Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВРЕМЕ

nevreme

Се очекува локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес и утре особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.И во делови од Скопската котлина особено денес попладне и навечер ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 23 степени.Поголема нестабилност со врнежи, грмежи и локално невреме очекуваме во вторник, но многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните наши метео објави.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Даоаѓа невреме: дожд, грмежи, ветер

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворенh простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Денеска променливо облачно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне кога ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Скопје променливо облачно. Од претпладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максималната од 15 до 23°C.Инаку утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка и во Лазарополе.Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.Најмногу воден талог за изминатите 24 часа е наврнат во Виница 28 л/м2.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Нестабилно време: Очекувајте невреме - локално се очекуваат поинтензивни aтмосферски процеси

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локалано, и тоа особено во централните, како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.Во Скопје и околината исто така од пладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд, грмежи и засиллен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурата на воздухот денес во Скопје ќе се искачи до околу 23 степени.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Утре на повеќе места врнежи и грмежи: локално се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме

Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално, и тоа особено во централните , како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град, како и со силни и чести електрични празнења. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не претстојнуваат на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион утре од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.Што се однесува до температурите, тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје утре температурата ќе се искачи до околу 25 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Какво време да очекувате на 1 мај: попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од пладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Нестабилноста ќе продолжи и во текот на ноќта кон 2 мај.Што се однесува пак до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината исто така од пладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста е можна и во ноќните часови према 2 мај. Температурата утре во Скопје ќе се искачи до околу 26 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Очекувајте студено време со врнежи од дожд и снег на планините – дождвило ќе биде и во Скопје

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.На планините, и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде и поголема.Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.Во Скопје и околината исто таоа очекуваме врнежливо време, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Македонија | пред 1 година

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

За викендов: Прекрасно сончево, летно-топло aприлско време – погледнете ги очекуваните температури

Викендов, и тоа под влијание на топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка, кај нас и понатаму ќе се задржи стабилното, суво, сончево и топло време за овој период од годината. Денес ќе има и појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.Во Скопје и околината, исто така ќе имаме сончево и топло време. Денес со појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден ќе засилува ветерот од северен правец. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.

Македонија | пред 1 година

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Од денес, па се до среда – Летото во Април продолжува

Во периодот од денешнит ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-6680PM

Погледнете какво време нѐ очекува од утре, па се до среда

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно).Во Скопје исто така продолжува стабилното, суво, топло и сончево време, со засилување на ветерот од северен правец до крајот на денешниот ден. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.

Македонија | пред 1 година

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Дали кон средината, па и во втората половина на овој месец ќе ни биде присутен пролетниот планински снег

Дали од средината на следната седмица, односно некаде од среда, четврток ќе ни биде потребна потопла облека? А не како што се навикнавме уште од самиот почеток на оваа пролет, со лесна облека, дури некои граѓани и со куси ракави.Според она што повеќе нумерички модели го цртаат, од среда очекуваме постепена промена на времето и пад на температурите на воздухот. Поради пристигнување на поладен воздух од север, и тоа на загреана и топла Атмосфера, би можело да дојде и до локален развој на грмотевични облаци (или нестабилна облачност), проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.Во ваква состојба, не се исклучуваат ни локални поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), па така е можна и појава на град во делови од Македонија.Според она што е достапно моментално на нумеричките модели, некаде кон средината, па и во втората половина на овој месец на планините ширум регионот, па така и во Македонија не се исклучува можноста да се случи да провее и по некоја пролетна снегулка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Доаѓа лето во пролет -Температурите драстично ќе се покачат, и до 30 степени

Од денес, па се до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. И понатаму ќе го имаме ветерот од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.Во деновите кои што се пред нас, како што и претходно најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре према нашите краишта. Температурите значително ќе се покачат и во следниот период тие ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно тие ќе бидат рано-летни.Насекаде температурите низ Македонија ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 30 степени.Во Скопје и околината исто така ќе има многу сонце, но повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата во следните денови ќе биде рано-летна и ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Дали март ќе го испратиме со рано летни температури: Следниот викенд температури и над 25 степени

По променливото време кое не очекува од утре, проследено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, но накратко и снег на планините во понеделник, сепак по се изгледа месец март оваа година ќе го испратиме со рано летни температури на воздухот.Балканот и Македонија, следниот викенд би можеле да бидат зафатени од значлително потопла воздушна маса од северните предели на Африка која би условила температури дури и над 25 степени.Но најпрвин да измине најавеното променливо и врнеживо време во регионот, како и кај нас кое го најавивме за од утре, па потоа да се подготвиме за рано летни температури на воздухот, секако следниот викенд.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-22-at-08.04.13

„Метеоаларм.мк“ на Славчо Попоски со новитети и целосно нов дизајн

Познатиот метео-прогнозер Славчо Попоски го освежи својот портал meteoalarm.mk со нов дизајн и концепт од информативен и забавен карактер.Покрај добро познатите краткорочни и долгорочни временски прогнози од Македонија и пошироко, на Mетеоаларм.мк ќе има вести поврзани со метеорологијата и климатските промени, но и информации кои ќе бидат од помош на земјоделците, кои се спремаат за посев или жетва, авантуристи кои се спремаат за на плажа или некој планински врв.Посетете го meteoalarm.mk и пишете му на Славчо Попопски на Facebook или Instagram, или на slavcopoposki33@gmail.com.(ПР) 

Магазин | пред 2 години

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Доаѓаат значително постудени утра: На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз

На многу места во регионот, како и во Македонија ќе има појава на мраз!По врнежите во текот на денешниот ден, од утре следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност.Токму поради разведрувањето, утрата ќе бидат значително постудени, особено утре и во четврток кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на високите планински места тие ќе се спуштат и под -5 степени.Сепак максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во пораст и во следните денови речиси насекаде тие повторно ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 15 степени.Во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до близу 20 степени.НАПОМЕНА: Поради ниските температури наутро, на повеќе места во регионот, како и во Македонија се очекува појава на мраз, кој секако особено лошо ќе се одрази врз веќе расцветаните овошки.

Македонија | пред 2 години

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Доаѓа вистинска пролет: Касните зимски студови ќе изостанат оваа година!

“Судејќи според моменталните анализи, направени со помош на најпрецизните прогностички модели, оваа година по се изгледа ќе изостанат касните зимски студови, кои се карактеристични за месец март”, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски.Времето во следните денови, односно до крајот на март ќе остане топло со пролетни температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе достигнат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до околу, или близу 20 степени.Врнежите полека ќе се намалуваат, иако и понатаму повремено и локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд.Уште потопло треба да биде кон крајот на викендот и следната седмица кога температурите понекаде би надминувале и 20 степени.Појава на утрински мразеви не се очекуваат, поради тоа што на повеќе места очекуваме температури малку над нулата.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Временска: Можно е ново невреме, високи температури ќе има утре

Овој викенд иако релативно стабилен и сув, сепак локално и особено во западните предели ќе има послаби врнежи од дожд и снег на повисоките планини, особено денес. Утре ќе биде потопло со максимални дневни температури кој речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 20 степени.Сепак овој викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец, што ќе биде најава за нова голема промена на времето кај нас во понеделник и во вторник.Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот, во Македонија повторно очекуваме нови обилни врнежи од дожд на повеќе места, проследени со грмежи. Не се исклучува можноста повторно локално да се случат поинтензивни Атмосферски процеси во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични пранења и со појава на град.Утре, а особено во понеделник ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Остануваат високите пролетни температури на воздухот.И во Скопје очекуваме слично време, во понеделник и во вторник со повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Какво време нѐ очекува идните денови - ем топло, ем дожд, ем грмежи

„Како што и претходно кажавме и најавивме, пред нас е топол и релативно стабилен и сув викенд, иако локално можни се сосема слаби врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 15 степени, во централните и југоисточните предели температурата ќе се искачи и до околу или близу 20 степени“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:Сепак овој викенд ќе засилува јужниот ветер, што ќе биде најава за нова голема промена на времето од понеделник.Во понеделник и во вторник, и тоа под влијание на нов длабок циклон од Атлантикот ќе има нови обилни врнежи од дожд, проследени со гремежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).Локално можни се поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме, а можна е и појава на град. Остануваат релативно високите температури и покрај очекуваната нестабилност и врнежи.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Голем влажен бран веќе од пладне: носи дожд и снег

„Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен)“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и со висина и над 25 сантиметри.Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

Македонија | пред 2 години

275188151_680049909703117_5060941709380810353_n

Студ, снег, дожд, пад на температурите - што нѐ очекува со времето од понеделник

„Нов голем влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник“, наговестува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог). Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.Значителна снежна покривка очекуваме на планините во западните и северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија (понекаде и со висина од над 25 сантиметри).НАПОМЕНА: Снежната граница локално би можела да се спушти и до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има и на некои повисоки населени места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме нови пообилни врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер, најпрвин од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец.Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено во вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.Оваа голема промена на времето која не очекува е поврзана со длабокиот циклонски систем од запад, поточно со центар над Џеновскиот залив и во центарот на истиот ќе има присуство на значително поладен воздух.

Македонија | пред 2 години

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Времето ќе биде невообичаено за овој период од годината - што нѐ очекува неделава

Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на оваа недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат  и до пролетни 20 степени.Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен долж Повардарието.Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.Мора да напоменеме дека поради изразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, како и во поголем дел од Европа и Балканот се очекува транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена. Се очекува значително да ја има оваа прашина  и песок од Сахара.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Влажен бран ќе ја зафати Македонија: Послаби врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината

Во склоп со длабокиот циклонски систем кој е со центар над северозападна Европа, во следните часови, најпрвин во западните, а потоа и во останатите предели од Македонија ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде, особено во јужните предели и со умерен интензитет. Ветерот од јужен правец и понатаму ќе го има, но ќе биде со послаб интензитет и ќе го менува својот правец во југоисточен.За време на овој влажен бран, локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар крадратен, особено во јужните предели.Послаби врнежи од дожд ќе има и во Скопје и околината.Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 15 степени.Натпросечното топло време ќе остане и во текот на следната сВедмица, но детална метео анализа за следната седмица следува во следните наши објави.

Македонија | пред 2 години

0a1acb69-dfa1-4339-945a-531da4d20aa8

И во Македонија ќе има ветер и дожд, а регионот веќе е погоден од обилни дождови и силни ветришта - има и штети

Уште од утринава регионот е веќе зафатен од најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа. Обилни врнежи од дожд има веќе во југозападна Босна, овие врнежи полека ќе навлегуваат во Црна Гора, потоа и на северот од соседна Албанија. Локално се очекува да наврнат и над 100 литри дожд на метар квадратен, со што постои можност и за локални поплавувања.На високите планини ќе има обилни врнежи од снег, со што локално ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.Инаку изминатата ноќ олујниот ветер направи многу штети во Босна, особено во градо Цазин, северозападна Босна.Кај нас во Македонија овој викенд ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе биде од јужен правец, а ќе има и локални послаби врнежи од дожд. Сепак ќе биде невообичаено топло за овој период од годината и понатаму, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до околу 20 степени.

Македонија | пред 2 години

xx_model-en-359-0_modez_2024022100_126_944_157

Бура за време на викендот ќе го погоди регионот, на удар се Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, најавува Попоски

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.Веќе од утре во Црна Гора, Босна и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена, па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде и од над 85 км/час.Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.Што се однесува до температури тие и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-24-0310PM

Следната седмица доста турбулентна на Балканот: можни температури до 25 степени

Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува продор на уште потопол воздух кој во некои делови ќе донесе температури дури и до 25 степени, сепак ќе има чести врнежи и тоа поради влијание на циклон со центар над Џенова…Инаку промената на времето започнува уште од овој викенд кога очекуваме врнежи кои најпрво ќе бидат локални, а повеќе врнежи ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тогаш тие ќе се прошират во поголем дел од Македонија. Снег ќе врне само на високите планини.За време на викендот ќе дува и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Овој викенд ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа.Температурите остануваат натпросечно високи, и на многу места тие ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 15 степени.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања