Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВРЕМЕНСКА

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

Зимски услови на прагот: Дождот ќе премине во снег на повеќе места

Под влијание на циклонска активност, во наредните денови во земјава следува период на променливо и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд, а на планините и од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките, но и во дел од пониските места, при што се очекува формирање нова снежна покривка, особено во западните планински предели.Денешното време е претежно облачно и магловито, со врнежи од дожд кои на одделни места се пообилни, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. На планините врнежите се од снег, а дува засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури се движат од 10 до 16 степени.Во Скопје времето е променливо облачно со повремен дожд, поизразен кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а температурата е околу 9 степени, со висока влажност на воздухот.За утрешниот ден се прогнозираат пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се движат околу нулата или под неа, додека дневните ќе останат умерени. Во поголемите градови максималните температури ќе се искачуваат од 3 до 8 степени, додека на планините ќе бидат околу нулата.Во петок се очекува краткотрајно стабилизирање на времето, но за време на викендот, особено во сабота, повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои на одделни места може да бидат пообилни. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, што ќе создаде зимски услови, особено во повисоките предели и на планинските превои.Надлежните служби апелираат на зголемена внимателност во сообраќајот и навремено прилагодување на движењето на зимските услови.

Македонија | пред 2 месеци

48388075_1911540288966173_2826031705595314176_n_1911540162299519

Циклон носи дожд, силен ветер и снег на планините – температурите во опаѓање

Променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер го зафати поголемиот дел од земјава. Според најновите метеоролошки податоци објавени денеска во 16:30 часот, максималните дневни температури се движеле од 0 степени на Попова Шапка до 18 степени во Струмица.Најстудено било на Попова Шапка со измерени 0 степени, потоа во Маврови Анови со 4 степени, како и во Крушево и Лазарополе со 5 степени. Во Скопје максималната температура изнесувала 10 степени на Зајчев Рид и 13 степени на Петровец. Највисоки температури се измерени во југоисточниот дел од земјата – 17 степени во Гевгелија и 18 степени во Струмица.Во изминатите девет часа, до 16 часот, најмногу воден талог е наврнат на Попова Шапка – 33 литри на квадратен метар. Следуваат Претор со 26, Маврови Анови со 25 и Тетово со 21 литар на квадратен метар. Значителни количини дожд се измерени и во Охрид, Крушево, Битола и Прилеп.Времето денеска и до крајот на денотДенеска времето беше променливо облачно со повремен локален дожд. Дуваше умерен, а на места и засилен јужен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 60 километри на час. До крајот на денот се очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови на земјата, како и слаб до умерен јужен ветер.Времето утреУтре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар, особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен јужен ветер со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 7 до 12 степени, а максималните од 10 до 17 степени.Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, поизразен кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 14 степени.Прогноза за наредните деновиПод влијание на циклонска активност, во наредните денови времето ќе остане променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во четврток, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките, но и во дел од пониските места. На планините во западните делови се очекува формирање нова снежна покривка, а помала снежна покривка е можна и во пониските предели.Во петок се очекува преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот, особено во сабота, повторно се најавуваат локални врнежи од дожд и снег, на места пообилни. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Македонија | пред 2 месеци

skopje-sneg-2022-2

Од дожд до снег: од 8 јануари значителен пад на температурите и зимски услови

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови од запад и југозапад, во текот на оваа недела во Македонија ќе преовладува променливо време со чести, а повремено и пообилни врнежи од дожд, пишува Метеоаларм. Врнежите на моменти ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен правец, а локално се очекува да наврне позначително количество дожд, над 30 литри на квадратен метар, додека во западните делови на земјата количината може локално да надмине и 50 литри.Слични временски услови ќе има и во Скопје и околината, каде што се очекуваат повремени врнежи од дожд, на моменти пообилни, со засилен јужен ветер. Температурите ќе останат релативно високи и над просекот за овој период од годината, поради јужното воздушно струење и дотокот на потопла воздушна маса. На повеќе места дневните температури ќе се искачуваат околу, а на дел од територијата и над 10 степени, додека и ноќните и утринските температури ќе бидат над нулата.Од четврток, 8 јануари, поради продор на значително постуден воздух од север, ќе дојде до нагло заладување. Температурите ќе опаднат, повторно ќе бидат типично зимски и ќе бидат проследени со засилен ветер од северен правец. Како последица на тоа, врнежите од дожд на планините и на повисоките населени места ќе преминат во снег, при што ќе се формира снежна покривка. Според моменталните прогнози, снежната граница би можела да се спушти и под 1.000 метри надморска височина, а не е исклучена можноста за повремен снег и во пониските предели, односно во градовите.Во наредниот период се најавува дополнителна и ажурирана метеоролошка анализа, во зависност од развојот на новиот продор на ладен и влажен воздух од север, кој се очекува од четврток.Инаку, изминативе денови Македонија влезе во невообичаено топол период за јануари, со температури карактеристични за пролет. Утринските температури се релативно високи и насекаде се над нулата, а на одделни места и над 10 степени. Најтопло утрово беше измерено во Скопје – Петровец, каде температурата достигна 14 степени. Повремено дува засилен јужен ветер, додека во западните предели веќе се регистрирани и локални врнежи од дожд.

Македонија | пред 2 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Променливо облачно со дожд и температури до 15 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 10 степени.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските кои насекаде ќе бидат позитивни.

Македонија | пред 2 месеци

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Денеска облачно со температури до 9 степени

Утринските температури во Македонија се движат од – 13 во Берово, до – 4 во Кичево, а максималните дневни од 3 во Велешко, до 9 степени во Пелагонија. Во нашата држава, денеска ќе биде студено и променливо, со температури што се очекува да бидат од 3 до 9°C во текот на денот, особено во котлините и низинските делови.На планините ќе има облачно време со повремени услови за слаб дожд и снег.Во Скопје дневните температури ќе бидат до 9 степени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye35hcikj9c8h1ypVqdD

Внимателно: Студен бран и вистинска зима на Балканот

На Балканот се очекува студен бран со големи снегови. За Македонија нема најава за поголеми врнежи од снег.Метеоролозите предупредуваат дека до среда снегот може да предизвика сериозни тешкотии во Хрватска и Босна и Херцеговина, додека снежни врнежи се очекуваат и во Истра и северниот Јадран. Деливи од Црна Гора, Херцеговина и Далмација ќе бидат погодени од обилни дождови, со можност за локални поплави и лизгање на земјиштето.Според локалните и регионални прогнози, во БиХ и Србија локално може да наврне до половина метар снег, додека во планинските области снегот може да надмине еден метар. Србија во наредните денови ја очекува вистински метеоролошки хаос.Во континенталните делови на Хрватска и Словенија веќе има натрупан снег.На возачите им се орепорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.

Балкан | пред 2 месеци

media-librarybmsqfukqd1vd2s0JrNo

Што да очекувате од времето за дочекот на Нова година

Според најновите ажурирања на прогностичките материјали, новогодишната ноќ и првиот ден од 2026 година, 1 јануари (четврток), ќе поминат во знак на вистински зимски услови. Македонија ќе се најде под влијание на изразен студен бран од север, кој ќе донесе многу ладно време и засилен ветер од северен правец.Паралелно со студот, се очекуваат и врнежи, претежно од снег. Пообилни снежни врнежи се прогнозираат во западните предели на државата, додека на повисоките места и на планините ќе се формира значителна снежна покривка. Сепак, снег се очекува и во повеќето градови, особено во западниот дел од Македонија, каде е можно создавање помала, но забележлива снежна покривка.Во Скопје и околината, за време на новогодишната ноќ и на 1 јануари, се прогнозираат послаби врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ.Од Метеоаларм посочуваат дека прогнозата ќе се доработува со нови ажурирања на моделите, па можно е да има одредени промени во наредните денови. Поради тоа, на граѓаните им се препорачува редовно да ги следат најновите метео анализи за да избегнат забуни околу временските услови за новогодишната ноќ и почетокот на 2026 година.Во меѓувреме, претстојниот викенд Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Овој студен бран ќе биде претежно сув, но ќе донесе изразен студ и многу ветровито време. Особено во недела, 28 декември, повремено ќе дува силен северен ветер, кој во Повардарието и југоисточните делови ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.Времето за време на викендот ќе биде претежно ведро и сончево, со мала локална облачност. Утринските температури ќе се движат од -7 до 1 степен, додека дневните ќе се искачуваат меѓу 3 и 10 степени.Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога наутро температурите насекаде ќе бидат под нулата, во интервал од -10 до -1 степен. На повисоките места и на планините постојат услови температурите да се спуштат и под -10 степени.Во Скопје и околината, за време на викендот, утринските температури ќе се движат од -4 до -2 степени, а дневните од 6 до 8 степени. И во главниот град ќе има повремено засилен северен ветер, кој во делови од котлината може да достигне брзина од 60 до 70 километри на час.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-09-10-at-08.49.15

Облачно со дожд и снег: Зимските врнежи се засилуваат, вистинска зима се најавува околу Нова година

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Наместа, особено во источните делови од земјата, се очекуваат пообилни врнежи, кои локално ќе надминат 25 литри на метар квадратен во текот на 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.Утре се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во источните делови. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Во текот на попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат насекаде, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Скопје утринските часови ќе поминат со облачно време и повремени врнежи од дожд, по што следува стабилизирање, со слаб до умерен ветер од северен правец.Скијачките центри во Македонија веќе се под снежна покривка, а врнежите од снег на планинските подрачја ќе продолжат и во наредниот период, што ќе придонесе за понатамошно зголемување и проширување на снежната покривка. Воедно, сè поизвесно е дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистински зимски услови, со пообилен снег и пониски температури.

Македонија | пред 3 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Облачно и дождливо пред празниците, викендов нагло заладување и силен северен ветер... доаѓа и снег

Временската прогноза за 24 декември носи типично зимско време, со претежно облачно небо низ целата земја и повремени врнежи од дожд и ситна росулка. Врнежите ќе бидат поизразени во западните делови и во југоистокот, особено во утринските часови, додека преку денот ќе преовладува облачност со локални краткотрајни прекини. По котлините се очекува задржување на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста.Температурите ќе останат релативно благи за крајот на декември. Дневните вредности најчесто ќе се движат меѓу 6 и 8 степени, додека утринските минимални ќе бидат во интервал од 0 до 6 степени, зависно од регионот. Во делови од земјата е најавено жолто предупредување за дожд, а за југоистокот и повисоко ниво на предупредување поради врнежите.Кон крајот на неделата, односно во деновите 27 и 28 декември, од североисток ќе продре многу ладен воздух кој ќе донесе значително заладување. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег, а особено значаен ќе биде силниот северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Токму поради засилениот ветер се очекува расчистување на воздухот во котлините.Во Скопје и околината, викендов ќе биде значително постудено, со можност за слабо провејување на снег во одделни делови од котлината. Ќе дува силен северен ветер кој повремено ќе достигнува брзина од 60 до 70 километри на час. Утринските температури за време на викендот ќе се спуштаат меѓу -7 и 0 степени, додека дневните ќе се движат од -3 до 4 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога минималните температури ќе се спуштаат од -10 до -2 степени, а на повисоките населени места и на планините и под -10 степени.Од АМСМ информираат дека поради магла има намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, додека слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 3 месеци

50151295_208183653469774_2950459480845844480_n_208183646803108

Стабилно и суво време со ладни утра, вистинската зима пристигнува по 25 декември

Во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време, со ладни утра и дневни температури кои ќе бидат над просекот за месец декември. Земјата и понатаму е под влијание на висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од југ, поради што времето ќе биде претежно тивко, без ветер и без врнежи.Во утринските и ноќните часови, особено по котлините, ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а во текот на денот ќе се задржува умерена до значителна облачност, но без дожд или снег. Слична временска состојба ќе преовладува и во Скопје и околината, каде маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во одредени делови од котлината.Минималните утрински температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз и слана, додека максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 13 степени Целзиусови, што е над вообичаените вредности за овој период од годината.Според најавите на Метеоаларм, од католички Божиќ на 25 декември се очекува промена на временската состојба и крај на натпросечно топлото време. Тогаш се најавува продор на значително постуден воздух, со услови за вистинска зима, снег и многу ниски температури во Европа, на Балканот и во Македонија. Актуелните прогнози укажуваат дека зимското и студено време ќе продолжи и за време на новогодишните празници.

Македонија | пред 3 месеци

Sonce-pekol

Декември без вистинска зима – температури над просекот, без врнежи

Според најновите ажурирани метеоролошки прогнози, и во текот на целата наредна седмица Балканскиот Полуостров, вклучително и Македонија, ќе остане под влијание на изразен висок воздушен притисок – антициклон кој се протега од јужните делови на континентот. Ваквата синоптичка состојба ќе продолжи да носи стабилно, суво и невообичаено топло време за месец декември.Температурите ќе бидат натпросечни на целата територија на Македонија, како и во поширокиот регион и во голем дел од Европа. Наместо типични зимски вредности, ќе преовладуваат температури повисоки од климатската норма за овој период од годината.Во однос на врнежите, прогнозите покажуваат дека тие ќе бидат значително под просекот за декември. Времето ќе биде претежно суво, без појава на дожд или снег, како во Македонија, така и на поголемиот дел од Балканот.И покрај стабилното време, антициклонските услови ќе придонесат за честа појава на магла и ниска облачност по котлините, особено во ноќните и утринските часови. На некои места маглата може да биде погуста и подолготрајна, со пониски утрински температури и намалена видливост, додека на повисоките места ќе преовладува посончево и потопло време.

Македонија | пред 3 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Најстудено во Берово со -1, преку ден до 16 степени: какво ќе е времето денеска

Во Македонија ноќеска преовладуваше релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко, без позначаен ветер. Најниската температура е измерена во Берово, каде се спушти на –1 степен.Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе има зголемена облачност, која постепено ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб северозападен ветер.Минималните температури ќе изнесуваат од –3 до 4 степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени.Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.Според најавите од УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со утринска зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намалува.

Македонија | пред 3 месеци

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Температури над нулата и слаб северен ветер во првиот дел од денот

Утрово низ Македонија преовладува облачно и релативно топло време, со температури кои на сите мерни места се над нулата и повисоки од вообичаените за месец декември. Дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено се засилува.На метеоролошката карта се прикажани утринските температури измерени низ државата, кои потврдуваат дека денот започнува поблаго од очекуваното за овој период од годината.Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во северозападните предели ќе има услови за слаб локален дожд, додека северниот ветер ќе продолжи со слаб до умерен интензитет.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Топлотен бран од југ: до 20 декември без снег и без зимски услови

Во текот на целата наредна седмица, територијата на државата ќе биде под силно влијание на антициклон и релативно топла воздушна маса од југ, која ќе донесе значително повисоки температури од вообичаените за овој период од годината. Метеоролошките анализи на Метеоаларм укажуваат дека дневните температури ќе бидат повисоки за околу, а на места и за повеќе од 10 степени над декемвриските просеци, при што во некои региони ќе се искачат до речиси 20 степени.Утринските часови сепак ќе бидат постудени, со минимални температури што ќе се движат околу или неколку степени под нулата.Поради стабилната атмосфера, слабиот ветер и високот воздушен притисок, во котлините ќе се создаваат поволни услови за појава на магла и ниска облачност. На одделни локации маглата ќе биде густа и ќе се задржува во текот на целиот ден, што ќе доведе до пониски дневни температури во тие подрачја.Слична состојба се очекува и во скопската котлина, каде маглата повремено ќе биде изразена, особено во утринските и вечерните часови.Според актуелните модели, барем до 20 декември нема изгледи за зимски услови ниту за појава на снег во земјата, а зимското сценарио за сега останува одложено.Во изминатите 24 часа Македонија беше зафатена од обемен влажен бран од југ кој предизвика врнежи од дожд во сите региони, а пообилни врнежи беа регистрирани во западните и јужните делови. На планините над 1700–1800 метри надморска височина дождот преминуваше во снег.Најмногу дожд за овој период, 30 литри на метар квадратен, е измерен во Маврово до утрово во 7 часот.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

Балканот и Македонија со пролетни температури до 20 степени

Невообичаено топло време за овој период од годината ја очекува Македонија и целиот Балкан следната седмица. Според метеоролошките најави, во делови од земјава максималните температури може да достигнат, па дури и да ја надминат границата од 20°C.Стабилното и суво време ќе биде резултат на висок воздушен притисок и топол бран од југ, односно силно антициклонално поле што ќе се протега над целиот регион. Овие услови ќе спречат појава на врнежи, што значи дека неделата ќе мине со претежно сончево и топло време.Сепак, во котлините ќе биде поинаку: растот на температурите ќе биде ограничен поради појава на утринска магла и ниска облачност, кои во некои градови може да се задржат и преку целиот ден. Таму дневните температури ќе останат значително пониски во споредба со останатите региони.Топлиот бран не е изолиран феномен само на Балканот – голем дел од Европа ќе биде зафатен од невообичаено високи температури и стабилно време за овој период од годината.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypj8vof6m0nf74deLWAY

Обилен дожд, засилен северен ветер и снег на планините – Македонија под влијание на циклон и студен бран

Македонија денес, петок (28 ноември), се наоѓа под силно влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, проследена со доток на постуден воздух од север.Таквата синоптичка состојба повторно ќе донесе обилни врнежи од дожд, особено во источниот дел од земјата, каде локално може да наврнат над 40 литри дожд за 24 часа.Повеќето региони ќе имаат дожд со умерен интензитет, а ќе дува и слаб до умерен, повремено засилен северен ветер. На планинските места над 1300–1400 метри врнежите ќе преминуваат во снег, со формирање нова снежна покривка.И во Скопје и околината денот ќе помине под дождливи облаци, а на околните планини врнежите ќе се претворат во снег. Северниот ветер периодично ќе се засилува.Поради најавените врнежи, расте опасноста од ново зголемување на водостоите на реките и езерата, како и од појава на нови локални поплави. Се апелира особено до возачите да бидат внимателни, да избегнуваат близина на водотеци и внимателно да го планираат движењето.Температурите денес ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 6 степени.

Македонија | пред 4 месеци

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Облачно и дождливо денеска: температури од 6 до 15 степени, снег на планините од четврток

Македонија денеска ја очекува претежно облачно и свежо време, проследено со повремени врнежи од дожд. Минималните температури се движат меѓу 4 и 10 Целзиусови степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 6 до 15 степени, зависно од регионот.Во Скопје времето ќе биде облачно со краткотрајни врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од утрински 6 до дневни 13 степени.Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, од денеска до сабота ќе преовладува облачно и нестабилно време со повремени врнежи. Во четврток врнежите ќе преминат во снег на планините, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во споредба со денешните.Стабилно време со разведрување и пораст на температурите се очекува од недела, кога облачниот бран постепено ќе се повлече.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Променливо облачно време со дожд и магла, до 21 степен

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со појава на утринска магла во пониските котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, а максималните од 16 до 21 степен.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаба магла претпладне и повремени врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од 5 до 18 степени.Во наредните денови следува период на поголема променливост – утринска магла по котлините и повремени врнежи. Во вторник се очекува пад на дневната температура и северен ветер, додека во среда и четврток времето ќе биде стабилно и суво.Нови врнежи повторно се можни за време на следниот викенд.

Македонија | пред 4 месеци

vremenska-esen-vreme

Доаѓа период на суво и стабилно време со студени утра, но повисоки дневни температури

Под влијание на стабилна воздушна маса, во наредните денови не очекува суво и стабилно време.Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла.Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а во источните слаб ветер од променлив правец.Тепмературите ќе бидат во пораст.Планинските котлини и источниот регион наутро ќе бидат свежи (понекаде до 0 °C), но попладнињата ќе се искачуваат до 18–21 °C, а за викендот најтопло ќе биде во Пелагонија, Скопската Котлина и југоистокот до 21 °C.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfos6omqd7g0g3G0G0EC

Врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање на времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи со услови за грмежи ќе има , во западните делови на земјата.Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.Во Скопје, се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, информира УХМР.

Македонија | пред 5 месеци

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Утрово измерени нула степени во Берово

Утрово најстудено беше во Берово каде се измерени нула степени, следува Лазарополе со еден степен.Два степени има на Попова Шапка, три во Маврови Анови, Крива Паланка, четири во Скопје–Петровец, Струмица, пет во Битола, Крушево, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Демир Капија, Велес, шест во Скопје–Зајчев Рид, седум во Кавадарци, осум во Претор, девет во Виница и Гевгелија.Денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

Македонија | пред 5 месеци

vremenska-esen-vreme

Натпросечно топло и врнежливо време

Денешниот ден во Македонија започна со необично високи температури за овој дел од годината, но и со повремени врнежи и силен ветер.Причината е јужното и југозападното струење кое донесе топла и влажна воздушна маса над нашата земја.Локални врнежи од дожд се регистрирани низ повеќе региони, а најинтензивни биле во западните предели.Ветерот од јужен и југозападен правец е засилен, што придонесе за динамична и нестабилна утринска атмосфера.Метеоролозите најавуваат дека ваквата временска состојба ќе продолжи и во текот на денот, со можни нови врнежи, особено во планинските и западните подрачја.

Македонија | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Скопје | пред 7 месеци

ohrid-carsija-lugje-turisti-leto-guzva

Температури до 39 степени, но и силен северен ветер - времето идната недела

По краткиот период на нестабилно време, од понеделник нѐ очекува стабилизирање на временските услови, со суво, сончево и потопло време и постепен пораст на дневните температури.Според прогнозите, во четврток и петок температурите ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени целзиусови.Денес и утре ќе преовладува претежно сончево време, проследено со умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во попладневните часови, поради високите температури и силниот ветер.

Македонија | пред 9 месеци

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Топло и до 40 степени, но попладне можно е да има невреме

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања