Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛЕН

izet-medziti

„Донеле одлука дека нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија“, политичарот Меџити соопштува судска одлука која уште не е конечно донесена

Блерим Рамадани не треба да биде екстрадиран во Србија, одлучиле судските истанци, според вицепремиерот Изет Меџити, кој се обрати од партиската говорница на „ВЛЕН“. Тој не сакаше да го коментира бегството, ама сакаше да каже дека Рамадани кој се бара за воени злосторства од Србија, е слободен човек. Се повика на одлука на Судскиот совет, иако ова тело нема никаква поврзаност со тоа дали екстрадицијата на Рамадани ќе биде дозволена или не.„Знам дека Судскиот совет донел одлука дека аргументите на Србија не држат и нема основа Блерим Рамадани да се спроведе во Србија. Тоа е веќе трета одлука, тоа станува судска пракса. Таа судска пракса веројатно треба да не насочи да делуваме како сите европски држави. За овој период, Србија дава неточни информаци кои не треба да се сфатат сериозно во иднина“, рече Рамадани.Интересно е што на денешната седница на Судскиот совет не беше соопштено, ниту може да биде соопштено од нив дека екстрадицијата на Рамадани не е одобрена или одобрена. Дотолку повеќе што конечната одлука ја носи Врховниот суд и истата според информации на „Скопје1“ до овој момент не е донесена.Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.За потсетување, Блерим Рамадани избега благодарение на судската одлука на судијата Пајазит Пајазити, кој го извади од зад решетки и му одреди куќен притвор. За него е формирана комисија која ќе го испитува постапувањето.

Македонија | пред 1 година

merko

Да го имаш Мерко во своите редови, главен емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за ветинг е дрско потценување, им велат ВЛЕН на ДУИ

„Жално е да се гледа како едно криминализирано раководство ја влече ДУИ во амбис. За прво место во категоријата “најсмешни моменти” може да конкурира барањето на ДУИ за меѓународен ветинг“, велат од ВЛЕН и додаваат:„Постои ли покредибилен меѓународен ветинг за некој политичар од црната листа на САД? Да го имаш еден Рамиз Мерко во своите редови, главен политички емисар да ти е Мендух Тачи и да зборуваш за меѓународен ветинг е дрско потценување на Албанците од кои 22 години си барал поддршка на избори.Да се обидуваш сега да ја мамиш јавноста со теза дека корумпираните се во другите партии и со тоа да сакаш да се претставиш како жртва, само затоа што доаѓа време твоите корумпирани поранешни функционери да одговараат што се богатеа со народни пари, е кукавички и срамно. Албанскиот народ нема да биде заложник на напорите на ова криминално раководство на ДУИ да си ги задржи привилегиите од 22 годишниот режим.Правосудната одговорност за сторена политичка корупција не може да биде меѓународен проблем. Тоа е домашна задача за државниот систем. Затоа ВЛЕН предлага системско решение како уставен механизам кое ќе овозможи кривична одговорност за стореното и конфискација на нелегално стекнат имот.Ветингот е етичка и морална контрола која евентуално може спречи бавење со политика. Затоа, докторите за криминал од ДУИ 48 часа молчат за Уставниот амандман на ВЛЕН за спречување на застарувањето на кривичниот прогон за сторена политичка корупција. Ова поведение на криминалнито раководство на ДУИ е најдобар доказ дека тие никогаш не сакале да се борат против политичката корупција, туку нивната цел отсекогаш била да станат доктори за криминал и да се богатат врз грбот на Албанците.

Македонија | пред 1 година

gasi-gashi-afrim

Влен го брани Гаши: Со фанфари се бара политичка одговорност, се прави конструкција со обезбедувањето

„Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста“, велат од Коалицијата ВЛЕН.Тие додаваат:„На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на Претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е подржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор.Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и да некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено.Пратениците на ВЛЕН се подготвени да ја бранат честа на Албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ вредностите. Клучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистината!“.

Македонија | пред 1 година

Bashkim-Murtezi-press-1

Запнале по секоја цена да има Академијата на Албанците за наука и уметност: нов состанок на ВЛЕН

Денес, на работен состанок, се одржа состанок на Политичкото координативно тело на ВЛЕН, при што беше дадена политичка поддршка и поголем легитимитет на новата иницијатива за Академијата на Албанците за наука и уметност.„Политичкото координативно тело ја реафирмираше дека оваа амбициозна иницијатива има за цел да создаде важен центар за развој на научните истражувања, унапредување на уметностите и зачувување на албанското културно наследство.Создавањето на оваа Академија е важен чекор кон подигање на стандардите на образованието и научната креативност во нашата земја. Обезбедувајќи платформа за истражувачите, уметниците и интелектуалците од албанската заедница, Академијата ќе овозможи размена на знаења и таленти, поттикнувајќи нова култура на совршеност и иновации.Членовите на координативното тело се согласија дека оваа иницијатива, и покрај острите реакции, било да се тие од албанска или македонска страна, има своја благородност бидејќи се работи за знаење, култура и граѓанство, а не за создавање разлики во нашето мултиетничко општество, ниту за освојување политички поени.По состанокот, членовите изразија уверување дека оваа иницијатива ќе понуди нови можности за соработка и развој, помагајќи во подобрувањето на квалитетот на образованието и научната креативност.ВЛЕН нагласува дека оваа иницијатива ќе биде референтна точка за сите оние кои се заинтересирани за напредокот на знаењето и уметноста, создавајќи поволна средина за иновации и креативност. Затоа, остануваме целосно посветени на обезбедување на Академијата на Албанците за наука и уметност да ги постигне своите амбициозни цели, носејќи големи придобивки за нашето општество.На крајот, ги повикуваме сите истражувачи, уметници и интелектуалци да се приклучат на оваа важна иницијатива и да придонесат за изградба на посветла иднина за албанската наука и уметност“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

,,Коалицијата ВЛЕН ја поздравува и поддржува секоја активност која има за цел зајакнување на правото и редот во Северна Македонија. Веруваме дека гонењето на незаконските дејства и корупцијата е клучно за обезбедување на правичен и равноправен систем за сите граѓани.Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за "опструкција на правдата", која се сомнева дека е извршена еден ден пред парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува Бектеши била дел од октопод на криминал, корупција и крадење на гласовите. Овој случај е силна потврда дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само крадење од граѓаните, туку и невиден притисок врз Албанците за да го изразат својата слободна волја преку гласање.Коалицијата ВЛЕН секогаш ќе се залага за владеењето на правото, а никогаш за политички реваншизам. Затоа, ги повикуваме правосудните органи преку правилна и правична постапка предметното лице да ја докаже својата невиност или да се докаже неговата вина во зависност од доказите.”, соопштија од коалицијата ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi-dui

ВЛЕН: ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот

ВЛЕН испрати соопштение во кое посочуваат дека октоподот на криминалот и корупцијата, ДУИ и нејзините сателити, кои, како што велат коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.,,На опозициската ДУИ ѝ е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите! Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и на граѓаните, особено на Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби“, стои во соопштението на ВЛЕН.ДУИ, посочуваат има полна уста со лажен патриотизам во опозицијата, но ги потсетуваат на криминалите:,,Нема да дозволиме нивните скандали да бидат заборавени. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати изгради империја за себе и за семејството, па американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, заедно со неговиот син, се одмора во суперлуксузните хотели во Турција, каде една ноќ чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравина за 20 милиони евра, а потоа беше фатен со огномет.Блерант Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правниот испит пред да дипломира, а потоа станал обвинител. Да не зборуваме за Лотаријата и игрите на среќа во режија на Запарим Бајрами и Артан Груб кои ги зафатија нашите маала. Очекуваме органите на прогонот да ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните и да ја вратат вербата во владеењето на правото“, обвинува ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Денеска леат крокодилски солзи, во 2019 година ОсманИ и Груби побараа да се преиспита одлуката за назначувањето на Еролд Муслиy, велат од ВЛЕН

„Лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби. Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, НУЛА Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери, технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во “волците”. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциитњ, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“, велат од ВЛЕН и додаваат:Коалицијата ВЛЕН има заменик директор во Агенција за Национална Безбедност, институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање. После оваа реформа предлогот на ВЛЕН за заменик директор во АНБ, ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.И, за крај..Точно е дека Агенцијата за разузнавање имала заменик-директор Албанец од 2001 година, но точно е и дека во 2013 година ВИЕ ја сменивте систематизацијата на Агенцијата, каде што исчезна функцијата заменик директор. Од таа година Албанците немале заменик-директор, систематизација што ја гласавте на владиниот состанок, не знаејќи што сте направиле. Функцијата заменик-директор се врати во 2021 година, но од таа година која позиција ја имавте ВИЕ (ДУИ) ? НИКОЈА!Функцијата заменик директор на Агенцијата, Албанец, ќе ја врати ВЛЕН!“.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija

Со кои институции, агенции, затвори ќе раководи ВЛЕН: Финансиско разузнавање, Фонд за здравство, затвори..

Договорени се над 60 здравствени и кулутурни институции, државни агенции и затвори, во кои на раководните функции директор или заменик-директор ќе бидат поставени кадри на ВЛЕН, коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Начелно, ВЛЕН влегува на местата каде досега имаше кадри на ДУИ. Па така, директори ќе имаат на Клинички центар, заменици во Фонд за здравство и Пензиски фонд.Свои луѓе ќе постават и во Управа за финансиско разознавање, заменик-директори во Управа за финансиско разузнавање УЈП, Централен регистар, Агенција за администрација и Царина, директор во Управа за матични книги. Од покрупните договорени институции, договорени се и заменичкото директорско место во МРТВ и МИА, директорското на ЈП Пасишта, Агенција за класифицирани информации, Метрологија, заменичкото во Државни шуми и ЕЛЕМ.ВЛЕН ќе раководи и со повеќе театри, со Филхаронија, а заменик директор ќе добие и во Универзитетската библиотека во Скопје.Од затворски институции, добива двајца директори и тројца заменици директори. Па така, кадри на оваа партија ќе раководат со струшкиот и тетовскиот затвор, а заменици ќе има во охридскиот, во Шутка и Куманово.Распределбата на ресори не е готова и се прават завршни преговори. Дел од институциите ќе добијат и ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен”за новата Влада

Денеска во 14 часот, во Белата палата, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен”, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада.Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.Изет Меџити претходно изјави дека Владата ќе има околу 80 пратеници.Уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.Преговорите се далеку од точката за распределба на ресори, но ,, Влен” не се задоволува со минорно учество и ресори.И ВМРО- ДПМНЕ смета дека со оглед на освоените мандати, најважните функции тие треба да ги раководат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-06-at-15.51.49

Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.Дел од медиумите на албански јазик објавија и дека во седиштето на ВЛЕН имало средба на ниво Арбен Таравари-Хрисстијан Мицкоски.На социјалните мрежи и нова објава од Таравари: „Дојде време за Промена, дури и ние доцниме!“.Соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ е важна за овие две партии поради можен бојкот на претседателските избори. Според информациите кои ги пласира опозицијата, ДУИ има план да бојкотира, за да нема цензус. Тоа пак, ќе доведе до нови претседателски избори.

Македонија | пред 1 година

IMG_3482

ВЛЕН: Албанците не ги забораваат гревовите на “пациентот” Бујар

,,Денеска ќе се вратиме во 2016 година, кога Специјалното Јавно Обвинителство или СЈО функционираше како иницијатива на меѓународниот фактор за расветлување на коруптивните скандали во РСМ.Тогаш во случајот наречен ПАЦИЕНТ, се издвојуваше како прв и единствен обвинет Албанец токму портпаролот на ДУИ, денес кандидат за претседател, Бујар Османи.Но, што всушност содржуваше предметот ПАЦИЕНТ за кој беше обвинет Бујар Османи?Ова денеска за прв пат ќе го откриеме детално.Во истрагата постоеше засновано сомнение за злоупотреба на службената положба на министерот за здравство, како и овластувањата на службените и одговорните лица во тендерските постапки за градежни работи, при што постоеле сомнежи дека бугарската компанија ГБС Благоевград беше фаворизирана иако имаше неколку поповолни понуди од други компании, во повеќе здравствени установи во земјава, меѓу кои и гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Вредноста на тендерот изнесуваше над 2 милиони евра.Почитувани граѓани, денеска се собравме, токму пред Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир, да пренесеме порака дека ние не забораваме!Овде сме собрани, жени, мајки, сестри, ќерки да го обелодениме овој скандал, каде денешниот кандидат за претседател е обвинет за финансиска злоупотреба во овој за нас свет објект и каде секој ден се породуваат нашите ќерки, нашите сестри, нашите пријателки.Замислете до каде оди лакомоста на овие луѓе за пари, злоупотребуваат милиони евра од местото каде што се пораѓаат сите мајки од Скопје и пошироко!Јавно прашуваме, дали Албанците заслужуваат ваков кандидат за Претседател?Јавно прашуваме, ако не се грижат за граѓаните, дали овие политичари знаат дека оваа болница им служи покрај другите и на нивните роднини?Граѓаните никогаш нема да го заборават Пациентот Бујар Османи. Можеби партизираните судови на Артан Груби го пикнаа овој случај во некој ќош, но доаѓа време за одговорност за направеното, но и за тие кои го криеја случајот.Замислете, овие милиони можеа да бидат кревети за мајки, опрема за гинеколози, работа за медицински сестри, подобри услови за бебиња. Овие злоупотребени пари можеа да бидат буџетски средства за да се донесат решенија за тие над 1700 вработени во здравството кои се со договор на дело, и никако не можат да добијат решенија за работа.Доаѓа време за одговорност, додека граѓаните ќе ја осудат оваа криминогена власт!”, изјавија од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-10.09.35

ВЛЕН: Бадијала се заканувате албанскиот народ е со ВЛЕН бидејќи ја кажуваме вистината!

„После прес конференцијата на Коалицијата ВЛЕН, каде јасно и прецизно беа изнесени факти за последните тендери за набавка на ВЛТ Терминали за казина како и столици за казина, се огласија од АД Државна лотарија на РСМ каде што директор е Перпарим Бајрами, десната рака на Артан Груби, кои, меѓу другото се закануваат со клевета за Коалицијата ВЛЕН“, велат од Коалицијата и додаваат:Како прво, тоа што сакаме да ја увериме јавноста, е дека никаква форма на притисок и закана нема да успее да не спречи да ја разоткриеме вистината пред јавноста за сите коруптивни скандали во АД Државна лотарија на РСМ.Пред Вас сакаме да ги изнесеме сите факти детално. АД Државна лотарија на РСМ регистрираше и е доминантен сопственик на две компании од дејноста на ВЛТ апаратите, една формирана во 2013-та година во времето на Сашо Мијалков, другата формирана во 2023-та година во времето на Артан Груби.Дали во надзорниот одбор на новоформираната Нова државна видео лотарија - НОВО ВЛТ се избрани и именувани тројца најблиски соработници на Артан Груби, меѓу кои десната рака Перпарим Бајрами, советникот во кабинетот на Груби, претседателот на огранокот на ДУИ во Дебар како и член на централното претседателство и близок приател на Груби, Артин Спахиу, како и еден претставник од огранокот на ДУИ во Чаир?Дали овие партиски војници на Груби учествувале во носењето на одлуките за јавни набавки?Јавно прашуваме, дали тендерите кои ги споменуваме се јавни и објавени на 29.03.2024-та година и постапката ќе трае до 29.04.2024-та година со број на оглас 05983/2024 и 05801/2024. Повторуваме, се работи за набавка на 2100 ВЛТ терминали за казина во вредност од околу 23 милиони евра, и набавка на 2000 столици за казина кои би требало да чинат околу пола милион евра?Јавно прашуваме, во чии џебови завршуваат овие огромни пари кога граѓаните мака мачат да врзат крај со крај?Јавно ги прашуваме, Артан Груби и ДУИ Лотарија, дали само за мандатот додека Груби ја вршеше функцијата прв вице премиер на државата, се потрошени повеќе од 75 милиони евра за казина и игри на среќа? Дали најголемиот дел од добитниците на тендерите се сомнителни српски фирми со силни врски со подземјето?Да резимираме, ДУИ е трансформирана во патрон на валканиот казино бизнис во нашата држава и ова и птиците го знаат. За среќа, на ова катастрофално владеење и доаѓа крајот и во новата влада каде што ќе биде дел и Коалицијата ВЛЕН, сите кои се дрзнале да посегнат по криминал ќе одговараат пред институциите на системот!Промената доаѓа, Промената Вреди!“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања