Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗЕМЈОТРЕС

Нема фотографија

Земјотрес утрово во Грција

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран на Крит, на 63 километри од Ираклион, на длабочина од 14 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес во БиХ, се почувствувал во повеќе градови: „Мебелот ни се тресеше“

Силен земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди БиХ.Епицентарот бил во близина на Зеница.На веб-страницата на ЕМСЦ луѓето пишуваат дека овој земјотрес силно бил почувствуван и во Какањ, Криваја, Теслиќ, Долац, Тузла и Градачац.,,Удри силно, мебелот ни се тресеше“, напиша еден Зеница.,,Кратко, но силно“, напиша еден од Травње.Луѓето пишуваат дека тресењето се почувствувало и на повисоките катови од зградите.Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Свет | пред 1 година

turcija-zemjotres-2

(Видео) Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Во текот на ноќта силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди брегот на јужниот дел на Перу. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 28 километри и 8 километри оддалечен од градот Атикипа. Локалните жители на социјалните мрежи напишаа дека почувствувале многу силен и долг земјотрес.Снимките од надзорните камери во блискиот град Каравели ја покажуваат улицата за време на земјотресот и испаничените луѓе кои излегуваат од своите куќи. Земјотресот е почувствуван и во главниот град Лима, иако е на 600 километри од епицентарот, пишува CNN.Властите велат дека нема загинати. „Само ги анализираме прелиминарните извештаи. Засега нема загинати. Ја проценуваме штетата на инфраструктурата“, рече премиерот Густаво Адрианзен. Нема опасност од цунами.Перу и поголемиот дел од брегот на Тихиот Океан на Јужна Америка се наоѓаат на границата на две тектонски плочи: јужноамериканската плоча, која го опфаќа најголемиот дел од континентот и плочата Наска, која се протега низ Тихиот Океан долж поголемиот дел од брегот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Перу го погоди земјотрес со јачина од 7 степени: Предупредување и за цунами

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во 5:36 часот по средноевропско време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот е регистриран на 30 километри југо-југозападно од Атикуипа, Арекипа. Земјотресот се случи на длабочина од 60 километри.Засега нема информации за штети или дека има повредени.Издадено е предупредување за цунами, пренесува breakingthenews.net.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Силен земјотрес ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Мендоза на западот на Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 123 километри, на околу 1.086 километри од главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нов силен земјотрес со јачина од 4,5 степени

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Чиле, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).Земјотресот се случил на длабочина од 67 километри, додава EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри јужно од градот Ла Серена, кој има 154.000 жители.Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија.Земјотресот е регистриран околу 14 часот во крајбрежното подрачје.Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.Епицентарот на земјотресот е регистриран на 106 километри југозападно од Елбасан.Граѓаните известуваат дека го почувствувале земјотресот, но дека нема штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во средата јужно од Крит, во поморската област.Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени.По него следеше малку посилен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 48 километри од градот Палеохора. Фокусната длабочина беше 6,7 километри.Третиот земјотрес со јачина од 3 степени бил на истото место како и вториот, на длабочина од 12,9 километри.Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес: 5,8 степени

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Перу, соопшти германскиот истражувачки центар за геонаука.Во соопштението се наведува дека епицентарот бил на длабочина од 10 километри.Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот бил со јачина од шест степени според Рихтеровата скала.Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од градот Чала во областа Арекипа.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Повторно земјотрес во Србија: Четврти земјотрес во последните 11 дена

Јагодина синоќа ја погоди земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.Иако овој земјотрес не е силен и не може да предизвика материјална штета, интересно е што ова е четврти земјотрес во последните 11 дена во подрачје кое е мирно во претходните шест години.Земјотресот повторно е регистриран на потегот Ракитово-Мијатовац, на длабочина од два километри.Ова е втор земјотрес во истиот ден, откако претходно ноќта меѓу среда и четврток беше регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени.Вториот, послаб земјотрес е забележан синоќа околу 23 часот.

Свет | пред 1 година

zemjotres-srbija

Земјотрес во Србија во текот на ноќта

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја потресе Јагодина.Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јагодина.„Теоретскиот интензитет во епицентарот се проценува на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје“, се наведува на веб-страницата на институтот.Да потсетиме, за десет дена ова е трет земјотрес регистриран на ова подрачје. Првиот беше 2,6 степени, додека вториот беше забележан на 11 јуни и беше 2 степени по Рихтеровата скала.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Најсилниот земјотрес од почетокот на годината

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја, предизвикувајќи мала штета на зградите.Во најсилниот земјотрес во оваа земја од почетокот на годината нема повредени, пренесува АП.Земјотресот се случи во Буан, на длабочина од осум километри.Националната агенција за пожари соопшти дека биле регистрирани осум помали материјални штети во Буан и соседниот град Иксан, каде што биле напукнати ѕидовите на некои куќи.Комисијата за нуклеарна безбедност на Јужна Кореја објави дека проценува дека земјотресот не ја загрозил безбедноста на нуклеарните централи во земјата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Серија земјотреси на грчкиот остров Крит

Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути по наше време и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.Само три минути подоцна, точно во 8 часот, на Крит има нов земјотрес, со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес со јачина од 5 степени во Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).Земјотресот се случил на длабочина од 20 километри, јавува агенцијата Ксинхуа.Локалните власти соопштија дека засега нема извештаи за повредени.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово во 9 часот и 50 минути ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на 17 километри западно од Мостар и 5 километри јужно од Широки Бријег, на длабочина од 7 километри.Нема извештаи за материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес го погоди Призрен

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Призрен.Земјотресот е регистриран околу 01:44 часот на длабочина од 5 километри.Ваквиот земјотрес не предизвикува штети, дури ни во епицентарот, но не потсетува на сеизмолошката активност во Србија.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Франција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Франција, јавува ЕМСЦ.Земјотресот е регистриран во 6:36 часот по локално време, на девет километри од градот Анеси во Франција или на 32 километри од Женева во Швајцарија. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.Нема информации за повредени и материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).Земјотресот се случил на длабочина од осум километри, додава EMSC.Епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југоисточно од градот Малатија, каде живеат повеќе од 400.000 жители.Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Свет | пред 1 година

zemjotres

Повторно се затресе тлото во Турција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централна Турција.Епицентарот бил на 26 километри од Антакија, а земјотресот е регистриран на длабочина од 12 километри.Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.„Тоа траеше околу неколку секунди, многу се тресеше“, велат тие на веб-страницата на ЕМСЦ.Засега нема информации за материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди синоќа Швајцарија, соопшти швајцарската сеизмолошка служба.Земјотресот е регистриран околу 02:34 часот во Швајцарија, а како што наведува EMSC, овој регион се наоѓа на 32 километри од Цирих.Земјотрес од оваа јачина може да предизвика штета во близина на епицентарот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Јапонија: Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, уништени пет куќи

Земјотрес со јачина од 6 степени според јапонската сеизмолошка скала го погоди јапонскиот полуостров Ното, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а по 10 минути следел уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени на истиот полуостров, пренесува Kyodo.Пет куќи се урнаа во градот Вуџија, а мала промена на нивото на морето е забележана во близина на градот Сузу, иако не е издадено предупредување за цунами, соопшти агенцијата.За разлика од Рихтеровата скала, јапонската сеизмолошка скала не ја опишува точната јачина на земјотресот, туку степенот на тресење во случај на земјотрес.Според таа скала, земјотрес со јачина од 6 степени значи дека е речиси невозможно да се застане или да се движи освен со лазење и дека најголемиот дел од мебелот ќе се движи и повеќето предмети ќе паднат во моментот на земјотресот.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Земјотрес го стресе Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 28.05.2024 година во 10 часот и 48 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје, 21 km северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес со интензитет од 2,4 степени според Рихтер денеска пред 11 часот ја стресе Македонија.Според информациите, епицентарот на земјотресот е на 21 километар северозападно од Скопје, односно на границата меѓу Србија и Косово.Длабочината е 8 километри.

Македонија | пред 1 година

zemjotres-2-2

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди островската држава Вануату: можно ли е цунами

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди островската држава Вануату во јужниот дел на Тихиот Океан, но нема предупредувања за цунами и нема информации за материјална штета или жртви.Епицентарот на земјотресот бил на 83 километри северозападно од главниот град Порт Вила, на длабочина од 29 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.Пацифичкиот центар за предупредување од цунами со седиште на Хаваи соопшти дека нема опасност од цунами, пренесува Ројтерс.Вануату се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, лак од сеизмички раседи околу Тихиот Океан, каде што се случуваат голем дел од светските земјотреси и вулканска активност.Пред една година, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала предизвика мало цунами кај брегот на Вануату, но не беше предизвикана штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес рано утринава ја погоди Грција

Умерен земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Грција, западно од островот Крф, јавуваат грчките медиуми.Земјотресот е регистриран во 6:29 часот по локално време, на 34 километри од островот Отони во Јонското Море, соопшти Атинскиот геодинамички институт.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,8 километри.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања