Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВРЕМЕНСКА

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-24-0310PM

Следната седмица доста турбулентна на Балканот: можни температури до 25 степени

Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува продор на уште потопол воздух кој во некои делови ќе донесе температури дури и до 25 степени, сепак ќе има чести врнежи и тоа поради влијание на циклон со центар над Џенова…Инаку промената на времето започнува уште од овој викенд кога очекуваме врнежи кои најпрво ќе бидат локални, а повеќе врнежи ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тогаш тие ќе се прошират во поголем дел од Македонија. Снег ќе врне само на високите планини.За време на викендот ќе дува и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Овој викенд ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа.Температурите остануваат натпросечно високи, и на многу места тие ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 15 степени.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Попладне ќе биде облачно, а ќе има и ветер

Во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Времето утреСончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Зимата се враќа во Македонија од 20 февруари?

„Според најновите ажурирања на нумеричките модели, силен удар на зимата, како и продор на поларна воздушна маса од Арктикот кон Балканот и Македонија се очекува од 20 февруари па во деновите потоа, секако со ова очекуваме и снег, температурите би биле континуирано под нулата, а наутро тие понекаде би се спуштале и под -15 степени“, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски.Тој додава:„Секако после долг временски период, конечно еве една занимлива ситуација за следење за нас метеоролозите, а одлична вест за лубителите на зимата и за скијањето. Секако шансите за ова да се оствари се помали од 50%, и тоа се додека не се вклопат со оваа информација сите нумерички модели, но еден од најажурните нумерички модели токму од вечерва започна да го црта ова зимско сценарио. Понатаму многу повеќе детали, секако доколку не дојде до некои промени“.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања