Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЗЕМЈОТРЕС

poplavi-japonija

Земјотрес од 5,1 степени ја стресе Јапонија: епицентарот во морето кај Рјукју, без тревога за цунами

Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Според првичните податоци, епицентарот бил во отворено море кај архипелагот Рјукју, на длабочина од околу 10 километри, на приближно 187 километри од Окинава.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета, а надлежните не издадоа предупредување за опасност од цунами.Сеизмолошките служби во вакви случаи продолжуваат да ја следат активноста поради можноста од последователни потреси, додека локалните власти обично апелираат граѓаните да останат внимателни и да ги следат официјалните известувања.

Свет | пред 1 ден

media-library4kdob50t0jel0kLhxOm

(Видео) Силен земјотрес на Света Гора: Моментот на потресот и силниот татнеж фатен на камера

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора вчераСпоред грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.Земјотресот бил почувствствуван и во Софија и во делови од Македонија.Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера во катизмата на Свети Трифон, која се наоѓа на 400 метри од заземениот манастир Есфигмен.„Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за Вориа.

Свет | пред 4 дена

Zemjotres34

Земјотрес во Скопје

Во Македонија претпладнево е почувствуван земјотрес, кој според првичните информации бил со јачина од 2,7 степениЕпицентарот бил на 14км од Скопје, на длабочина од 6км.

Скопје | пред 5 дена

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Охрид

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денес ја погоди западна Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на растојание од 157 километри од градот Лариса.Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.Земјотресот бил почувствуван во Охрид и Тирана.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,6 по Рихтер ги погоди Курилските острови

Курилските острови денес беа погодени од земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 38 километри и на растојание од 468 километри од Петропавловск-Камчатски.За сега нема извештаи за повредени или материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес го погоди Иран

Иран денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 10 километри и на оддалеченост од 37 километри од градот Мора.Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,5 степени во Турција

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово ја погоди централна Турција, а потресот бил почувствуван во повеќе провинции.Епицентарот на земјотресот бил на 46 километри северно од градот Токат, на длабочина од 6,4 километри, според податоците на државната Агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).Потресот се случил во 3:35 часот по локално време. Засега нема информации за штета или жртви од овој земјотрес.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Италија, почувствуван низ Европа

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќеска Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 375 километри и на околу 43 километри од Неапол.Според сведоштва на очевидци објавени на страницата на EMSC, потресот бил почувствуван во повеќе европски држави.Очевидци наведуваат дека земјотресот се почувствувал во Задар, на Малта, во швајцарскиот град Лугано, па дури и во Словачка.Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, пренесува „Кориере дела Сера“.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со епицентар во Грција, почуствуван и во Македонија

Земјотрес, чиј епицентар потекнува од Грција, синоќа е почувствуван во западните делови од државава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Како што информираат оттаму, земјотресот бил со јачина од четири степени според Рихтеровата скала.Регистриран е во 22:17 часот, а епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.Интензитетот на почувствуваниот земјотрес, според податоците, изнесувал III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Слаб земјотрес регистриран во Македонија

Регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени рано утринава во Македонија.Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на девет километри југозападно од Тетово, а на длабочина од пет километри.Земјотресот бил регистриран во 05:21 часот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Камчатка

Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областa источно од Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 48 километри, на 150 километри од Петропавловск-Камчатски.За сега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од 5,1 степени ги погоди Курилските Острови

Курилските Острови на рускиот Далечен Исток денеска беа погодени од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од шест километри и на оддалеченост од 354 километри од Петропавловск-Камчатски.Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес од 6,1 степен на Алјаска

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод.Потресот се случил на длабочина од еден километар во Северниот Тихи Океан, наведува Американскиот геолошки завод.Американскиот систем за предупредување не издал тревога за цунами.Најблиското населено место до епицентарот на земјотресот е Николски, во американската сојузна држава Алјаска.

Свет | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди југозападниот дел на Пелопонез рано утринава, соопштија властите. Не се пријавени материјални штети или повредени лица.Земјотресот се случил на девет километри западно од Гаргалиани, во близина на крајбрежниот град Пилос, на длабочина од 11,4 километри.

Свет | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес ја погоди Албанија

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил регистриран вчеравечер во 20:59 часот на територијата на Албанија.Според податоците, епицентарот бил на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница, на географска ширина 39,72 и должина 20,29. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 5 километри, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Засега нема информации за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата.

Свет | пред 1 месец

zemjotres

Силен земјотрес го погоди Пакистан, засега нема информации за жртви

Пакистан денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар (EMSC).Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри и на оддалеченост од 106 километри од градот Куздар.Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.

Свет | пред 1 месец

media-librarydlonu78spq60071FC0j

Земјотресот е последица на умерена тектонска активност околу Шар Планина, која се поместува, анализира професорот Милевски по земјотресот

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски, по последниот земјотрес даде подетално географско и тектонско објаснување за процесите што се одвиваат на просторот на Косово и западниот дел од Македонија. Тој нагласи дека станува збор за тектонски активен простор, но со умерена, а не со изразено силна активност, како дел од поширокиот систем на планини, раседи и котлини на Балканот.Според Милевски, причината лежи во вклештеноста на помали микро-плочи на кои се наоѓаат планинските масиви и котлините, под влијание на притисоците од поголемите регионални и континентални плочи – Африканската од југ, нејзиниот сегмент Јадранската плоча (Adria), како и Евроазиската плоча од север и североисток. Притисокот од Јадранската плоча кон североисток ги активира раседните структури во северна Албанија, Косово и западна до северозападна Македонија.Тој објаснува дека Шарпланинскиот тектонски блок е ограничен со повеќе нормални и хоризонтални раседи, и од косовската и од македонската страна, долж подножјето на Шар Планина. Притисоците од Јадранската плоча се пренесуваат врз овие активни раседи, при што повремено доаѓа до нивно „размрдување“, што се манифестира како земјотрес.Милевски посочува дека раседите и блоковите околу Шара имаат умерена динамика, особено во североисточниот дел, но тие дејствуваат континуирано со десетици и стотици илјади години. Како резултат на тие процеси, блокот на Шар Планина постепено се изместува, и во височина и кон исток, што, според него, објаснува зошто планината во северниот дел има лачно извиена форма.Во однос на последниот земјотрес, професорот проценува дека поместувањето на планинскиот блок било во рамки на десетина милиметри вертикално и до неколку сантиметри кон исток, со минимални поместувања и на околните депресии. Според ослободената енергија, настанот бил еквивалентен на експлозија од приближно стотина тони ТНТ.Тој нагласува дека тектонската активност во овој дел од Балканот е слаба до умерена и дека не се очекува посилен земјотрес во реонот на Шара, за разлика од подрачјата како дебарското, валандовското, пехчевското или скопското, кои се познати по поголема сеизмичка активност. Според Милевски, станува збор за постепено дооформување на северниот дел од Шар Планина и котлините околу неа, како дел од долгите геолошки процеси што траат со милиони години.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryg9cvddih71i75fzrYme

(Видео) Снимки од Скопје, Тетово и Призрен сведочат за силината на вчерашниот земјотрес

Снимки сведочат за синоќешниот земјотрес од 4,6 степени според Рихтеровата скала.Во Скопје потресот се случи за време поткастот „Естраден лексикон“.Во Тетово е забележан од надзорни камери на објект.Во Призрен преку надзорни камери во маркет.

Македонија | пред 1 месец

media-library7pqrflooq1redLcDvoy

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Свет | пред 1 месец

media-library7h2agh079c6384Q5XRn

Географско објаснување по земјотресот: Ништо страшно, Шар Планина се извишува

Редовниот професор на Институтот за географија, д-р Ивица Милевски појасни дека нема причина за загриженост поради последните сеизмички настани во регионот, нагласувајќи дека станува збор за природни и долготрајни геолошки процеси.Во своја јавна објава, тој посочи дека Шар Планина и понатаму се издига, но со исклучително бавно темпо, мерливо во десетини милиметри, што е карактеристично за тектонската еволуција на планинските масиви.„Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, што и не е малку). Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.Објаснувањето доаѓа по земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Косово, а кој силно беше почувствуван во Скопје и Тетово.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryff221a9d8e2dcJvo9I9

Властите во Приштина со апел за смиреност по земјотресот кај Призрен, досега нема пријави за жртви

Градските власти на Приштина вечерва информираа дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погодил јужниот дел на Косово, во подрачјето меѓу Призрен и Штрпце. Потресот бил регистриран околу 22:05 часот и, според официјалните информации, бил почувствуван во повеќе делови на земјата.Во соопштението се наведува дека досега нема пријави за повредени лица или за сериозни материјални оштетувања. Надлежните институции, како што се посочува, и понатаму ја следат состојбата на терен.Граѓаните се повикуваат на смиреност и почитување на безбедносните препораки, особено во случај на нови потреси. Од градските власти апелираат лицата да се држат подалеку од прозорци и објекти кои би можеле да се урнат, а во затворени простории да побараат засолниште под цврста маса или покрај носечки ѕид. Доколку се најдат надвор, граѓаните се советуваат да се задржат на отворен простор и да избегнуваат непотребно движење.Надлежните служби исто така апелираат јавноста да се информира исклучиво преку официјални канали и да им помогне на лицата на кои им е потребна поддршка. За итни случаи, граѓаните можат да се јават на службените телефонски броеви за итни интервенции.Од институциите порачуваат дека сите нови информации ќе бидат навремено објавени преку официјалните канали и дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.

Свет | пред 1 месец

media-libraryajl3m8oq2gnq8DTHsBs

(Видео) По земјотресот, публиката во МНТ тргна да заминува, Сашко Коцев ја сврте работата на смеа

Земјотресот што вечерва го почувствува Скопје се случи за време на стенд-ап комедијата „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев, која се изведуваше во Македонскиот народен театар. Во моментот на потресот, дел од публиката се вознемири и стана од своите места со намера да ја напушти салата, додека другиот дел продолжи да реагира со смеа на шегите на сцената.Коцев, кој изјави дека не го почувствувал земјотресот, ситуацијата веднаш ја сврте на шега, задржувајќи ја смиреноста и позитивната атмосфера во салата. До посетителите кои решија да заминат, тој упати апел тоа да го сторат мирно и без брзање, со цел да не се создаде паника или дополнителна вознемиреност.По околу десет минути, стенд-ап комедијата заврши во целосно мирна атмосфера, без тревога и без нарушување на безбедноста на публиката. Настанот помина без инциденти, а реакцијата на комичарот придонесе вечерта, и покрај неочекуваниот прекин, да заврши во духот на смеата и смиреноста.Инаку според последните информации, земјотресот е регистриран во Косово, а почувствуван во делови од Македонија. Истиот, според неофицијалните страници кои преработуваат информации од сеизмолошки станици е 4,3 степени, инаку првичните информации беа дека станува збор за потрес од 4,6 степени.

Настани | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес почувствуван во Скопје од 4.6 степени

Земјотрес со јачина 4,6 степени според Рихтеровата скала почувствуван во Скопје.Локациски, земјотресот е:23 километри југоисточно од Призрен, Косово12 километри северно од Тетово, МакедонијаСеизмичките параметри сè уште не се официјално потврдени од сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Македонија | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес почувствуван во Тетово и околината, епицентар во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес почуствуван во Битола и Охрид, епицентарот бил во Албанија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања