Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поддршката за Орбан „се топи”, опозицијата води на анкетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

По речиси две децении неприкосновена власт, унгарскиот премиер Виктор Орбан се соочува со најтешкиот политички предизвик досега. Најновите анкети покажуваат водство на опозицијата, а во владејачкиот Фидес сè погласно се отвора прашањето дали е време за промена на лидерството и тоа на помалку од три месеци до парламентарните избори.

Истражувањето на повеќе агенции покажуваат дека опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, има 49 отсто поддршка, наспроти 39 отсто за Фидес. Во некои анкети разликата меѓу двата блока меѓу сигурните гласачи достигнува и до 12 процентни поени во корист на опозицијата.

— реклама —

Поранешниот член на Фидес и сегашен ривал на Орбан, Петер Маѓар, во моментов е најпопуларен политичар во Унгарија.

Тиса има силна поддршка кај младите, урбаните и високообразованите гласачи, особено во Будимпешта, а Фидес својата база сè повеќе ја задржува кај гласачите постари од 60 години.

— реклама —

Според „Дејли њуз Хангари“, ниту засилената владина кампања со финансиски мерки, пензии и даночни олеснувања не успеала да го запре падот на рејтингот. Независните анкети покажуваат дека Тиса веќе подолго време има околу 400.000 потенцијални гласови повеќе од Фидес – предност што може да се покаже клучна на изборите напролет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Нова унгарска влада: Ќе ги отвориме архивите на тајната полиција од комунизмот

Свет | пред 11 час

— реклама —
pukanje-meksiko

Уапсен најбараниот унгарски дилер: Работел како таксист во Мексико

Свет | пред 11 час

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Свет | пред 2 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар со убедлива победа: објавени се конечните резултати во Унгарија

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања