Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛЕН

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

Влен: Нуредини ја издал дозволата за складиштето со електронски отпад во Трубарево

Влен тврди дека поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е тој што ја потпишал дозволата за работа на ризичното складиште за електронски отпад во Трубарево, кое се наоѓа во густо населено подрачје веднаш до Скопје. Од партијата додаваат дека министерот бил личен избор на Али Ахмети и близок пријател на Бујар Османи.„ДУИ 20 години ја контролираше екологијата во земјава. Во тој период создадоа депонии во центарот на Тетово, Кичево, веднаш до Струга и десетици низ Скопје. Наместо решенија, ни оставија загадена и токсична животна средина“, велат од Влен.Тие обвинуваат дека и јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје е под капата на ДУИ, со директор избран од нивните редови. „Фактот што денес Скопје се гуши во чад и отрови е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалноста на институциите под нивна контрола“, стои во реакцијата.Во партијата нагласуваат дека додека граѓаните живеат во загаден воздух и труена почва, функционерите на ДУИ вложувале во трговски центри, фотоволтаици и нафтени бизниси. „ДУИ нема кредибилитет да зборува за екологија – тие се симбол за партизација, корупција и урбан хаос“, додаваат од Влен.Тие потсетуваат дека на 19 октомври граѓаните ќе имаат можност да ја прекинат оваа политика и да изберат власт која ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе внесе ред во управувањето со отпадот.„ДУИ треба да си вгради детектор за лаги, бидејќи количината на невистини што ја пласира веќе е медицински проблем. Како е можно да го обвинуваат Изет Меџити за дозвола издадена во време кога министер беше Насер Нуредини? Како е можно партијата што 20 години управуваше со загадената животна средина, да го обвинува Меџити, кој бил министер само една и пол година?“, прашуваат од Влен преку писмено соопштение.

Македонија | пред 6 месеци

mickoski-taravari-1

Алијансата за Албанците: ВЛЕН да не ја обвинува албанската опозиција, вината е кај ВМРО, ЗНАМ и српската партија

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Арбен Таравари, остро реагираше на ставовите на ВЛЕН, нагласувајќи дека вината за политичките состојби не треба да се бара кај албанската опозиција, туку кај нивните владини партнери – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Српската демократска партија на Иван Стоилковиќ.„Злото на ВЛЕН не е албанската опозиција и Алијансата за Албанците, туку нивните владини партнери. Со своите антиалбански политики, тие секојдневно го користат и деградираат ВЛЕН, прикажувајќи го во лошо светло пред Албанците,“ порачуваат од Алијансата.Од партијата предупредуваат дека дискриминацијата врз Албанците се случува отворено, пред очите на функционерите на ВЛЕН, и дека одговорноста за тоа не може да се префрлува врз опозицијата. „Злото има име – ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери. Вината треба да ја бараат таму, како и кај своите функционери кои ги легитимираат реваншистичките политики против Албанците од нивниот тутор Христијан Мицкоски,“ наведуваат.Алијансата порача дека ВЛЕН треба да се повлече од „екстремната влада против Албанците“ и да се врати кон народот, порачувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за сите штети. „Никој нема да ги амнестира ако продолжат да бидат дел од оваа влада која секојдневно го демонтира Охридскиот договор и ги понижува Албанците,“ се вели во реакцијата.Од таму додадоа дека граѓаните очекуваат визија и одговорност, а не оправдувања за опстанок на власт. „Октомври е блиску и алармот за политичката иднина на ВЛЕН е реален,“ предупредија од Алијансата за Албанците.

Македонија | пред 7 месеци

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Македонија | пред 7 месеци

sela-vo-pretres-3

ВМРО предлага вработувања во полицијата "без оглас" и "без правична застапеност", ВЛЕН ги брани, обвинува Алијанса на Албанците

„Откако ги узурпираше раководните позиции во сите институции, моноетничката влада на ВМРО сега одлучи да ги исчисти редовите на редовната полиција од Албанци. Со новите измени предложени во Собранието, бришењето на членот 96, кој предвидува правична етничка и родова застапеност, не е единствената промена што ги засега Албанците. Дополнително, предлогот предвидува полицијата да може да врши и вработувања без оглас. Кога ќе го разгледаме досегашниот пристап на оваа влада, лесно е да се разбере дека вработувањата без оглас ќе важат само за Македонци и партиски милитанти на ВМРО“, велат од Алијансата на Албанците и додаваат:Ова јасно се гледа во предлогот во првиот став од членот 97, кој го дефинира вработувањето, да се додадат зборовите „и без јавен оглас“, додека во вториот став да се отстранат зборовите „По исклучок“, што значи дека вработувањата без оглас ќе се вршат во секое време.Во целата оваа ситуација, партиите од коалицијата ВРЕДИ и заменик-министерот за внатрешни работи, наместо да го спречат ова, избраа да дејствуваат како адвокати на ВМРО и да ги релативизираат нападите врз Албанците.

Македонија | пред 8 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ очекува победа на локалните избори, можна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг

Синоќа владиниот коалициски партнер ВРЕДИ го отвори Централниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, како почеток на подготовка за претстојните локални избори закажани за средината на октомври оваа година.Лидерите на коалицијата, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Фетаи покажаа силна верба во победата на овие избори.Изет Меџити изјави дека коалицијата ангажирала професионални агенции за спроведување анкети и дека имаат намера да ги предложат најдобрите и најуспешните кандидати кои треба да бидат добри менаџери кои ќе работат во интерес на граѓаните.„Ова се локални избори и главен критериум е да бидат добри менаџери кои ќе сработат во интерес на граѓаните”, рече Меџити.Можна е поддршка на кандидатите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите.

Македонија | пред 9 месеци

VLEN-press

ВРЕДИ: Носиме промени и ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните

Партијата ВРЕДИ се пофали со сработеното за 11 месеци. Наброја зголемени плати, пензии и капитација, инвестиции и вработувања.„За само 11 месеци ВЛЕН ја преработува економската мапа на земјата преку смели реформи и големи капитални инвестиции. Едно од најголемите достигнувања е историскиот договор со Велика Британија, вреден 6 милијарди евра, кој отвора нови хоризонти за економски развој, вработување и благосостојба за сите граѓани. Започнавме со ONE STOP SHOP во Блаце, модерна точка за олеснување на прекуграничната трговија и циркулација, а продолжуваме со нови точки во Јажинце, Табановце и Ќафасан.300 милиони евра за општините, каде се градат училишта, градинки, спортски сали, библиотеки, патишта, водовод, канализација и јавни базени.35 милиони евра за изградба на новиот универзитетски кампус „Мајка Тереза“, инвестиција во образованието и иднината на нашите млади.20 милиони евра за подземниот паркинг на плоштадот „Скендербег“, со кој ќе се модернизира урбаната инфраструктура во срцето на Скопје.250 милиони евра за поддршка на локалните компании, како поттик за економски развој и вработување.Од 10.000 евра за секој млад земјоделец, како почетна помош за отворање земјоделска дејност, конкретна инвестиција во руралниот сектор.Зголемување на платите: Наставници: +12%. Здравствени работници: +15%. Полиција: +10%. Пензии: +5.000 денари за 340.000 пензионери во рок од 9 месеци.Зголемување на капитацијата: +33% за матичните лекари и гинеколози. +22% за стоматолози.720 милиони евра странски директни инвестиции и 2.790 нови работни места, одржлив економски развој и можности за младите луѓе.Ова се само дел од нашите достигнувања за само 11 месеци владеење. Промената е реална и мерлива. Резултатите зборуваат сами за себе. ВЛЕН дејствува, се осмелува и носи промени. Ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните, со конкретни дела и јасна визија за подобра иднина“, соопшти ВРЕДИ.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-medziti-vredi-koalicija

ВЛЕН останува засега со девет пратеници

Кабинетот на претседателот на Собранието извести за промените во составот на пратеничките групи, по излегувањето на Алијанса на Албанците на Таравари од Владата.Спикерот Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН.Во согласност со известувањето:• Пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН.• Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи.• Сегашниот состав на Пратеничката група на ВЛЕН ги задржува и сегашните девет пратеници:1. Африм Гаши2. Аднан Азизи3. Беким Ќоку4. Калтрина Беќири5. Имерлије Салиу6. Саранда Имери7. Фериде Хаџиу8. Мерита Колчи Коџаџику9. Беким СалиСо излегувањето на Таравари, доколку нема партиски прелети или ако нема договор за одредени закони во прашање се доведува бадентеровото мнозинство.

Македонија | пред 10 месеци

taravari-vredi-koalicija

ВЛЕН:Ќе ги исчистиме политичките отпадоци и фосилите на ДУИ

ВЛЕН се огласи со свој став за ,,Викендот за чистење”. Велат тоа не е само симболична акција таа е одраз на европските вредности во пракса.Во оваа корисна учествуваа и високи државни функционери, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, како и други претставници на ВЛЕН.„Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена.Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото, во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат.ВЛЕН ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население. Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување”, стои во соопштението од ВЛЕН.

Македонија | пред 10 месеци

mickoski-taravari-1

Состојбата во коалицијата е одлична, наскоро средба со Таравари, вели Мицкоски

Кусо и без објаснување, премиерот Христјан Мицкоски вели дека е состојбата во коалицијата е „одлична“, а потоа додава дека ќе има средба со колаициониот партнер и минситер за здравство, Арбен Таравари. Потребата од разговор доаѓа откако Таравари се скара со дел од структурите во ВЛЕН, кои го обвинија дека соработува со ДУИ.„Па ќе се случи наскоро“, рече премиерот Мицкоски.Претходно, во дел од медиумите беше пласирана информацијата дека средбата ќе биде до крај на оваа недела, но тоа не беше потврдено од ниту една од страните.“Досега нашата одлука е само една, а тоа е дека на листите за советници Алијанса за Албанците ќе настапи самостојно. За кандидатите за градоначалници имаме кажано дека сме отворени, пред сè со ВЛЕН, ако се расположени. Ако немаат, втората опција е самостојно, понатаму ќе видиме”, рече Арбен Таравари, министер за здравство.Во меѓувреме, вицепремиерот на Владата Александар Николоски во интервју за „360 степени“ изјави дека доколку Таравари соработува со ДУИ, тоа би претставувало политичко самоубиство.Оваа изјава на Николоски предизвика реакција од ДУИ. Од оваа партија прашуваат: „Зошто целата оваа омраза кон ДУИ и кон Албанците?“

Македонија | пред 10 месеци

taravari-vredi-koalicija

Таравари спремен за во опозиција, Меџити го спакува за да го испрати од Владата, а се јави и Села

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити вечерва изјави дека на неговиот коалиционен партнер од ВЛЕН, Арбен Таравари, не му е местото во Владата доколку се решил на соработка со ДУИ. Штом посакува таква соработка, како што рече Меџити во интервјуто за ТВ Сител, Таравари самиот треба да го објави тоа, не криејќи го од членството и јавноста.„Сметам дека не му е местото во Владата штом сака соработка со ДУИ. Тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и другу начела. Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите сè уште стоиме на тоа освен господинот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од ВЛЕН и да соработува со ДУИ“, вели Меџити.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори. Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, рече Таравари.Се огласи и Села.„Да ја напуштат Владата и нека дојдат да се обединиме за да направиме доволен притисок. Да одиме и на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните. За да постигнеме влада која нема да се соочи со политички субјекти што се избрани според желбата на овој или оној политички камп, туку ќе бидат таму за да реализираат 6, 7, 8 работи кои се во интерес на Албанците. Имаме неколку приоритети кои се веќе дефинирани во политичките програми, а сега ни се додадоа уште. Треба да се договориме, да, и за начинот на кој ќе се владее. Дали во иднина Владата ќе се формира со Бадинтер?“, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 за коалицијата Вреди.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Таравари: Утре одлука или во коалиција со Вреди или сами на избори, со ДУИ не преговараме

Алијанса за Албанците на Таравари утре ќе донесе одлука дали на престојните локални избори ќе настапат како дел од коалицијата ВЛЕН или на избори одат самостојно.Според Таравари во некои општини во кои доминира албанското население, неговата партија може да добие повеќе гласови ако настапи сама, отколку како дел од коалицијата ВЛЕН.„Имаме две опции, една да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Изборот е меѓу овие две опции, нема трета опција. Имаме одредени општини каде што сметаме дека и сами би направиле добар резултат како што се Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај. Не мислиме дека ќе победиме туку дека може да направиме добар резултат. Меѓутоа ајде да видиме, на крај граѓаните одлучуваат“, изјави Таравари.Таравари демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека неговата партија преговара со ДУИ за евентуална соработка.Со ВЛЕН рече, нема договор.Не сакаше да ја коментира изјавата на Касами, кој рече дека тој што ќе се оддели од групата ќе го јаде волкот.„За Билал Касами не би сакал да коментирам, тоа е негов став. Мислам дека избрзува кога дава изјави, меѓутоа тоа е негова работа“ рече Таравари.

Македонија | пред 11 месец

taravari-vredi-koalicija

ВЛЕН обвини: ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето од црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции

Продолжуваат обвинувањата во албанскиот политички блок.ВЛЕН обвини дека потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, познат по случајот „Пациент“ се фали дека ДУИ го донела Законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, како што велат од ВЛЕН, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки.„Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции. Артан Груби, слуга на Груeвски и Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот Пациент, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци. Едниот бегалец и другиот се буни за власт, плачат и тагуваат затоa што народот ги испрати во опозиција. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и договара тендери за своите пријатели” велат од коалицијата ВЛЕН.Додаваат дека сега е ерата на ВЛЕН, на конкретни акции за граѓаните и Албанците и за подобар, достоинствен и автентичен живот.

Македонија | пред 1 година

1-1-1

Капитацијата ќе се зголеми од 75 на 100 денари по попациент

„Слушајќи ги потребите и барањата наматичните лекари, ВЛЕН направи важен чекор кон подобрување наусловите за работа во примарниот здравствен сектор. Министерот за Здравство Арбен Таравари во соработка сопретставници од здравствениот сектор најави зголемувањена капитацијата за матичните лекари за 20 до 25 денари“, велат од партијата ВЛЕН и додаваат:Па така, од следниот период капитациониот надоместок од75 денари ќе се зголеми на 100 денари по пациент, меркакоја има за цел да ги поддржи лекарите од примарнатаздравствена заштита во исполнувањето на нивните обврскии подобрување на квалитетот на здравствените услуги заграѓаните. Ова исто така ќе игра улога во спречувањето наболестите, а не само во нивното лекување. Ќе работиме солекарите од примарната здравствена заштита за да гиохрабриме пациентите да подлежат на повеќе здравственипрегледи и тековни тестови, особено мамографија за жени.Ова зголемување претставува јасен доказ за посветеноста накоалицијата ВЛЕН и Министерството за Здравство да гислушаат и да ги задоволат реалните потреби на лекарите одпримарната здравствена заштита. Тоа е чекор кој не самошто ја зголемува нивната мотивација, туку придонесува и заградење на поефикасен и поквалитетен здравствен систем засите граѓани.ВЛЕН ветува дека оваа одлука е само една од многуте меркишто ќе бидат преземени за подобрување на условите заработа на здравствените работници и унапредување наздравствениот сектор воопшто.Коалицијата ВЛЕН останува посветена...

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

ВЛЕН: Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални“, велат од ВЛЕН и додаваат:Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор.Откако се најде на црната листа, ДУИ нон гратапочна да ги губи лојалните гласачи и членството, а единственото решение во оваа тешка ситуација во која се наоѓаат е измамата преку манипулациите со анкетите. Така, во обид да ги измамат и збунат масите, тие почнаа да веруваат во лагите што самите ги измислија.Неодамна имаше масовни пристапувања од сите други партии во најголемата албанска коалиција ВЛЕН. И сето тоа затоа што сите разбраа дека единствената политичка опција во албанскиот табор е ВЛЕН.Албанците сега имаат широка и силна база, коалицијата ВЛЕН ги одразува вистинските вредности и посветеноста на промените, надвор од празните ветувања и пропаганда што ја придружуваше ДУИ нон грата долги години.Важно е граѓаните да бидат свесни за да ги читаат и разбираат ваквите обиди за манипулација и да знаат дека нема да дозволат нивните мислења да бидат под влијание на иманипулирани анкети.Наместо тоа, нашите граѓани се занимаваат со анализирање на фактите и конкретните постапки на секоја политичка опција, особено кон ДУИ, која беше загниена на власт.Дојде време Албанците да бараат одговорност, транспарентност и вистинско претставување во политиката. Промената започна со коалицијата ВЛЕН, која докажува дека сме вистинска алтернатива за градење подобра иднина за Албанците и доведување на политиката на вистинското место, алатка за исполнување на колективните интереси.

Македонија | пред 1 година

ukim

ВЛЕН: Го зголемивме буџетот во високото и средното образование, работиме на подобрување на квалитетот

„ВЛЕН се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива. За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование како никогаш досега. Значи, станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиардиденари. ВЛЕН го зголеми буџетот за образование за повеќе од два милиони евра. Ова ја покажува сериозноста и посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое беше во тотална летаргија“, велат од ВЛЕН.„Со гордост, задоволство и целосна одговорност ја информираме пошироката јавност дека ВЛЕН го зголеми буџетот и за Универзитетот во Тетово каде за 2025 година се предвидени 18 милиони евра, додека буџетот на истиот универзитет за 2024 година изнесуваше 12 милиони евра. Значи, имаме зголемување од 6 милиони евра за оваа година. Ова е промената од план во терен.Нашата одговорност не завршува тука, бидејќи нашиот пристап не е ниту селективен, ниту половичен, со големо внимание се грижиме за нашите јавни универзитети бидејќи ја знаеме и историјата на нивното основање. Затоа, слично како и на тетовскиот универзитет, издвоивме многу пати поголем буџет од претходните години. За Универзитетот “Мајка Тереза“ за 2025 година се издвоени и 4,8 милиони евра.Министерството за образование и наука во 2025 година се подготви за зголемување на квалитетот на наставата, преку подобрување на образовната инфраструктура, реформирање на системот за финансирање преку грантови и обезбедување квалитет и ефективност во високото образование во согласност со добрите европски практики.Коалицијата ВЛЕН со голема одговорност се залага и за средното образование каде што предвидовме зголемување на буџетот во 2025 година на 29 милиони евра. Зголемувајќи ги платите на наставниците и во основното и во средното образование. Нашата влада ќе продолжи да се залага за реконструкција на основните училишта и изградба на спортски сали во основните училишта.Исто така, во текот на оваа година сме решени да се ангажираме за подобрување на квалитетот на животот на студентите, преку подобрување на условите во студентските домови. Владата предвиде големо зголемување на буџетските средства планирани за Енергетската Рехабилитација на студентските домови, каде што предвидениот буџет за наредната фискална година е шест милиони евра.ВЛЕН се залага за добро владеење, подобар квалитет во образованието и подобри услови за нашите студенти. Затоа што тоа се национално богатство на оваа држава и затоа мораме да ги третираме како такви. ВЛЕН е иднината на Албанците во Северна Македонија. Студентите се сегашноста и иднината на земјата и регионот“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

mijalkov

ВЛЕН: Дрин Ахмети во Ролс Ројс, Мијалков во Ферари, граѓаните во сиромаштија – Ова беше режимот на ДУИ!

“Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено “ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите”, вели ВЛЕН и додава:Слободата на Сашо Мијалков не го донесе дедомраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедотоод Зајаз. Така, Али Ахмети со неговата маша Груби направија се за Мијалков да ужива во слободата.Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор. Во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на “силниот“ чичко, Дрин Ахмети.Дрин Ахмети не му се допаѓа Ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, “супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.Можете да замислите, живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот. Ова е омаловажување, злоупотреба, измама на граѓаните додека моќта стекната со својот глас ја претворат во извор на богатење на нивните семејства.Но, за среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари.Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиранод меѓународниот фактор.

Македонија | пред 1 година

medziti-taravari-vredi-koalicija-5

ВЛЕН: ДУИ политички се распаѓа, не ја контролира ниту својата пратеничка група

Од владеачката ВЛЕН излегоа по вчерашно гласање за интерпелациите на вицепремиероте Меџити и Стоилковиќ, министерот Тошковски и неговиот заменик.Еве го ставот на ВЛЕН:Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и Блерим Беџети.Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат „за“ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ.Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група.Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото.Нивната изолација е очигледна, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи се погласно и почесто да се спротистават на погубните политики на нивното раководство.Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците.ВЛЕН апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui

ВЛЕН: Во Мала Речица секое утро проверуваат да не имаат некој член на црната листа

Интерпелациите за четворица министри кои се на дневен ред во Собранието, за ВЛЕН се смешни. Велат дека ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција.„Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата дека работат на некакви туѓи агенди кои ја оддалечуваат Македонија од патот кон еднаква и стабилна држава.Да се потсетиме дека најголемиот спроведувач на агендата за Српски свет беше минатата Влада на ДУИ кога жилаво се бореше да преживее Отворен Балкан иако Албанија ја напушти иницијативата по случувањата на Косово.Да се потсетиме дека Бујар Османи беше прв министер што бил домаќин на Сергеј Лавров на европско тло.Да се потсетиме дека функционерите на ДУИ во изминатите години се заблагодаруваа на Србија и Вучиќ за тоа што им ја покрива неспособноста при набавка на вакцини и гас.Да се потсетиме дека Артан Груби и Рамиз Мерко се на црна листа на Америка поради уривање на правната држава, а со себе ги повлекоа и своите фамилии. Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот. Секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа.Да се потсетиме дека ДУИ е партијата која зема пари за фиктивни лиценци за игри на среќа од разни балкански криминалци. Партенери им се луѓето од српското подземје.Работењето на ДУИ е целосно во спротивност на препораките од стратешките партнери на Македонија, ЕУ и САД.Се почесто ДУИ се поистоветува со делувањето на Левица. Седењето еден до друг во собраниските клупи очигледно ги доближува.Интепелациите на ДУИ се смешни. Жално е на кое ниво падна партијата одејќи по паметот на Артан Груби и Бујар Османи. На Албанците во Македонија им треба сериозна опозициска партија, а не криминална структура која е спремна секого да продаде во обид да се заштити”, стои во соопштението на ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

zagadeno-magla-15

„ДУИ ја уништи животната средина“, велат од ВЛЕН и додаваат дека имаат конкретни мерки за чист воздух

„ДУИ го загади албанското општество со криминал, коцкарници, тендери, неморал и непотизам. После 22 години власт, денес, токму денес, на ДУИ му дојде на памет, за прв пат, да се грижи за животната средина во која живета нашите граѓани. ДУИ е партија во чиј мандати Тетово не доби вода, но доби депонија сред град, Кичево не доби чист воздух, но доби депонија среде град, Струга не доби статус на успешна општина, ама доби депонија среде град“, велат од ВЛЕН.„Загадувањето на воздухот не е проблем од вчера. Состојбата со квалитетот на воздухот претставува долгогодишен предизвик, кој бара систематски и стратешки мерки. За жал, наталожените пропусти од изминатите години и влади не можат да се надминат за неколку месеци.Владата презема активности за воспоставување целосна контрола врз индустриските капацитети, промовирање на еколошки извори на загревање, како и засилена континуирана инспекциска контрола и соработка со локалните самоуправи.Владата за прв пат донесе „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“. Владата веќе усвои стратешки плански документ со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите. Дополнително, изготвен е и Акциски план за грејната сезона, кој предвидува итни и краткорочни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.Се спроведуваат засилени инспекции и контролa врз сите потенцијални загадувачи. Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита.Загриженост на граѓаните е наша заедничка одговорност. Свесни сме дека граѓаните се соочуваат со реални проблеми поврзани со загадувањето на воздухот. Е токму затоа, наместо меѓусебни обвинувања и обиди за собирање политички поени, потребна е конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот.ВЛЕН останува посветен на спроведувањето на усвоените мерки и на унапредувањето на законската регулатива за заштита на животната средина. Ги повикуваме сите политички субјекти, вклучувајќи ја и ДУИ, да придонесат кон заедничките напори со конкретни предлози, поддршка и споделена одговорност — зашто здравата животна средина е приоритет за сите граѓани.Затоа, наместо обиди за политизација на ова прашање, ВЛЕН ги повикува сите чинители да се фокусираат на спроведување и унапредување на веќе донесените мерки и програми, со цел да обезбедиме чист воздух и поздрава животна средина за сите“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija

Караница кој е крив за загадениот воздух

„ДУИ нон грата продолжува да ја потценува интелигенцијатана нашите граѓани кои ја казнија оваа застаренакорумпирана каста. Овој клуб на луѓе гладни за власт и нурнати во корупција со години ја водеа околината сокатастрофални кадри која, како резултат на тоа, доведоа дооваа состојба. Дури, не треба да се заборави и иницијативата на качакот, Артан Груби, кој се обиде да јапретвори ДУИ во зелена партија откако ја уништијаживотната средина, но и тие не успеаја во овој обид, какошто самите најдобро знаат“, велат од ВЛЕН и додаваат:Загадениот воздух и уништената животна средина серезултат на неодговорноста на поранешната власт, која готретираше Министерството за животна средина каконеважна институција, доволна за некој да стане министер. Значи, за поранешната власт, Министерството за животнасредина беше пазарен производ кој ги задоволи нивнитенегодувања.Загадувањето на воздухот во Скопје датира одамна. Потсетуваме на времето на поранешниот министер од ДУИ, Садула Дураку, како што повеќе сакаат да го нарекуваат“гага“. Кој не покажа срам и одговорност на новинарскопрашање на оваа тема дека граѓаните се загрижени зазагадениот воздух. Неговиот одговор беше следен: “Не мезасега што мислат граѓаните“.Значи, со овие кадри на ДУИ, животната средина дојде вомизерна состојба и загадениот воздух навлезе во нашитенаселени места. Но, сега ова прашање заврши бидејќи ДУИ во опозиција сите работи доаѓаат бинарно.Откако е на власт ВЛЕН, Министерството за животнасредина и просторно планирање додели 50 милиони евра заопштините. Со што ќе можат да развиваат значајни проектиод областа на животната средина.Министерството за животна средина и просторнопланирање под раководство на министерот Меџити успешноосвои донација од Европската Унија со која обезбедивме 6 еколошки автобуси. Во меѓувреме, како Влада јаразгледуваме можноста за набавка на 100-120 електричниавтобуси, со цел одржливо решение на проблемот со јавниотпревоз, но и директно да влијаеме на подобрување наквалитетот на воздухот во градот Скопје.ВЛЕН максимално се залага за подобрување на квалитетотна воздухот загаден од неодговорноста на поранешнатавласт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-29-092904

ВЛЕН: ДУИ биле посветени на служба на Мијалков и Груевски

ВЛЕН, која за себе вели дека е надеж за Албанците во соопштение напипа дека во рок од еден месец, се срушила кулата изградена две децении со криминал и корупција.„Американскиот Стејт департмент го прогласи Артан Груби за нон грата, означувајќи го како непожелна личност. Мирисот на корупцијата им ги сруши нивните лажни шатори, но албанскиот јазик не беше засегнат.Бегството го гледаа како пат за спас. Откако ги избркаа граѓаните, дојде моментот да ги спакуваат куферите и да избегаат, први Груби и Бајрами, а другите со една нога се внатре, а со друга надвор од државата. На Рамиз Мерко му беше одземен пасошот. Гореа возила и локали, с сега започна горењето на партијата од корен“, стои во соопштението.Направени се милионски штети во Домот на културата велат од ВЛЕН, потоа корупција во Државната лотарија.„Најсериозното, чисто разоткривање дека вршеле валкана служба за криминалецот, Сашо Мијалков.Сериозен обид за враќање на Никола Груевски, преку конкретен и организиран план.Секоја минута што овие валкани слуги останале на власт предизвикала ненадоместливи штети за Албанците и за нашето национално достоинство. Тие, со целото свое битие, биле посветени на служба на Мијалков и Груевски“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

merko-3

Мерко без пасош, Артан и Прпарим во бегство, ова е ДУИ, велат од ВЛЕН

„ДУИ нон грата се урива како кула од карти! Оние кои 20 години ја упропастија државата со корупција и криминал денеска се соочуваат со правдата. Артан побегна, Прпарим исчезна, Мерко нема пасош, а ќелиите се дезинфицираат за да ги пречекаат сите!“, велат од ВЛЕН.„Најдобриот подарок за Нова Година? Голем катанец за затворање на седиштето на партијата која ја врати корупцијата во систем. ДУИ сега е синоним за измама, кражба и предавство на албанскиот народ. Но, нивниот крај започна, нивните бегства се само доказ дека никој не бега од правдата!Рамиз Мерко нон грата, познат кај неговата клика како “кралот“ на Струга, денес се соочува со своите злодела. Обвинителството, судовите и МВР кои некогаш го штитеа, денес не можат да го спасат. Граѓаните избраа промени и ВЛЕН носи правда!ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, а ќе следат други. Доста е! Струга, Тетово и сите Албанци чувствуваат мирис на промени. Мерко веќе подготвува два бесплатни кревети во ќелијата, еден за Груби и еден за Бајрами“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Писмен став на коалицијата ВЛЕН за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор кон продолжување на патот кон ЕУ

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци, коалицијата ВЛЕН го соопштува следното:„Новата Влада, во која коалицијата ВЛЕН е одговорен и активен партнер, е цврсто посветена на ЕУ агендата. Активно работи на достоинствено исполнување на условите за динамизирање на процесот кои водат кон полноправно членство во Европската Унија.Ние, министрите од ВЛЕН, отсекогаш сме демонстрирале највисока посветеност кон европските интеграции – не само со зборови, туку и со дела. Рокот од шест месеци не е само временска рамка, туку обврска која ја разбираме и почитуваме.Сепак, мора да постои политичка логика и реалност. Дали има 2/3 мнозинство во Собранието без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Не, нема. И тука лежи суштината: процесот на интеграција бара соработка, зрелост и одговорност од сите политички субјекти. ВЛЕН не ги заборава обврските, но и потсетуваме дека решението не може да биде еднострано.Владата има јасен план, стратегија и акциски чекори кои се преземаат секојдневно. Нашата поддршка, не само сега, туку и во минатото, спасуваше клучни процеси. Со еден таков чекор обезбедивме старт на преговорите со ЕУ.Апелираме до сите општествени чинители, вклучувајќи ги политичките партии, да престанат со ситни политички манипулации на сметка на ЕУ интеграциите. Европската иднина е над политиката на дневни калкулации“.

Македонија | пред 1 година

Popis_2021

ВЛЕН: ДУИ нон грата крадеше и во пописот на населението, милиони евра во нивните џебови

„Кога зборуваме за корупција, мислиме на ДУИ нон грата. Корупцијата не е болест, туку ноторна појава која е присутна во едно општество како резултат на ненаситни и деструктивни луѓе“, соопшти ВЛЕН.„Претходната власт, особено партијата на црната листа ДУИ, исто така го злоупотреби процесот на попис на населението. И во овој сложен процес ДУИ не остави без злоупотреби и преку овој процес се обиде да ги збогати своите функционери. Тие мислеа само на џебот, а не на фер процес и олеснување на процедурите за граѓаните каде што ќе им овозможат на сите да се попишат. Потсетуваме, во овој период директор на Државната агенција за статистика беше Апостол Симовски, додека заменик директор беше Илми Селами од редовите на ДУИ, но во овој случај во процесот на регистрација тие имаа обврзан потпис.За процесот на регистрацијата обезбедени се буџетски средства во износ од 7,9 милиони евра, од кои 49% од трошоците се наменети за техничка опрема, поточно за набавка на лаптопи.За потребите за регистрацијата, на јавниот тендер се побарани 5.650 лаптопи со вкупна вредност од 3,9 милиони евра, под услов веднаш да се испорачаат.На вчерашната прес-конференција обелоденивме шокантни детали за тоа како ДУИ го спроведе процесот на регистрација, но партијата нон грата продолжува да молчи.Ваквиот начин на спроведување на постапката за јавна набавка, со приложување на анекси кон основниот договор со кои се менуваат условите и роковите за реализација на договорот и времето на плаќање предвидено во тендерската документација, без професионално и соодветно прифаќање на лаптопите, не обезбедува целосна транспарентност на постапката и не овозможува фер конкуренција на сите оператори. Во овој случај имаме работа со прекршување на законот. Како што потврди Државната ревизија, во овој случај имаме повреда на постапките за јавни тендери.Прашуваме како се дрзнале да примат/испорачаат 5.650 лаптопи знаејќи дека немаат соодветна експертиза.Коалицијата ВЛЕН ќе ги демаскира пред јавноста и ќе ги открие нивните вистински лица. Додека ДУИ заедно со нивните следбеници ќе остане само лоша приказна за Албанците. Партиа нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место.Коалицијата ВЛЕН најави дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците, затоа го повикуваме Обвинителството да ги истражи овие злоупотреби при процесот на регистрација, кои се забележани и во извештајот на Државниот Завод за Ревизија.Лагите, манипулациите и тајните зделки, мораат да излезат на виделина. Дојде време за одговорност!“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

artan-grubi-1170x602-1-1024x527-1

ВЛЕН: ДУИ нон грата, повикајте го Артан од црната листа како експерт за „ослободување“ на државата!

„Партијата нон грата ДУИ која 20 години заробената држава го претвораше во уметност, денес глумат моралисти и сакаат правда?! Ова е најголемиот апсурд на деценијата! Станува збор за партијата која го претвори судството во подружница на ДУИ, каде одлуките не се носеа во судници, туку во партиски канцеларии. И сега овие “професори за корупција“ ја обвинуваат власта за заробување на државата!“, велат од ВЛЕН.„Заробувањето на државата се појави како концепт во извештајот на Прибе за да се опише владата Груевски-Ахмети, влада која протера илјадници Албанци од земјата, со бројни политички монтирани случаи и неправди.Заробувањето на правдата од нив може да ја прикажеме со имиња - Џелал Бајрами, Барлет Џафери, синот на Талат Џафери, Иџет Мемети, и многу други.Како може обвинителството на Ислам Абази да даде став за ослободување на осудените на 27 април и во исто време нон грата ДУИ, да не обвинува за заробување на државата?! Кому му прават црн хумор овие?!Затоа, предлагаме нон грата на ДУИ да го повикаат најновиот жител на црната листа Артан Груби како “експерт“ за ослободување на државата.ДУИ нон грата не се навикнати на добро владеење, па многу лошо ја доживуваат ПРОМЕНАТА. Вие што на вашиот грб ја имате трагедијата на Модуларната болница во Тетово, а уште имате лице за неосновани обвинувања. Вие што ја пополнувате американската црна листа, вие што ги срамите Албанците. Нон грата партијата нема што да и понуди на албанската политичка сцена, освен црна и деструктивна политика. Вие сте дел од црната историја на Албанците.Партијата нон грата ДУИ освен во конкуренција за криминал во ништо друго не може да конкурира за првото место. Коалицијата ВЛЕН најавува дека нема да има компромис со оние кои се вмешани во корупција и 20 години по ред им нанесуваат штета на Албанците“, соопштија од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања