Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

За 24 часа повеќе од 120 потреси на Камчатка - најсилниот земјотрес е со јачина од 7,4 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
kamcatka

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пацификот во петокот наутро во 06:58 часот по локално време, со епицентар на 93 километри од Петропавловск Камчатски, јави Риа Новости. Регионалното одделение на Министерството за вонредни состојби соопшти дека потресот бил почувствуван во градските окрузи Петропавловск-Камчатски и Вилучински, но предупредување за цунами не било издадено.

Според регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар за геофизички истражувања при Руската академија на науките, во областа на Камчатка за помалку од 24 часа се регистрирани повеќе од 120 земјотреси.

— реклама —

„Од 9 часот на 19 септември до 8 часот на 20 септември се случија вкупно 124 земјотреси“, соопштија од Центарот преку Телеграм.

Камчатка е сеизмички активна зона која и претходно беше погодена од катастрофални потреси. На 30 јули оваа година, регионот доживеа најсилен земјотрес од 1952 година со магнитуда од 8,8 степени, а оттогаш речиси секојдневно се регистрираат нови последователни потреси.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjotres-2-2

Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Тонга

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
Zemjotres-1

Земјотрес ги разбуди жителите на источна Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес утрово кај границата на Иран и Турција

Свет | пред 2 седмици

zemjotres

Земјотрес од 4.7 степени во Грција, почувствуван во Битола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања