Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗЕМЈОТРЕС

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 4,7 степени го погоди Закинтос

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Закинтос во Јонското Море, соопштија грчките власти, при што не се пријавени материјални штети ниту повредени лица.Според Атинскиот геодинамички институт, земјотресот се случил нешто пред 20 часот, со епицентар на околу 85 километри југозападно од Закинтос, на длабочина од 9,2 километри.Закинтос се наоѓа во западниот дел на Грција, регион кој е познат како сеизмички активен и често погоден од земјотреси. Надлежните служби ја следат состојбата, но засега нема информации за дополнителни последици.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес во Кина

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската покраина Гансу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Според првичните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри, на приближно три километри од местото Дијанга.Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,1 степен ја погоди областа јужно од Панама

Областа јужно од Панама денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на потресот бил лоциран на отворено море, на длабочина од околу 10 километри и на оддалеченост од 537 километри од градот Есмералдас.Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина над 6 степени регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Утринава силен земјотрес ја погоди областа на Папуа Нова Гвинеја, со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки.Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 106 километри под површината на земјата. Дел од извештаите наведуваат дека јачината на потресот можеби достигнала и до 6,7 степени.Засега нема официјални информации за настрадани лица или за материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја тресеше Јапонија

Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот јапонски регион Чугоку. По ова следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Четири земјотреси го погодија западниот дел од островот Хоншу, со магнитуда од 4,1 до 5,7 степени.Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 км, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 продолжува нормално.Јапонската агенција за регулирање на нуклеарната енергија соопшти дека немало неправилности по земјотресот.Железничкиот оператор „Вест Јапан Рејлеј“ објави дека услугите на брзите возови на погодените делови се суспендирани по земјотресот.Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес од 2,2 степени регистриран во охридскиот регион

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во охридскиот регион, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил лоциран во непосредна близина на Охрид, а потресот е регистриран на длабочина од околу 15 километри.Податоците се означени како автоматски и неофицијално потврдени, што значи дека можна е минимална корекција на параметрите по деталната анализа.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје.Нема информации за повредени и за материјална штета.

Македонија | пред 3 месеци

Zemjotres

Земјотрес во Далмација со силина од 4 степени, епицентарот бил во Јадранското Море кај Мљет

Силен земјотрес беше регистриран синоќа во 23:07 часот во Јадранското Море, со епицентар во близина на островот Мљет, соопшти Сеизмолошката служба. Потресот имал магнитуда од 4,0 степени според Рихтер и интензитет V степени според EMS скалата.Потресот бил почувствуван и во Дубровачкото приморје, а сеизмографите забележале дека станува збор за прилично силен земјотрес во епицентарот.Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) го регистрираше истиот настан со магнитуда 3,9 степени и објави повеќе сведоштва од граѓани од регионот кои го почувствувале тресењето на тлото.Нема информации за материјална штета или повредени лица.

Свет | пред 3 месеци

seizmograf

Скопјани почувствуваа слаб земјотрес: Регистриран утринава со јачина од 3,3 степени по Рихтер

Жителите на Скопје утрово почувствуваа послаб земјотрес, кој во 07:20 часот ја затресе метрополата и околните населени места. Потресот, според првичните податоци, бил со јачина од 3,3 степени по Рихтер.Епицентарот бил лоциран во пограничното подрачје кај Урошевац, околу 124 километри северно од Скопје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на државата го регистрираше земјотресот преку станиците што ги одржува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.Потресот бил почувствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот на нивната интернет-страница или да се јават на бројот 112, со цел да се соберат податоци за понатамошни анализи.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани кои го почувствувале потресот. „Дефинитивно беше почувствуван“, изјави наредничката Калиста Меклауд. Многумина своите реакции ги споделувале и на социјалните мрежи.Сеизмологот Алисoн Брд појасни дека најпогодениот дел од Јукон е планински и ретко населен. „Најчести пријави се за паднати предмети од полици и ѕидови“, истакна таа.Најблиската канадска населба до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со 1.018 жители според последните податоци од 2022 година. Земјотресот бил почувствуван и во Јакутат, на Алјаска, град со 662 жители, сместен околу 90 километри подалеку.

Свет | пред 3 месеци

media-library1bkr1kqakga17mstby6

По силниот уште 100 последователни потреси во Турција

По синоќешниот земјотрес од 6,1 стеоен во Турција следеле повеќе од 100 потреси.По земјотресот со јачина од 6,1 степен кој го погоди регионот Баликешир најсилниот кој следел бил со јачина од 4,4 степени.Во земјотресот беа повредени најмалку 22 лица.Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека во Центрите за итни повици биле примени 504 пријави од кои повеќето биле за оштетувања на инфраструктурата.Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.Училиштата беа затворени и во пет области на Маниса.Потресот се почувствувал и во Грција.

Свет | пред 5 месеци

media-librarynmlnfst642n65Y6D0E6

Неколку силни земјотреси го стресоа светот

Силни земјотреси утрово ги погодија Родос, Аргентина и Костарика. Најсилниот беше 5,8 степени според Рихтеровата скала.Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на грчкиот остров Родос. Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри.Не е издадено предупредување за цунами.Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди и АргентинаЕпицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха.Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Костарика денес. Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од 31 километар. Потресот бил силен и траел долго време.Засега нема извештаи за повредени или материјална штета од земјотресите во светот.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryo4nbpmk2kuttaiTkvsP

Силен потрес меѓу Јужна Америка и Антарктикот, нема опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди во петок Дрејковиот теснец – водениот појас што се наоѓа меѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот.Според Американскиот геолошки завод (USGS), потресот се случил на длабочина од 10 километри, непосредно пред 17:30 часот по локално време (20:30 по Гринич).Поради првичната опасност од цунами, Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување, но нешто повеќе од еден час подоцна истото беше повлечено. Истото го направи и чилеанската поморска управа SHOA, која претходно издаде превентивно предупредување за антарктичкиот дел на земјата.

Свет | пред 5 месеци

media-library50sif4ujm2490Dn1tYX

(Видео) Во земјотресот на Филипини се зголемува бројот на загинатите, сцените се застрашувачки

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди централниот дел од Филипините се искачи на 69, а владата ги мобилизираше агенциите за потрага по преживеани и враќање на снабдувањето со електрична енергија и вода.Болницата во северниот град Бого кој беше во непосредна близина на епицентарот е „преоптоварена“, изјави службеникот за цивилна заштита Рафи Алехандро.Во природната катастрофа има и повеќе од 150 лица се повредени. Претседателот Фердинанд Маркос помладиот вети брза помош, велејќи дека службениците се на терен и ги насочуваат операциите за помош и изрази сочувство до оние кои ги загубија своите најблиски.Друг тешко погоден град е Сан Ремиџо, каде што заменик-градоначалникот Алфи Рејнс апелираше за храна и вода за евакуираните, како и тешка опрема за да им помогне на спасувачите.Локалните медиуми објавија видеа од луѓе кои бегаат од своите домови додека земјата се тресеше и зградите се уриваа, вклучувајќи ја и црквата стара повеќе од 100 години.Сеизмолошките служби ја проценија длабочината на земјотресот на околу 10 км и регистрираа неколку последователни потреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6 степени. Немаше закана од цунами по земјотресот.

Свет | пред 5 месеци

zemjotres

Земјотрес од 6,7 степени по Рихтер регистриран на Филипини

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините.Според податоците на Германскиот истражувачки центар за геонауки, епицентарот на потресот бил регистриран на островот Лејте.Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета, а локалните власти апелираат на претпазливост и внимателно следат дали ќе има нови подземни потреси.

Свет | пред 6 месеци

zemjotres

Почуствуван земјотрес во Косово

Околу два часот по полноќ, земјотрес го погоди регионот на Косово. Потресот имал јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.Епицентарот бил во близина на местото Качаник. Засега нема пријавено материјална штета или повредени лица.Сеизмолозите советуваат дека, иако земјотресот бил слаб, граѓаните треба да останат внимателни и да се придржуваат до основните правила за заштита при потреси.

Свет | пред 6 месеци

media-librarylmsdt2uk3mqd6LvpsBN

Неколку земјотреси ја погодија северна Грција – најсилниот со јачина од 4,8 степени кај Атос

На полуостровот Атос (Света Гора) утрово беа регистрирани четири земјотреси, при што најсилниот достигна јачина од околу пет степени според Рихтер, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот бил лоциран во Егејското Море, на приближно десет километри јужно од манастирот Хиландар, на длабочина од околу пет километри.Надлежните соопштија дека засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.

Свет | пред 6 месеци

kamcatka

За 24 часа повеќе од 120 потреси на Камчатка - најсилниот земјотрес е со јачина од 7,4 степени

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пацификот во петокот наутро во 06:58 часот по локално време, со епицентар на 93 километри од Петропавловск Камчатски, јави Риа Новости. Регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека потресот бил почувствуван во градските окрузи Петропавловск-Камчатски и Вилучински, но предупредување за цунами не било издадено.Според регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар за геофизички истражувања при Руската академија на науките, во областа на Камчатка за помалку од 24 часа се регистрирани повеќе од 120 земјотреси.„Од 9 часот на 19 септември до 8 часот на 20 септември се случија вкупно 124 земјотреси“, соопштија од Центарот преку Телеграм.Камчатка е сеизмички активна зона која и претходно беше погодена од катастрофални потреси. На 30 јули оваа година, регионот доживеа најсилен земјотрес од 1952 година со магнитуда од 8,8 степени, а оттогаш речиси секојдневно се регистрираат нови последователни потреси.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-09-07-125617

Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,9степени по Рихтер денеска го погоди западниот дел на Турција.Епицентарот бил на длабочина од 11 километри.Според податоците на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD), епицентарот на земјотресот бил во Синдирги, а регистрираната јачина била 4,9 степени. Потресот бил регистриран и на 58 километри југ-југозападно од градот Баликесир.Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 6 месеци

avgan-zemjotres

(Видео) Деца има под урнатините! Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800

Бројот на жртви од разорниот земјотрес што ја погоди источна Авганистан надмина 800, а повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците.Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати се регистрирани токму во Кунар, а најмалку десет жртви има во соседната провинција Нангархар. Многу села се целосно уништени.Очевидци опишуваат сцени на очај: „Децата се под урнатините, старите лица, младите…“ изјави жител на Нургал, една од најтешко погодените области. Луѓето со голи раце копаат низ урнатините во обид да ги пронајдат своите блиски. „Ни треба помош. Ни требаат луѓе да дојдат и да ни помогнат да ги извлечеме нашите мртви,“ велат локалните жители. Спасувачките екипи се распоредени на повеќе локации во источниот дел од земјата, додека хеликоптери се користат за евакуација и транспорт на повредените.Меѓународните тимови веќе обезбедуваат итна хуманитарна помош, а Обединетите нации соопштија дека нивните екипи во Авганистан се на терен со цел да спасуваат животи. „ОН во Авганистан е длабоко ожалостена од разорниот земјотрес што одзеде стотици животи и повреди многу повеќе. Нашите мисли се со погодените заедници,“ се наведува во изјавата.Високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди, во интервју за „Скај њуз“ оцени дека земјотресот е „совршена бура“ за една земја која веќе страда од повеќекратни кризи. „Во моментов имаме многу малку информации, но веќе имаме извештаи за стотици смртни случаи и многу луѓе кои останале без покрив над главата,“ рече Гранди, нарекувајќи ја ситуацијата „многу трагична“.Регионите Кунар и Нангархар се познати по честите земјотреси, што дополнително го отежнува животот на локалното население.фото: Х

Свет | пред 6 месеци

zemjotres-avganistan

(Видео) Повеќе од 600 загинати и илјадници повредени во силен земјотрес во Авганистан, Талибанците бараат меѓународна помош

Природна катастрофа го погоди источен Авганистан, каде што силен земјотрес од 6 степени по Рихтер усмрти најмалку 610 лица, а повеќе од 1.300 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на властите предводени од Талибанците.Епицентарот бил лоциран на 27 километри од Џалалабад, петтиот по големина град во земјата, и околу 140 километри од Кабул. Според Геолошкиот завод на САД, потресот е регистриран на длабочина од 8 километри во 19:17 часот по Гринич.Куќи и згради се урнати во повеќе населени места долж авганистанско-пакистанската граница. Локалните власти предупредуваат дека бројот на загинати би можел дополнително да се зголеми. Спасувачките операции се отежнати од свлечишта и тесни планински патишта, а дел од погодените области сè уште се недостапни. Авганистанската привремена администрација распореди хеликоптери за евакуација и транспорт на повредените.Жртви се пријавени во областите Нур Гал, Савки, Ватпур, Маноги и Чапа Дара во провинцијата Кунар, изјави официјален претставник за агенцијата Анадолија.Владата побара меѓународна поддршка во справувањето со последиците, додека регионот продолжува да го тресе серија на афтершокови.Земјотресот дојде само неколку дена по поплавите кои ги зафатија провинциите Нангархар и Кунар, во кои загинаа најмалку пет лица. Локалното население го опишува потресот како еден од најсилните во последните години.

Свет | пред 6 месеци

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди Турција – една жена загина, 29 лица се повредени

Една жена го загуби животот, а најмалку 29 лица се здобиле со повреди откако во неделата навечер силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, соопштија официјални извори.Според Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјавил дека 81-годишна жителка починала кратко по извлекувањето од урнатините во градот Синдрги.Земјотресот, кој срушил 16 објекти, бил регистриран во 19:53 часот по локално време и бил почувствуван и во Истанбул, информира Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција.Претседателот Реџеп Таип Ердоган, преку објава на X, изрази желби за брзо закрепнување на повредените и нагласи дека спасувачките операции се внимателно следени.„Нека Господ ја заштити нашата земја од сите несреќи“, напиша тој.Министерот Јерликаја соопшти дека активностите за пребарување и спасување се завршени и дека нема дополнителни пријави за жртви или поголеми штети.Фотографиите од Синдрги прикажуваат целосно разрушени згради, купови шут и извиткани метални конструкции, осветлени од силни рефлектори во ноќните часови.Поради тоа што се наоѓа на спој на три големи тектонски плочи, Турција често е погодена од силни земјотреси.Во февруари 2023 година, катастрофален потрес со јачина од 7,8 степени го разурна југоистокот на земјата, одземајќи над 50.000 животи во Турција и околу 5.000 во Сирија. Повеќе од две години подоцна, стотици илјади луѓе сè уште живеат без свој дом.

Свет | пред 7 месеци

kamcatka

Како Камчатка преживеа разорен земјотрес без жртви: Најсилен потрес од 1952 година, но со добар крај

И покрај разорниот земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтер кој ја погоди руската Камчатка, засега не се пријавени човечки жртви, а само неколку лица се здобиле со полесни повреди. Според Руската академија на науки, станува збор за најсилен земјотрес во регијата од 1952 година наваму, и еден од десетте најсилни воопшто регистрирани во светот. Настанот предизвика и цунами со бранови високи до четири метри, кои делумно го потопија градот Северо-Курилск.Сепак, разорноста на потресот беше амортизирана од неколку клучни фактори. Епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, околу 125 километри оддалечен од најблискиот голем град, Петропавловск-Камчатски. Иако потресот предизвикал оштетувања на објекти, како детски градинки, клучната инфраструктура, вклучително и меѓународниот аеродром, останала функционална.Една од причините зошто последиците беа минимални е и ретката населетост на Камчатка – целиот полуостров брои околу 340.000 жители. Дополнително, како што објаснуваат експертите, локалните власти и населението имале висок степен на подготвеност. Биле спроведени навремени евакуации, вежби и редовни обуки за постапување при катастрофи. „Најважно е што нема загинати. Нашите жители се искусни, знаат како да постапат. Над 2400 лица се евакуираа навреме на повисоки предели и се безбедни“, изјави гувернерот на регионот, Валериј Лимаренко. Градоначалникот на Северо-Курилск исто така потврди дека „сите се наоѓаат над безбедносната линија за цунами“.Камчатка, како дел од т.н. „Пацифички огнен прстен“, е еден од најсеизмички активните региони на планетата, каде честопати се случуваат силни земјотреси и вулкански ерупции. Според научниците, примерот од Камчатка покажува колку се важни превенцијата, сеизмички безбедната инфраструктура и едукацијата на населението при природни катастрофи од ваков обем.

Свет | пред 8 месеци

cunami-kamcatka

(Видео) Цунами по историски силниот земјотрес на Камчатка, пловат куќи во морето!

Цунами брановите погодија делови од пристанишниот град Северо-Курилск, каде живеат околу 2.000 жители. Според руското Министерство за вонредни состојби, најсилниот од трите бранови предизвикал значителна штета на пристанишната инфраструктура и одвлекол неколку закотвени бродови во теснецот. Властите прогласија вонредна состојба, а населението беше успешно евакуирано на повисоки и безбедни локации. Во Јапонија, цунами бран од 1,3 метри е забележан во пристаништето Куџи, во префектурата Ивате, на североисточниот дел од земјата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата предупреди дека брановите може да продолжат и следниот ден, при што потенцира дека можно е да има повеќе удари на истото подрачје.„Врз основа на набљудувањата од претходни земјотреси со слична јачина, очекуваме дека заканата од цунами ќе трае најмалку еден ден“, изјави портпаролот на агенцијата.Тој додаде дека доколку брановите се совпаднат со висока плима, нивото на океанот дополнително би се зголемило, поради што побара од граѓаните да останат внимателни и да не ги напуштаат засолништата сè додека не биде укинато предупредувањето.Првичните прогнози укажуваа дека бранови високи до три метри може да го погодат источниот брег на Јапонија.

Свет | пред 8 месеци

cunami

(ФОТО/ВИДЕО) Моќен земјотрес од 8,8 степени по Рихртер го стресе рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами во повеќе држави долж Пацификот

Крајбрежјето на далечниот исток на Русија беше погодено од силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени, со епицентар на полуостровот Камчатка. Поради потресот, беа активирани предупредувања за појава на цунами во неколку земји што се наоѓаат околу Пацифичкиот Океан, меѓу кои Русија, Јапонија, Хаваи, Чиле и други држави, објави Ројтерс.Сеизмичкиот настан е оценет како најинтензивен во регионот во изминатите седум децении.Регионалните власти во Камчатка соопштија дека се појавиле бранови со височина од три до четири метри околу полуостровот, како директна последица од земјотресот.Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, преку видео порака објавена на Телеграм, посочи дека потресот е исклучително сериозен и го нарече најсилен во последните неколку децении.Научници од Академијата потврдија дека ваков силен земјотрес немало во овој дел на Русија од 1952 година.Јапонија нареди итни евакуацииЈапонските власти издадоа итно предупредување за жителите на крајбрежните подрачја, повикувајќи ги веднаш да се евакуираат. На островот од раните утрински часови се слушаат сирени за предупредување од цунами.„Преместете се веднаш на повисока и безбедна територија. Времето на доаѓање на брановите е само приближна проценка – тие може да пристигнат и порано или подоцна. Не го прекинувајте процесот на евакуација додека трае алармот“, стои во објавата.Првите цунами бранови стигнаа до северниот јапонски остров Хокаидо. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат жители како се искачуваат на покривите од куќите, барајќи засолниште.Метеоролозите најавуваат дека висината на брановите може да достигне од три до четири метри.Цунами закана потврдија и Кина и САДКинескиот центар за предупредување од цунами информира дека на источниот брег на Кина може да пристигнат бранови високи од 30 сантиметри до еден метар.Професорот Харолд Тобин, сеизмолог при Универзитетот во Вашингтон, изјави дека развојот на ситуацијата на Хаваи ќе биде важен показател за тоа што може да се очекува во другите делови на Пацификот.„Сценаријата се различни – може да нема голема штета, но можно е да има сериозни последици за крајбрежните области“, предупреди тој.Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку порака на социјалните мрежи објави дека поради силниот земјотрес издадено е предупредување за цунами за Хаваи, како и за Алјаска и за западниот брег на Соединетите Американски Држави. фото: Х

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања