултатите се болни, но јасни“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, го призна поразот на парламентарните избори, оценувајќи дека резултатите се „болни, но јасни“.Во своето обраќање, Орбан истакна дека одговорноста и можноста за владеење овојпат не им биле дадени, додавајќи дека веќе ѝ честитал на победничката партија.„Резултатите сè уште не се целосни, но се болни за нас и јасни. Му честитав на победникот. Ви благодарам на сите за огромната работа. Никогаш не сме работеле толку многу во една кампања“, изјави Орбан.Тој нагласи дека Фидес успеал да мобилизира околу два и пол милиони гласачи, но тоа не било доволно за победа.Орбан порача дека неговата партија ќе продолжи да ѝ служи на државата од опозиција, додавајќи дека времето ќе покаже какво значење ќе има овој изборен резултат за иднината на земјата.„Ние, како опозиција, ќе ѝ служиме на нашата татковина и на унгарскиот народ“, рече Орбан, означувајќи почеток на нова политичка фаза во Унгарија.

Свет | пред 1 седмица

media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Поддршката за Орбан „се топи”, опозицијата води на анкетите

По речиси две децении неприкосновена власт, унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најтешкиот политички предизвик досега. Најновите анкети покажуваат водство на опозицијата, а во владејачкиот Фидес сè погласно се отвора прашањето дали е време за промена на лидерството и тоа на помалку од три месеци до парламентарните избори.Истражувањето на повеќе агенции покажуваат дека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, има 49 отсто поддршка, наспроти 39 отсто за Фидес. Во некои анкети разликата меѓу двата блока меѓу сигурните гласачи достигнува и до 12 процентни поени во корист на опозицијата.Поранешниот член на Фидес и сегашен ривал на Орбан, Петер Маѓар, во моментов е најпопуларен политичар во Унгарија.Тиса има силна поддршка кај младите, урбаните и високообразованите гласачи, особено во Будимпешта, а Фидес својата база сè повеќе ја задржува кај гласачите постари од 60 години.Според „Дејли њуз Хангари“, ниту засилената владина кампања со финансиски мерки, пензии и даночни олеснувања не успеала да го запре падот на рејтингот. Независните анкети покажуваат дека Тиса веќе подолго време има околу 400.000 потенцијални гласови повеќе од Фидес – предност што може да се покаже клучна на изборите напролет.

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања